Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Бројот на Хрвати кои не планираат летен одмор е зголемен во споредба со лани, при што финансиските ограничувања се најчеста причина за останување дома, според анкета на Alma Career Croatia, компанијата што го води порталот за барање работа МојПосао. Од речиси 500 испитаници, 32% рекле дека не планираат летен одмор, во споредба со 27% минатата година. Меѓу нив, 60% го навеле недостатиг на средства како главна причина, во споредба со 56% во ...
Во изминатата седмица во Грција биле регистрирани 45 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што бројот на заразени од почетокот на летото се зголеми на 110, а регистрирани се и три нови смртни случаи, според податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека заклучно со вчера претпладне, од вкупно 110 заразени, 81 пациент е со симптоми на централниот ...
Повеќе од 200 златни статуетки со ликот на австрискиот композитор Волфганг Амадеус Моцарт исчезнаа од неговиот роден град Салцбург, соопштија официјални лица. Ова ја остава изложбата посветена на 270-годишнината од неговото раѓање значително попразна, пренесува „Хафпост“ (HuffPost). Фондацијата „Моцартеум“ на 15 јули откри вкупно 320 статуетки – секоја висока околу 50 см, на коишто е прикажан Моцарт со неговото куче. За само две недели, ...
Романската нуклеарна централа „Чернавода“ утрово започна постапка за контролирано исклучување на вториот реактор поради континуираниот и значителен пад на нивото на водата во реката Дунав. Како што е соопштено од компанијата „Нуклеарелектрика“, се очекува централата околу 11 часот по локално време да престане да испорачува електрична енергија во националниот електроенергетски систем. „Одлуката за контролирано исклучување на втората единица е ...
Властите на Гренланд принудија американска нафтена компанија поврзана со Доналд Трамп да го одложи планираното дупчење на арктичката територија. Со тоа, тие директно се спротивставија на најавите на претставникот на Трамп, кој тврдеше дека екстракцијата на сурова нафта би можела да започне веќе следната година, пишува „Гардијан“. Тензиите на источниот брег на Гренланд се зголемуваат во контекст на најавите на Трамп за преземање на ...
Мета денеска соопшти дека отстранила помеѓу декември и јуни повеќе од 750.000 сметки на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници во Австралија под 16 години, пред и по стапувањето во сила на забраната за социјалните медиуми во Австралија за таа возрасна група. Мета соопшти дека деактивирала 462.000 сомнителни сметки на Инстаграм и 294.000 сметки на Фејсбук. Во јануари, компанијата соопшти дека дотогаш отстранила ...
Коосновачката на стартапот „Фиа“ (Phia), Фиби Гејтс, ќерка на милијардерот Бил Гејтс, е обвинета за користење софтвер што ѝ овозможувал на компанијата да собира провизии од онлајн продажба дури и кога клиентите не ги користеле нејзините услуги, објавија американските медиуми. Според медиумите, Фиа поставила таканаречени колачиња за следење на компјутерите на корисниците дури и кога тие не кликнале на понудите на компанијата. На тој начин, на ...
Русија и Украина денеска ги разменија телата на загинатите војници, што претставува прва ваква размена меѓу двете земји од минатиот месец. Пратеникот во руската Државна дума Шамсаил Саралиев за медиумот РБК изјави дека Москва ги предала телата на 261 украински војник, додека Киев ги предал телата на 24 загинати руски војници. Украинскиот Координативен штаб за третман навоените заробеници подоцна ја потврди размената, наведувајќи во соопштение ...
Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимицу Мотеги денеска го повика рускиот амбасадор во Токио, Николај Ноздрев, за да му изрази категоричен протест поради посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Курилските Острови, врз кои право полага и Јапонија. „Откако дознавме дека рускиот претседател Владимир Путин го посетил островот Итуруп на 13 август, го повикавме рускиот амбасадор Николај Ноздрев во Министерството за надворешни ...
Нов топлотен бран го зафати европскиот континент, при што максимални температури над 30 степени Целзиусови се очекува денеска да почувствуваат речиси три од пет жители на Европа (без Турција), односно околу 340 милиони луѓе. Истовремено, области во Европа во кои живеат вкупно повеќе од 135 милиони луѓе – главно во Франција, Италија, Шпанија и Велика Британија – денеска се очекува во одредени периоди од денот да бидат погодени од температури ...
Ерупцијата на вулканот Етна и сериозните нарушувања во воздушниот сообраќај предизвикаа загуби од околу 24 милиони евра за туристичкиот сектор на Сицилија, покажуваат проценките на трговското здружение „Асоезерченти“ (Assoesercenti). Аеродромот „Катанија-Фонтанароса“ останува затворен до 2 часот во петок поради наталожениот вулкански пепел. Од петокот до вторникот, вклучувајќи го и 12 август, беа откажани околу 700 летови, додека повеќе од ...
Повеќе од сериозна е состојбата со пожарите во Албанија, посебно во предградието на Тирана, потоа кај Круја и Националниот парк “Лура”, кои се вон контрола. Пламените јазици од планинската падина се проширија кон Лундра во Тирана приближувајќи се кон домовите и хеликоптерската база во Фарка. Поради неможноста да се интервенира од воздух, во текот на ноќта, ангажирани се оперативни сили за спречување на понатамошното ширење на пожарот. ...
Претседателот на вјадејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека верува оти Србија е на помалку од 100 дена од изборите и ги повика сите политички актери да се подготват за изборите и да ги прифатат резултатите. Вучевиќ изјави за РТС дека сите учесници на изборите треба да дадат одговорна изјава дека ќе ја прифатат волјата на граѓаните. Тој додаде дека сите оние кои имаат намера да учествуваат на изборите треба да се ...
Повеќе од половина од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, во текот на годината, што ја рангира државата меѓу земјите со највисоко ниво на економска сиромаштија во Европа. -Според податоците на Евростат, кои за Европа се однесуваат за 2025 година, околу 53 отсто од семејствата во Албанија не можат да си дозволат еднонеделен одмор. Албанија е на второ место, по Романија, каде што овој процент ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до ...
Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска. Што прави премиерот и министрите во Владата? Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија. Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките. Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со ...
Деновиве слушаме: трета економија сме во Европа, први во туризмот, најдобри во авио-сообраќајот, најбрзо растечки плати и пензии. Фактите се поинакви. Потрошувачката кошница изнесува 70.000 денари. Минималната плата е 26.000 денари. Просечната плата е околу 49.000 денари. На млад човек што нема стан му требаат околу 90.000 денари само за основни трошоци за живот. И сега народот „не разбира“. Мицкоски ќе ни нацрта на табла – па ќе ни стане ...
Министерството за внатрешни работи продолжува да повикува на информативен разговор лица од чии профили вчера се повикуваше да не се пие водата во Скопје поради присуство на бактерија, што попладнето беше демантирано од страна на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ЈП Водовод и канализација и Министерството за здравство. – Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема соодветни мерки и активности, се утврдуваат ...
Во вторник и среда (18 и 19 август 2026) е првиот рок за пријавување кандидати за студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8851 место за идни студенти во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Не го разбирам мотивот и потребата да се шират (дез) информации дека водата за пиење која ја користат граѓаните на Скопје е загадена со бактеријата Еширихија коли. Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување, наведува токсикологот и професор на Медицинскиот факултет при УКИМ д-р Андон Чибишев во објавата на неговиот Фејсбук-профил, по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје. Вели дека ако во ...
СДСМ бара итна и системска реакција од институциите по прогласувањето на епидемијата на западно-нилска треска. Наместо задоцнето гасење на пожарот, потребни се конкретни мерки, навремена превенција и јасна одговорност, порача Кети Штерјова од СДСМ, на денешната прес-конференција. „Доста беше играње со здравјето на луѓето. СДСМ бара веднаш Формирање Национален оперативен штаб со јасна одговорност, Национална GIS карта на епидемијата и ризикот. ...
Поминаа пет недели – граѓаните на Гостивар се уште немаат чиста вода. Резултати за водата не се објавени, власта секојдневно излегува со различни информации. Прво, велеа водата може да се користи како „техничка“, па потоа Клековски призна дека во водата има бактерии, не една туку повеќе. Никогаш не објавија извештај и резултати за водата, кој одобрил да се користи, кој потпишал. И додека Мицкоски и неговата власт, во која сите Тошковски е ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против вкупно осум лица како соизвршители во кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. За првообвинетиот, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Државна лотарија“, кој се уште е во бегство, јавниот обвинител побарал да биде определена мерка притвор од пронаоѓање во траење од 30 ...
Бидејќи Панче Тошковски не е тука, на екскурзија е, сега Тимчо ја води полицијата и лаже а потоа најавува кој ќе биде повикан на разговор поради ширење паника. Секако, Панче е задолжен за хиперхлорирањето. Тимчо Муцунски денеска тврди: „Тајни разговори или ‘разговори под радарот’ нема. Никогаш не сум кажал такво нешто и тоа лесно може да се провери.“ Лесно се проверува. На 3 август 2026 година, повеќе медиуми објавија негови изјави: • „Има ...
Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, излегува од притвор откако Судот, по позитивно мислење дадено од Обвинителството, ја прифатил гаранцијата од имот во вредност од 508.000 евра и му определил му се мерки на претпазливост – јавување во суд и одземена патна исправа. Од Основниот кривичен суд Скопје, информираат дека притворот е укинат и за уште две лица и заменет со гарација и мерки. За ...
Пораки од бројот 112 за итни случаи за евакуација на Сивири и Фурка, кон Касандрија, односно кон Скиони, на првиот крак на Халкидики, беше испратена до сите оние кои се наоѓаат во двете места, поради пожарот што избувна околу 14 часот по локално време и брзо се прошири, јави дописничката на МИА од Атина. Противпожарните сили беа дополнително зајакнати и интервенираат 125 пожарникари со три пешадиски тима и 42 возила, меѓу кои 12 пожарникари ...
По повеќе од три децении најави и застои, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза во која проектот добива и конкретна финансиска конструкција и јасен план за реализација. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја промени позицијата на земјата во регионалниот транспорт. Делницата е долга 22 километри, но нејзината изградба ...
Екипите на Пари Сен-Жермен и на Астон вила вечер ќе се борат за Суперкупот. Натпреварот ќе се одржи во Салцбург, Австрија со почеток во 21 часот. ПСЖ ќе игра за трофејот како победник на Лигата на шампионите во 2025/26 година, додека Астон вила ќе игра како победник на Лигата на Европа. Парижаните се исто така актуелни носители на Суперкупот на УЕФА, откако го победија Тотенхем на пенали во 2025 година. МИА Екипите на Пари Сен-Жермен и на ...
Познати се сите парови за последната рунда од плејофот за пласман во главната фаза на фудбалската Лига на шампиони. По синоќешните реванши од третото квалификациско коло, двојките за баражот се: Фенербахче (Турција) – Лион (Франција) НЕЦ Нијмеген (Холандија) – Бодо-Глимт (Норвешка) Хапоел Бер Шева, Израел – Сабах (Азербејџан) Слован (Словачка) – Целје (Словенија) Селтик (Шкотска) – ЛАСК (Австрија) Динамо Загреб, Хрватска – Викинг (Норвешка) ...
Рома попладнево го објави трансферот на аргентинскиот дефанзивец Нахуел Молина од Атлетико Мадрид. Дваесет и осумгодишниот дефанзивец ќе го носи дресот со број 20 за италијанскиот тим. Фудбалерот беше во мадридскиот клуб од јули 2022 година. Неговиот договор со Атлетико имаше важност до 2027 година. Претходно, Молина играше за Удинезе, Бока Јуниорс, а помина време на позајмица во Дефенса и Хустисија и Росарио Централ. За Атлетико Мадрид и ...