Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се осврна на пеналите досудени синоќа на ремито 1:1 со Арсенал во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите. – Во полуфинале на Лигата на шампионите, потребна е чиста ситуација за да се досуди пенал. При пеналот против нас во првото полувреме, контактот беше минимален, па мислам дека можеби не беше пенал. Контактот беше одзади, а играчот го очекуваше и падна. При нашиот пенал, ...

Интер планира да ја активира опцијата за продолжување на договорот со дефанзивецот Федерико Димарко, а потоа да се обиде да го продолжи договорот за уште две години, објавува „Калчомеркато“. Лидерот во Серија А има намера да го задржи 28-годишниот Италијанец до летото 2030 година. Во сезоната 2025/26, Димарко го израмни рекордот во Серија А за најмногу асистенции во една сезона (16). Дефанзивецот е во Интер од јули 2018 година. Неговиот ...

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на играчи за претстојниот бараж натпревар за светското првенство 2027, против репрезентацијата на Словачка. На списокот на Лазаров се наоѓаат: голмани: 1. МАРТИН ТОМОВСКИ SG BBM BIETIGHEIM(GER) 2. НИКОЛА МИТРЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 3. ВАСИЛ ГОГОВ РК ВАРДАР 1961 4. ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД 5. МАРКО КИЗИЌ РК АЛКАЛОИД леви крила: 6. ...

Барселона го разгледува напаѓачот на Челзи, Жоао Педро, доколку не успеат да го потпишат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „Кадена СЕР“. Според изворот, 24-годишниот Бразилец би можел да се приклучи на шпанскиот клуб во летото 2026 година. Жоао Педро е во Челзи од јули 2025 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2033 година. Во сезоната 2025/26, напаѓачот постигна 19 гола и имаше девет асистенции во 46 натпревари. ...

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, ќе проговори за проблемите во Саудиската лига по завршувањето на сезоната. Португалецот смета дека лигата треба да се натпреварува во европските натпреварувања, но за тоа, според него потребно е да се надминат проблемите. – Ќе проговорам на крајот од сезоната бидејќи гледам многу лоши работи. Многу играчи објавуваат поплаки за судиите, лигата и проектот. Мислам дека ова е погрешно и не се совпаѓа со ...

Идејата за испраќање човечка екипа на Венера, втората планета од Сонцето, по сè изгледа ќе остане само во доменот на научната фантастика. Владимир Сичев, водечки истражувач и раководител на Одделението за космичка биологија при Институтот за биомедицински проблеми на Руската академија на науките, за руските медиуми изјави дека условите на оваа планета се толку сурови што нивното совладување претставува речиси невозможна мисија. Сичев нагласи ...

Mille-feuillе со јагоди е елегантен француски десерт со крцкаво лиснато тесто и нежен крем. Совршен е за свечени пригоди или кога сакате да подготвите нешто впечатливо и вкусно. Состојки: 500 грама лиснато тесто 100 грама крем сирење 50 мл слатка павлака сок од 1 зелен лимон (лајм) рендана кора од 1 лајм 1 лажичка мелен ѓумбир јагоди шеќер во прав – за посипување Подготовка: Рерната загрејте ја на 180°C. Лиснатото тесто развлечете го на ...

Пиењето мача наутро може да ја зголеми енергијата, а воедно да го поддржи поздравото стареење, според нутриционистите. Овој јапонски зелен чај може да се пие топол или ладен. Богата со епигалокатехин-3-галат (ЕГЦГ), мачата е моќен антиоксидант којшто може да помогне во намалувањето на воспалението и оксидативниот стрес, па стручњаците сѐ повеќе го издвојуваат како подобар избор од многу други утрински напивки, пишува „Итинг вел (Eating ...

Луѓето на Земјата оваа седмица ќе може да уживаат во тн. „цветна месечина“, или „микромесечина“, што значи дека нашиот природен сателит ќе изгледа малку помал од вообичаеното, бидејќи ќе биде на најоддалечената точка од Земјата во својата орбита. Месечевата орбита околу Земјата е елиптична, а не совршено кружна, што значи дека нејзиното растојание од нас се менува. Кога полната месечина е „цветна“, таа всушност, во тој миг ќе биде близу до ...

Во Велика Британија е воведена нова здравствена стратегија насочена кон заштита на новороденчињата преку вакцинација на бремените жени против респираторниот синцицијален вирус (РСВ) – инфекција која секоја година погодува илјадници бебиња во првите месеци од животот. Иако често се смета за обична настинка, овој вирус може да има сериозни последици кај новороденчињата, предизвикувајќи отежнато дишење, проблеми со хранење, како и тешки ...

Кога се појави во кината во летото 2006 година, филмот „Ѓаволот носи Прада“ беше еден од најголемите успеси на бокс-офисот таа година. Во текот на две децении, тој доби статус на икона и стана неопходен дел од поп-културата, а одличната екипа, предводена од Ен Хатавеј, Мерил Стрип, Емили Блант и Стенли Тучи како Енди Сакс, Миранда Пристли, Емили и Најџел, дополнително придонесоа за престижот на филмот. Затоа, кога пристигна веста дека се ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека размислува за намалување на бројот на американските војници стационирани во Германија. Таа најава следува по неговата вербална расправија со германскиот канцелар Фридрих Мерц во врска со политиката кон Иран. „Соединетите Американски Држави во моментов ја разгледуваат можноста за намалување на нашето воено присуство во Германија. Одлуката ќе биде донесена многу скоро“, напиша Трамп на својот ...

Маж вооружен со чекан повредил пет лица во Токио, јавуваат јапонските медиуми. Според информациите, напаѓачот удрил едно момче во пределот на лицето, а меѓу повредените има и тројца полицајци. Осомничениот успеал да избега по нападот. Станува збор за 44-годишен маж, кој нападнал две момчиња во близина на својот дом. Едниот од нив бил тешко повреден во лицето, додека другиот минал со полесна повреда на рамото. По пријавата, на местото ...

Еврејската заедница во Сиднеј ја предупредила полицијата дека постои ризик од напад непосредно пред инцидентот на плажата Бонди од декември минатата година кога беа убиени 15 лица. „Терористички напад врз еврејската заедница во Нов Јужен Велс е веројатен, а нивото на поттикнување на антисемитска омраза е високо“, било наведено во електронска порака што синоќа е објавена во рамки на истрагата во врска со нападот. На тоа полицијата одговорила ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа се сретна со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“ и притоа се пошегува за своите вселенски амбиции, наведувајќи дека нема да има проблем да стане астронаут на НАСА, пренесе ДПА. „Мора да бидете многу паметни. Мора да правите многу работи физички добро“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Значи, немаше да имам проблем да успеам, физички сум многу, многу добар“, ...

Безбедносната состојба во Мали брзо се влошува по координираните напади врз неколку градови и атентатот врз министерот за одбрана, што дополнително ја потресува владејачката воена хунта и ја доведува во прашање стабилноста на земјата. Во текот на изминатиот викенд, дури пет гарнизонски градови – Кати, Бамако, Севаре, Гао и Кидал – беа истовремено цел на напади. Одговорноста ја презедоа џихадисти поврзани со Ал-Каеда од Групата за поддршка на ...

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија за време на телефонскиот разговор вчера да продолжат со медијациските напори за решавање на конфликтот во Украина, но сè уште не се одредени конкретни датуми за нови разговори, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков им рече на новинарите дека Путин и Трамп се согласиле да продолжат со контактите меѓу руската и американската страна во ...

Шест од десет анкетирани сметаат дека на Грција ѝ е потребна политичка промена, наспроти 39 отсто кои сакаат политичка стабилност, а 66 проценти оценуваат дека земјата оди во погрешна насока, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина. Сепак, иако сметаат дека е потребна политичка промена, поделено е мислењето на ...

Во заедничка акција на албанската полиција, Европол и Евроџaст, во Албанија уапсени се десет лица, како дел од криминална мрежа на онлајн измами. Според истрагата, криминалната мрежа стои зад измами вредни над 50 милиони евра, при што жртви имало низ Европа и пошироко, вклучително и во Италија, Германија, Грција, Шпанија, Канада и Обединетото Кралство. Мрежата броела околу 450 лица организирани во различни сектори, со тимови специјализирани ...

Серијалот на АгротимПРО – Бизнис модели го продолжуваме со една необична и за нас нова култивирана печурка „Морел“ која е доста барана на европските и светките пазари по висока цена од 30 до 60 евра за килограм во свежа состојба и до 200 евра за сушена. Најдобро за ова производство, за почетната инвестиција, искуството од минатата година како и за перспективата и можноста за Договорно производство, ќе ни каже Омер Омер Адили од Adili Farm ...

Фискалниот совет на РС Македонија денеска организира стручна расправа на тема „Ефикасноста на јавните финансии и улогата на фискалните правила во Северна Македонија“, со цел да се поттикне конструктивен дијалог меѓу носителите на одлуки, економските експерти и меѓународните претставници за клучните фискални предизвици во земјата. Според агендата, со поздравни обраќања на настанот што се одржува во амфитеатарот на Македонската академија на ...

Цената на нафтата денеска достигна највисоко ниво во последните четири години, откако политичкиот портал „Аксиос“ објави дека американската команда ќе го информира претседателот Доналд Трамп за можни акции против Иран, што ги засили стравувањата од нова ескалација на вооружениот конфликт на Блискиот Исток. Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни на лондонската берза изутринава порасна за дури 6,84 отсто, на 126,10 долари за барел, а ...

„Јас сега колку што се сеќавам, во изминатиот период во Владата претседателот имаше средби со наши иселеници кои што се враќаат. И на запад состојбите веќе не се такви какви што беа“ рече министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска по состанокот на Комитетот за јавни инвестиции. Според неа, „Се очекува, тоа се некои проекции кои што ги имаат меѓународните финансиски институции, во следните 10 до 15 години големи европски земји, ...

Шефот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, синоќа ја изрази својата намера и по 15 мај, кога му истекува мандатот, „на неодредено време“да остане во одборот на Централната банка на САД , бидејќи администрацијата на претседателот Доналд Трамп спроведува, според него, невидени правни напади против оваа институција кои се „без преседан“. „Се плашам дека тие удри ја погодуваат оваа институција и на ризик ги изложуваат работите што се од ...

Странски иматели на платежни картички за купување производи и услуги од македонски е-трговци во 2025 година потрошиле 52 милиони евра, што е пораст од 40,4 отсто во споредба со 2024 година. Вредноста која странските онлајн купувачи ја направиле кон домашните е-трговци е остварена во 2,3 милиони трансакции што е за 39,4 проценти повеќе во однос на 2024 година. Од вредноста на вкупно направените трансакции од странци кон македонски е-трговци во ...

После посетата на Азија и на Америка, едно од највпечатливите мои патувања беше Африка каде што сум бил 10-тина пати и сум имал можност да ја видам од секој агол, почнувајќи од Мароко, Казабланка, Каиро, Кејптаун. Поголемиот дел од патувањата биле службени. Поради разликите кои постојат со Европа од аспект на менталитет на народите, навиките, манирите…, токму затоа се значително поинтересни за нас. Првото стапнување на тлото на Африка ми беше ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ја информира јавноста дека водејќи се од основните цели на Законот за енергетика за обезбедување на квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и заштита на правата на потрошувачите на енергија ги задолжи ЕСМ Снабдување, ЕСМ Енергетика и Енерџи Еколинк (поранешна Топлана Скопје Север) да продолжат со греење и во следните два дена, на 1 и ...

Во Србија во март се регистрирани 297.705 туристи, што е за 10,1 процент повеќе во споредба со истиот период лани и според српскиот Завод за статистика, најмногу странски туристи биле од Русија (15.136), по што следуваат туристи од Северна Македонија (15.064). Регистрирани се 853.043 ноќевања, или 8,5 проценти повеќе во споредба со март 2025 година, соопшти денеска српскиот Завод за статистика. Бројот на странски гости (156.009) е за 9,8 ...

Христијан Мицкоски повторно живее во својот паралелен свет на бајки и самофалби, додека граѓаните секојдневно се соочуваат со реалноста што ја создаде неговата влада. За секоја негова изјава имаме јасен и директен одговор: • За задолжувањето: Мицкоски вели дека „сè уште не сме банкротирале“. Точно. Засега. Но, тој секојдневно ги задолжува нашите деца и внуци. Парите од новите долгови не одат за подобар живот на граѓаните, туку директно во ...

Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка – два степени, а највисоката во Струмица 12 степени. Според податоците на УХМР изутрината се измерени два степени на Попова Шапка, три во Маврови Анови, шест во Охрид, Битола и Kрушево, седум во Скопје-Петровец, Тетово и Претор, осум во Штип и Демир Капија, девет во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Виница, Кавадарци и Берово, десет во Велес и Гевгелија и 12 во ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
38%
1021
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
34%
1024
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
27%
1025
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
5.66
53%
1023
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
2.22
55%
1024
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
37%
1024
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
7.6
71%
1018
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
7.72
27%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
19%
1018
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
3.13
40%
1024
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 17ᴼ
2.57
33%
1024
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
8.75
76%
1021
Currency

61.6317

Currency

52.5083

Currency

71.4439

Currency

37.7949

Currency

38.6382

Currency

67.2538

Currency

7.69482

Currency

0.70102

Currency

0.33562

Currency

0.52527

Currency

1.1633

Currency

0.5544

Платина

63594.18

Рутениум

52180.66

Родиум

323115.00

Злато

147595.33

Калај

49.78

Цинк

0.00

Алуминиум

3.48

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Сребро

2363.77

Бакар

12.05

Паладиум

48611.93