Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Во пожарот што во средата избувна на повеќе локации јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит и сè уште е активен, процените се дека изгорела површина од околу 4.500 хектари, според податоците на метеоролошката служба Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео соопштија дека процените за изгорената површина се по обработената сателитска снимка со висока резолуција од сателитот Sentinel-2 на ...
Пожарите во Франција и Шпанија во изминатите неколку дена предизвикаа сериозно загадување на воздухот, изложувајќи милиони луѓе на опасни честички, предупредуваат научниците. Чадот од пожарите содржи мешавина од загадувачки материи што го влошуваат квалитетот на воздухот на растојанија и од неколку стотици километри. Научниците особено се загрижени поради емисиите на ситни честички „ПМ2.5“ што можат да навлезат длабоко во белите дробови и се ...
Резултатите од истражувањето на регулаторот „еБезбедност“ (eSafety) покажуваат дека повеќе од 80 проценти од австралиските тинејџери продолжиле да ги користат социјалните мрежи три месеци по стапувањето во сила на нисториската забрана за лица под 16 години бидејќи технолошките компании не успеале да спроведат ефикасни проверки на возраста. Истражувањето покажало дека поголемиот број деца на возраст од 10 до 15 години во март исто толку често ...
Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови, покажува првичната проценка на безбедносните сили, а најголем број преминувања е забележан вчера. Оваа бројка значително ја надминува претходната миграциска криза во овој шпански автономен град од мај 2021 година, кога околу 10.000 луѓе успеале да ја преминат границата и да влезат во Сеута, пишува шпанскиот „Паис“. Најмалку 18 лица загинаа за време на обидот за премин, ...
Турција во првите шест месеци од годинава остварила приходи од туризмот во износ од 25,746 милијарди долари, што е речиси на нивото од истиот период лани, и покрај благиот пад на бројот на странски посетители поради регионалните геополитички тензии – изјави денеска турскиот министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој. Toj посочи дека од јануари до јуни Турција ја посетиле 25,759 милиони туристи, што е за 2,4 проценти помалку во споредба ...
Бројот на невработени во Германија значително се зголеми во јули и повторно ја надмина границата од три милиони лица – соопшти денеска Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг. Според официјалните податоци, во јули се регистрирани 3,007 милиони невработени, што е за 71.000 повеќе во однос на јуни и за 28.000 повеќе во споредба со истиот месец лани, пренесува „Ханделсблат“. Стапката на невработеност се зголеми за 0,2 ...
Бугарскиот парламент денеска гласаше претседателските и изборите за потпретседател на Бугарија да се одржат на 25 октомври, додека евентуалниот втор круг да се одржи на 1 ноември. За одлуката гласаа вкупно 138 пратеници од партиите Прогресивна Бугарија, Движење за права и слободи (ДПС) и Препород, никој не беше против, додека седум пратеници од движењето „Промените продолжуваат“ се воздржаа од гласање, пренесе БТА. Пратениците на коалицијата ...
Во централна Грција, во близина на градот Тива и крајбрежното место Агиос Василиос, и на Пелопонез, во непосредна близина на археолошкиот локалитет Микена, активни се големи пожари, кои поради ветерот, бргу се шират, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за евакуација на жителите на неколку населени места – јави дописничката на МИА од Атина. Во пожарот во областа Виотија, во централна Грција, од приморското место Агиос Василиос ...
Бројот на загинати во мигрантската криза во шпанската енклава Сеута се искачи на 27, откако на брегот беа пронајдени уште шест тела на лица кои се обиделе да стигнат до територијата на Шпанија пливајќи од Мароко, додека шпанскиот премиер Педро Санчез пристигна во енклавата за да го координира одговорот на властите по масовниот прилив на мигранти, јави весникот „Паис“. Според проценките на шпанското Министерство за внатрешни работи, повеќе од ...
Возраста за пензионирање во Европската Унија ќе се зголеми од 64,7 на 66,9 години за мажи и од 64 на 66,6 години за жени до крајот на 2060-тите години, а околу две третини од европските земји се очекува да ја зголемат пензиската возраст за мажи, додека три четвртини ќе ја зголемат за жени, јави „Евроњуз“. Според анализата на „Евроњуз“ на податоците за 32 земји и извештајот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) „Пензиите на ...
Нов топлотен бран ја зафати Босна и Херцеговина, а според прогнозите на Федералниот хидрометеоролошки институт (ФХМИ) се очекува период на екстремно високи температури без значително заладување, јави регионалната телевизија Н1. За најголем дел од земјата е во сила портокалово предупредување за опасно топло време, додека за Херцеговина и делови од северна Босна е прогласен црвен метеоаларм. Причина за високите температури е силно поле на висок ...
Европската Унија е во контакт со мароканските власти за решавање на кризата со огромниот број мигранти кои ја преминаа границата кон шпанската енклава Сеута – изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Еврокомесарката за Средоземјето, Дубравка Шуица е во контакт со колегите во Мароко. Уверена сум дека нашето блиско партнерство со Мароко ќе помогне да се постигнат конкретни резултати“, напиша Фон дер Лајен во ...
Според официјалната статистика повеќе од 22.700 странски државјани живеат и работат во Албанија, што е рекордна бројка до сега, бидејќи 2025 година тој број бил 18.000 лица. Бројот на странци со работни дозволи го предводат граѓаните од Филипините, Индија и Египет. Овие земји заедно имаат 10.300 дозволи за работа, што претставува околу 50 отсто од вкупниот број вработени во земјата, објавија медиумите. Поточно, до јуни 2026 година, од ...
Амазон вчера соопшти дека само годинава ќе потроши дополнителни 20 милијарди долари за проширување на својата инфраструктура за вештачка интелигенција, наведувајќи ги нагло повисоките цени на мемориските чипови и зголемената побарувачка за компјутерски капацитет, јавува ДПА. Главниот извршен директор Енди Џаси на конференциска врска со аналитичари ја зголеми прогнозата на компанијата за капитални расходи на 220 милијарди долари од претходните ...
Инфлацијата во еврозоната во јули, поттикната од повисоките трошоци за енергија и услуги, се зголеми за 0,1 отсто, покажуваат прелиминарните податоци од Евростат. Годишната инфлација, која во јуни изнесуваше 2,8 проценти, овој месец се искачи на 2,9. Основната инфлација, која ги исклучува волатилните цени на енергијата, храната, алкохолот и тутунот, се искачи на 2,5 проценти од 2,4 отсто претходниот месец. На месечна основа, хармонизираниот ...
Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување ја одржа 36. седница, на која беше усвоен полугодишниот извештај за работата на Фондот во 2026 година – соопштија денеска од Фондот. Директорот на Фондот, Никола Мемов, ги известил членовите на одборот за активностите што се преземени во изминатиот период и информирал дека во пензионерскиот дом во Аеродром е оштетен покривот од невремето што го зафати Скопје. Тој додал дека се ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод одбележувањето на 2. Август – Ден на Републиката – Илинден упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи. За време на претстојниот празничен викенд, нагласуваат од РСБСП, се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, ...
Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде. Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата. Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават. Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар. Зошто не се објавува ...
Новото најавено зголемување на дневните температури, кое според метеоролозите во одредени региони ќе достигне 40 степени, ги зголемува ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив навреме не се преземат мерки за обезбедување доволни количини безбедна храна и вода за пиење. Како што велат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за МИА, за да се ...
Евростат објави поразителни податоци: Македонија е со најнизок животен стандард во Европа. На самото дно. Тоа граѓаните го знаат многу добро. Најниски плати. Празни џебови. Празни фрижидери. Но што говори објавата на Евростат за Христијан Мицкоски? Говори многу. И потврдува пет факти: 1. Неговите економски политики се целосен дебакл. 2. Лаже. 3. Бајките за „трета економија во Европа“ се чиста измислица по рецепт на Вучиќ – без никаква врска ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар бележи значително подобрување, со континуирано намалување на бројот на пациенти што побарале медицинска помош. Во текот на вчерашниот ден во Општата болница и во Здравствениот дом во Гостивар биле извршени вкупно 36 прегледи, што е за 37 помалку во споредба со претходниот ден, кога биле регистрирани 73 прегледи. Во моментот во болницата се хоспитализирани четири ...
На брифинг со медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека СДСМ бара одговорност за навредите, заканите и насилството од министерот Иван Стоилковиќ и најави дека партијата ќе поднесе интерпелација. -Има иницијатива за анкетна комисија за Иван Стоилковиќ за тоа што се случи за време на реконструкцијата на Владата. Тука сме потпишани со цел само да се собере доволен број на потписи за да се прифати. Ние ќе поднесеме ...
Власта повторно покажа дека реагира задоцнето кога станува збор за здравјето на граѓаните, наместо навремена превенција, институциите се разбудија дури откако епидемијата во Гостивар доби сериозни размери, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми. Филипче посочи дека дека сите реакции на Владата се задоцнети и дека Министерството за здравство дури сега носи некакви препораки кои требаше да бидат ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг за медиуми укажа дека унгарскиот кредит, кој Владата го претставуваше како голем развоен проект, отвора сериозни сомнежи за начинот на кој се управуваа со јавните средства. Филипче, посочи дека Владата и натаму молчи на клучните прашања односно колкава провизија е платена, колку средства навистина се искористени и каде завршиле останатите пари. -Прво голем скандал тоа што најави ...
Заклучно со 30 јули, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. Од нив, 10 пациенти се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за здравство. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно ...
На денешниот брифинг за медиуми, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, предупреди дека животниот стандард ќе продолжи да паѓа, граѓаните ги чека тешка есен. Говорејќи за економската и социјалната состојба во државата, Филипче нагласи Владата нема никаков план како да ги заштити граѓаните од новиот ценовен удар што се заканува наесен. Наместо мерки за заштита на животниот стандард, власта ги остава граѓаните сами да се справуваат со растот ...
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) отвори денеска дисциплинска постапка против двајца аргентински репрезентативци поради физички напад на шпански играчи непосредно по завршувањето на финалниот натпревар на неодамнешното Светското првенство. Аргентинскиот репрезентативец од средниот ред Леандро Паредес се соочува со три обвиненија за физички напад по финалниот натпревар и поразот од Шпанија во продолженијата со 1-0 во Њу Џерси. Покрај ...
Најдобриот аргентински фудбалер Лионел Меси се врати во Интер Мајами по Светското првенство 2026. -Денешното пристигнување на играчите се чувствува сосема поинаку, се вели во соопштението на прес-службата на клубот, објавено заедно со фотографија од Меси како пристигнува во тренинг-кампот. На 19 јули, 39-годишниот играч, како дел од репрезентацијата на Аргентина, загуби со 1:0 од Шпанија во финалето на Светското првенство. Осумкратниот ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, има намера да добие бонус од 80 милиони евра за продолжување на договорот со „Лос Бланкос“. Според новинарот Пепе Алварез, 26-годишникот сака да ги зголеми и своите права за имиџ од 50 проценти на 80 проценти. Поради барањата на Винисиус, неговата иднина во клубот останува под знак прашалник. Крилниот напаѓач е во Реал Мадрид од 2018 година, а неговиот договор важи до летото 2027 година. Во сезоната ...