Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Секоја четврта германска компанија, или 25,4 проценти од анкетираните, стравуваат од губење на конкурентноста на пазарите надвор од Европската Унија, според извештај објавен денеска од Институтот за економски истражувања (Ifo) од Минхен. Дополнително, 17 проценти од анкетираните компании веруваат дека конкурентската позиција на германските индустриски производи се влошува дури и на европскиот пазар. „Германската индустрија сè уште не успева ...
Повеќе пожари и натаму се активни низ Србија, а најтешка е ситуацијата во Делиблатски Песоци, каде што огнената стихија зафати повеќе од 3.500 хектари. Како помош во гаснењето, денеска ќе биде ангажиран руски противпожарен авион Иљушин, кој синоќа слета на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш. Авионот на руското Министерство за цивилна заштита, вонредни ситуации и помош при катастрофи може да исфрли до 42 тони вода во еден налет. Во акцијата ...
Албанскиот пазар на возила доживува значителна промена во изборот на потрошувачите, при што целосно електричните возила заземаат сè поголем удел во новите регистрации во 2026 година. Генералниот директорат за услуги за патен транспорт објави дека, во периодот јануари-јули 2026 година, за првпат се регистрирани 6.396 целосно електрични возила, бројка што претставува зголемување од 126% во споредба со истиот период минатата година. Според ...
Руски противпожарен авион Иљушин Ил-76 денеска се вклучи во гаснење голем пожар во природниот резерват Делиблатско песочиште во Србија, каде што досега изгореа повеќе од 3.500 хектари шума и вегетација. Иљушин слета во Ниш синоќа, а денеска се вкчучи во гаснењето во координација со хеликоптерската единица на српското МВР. Може да исфрли до 42 тони вода во еден прелет. Пожарот во Делиблатско песочиште, еден од најважните природни резервати во ...
Загрижувачки размери достигнуваат пoжарите во областа Горјан, кај албанскиот град Пук, поради што властите наредија итна евакуација, најпрво, на жителите од селото Голем Гојан. -Наредена е итна евакуација на жителите на селото Голем Гојан, во административната единица Ѓеѓан, поради критичната ситуација создадена од ширењето на масивен пожар и директната опасност по животите и имотот на жителите, објави Министерството за одбрана. Процесот на ...
Агенцијата за храна и ветринарство (АХВ) доставила информација за донација на вакцини до Европската Комисија и до Република Турција соопштуваат денеска од АХВ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Во соопштението се наведува дека експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки, а дополнително, повторно е побарана помош од EUVET тимот на Европската Комисија за справување со болеста. – По ...
Земјоделците од Неготино кои минатата година претрпеле штети од ниските температури добија финансиско обештетување, информираа денеска од неготинската локална самоуправа. Општина Неготино соопшти дека се работи за производителите на земјоделски производи кои имале и пријавиле штети настанати од ниските температури минатата година. Исплатени биле средствата како обештетување во висина од 1.420.929 денари за сите земјоделци. – Средствата се ...
Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...
Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, а споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за јули која изнесуваше 68.498 денари е зголемена за 177 денари – информира денеска Сојузот на синдкати на Македонија (ССМ). За храна и пијалоци месечните трошоци изнесуваат 25.032 денари, за образование 7.192 денари, за облеја и обувки 6.511 денари, за станарина, вода, електрична енергија и ...
Изутринава во земјава има пет активни пожари и тоа во Мариово (село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила. Пожарот во депонијата во Општина Делчево е ставен под контрола. а изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие (19/20.08.2026 година) до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се ...
Министерството за внатрешни работи информира дека од денеска започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија. Оттаму појаснуваат дека поголемиот број возила кои денес се појавуваат на граничниот премин Табановце се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој ...
Граѓани на Србија синоќа ги информирале медиумите дека на граничниот премин Табановце, на пат од Северна Македонија кон Србија, патниците чекале неколку часа. Како што може да се види на видеата и фотографиите што ги испратиле, се формирала огромна колона возила, која веројатно е долга повеќе од 15 километри, велат тие, додека сообраќајот се одвива екстремно бавно. Патниците наведуваат дека на некои делници практично стојат на место 20 ...
Доколку опозицијата побара предвремени парламентарни избори, тогаш сум спремен да свикам лидерска средба, да договориме термин и повторно да ги победиме СДСМ на избори, рече претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Сител. Тој посочи дека со неговата партија добиле мандат од граѓаните за четири години, кој завршува во пролетта 2028 година. „Сè уште имаме техничка влада, што значи дека крајот на мандатот на оваа политичка ...
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, ...
Безбедна и со добар квалитет е водата на скопската територија, покажале најновите анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Информацијата попладнево ја сподели јавното претпријатие на Фејсбук. – Во текот на денов од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се земени 42 примерока од водоводната мрежа на град Скопје од кои четири примероци се од бунарскиот потег Нерези-Лепенец – ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) донесе одлука дека нема место за јавнообвинителско постапување во набавката на модуларните болници, откако не се утврдени основани сомненија за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти обвинителката Верица Бержецка Крстева. Таа информира дека во рамки на предметот била извршена детална анализа на целокупната документација за ...
Наодите во врска со материјалите употребени во објектот, особено полиуретанскиот сунѓер за акустична изолација, како и реконструкциите и интервенциите врз конструкцијата на објектот, беа во фокусот на испитувањето на денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Професорот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски, во својство на вешто лице одговараше на прашања на одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов, ...
Околу напуштените куќи во селата или викендички што ретко се користат сопствениците да направат противпожарни пресеки, широки по десетина метри во зависност од околната вегетација, апелираше раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Според него, во борбата со пожарите, кои, рече, во иднина ќе ги има сè почесто поради глобалното затоплување и сушите, фокусот ...
Според последните анализи, водата во Гостивар е чиста и безбедна за пиење, а синоќа на полноќ истече и триесетдневната кризна состојба на територијата на општината, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. – Со истекувањето на кризната состојба, институциите од централната власт, вклучително и ЈП Водовод од Скопје се повлекуваат од контрола на квалитетот на водата. На ред е локалната власт, ...
Модерна и Мерк објавија позитивни резултати од големо клиничко испитување во фаза 3: персонализирана mRNA терапија, дадена заедно со имунотерапијата Keytruda по хируршко отстранување на меланомот, значително го продолжила периодот без повторување и без далечно ширење на болеста. За пациентите ова е причина за надеж, но не и за прогласување на „лек за рак“ – целосните резултати допрва треба да бидат презентирани и регулаторно оценети. Веста ...
Вкупно 22 пожара се регистрирани на отворен простор низ државата денеска до 18 часот. Од нив, осум се сѐ уште активни, еден е под контрола, останатите се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Од активните, првиот е на територија на општина Прилеп, село Чаниште – крак кон село Крушевица – село Лопатица и крак кон Црна Река, гори ниска вегетација. Ниска вегетација и деградирана дабова шума горат во општина Крушево во ...
Околу шест милиони денари беа потрошени за обезбедување вода за пиење за Гостивар изминатиов период, додека траеше кризата. Сите граѓани беа снабдени, а дневно се доставуваа по два шлепера или 50 – 70 тони питка вода, рече попладнево директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Ивица Томовски. Во гостувањето на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, Томовски напомена дека Владата интервенирала веднаш. -Од првиот ден ...
Скопје, 20 август 2026 (МИА) – Министерството за внатрешни работи информира дека е ставена во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс – „Безбеден град“, што во оваа фаза е наменета за странските државјани – сопственици и возачи на возила со странски регистарски таблички. Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да ...
– Темното чоколадо е лек и точка. Еден од најдобрите лекови што постојат, со земање на 50 до 100 грама дневно темно чоколадо со 75 проценти или повеќе какао – вели д-р Симон Милс, британскиот експерт за фитотерапија (билна медицина), медицински билкар и автор во областа на природната медицина. Симон Милс (Simon Mills) е познат британски хербалист и пионер во современата фитотерапија. Дипломирал медицински науки на Универзитетот во Кембриџ и ...
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против вработен во банка во Гевгелија, кој од сметки на двајца корисници присвоил околу 5 милиони денари и над 63 илјади евра – соопшти Министерството за внатрешни работи. -ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К.(52) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредени стоки од Канада, додека се финализираат документите за договорот меѓу двете земји. Царините требаше да стапат во сила во 00:01 часот по источноамериканско време, но Трамп соопшти дека нивната примена се одложува до крајот на 21 август, пренесе„ Си-Ен-Ен“. Трамп наведе дека бил постигнат договор меѓу САД и Канада, но оти се уште престои финализацијата ...
Иран разгледува можност за напад врз американски воени цели во Европа доколку американскиот претседател Доналд Трамп повторно го ескалира конфликтот, објави Фајненшал тајмс повикувајќи се на извори блиски до иранскиот режим. Два извора изјавија дека иранските сили ги проценуваат можните напади врз американските средства во Југоисточна Европа, вклучувајќи американски објекти во Бугарија, и дека Кипар е споменат како потенцијална цел. Иранските ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи законот со кој се воведува правото на асистирано умирање, по години политичка и социјална дебата. Законот беше објавен денеска во Службен весник, и формално стапи на сила, додека неговата практична примена ќе започне дури откако владата ќе ги донесе потребните прописи, објави Фигаро. Законот, што минатата недела беше прогласен за уставен од Уставниот совет со одредени резерви, им овозможува ...
Германското сојузно обвинителство соопшти дека утрово во Пула е уапсен украински државјанин осомничен за нападите врз гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море. Во соопштението на германското сојузно обвинителство осомничениот е идентификуван како Владимир З., а се наведува дека го уапсиле локалните полициски сили во Пула, постапувајќи по европски налог за апсење. Тој е под сериозно сомнение дека учествувал во заедничко предизвикување ...
Република Кипар сите овие месеци превентивно презема зголемени мерки, рекол за кипарската новинска агенција ЦНА надлежен извор, коментирајќи го текстот на „Фајненшл тајмс“, според кој Кипар е меѓу можните цели на Иран во случај на нов американски напад, јави дописничката на МИА од Атина. Истиот кипарски извор за ЦНА додал дека внимателно ги следат случувањата и посочил дека четири грчки авиони Ф-16, како и грчката фрегата „Никифорос Фокас“, ...