Само седум трговски брода вчера минале низ Ормускиот Теснец, што е двојно помалку од бројот регистриран во средата, покажуваат податоците на компанијата за следење на бродскиот сообраќај „Кплер“. Вкупно четири брода влегле, а три го напуштиле Персискиот Залив. Пред почетокот на војната меѓу САД и Иран во февруари, низ Ормуската Теснина минуваше речиси петтина од светските испораки на сурова нафта и течен природен гас. Меѓу седумте бродови ...

Панамскиот канал ќе го намали бројот на бродови што можат да поминуваат низ него секој ден од септември поради ниските нивоа на водата предизвикани од мали количини на врнежи од дожд, јави ДПА, повикувајќи се на управата на каналот. Бројот на транзити за кои може да се направат резервации постепено ќе се намалува од 36 на 32 дневно, објави Управата на Панамскиот канал. И покрај тековната дождовна сезона и мерките за заштеда на вода воведени ...

Метеоролошката служба на Велика Британија предупреди дека феноменот Ел Нињо, кој се развива над Тихиот Океан, веројатно ќе биде најсилниот во поновата историја. Моќниот природен климатски феномен предизвикува раст на глобалните температури и може да го зголеми ризикот од екстремни метеорлошки настани, објавува BBC Weather. Со ефектите од климатските промени предизвикани од човекот, Метеоролошката служба на Велика Британија оценува дека 2027 ...

Температури до 38 Целзиусови степени се очекуваат во текот на денешниот ден во Грција, што дополнително ќе се зголемат за викендот, а според прогнозите, земјата, веројатно, до средината на следната седмица ќе биде зафатена од мини топлотен бран, што во одредени делови ќе донесе и температури од над 40 степени – јави дописничката на МИА од Атина. Алтернативниот портпарол на противпожарната служба на Грција, Јанис Артопиос, во интервју за ...

Бројот на случаи на вирусот Западен Нил значително ги надмина бројките од претходните години за истиот период, а со оглед на тоа што кулминацијата најчесто е од средината на август до почетокот на септември, во следните седмици се очекува дополнително зголемување на бројот на случаи, информираа од Национална организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. По повод Светскиот ден против комарците (20 август), ...

Летото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година уриваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Еуростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. Бројките на ЕУ ...

Македонската економија, според податоците и споредбата што ја презентира премиерот Христијан Мицкоски, во изминатите две години бележи значително подобра динамика во однос на шестгодишниот период на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Клучниот податок е дека за трипати пократок период БДП е зголемен за 120 милиони евра повеќе. Овој податок, доколку се гледа низ призмата на времето потребно за создавање економски раст, укажува на забрзување на ...

Активноста на приватниот сектор во еврозоната се искачи на деветмесечен максимум во август, покажа прелиминарната проценка на SiP Global. Композитниот индекс на менаџери за набавки се искачи на 52,1 од 52 во јули, дополнително оддалечувајќи се од прагот од 50 поени што го раздвојува растот од падот. Главен двигател на растот беше индустријата. PMI во производствениот сектор се зголеми од 51,9 на 52,8, што е највисоко ниво за повеќе од четири ...

Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и рибарство за 8.1 проценти и Транспорт и складирање за 8 ...

Во изминатото деноноќие (до 7:30 часот) регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица, кон с. Лопатица, кон с. Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица ...

Мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава, а идејата за негово купување не е повлечена, ниту пропадната, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Според него, владиниот авион не се користи само за потребите на Владата, туку и за да им се помогне на граѓаните во одредени ситуации. Како што напомена Томовски во гостување на Канал 5 телевизија, за само две години се ...

Хрватската Влада предложи измени на Законот за пазар на електрична енергија со кои се воведува забрана за исклучување на струјата на ранливите потрошувачи и лицата погодени од енергетска сиромаштија. Предлогот е доставен во собраниска процедура, а целта е дополнително да се заштитат граѓаните кои имаат најголеми тешкотии со плаќањето на сметките. Според најавените измени, снабдувачите ќе мора навреме да ги предупредат потрошувачите доколку ...

Во земјава досега се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска, од кои 40 се сигурно потврдени, додека кај уште три лица вирусот е потврден со еден тест, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. За првпат случаи се регистрирани и во скопските општини Центар и Чаир, објави 4news.mk Во Скопје е потврден вирусот и кај мртов гавран, што е прв регистриран случај на мртва птица позитивна на западнонилска треска. Во изминатиот период ...

На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со која ќе се формира годинешната училишна кошничка – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. – На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање на училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно и за родителите и за учениците. Така што, во вторник имаме редовна владина седницва и тоа ...

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници. Филипче на прес-конференција истакна и дека СДСМ е ...

Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување на ...

Сите средства за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од Светската здравствена организација. Нема средства што се користат и што се небезбедни и опасни по здравјето на луѓето, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. За жал, посочи, поради реакциите на граѓаните, често прскањата не се прават во оптималното време за прскање. – Оптимално време за прскање е самрак, кога комарците се ...

Вкупно десет пожари се регистрирани на отворен простор до 13 часот, од кои шест се активни, еден е под контрола и три се изгаснати. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни во моменов се пожарите во општина Прилеп – во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, каде што гори ниска вегетација; во општина Студеничани – на потегот село Моране – село Вртекица – село ...

Од денеска почна да работи ПЕТ-скенот, закажани се девет пациенти. Денеска е донесена неопходната количина на радиоизотопот од Истанбул. Комуницираме и со Софија, бидејќи Истанбул работи од понеделник до четврток, сакаме да обезбедиме и алтернатива на Истанбул за да можеме ПЕТ-скенот да работи во сабота, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. ПЕТ-скенот, појасни министерот, во изминатите години работел приближно 2.100 до 2.200 снимања ...

На територијата на државата до овој момент активни се повеќе од 15 пожари на отворен простор. Од нив, како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, четири се големи пожари коишто ни задаваат сериозни главоболки. Најголем пожар, и понатаму останува пожарот во Мариовскиот регион, на општините Прилеп и Битола, кој денес ставен под делумна контрола. -Кракот којшто се движи над селото Крушевиште е ...

18:00 часот на територијата на државава регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 1 е под контрола, а 5 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат од ЦУК, активни се пожарите во село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река во Општина Прилеп каде гори ниска вегетација; во село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер во ...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е целосно подготвен за парламентарни избори во секој момент, а во текот на септември ќе го презентира својот стратешки документ за развој на државата, најави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на Сител телевизија. Филипче оцени дека актуелната власт нема испорачано резултати во клучните општествени сектори и дека бега од соочување со граѓаните на избори. – ...

Утре, во земјата ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 Целзиусови степени – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. МИА Утре, во ...

Принцот Хари и неговата сопруга Меган планираат да се вратат во Велика Британија, шест години откако се повлекоа од кралските должности и се преселија во Калифорнија, објавија денеска британските медиуми. Според лондонски „Телеграф“, Хари и Меган планираат до крајот на месецов да ги напуштат САД и да се преселат во приватна резиденција надвор од Лондон. Нивните две деца се запишани во британско училиште, каде во септември започнува наставата. ...

Најмалку шест лица загинаа, а 23 се повредени во руски напади врз Киев и Киевската област во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните власти. Киевската градска воена администрација соопшти дека пет лица загинале, а 23 се повредени во ноќешниот напад врз главниот град. Уште едно лице загинало во Броварскиот реон, во околината на Киев. Последици од нападите има на повеќе од 12 локации во Дарницки, Свјатошински и Соломјанскиот реон. Оштетени ...

Една жена загина, а друга е тешко повредена откако врз нив паднало дрво за време на силните бури што во текот на ноќта предизвикаа и голема материјална штета во повеќе делови од Германија, соопшти германската полиција. Двете жени, на возраст од 58 и 47 години, се шетале во Валдорф, во западната сојузна покраина Рајнска област-Пфалц, на околу 50 километри јужно од Келн. Кога започнало невремето, тие побарале засолниште под настрешница, но ...

Европа се соочува со тешка суша предизвикана од недостиг на врнежи и последователни топлотни бранови, криза што веројатно ќе се повторува и во наредните години – објави шпанската новинска агенција ЕФЕ. Годинава намалувањето на водостојот на реките, меѓу кои и Дунав, предизвика сериозни економски последици за земјоделството, производството на енергија, трговијата и водоснабдувањето. – Ова е тренд на кој мора да се навикнеме, а исклучително во ...

Површината на опожарени подрачја во Европа до крајот на векот ќе се зголеми за 39 проценти, дури и во најдоброто климатско сценарио, доколку не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува новата студија објавена од Гардијан. Топлото, суво и ветровито време, што ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе зачести во поголемиот дел од Европа поради зголемените температури предизвикани од емисиите ...

Шпанија регистрираше близу 4.500 смртни случаи поврзани со горештините во периодот од 1 јуни до 19 август, што претставува црн рекорд за последните четири години, соопштија од Здравствениот институт „Карлос Трети“. За споредба, во истиот период од минатата година во Шпанија поради високите температури починале 3.073 лица, а во 2024 година – 1.890. Смртните случаи поради високите температури во периодот од 1 јуни до 19 август 2022 година ...

Во Република Кипар потврден е прв случај на вирусот Западен Нил за оваа година, а според инфектологот Аристос Аристодиму, пациентот е 70-годишен маж, кој е во тешка состојба и се лекува во Одделот за интензивна нега во општата болница во Никозија, објави кипарската новинска агенција ЦНА, јави дописничката на МИА од Атина. Аристодиму, објаснил дека станува збор за случај што спаѓа во многу мал процент пациенти заразени со вирусот на Западен ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42