Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 4,50 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 6,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 6,00 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС 95 ќе чини 91,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 93,50, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 98,00, а Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) за 98,50 денари. За 0,188 денари поскапува и ...
Македонската економија влегува во период во кој странските инвестиции повеќе не се сведуваат само на отворање нови фабрики, туку сè повеќе се гледа и тренд на проширување на компаниите кои веќе работат во земјата. Тоа е важен показател за довербата на инвеститорите, но и за постепеното позиционирање на Македонија како производствена база за европските и глобалните пазари. Дел од инвестициите веќе влегуваат во производствена фаза. Во Битола ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево време со мала до умерена локална облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, најавено е сончево време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Се очекува минималната температура да се спушти до 16, а ...
Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, вештаците кажаа дека „Пулс“ нелегано бил пренаменет од индустриски објект во дискотека спротивно на урбанистичкиот план. Со вештачењето е утврдено и дека биле ...
Со повеќе активности во Скопје и во Штип денеска ќе бидат одбележани 34 години од формирањето на Армијата. По повод Денот на Армијата, во касарната „Илинден“ во Скопје вечер во 19 часот, единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија. Претходно, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 18 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има кај с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер во општина Студеничани каде што годи мешана шума и кај Видуш, Драгов Дол и Локвица во општина Македонски Брод каде што е запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Активен пожар ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека е континуирано на терен, дека ја следи состојбата со сипаниците кај овците и навреме ги презема потребните заштитни и контролни мерки. Во однос на можната вакцинација, информира дека е доставена информација за донација на вакцини до Европската комисија и до Република Турција. – Експертската група континуирано се состанува и донесува соодветни мерки. Дополнително, повторно е ...
Во моментот има 35 потврдени случаи и три суспектни на западнонилска треска, кои се во процес на дијагностицирање, а шестмина се во критична состојба и се наоѓаат на интензивна нега на Инфективната клиника. Од потврдените случаи, повеќето се згрижени на Клиниката за инфективни болести, а еден пациент е згрижен во приватна здравствена установа – информира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клековски. Министерот додаде ...
Министерот за здравство Сашо Клековски, одговарајќи на новинарски прашања за епидемијата во Гостивар, рече дека Министерството ќе го објави епидемиолошкиот извештај на 20 август потенцирајќи дека фокусот од оваа епидемија е да се излезе транспарентно и јасно со научени лекции. – Првин сакам да расчистам една дезинформација што се шири. Јас кога објавив, реков дека ќе објавиме информации на 20 август, тоа е епидемиолошкиот извештај за ...
До 13 часот денеска регистрирани се вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а три се изгаснати – соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во: општина Студеничани: с. Моране, с. Вртекица и с. Рамни Габер, каде што гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општини ...
Сите градежни зафати во објектот биле изведени нелегално, без проектна документација, без стручен надзор и без одобрение од надлежните институции – истакна вештото лице Маријана Лазаревска на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според неа, промените не може да се третираат како надградба, доградба или адаптација, туку претставуваат реконструкција за која е задолжителна целосна законска постапка, што во случајот не ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, повторно апелираше до граѓаните да бидат внимателни и одговорни во текот на летниот период и да не палат оган на отворено поради опасност од предизвикување пожари. При обиколка на подрачје покрај реката Треска, Ангелов преку видео порака покажа огниште за скара поставено во непосредна близина на сува трева и куп суви гранки кои водат кон блиската шума. Тој предупреди ...
Почна процесот на порибување на Охридското Езеро со охридска пастрмка. Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставници на Државниот инспекторат за земјоделство и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид денеска учествуваше во првата фаза од порибувањето. Согласно договорот помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид, во оваа фаза е предвидено ...
Пожарот што избувна попладнево во близина на прилепското село Чаниште, се прошири и навлезе во делови од него и притоа, според првичните информации изгореле неколку стари куќи и една во која живееле повозрасни лица. Нема повредени мештани и пожарникари. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во вовредна изјава за медиумите изрази сомнеж дека пожарот е подметнат бидејќи линијата на огнот е доста долга. Освен ...
Кристијано Роналдо сериозно размислува за крај на својата кариера. Во интервју за „Вог“ изјави дека сериозно размислува за крај на својата кариера. Ова ќе биде веројатно мојата последна сезона во фудбалот, изјави популарниот CR7. Роналдо има договор со Ал Наср до јули 2027 година, кога ќе има 42 години. Португалецот е на чекор до неверојатен рекорд односно му фалат 30 голови за да стигне до бројката од 1.000 голови. Лигата во Саудиска Арабија ...
Правилата за употреба на пакувањето се менуваат во Европската Унија. Новите правила почнуваат од утре и важат за сите што пласираат пакување на пазарот. Целта е да се намали количината на пластичен отпад и да се поттикне повеќекратната употреба на пластични предмети. Од февруари следната година, ќе стапат во сила промените поврзани со потрошувачите. Потрошувачите ќе можат да користат свои садови за храна и пијалоци што ги изнесуваат. Веќе ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска експлозивна направа била фрлена кон куќа во Бардовци и предизвикала штета. Како што соопшти полицијата, околу 02:35 часот, К.Б.(70) од Скопје пријавил дека во скопското село Бардовци, кон домот бил фрлен предмет кој предизвикал експлозија и направил оштетување на скалите од влезот на куќата. – Направил оштетување на скалите од влезот на куќата, бил скршен прозорец, потоа оштетено било ...
Надежите за пронаоѓање преживеани по силниот земјотрес во западна Колумбија згаснуваат, откако спасувачките екипи и петтиот ден по катастрофата продолжуваат да извлекуваат тела од под урнатините. Најмалку 294 лица загинаа, 320 и натаму се водат како исчезнати, а речиси 4.000 се повредени, покажуваат најновите податоци на колумбиската служба за управување со катастрофи. Повеќе од две третини од жртвите се регистрирани во градовите Кали и ...
Две жени загинаа во поплави и одрон во северозападниот дел на Шпанија, додека две бебиња се повредени, соопштија спасувачките служби во автономната област Кастилја и Леон. Жртвите се две жени на возраст од околу 60 и 80 години, соопштија локалните власти. Маж кој првично бил пријавен за исчезнат по поплавите во селото Мансанедо де Валдуеса, подоцна бил пронајден неповреден. На местото на несреќата биле испратени екипи на противпожарната ...
Тропската бура „Лала“ прерасна во ураган од прва категорија додека се приближува кон Големиот Остров на Хаваи, соопштија американските метеоролошки служби. Максималната постојана брзина на ветерот достигна 120 километри на час, соопшти американскиот Национален центар за урагани. Претходно, мерна станица во близина на Саут Поинт регистрирала постојан ветер со брзина од 66 километри на час и налети до 102 километри на час. Ураганот носи силни ...
Австралија во ноември ќе почне голема програма за откуп на огнено оружје по нападот на плажата Бонди во Сиднеј, во кој во декември минатата година беа убиени 15 лица, соопшти сојузната влада. Програмата најпрво ќе започне во сојузната држава Нов Јужен Велс на 2 ноември, соопштија австралискиот премиер Ентони Албанезе и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс. Сопствениците коишто ќе предадат пушки или пиштоли ќе можат да добијат надомест до ...
Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“ се уапсени во приватен клуб во Пловдив – соопшти на брифинг директорот на бугарската Обласна дирекција на Министерството за внатрешни работи во градот, постар комесар Васил Костадинов. Лицата биле приведени во клуб спроти Младинскиот рид во Пловдив, каде што биле пронајдени различни предмети со неонацистичка содржина, јави БТА. Уапсените се осомничени според член ...
Екстремните горештини и сушата што го погодија поголемиот дел од Европа би можеле годинава да го намалат бруто домашниот производ на Европската Унија за околу 1 отсто, предупредува холандската банка Триодос. Тоа би значело економска загуба од приближно 180 милијарди евра, главно поради падот на продуктивноста на работниците и нарушувањата во земјоделството, транспортот и енергетиката. Екстремните температури повеќе не се само временски ...
Германски град во близина на белгиската граница им препорача на жителите да се евакуираат, бидејќи голем шумски пожар во Белгија се шири кон Германија. Според соопштението на властите во градот Моншау, пожарот моментално е на 1,5 км од германската граница и на 1,8 км од најблиската населено место. Пожарот, што уништи речиси 3.000 хектари шумска област, е еден од најголемите во историјата на Белгија. Иако не се очекува пламените јазици да ...
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека членството во Европската Унија (ЕУ) повеќе не е приоритет за Турција, објави Ал Џезира. Во ексклузивно интервју за Ал Џезира, кое ќе се емитува денеска, Реџеп Таип Ердоган изјави дека ЕУ не е подготвена да ја прифати Турција и дека Европа ќе биде губитник поради тоа. Претседателот на Турција во интервју за емисијата „Ал Мукабала“ изјави дека добил ветување од американскиот претседател Доналд ...
Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер, а девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно беа евакуирани шест населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Во период од 15 минути избувнаа два пожари на две различни локации, едниот во јужниот, другиот во источниот дел на островот, а безживотните тела ...
Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин” во приморскиот албански град Валона, повредени се повеќе туристи, при што петмина се пренесени на лекување во Тирана, еден е во критична состојба. Според Министерството за здравство, тројца од повредените се примени во Универзитетската клиничка болница „Мајка Тереза“. Еден од пациентите е во сериозна состојба, поради високиот процент на изгореници и бара континуирано медицинско следење и нега, ...
Силна летна бура што го погоди грчкиот полуостров Мани предизвика широко распространети поплави и сериозни штети на патиштата и инфраструктурата за само неколку часа. Обилни дождови врнеа околу два часа, при што се проценува дека 140 тони вода на хектар паѓале на пошироката област на Источен Мани. Една жена е повредена кога гром удри во близина на нејзиниот автомобил, јавува ЕРТ. Најпогодени беа областите Итилос, Каравостаси, Алипа, Кокала, ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималните температури ќе се движат од 7 до 18 Целзиусови степени, а максималните од 28 до 36 Целзиусови степени. Во Скопје и околината слично време со температура од 15 до 35 Целзиусови степени. Во следните денови следува период на стабилно и потопло време, освен ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Автомотосојузот на Македонија соопшти дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од држата е околу 30 минути, а на ГП Богородица времето на чекање е околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува ...