Апелациониот суд Скопје ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје во предметот познат како „Хотел Изгрев“, со која обвинетите беа ослободени од вина, а се преиначи во делот од пресудата кој веќе е застарен на начин што е донесена одбивателна пресуда. Како што соопшти Основниот кривичен суд Скопје, Апелација одлучувала по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. – По добиено известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен ...

Бројот на ученици и студенти што се сместени во домовите за основното, средното образование и во студентските домови во 2025/2026 година изнесува 5.232, што претставува зголемување за 7 проценти во однос на претходната 2024/2025 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2025/2026 година во државава имало 9 студентски и 19 домови за ученици во основните, средните и средните верски училишта. Во нив е обезбедено сместување за ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 41-годишен британски државјанин поради сомнение дека го сторил кривичното дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“, соопшти Обвинителството. Според наводите, на 16 јули на локалитетот „Камени Кукли“ во селото Куклица, Кратово, осомничениот го спречил постапувањето на двајца даночни контролори кои извршувале службени дејствија поврзани со контрола на претходно ...

Нашите натпревари на ова Светско првенство се импресивни, изјави воодушевено аргентинскиот селектор Лионел Скалони по синоќешниот триумф над Англија со 2-1 и пласманот во финалето. Актуелниот светски првак беше во гол негативата во полуфиналето во Атланта, откако Ентони Гордон ѝ донесе водство на Англија во 55. минута, по што следуваше 40. минутна опсада кон голот на Џордан Пикфорд. Аргентинците напаѓаа од сите страни со сите орудија и откако ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) да поведе истрага против репрезентацијата на Аргентина, побара денеска британската Влада, ден откако аргентинските фудбалери истакнаа транспарент со политичка порака за Фолкландските Острови, по победата над Англија во полуфиналето на Светското првенство. Аргентина синоќа ја победи Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство, а за време на прославата по натпреварот, Лисандро ...

Англискиот селектор Томас Тухел има целосна поддршка од Фудбалската федерација на Англија (ФА) и се очекува да ја предводи репрезентацијата на Европското првенство во 2028 година, и покрај елиминацијата во полуфиналето на Светското првенство, јавија денеска британските медиуми. Англија во средата вечер беше поразена од Аргентина со 1:2, што ја остави без пласман во финалето на Светското првенство, а Тухел се најде под остри критики во ...

Пилешката салата, можете да ја понесете и со себе кога и да посакате како хранлив оброк и да уживате во него каде и кога ви одговара. Состојките можете да ги прилагодите по желба, но преливот да го додадете непосредно пред јадење. Состојки: 300 грама пилешко филе 1 кинеска зелка 1 црвен кромид 1 црвена пиперка 1 краставица 5 шери домати 1 мал морков неколку листови нане свеж магдонос сол по потреба 1 лажица кикирики За преливот: 1 лимета 2 ...

Не е сè до „пеперутките“ во стомакот. Група хормони и невротрансмитери управуваат со нашите емоции, однесувањето, како и начинот на кој ги градиме меѓучовечките односи. Научниците посочуваат дека различни хемиски супстанции управуваат со речиси секоја фаза на љубовта, од првичната привлечност и возбудата, до долготрајната приврзаност и чувството на сигурност, покажуваат научните истражувања. Станува збор за група процеси кои се активираат ...

Во сообраќајна несреќа на Халкидики при судар на цистерна и патничко возило во кое било четиричлено семејство, животот го загубија мајка и бебе, додека таткото и другото дете се сериозно повредени, а според информациите на дописничката на МИА од Атина, автомобилот бил со регистарски таблици од Молдавија. Несреќата се случила попладнево на регионалниот пат Неа Муданија – Никити, кај Полигирос. Противпожарната служба интервенирале со осум ...

Косовски државјанин е лишен од слобода откако избегал при царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според МВР, синоќа околу 22 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје го привеле 24-годишниот косовски државјанин Р.Е. Претходно, на граничниот ...

Основното јавно обвинителство Скопје, информира дека по спроведена истражна постапка, е поднесено обвинение за измами со брзи кредити и тоа против вкупно шест лица за продолжени кривични дела „фалсификување исправа“, „злоупотреба на лични податоци“ и „компјутерска измама“, додека против вкупно 33 лица предлог за издавање казнен налог за кривично дело „компјутерска измама“. Против вкупно шест лица поднесени се обвиненија за повеќе дејствија на ...

Иран ноќеска изврши напади врз Бахреин, Кувајт и Јордан, откако САД ја обновија поморската блокада на иранските пристаништа и ги засилија воздушните напади. Ирански медиуми јавуват дека противвоздушната одбрана во Техеран била активирана за да одговори на, како што се наведува, „непријателски закани“. Американските сили синоќа извршија напади врз ирански крајбрежни утврдувања и ракетни бази по повторното воведување на поморската блокада на ...

Иран нема да дозволи САД да се мешаат во пловидбата низ Ормуската Теснина, изјави денеска портпарол на иранската Врховна воена команда. Тој оцени дека евентуално американско преземање контрола или ограничување на пристапот до Теснината претставува „црвена линија“ за Техеран. Иранскиот претставник предупреди дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп ги реализира заканите за напади врз иранска инфраструктура, Иран ќе возврати со ...

Иран предупреди дека ќе возврати со масовни напади доколку САД ја нападнат критичната инфраструктура на земјата, откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со удари врз иранските енергетски и инфраструктурни објекти. Во соопштението што денеска го пренесе иранската новинска агенција „Фарс“, Централниот штаб „Хатам ал-Анбија“ наведе дека секој таков напад ќе ја направи инфраструктурата на Блискиот Исток легитимна цел за ...

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, соопшти дека припадниците на вооружените сили на САД на возраст од 30 години и постари ќе бидат опфатени со задолжително тестирање за недостиг на тестостерон во рамките на редовните годишни здравствени прегледи. Во видеото објавено на социјалната мрежа „Икс“ под наслов „High-T Department“, Хегсет изјави дека ја одобрил програмата за скрининг со цел војниците да имаат „соодветно ниво на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да патува во Соединетите Американски Држави следната недела, бидејќи погребот на американскиот сенатор Линдзи Греем е одложен за крајот на месецот, соопшти кабинетот на израелскиот премиер. Во меѓувреме, повеќе од 100 пратеници од Демократската партија во Претставничкиот дом на САД гласаа за прекин на доделувањето милијарди долари воена помош за Израел во следната фискална година. Предлогот не беше ...

Иранските власти денеска ги осудија американските напади извршени во текот на ноќта во југозападниот дел на Иран, во близина на болница во која се лекуваат и деца, оценувајќи ги како „варварски“. „Овој варварски напад, кој потсетува на насилството на Израел врз здравствените установи, предизвика вистинско страдање и голема загриженост кај хоспитализираните деца. Дополнително, тој изнуди итна евакуација на 211 пациенти кои примаат ...

Долниот дом на италијанскиот Парламент денеска го одобри контроверзниот план на владата за измена на изборното законодавство, потег што критичарите го отфрлија како обид да и се помогне на премиерката Џорџа Мелони да ја задржи власта на следните избори во 2027 година. Предлогот на владејачката десничарска коалиција, која ја сочинуваат партијата „Браќа на Италија“ на Мелона и партиите „Форца Италија“ и „Лига“, би вовел целосно пропорционален ...

Во Албанија стапи во сила законот за амнестија, со која се опфатени над 1.300 затвореници, од кои 466 лица, меѓу кои 11 жени и еден малолетник, ќе бидат веднаш ослободени од затвор, додека за 869 лица казната е намалена, вклучувајќи осум жени и осум малолетници. Според законот, мажите осудени со правосилна судска одлука до 3 години затвор, или каков било вид поблага казна, вклучувајќи парична казна или алтернативи на затвор, за казни изречени ...

Македонскиот павилјон на ЕКСПО 2027 Белград, во партнерство со Сојузот на стопанските комори на Македонија (ССКМ) и поддршка од Генералниот секретаријат на Владата, отвора јавен повик за учество на македонските компании во деловната програма на светската изложба ЕКСПО 2027, која ќе се одржи во Белград, Република Србија, од 15 мај до 15 август 2027 година. Повикот ќе биде промовиран денеска, а е наменет за компании што имаат интерес да ги ...

Горивата повторно поскапеа, дизелот за 5,5 денари по литар. Ова е продолжение на кризата, за што СДСМ со месеци зборува, алармира и бара владата да воведе мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Владата на Христијан Мицкоски не направи ништо и не воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Без разлика дали тоа е поради неспособност или намерно – граѓаните сепак ја плаќаат цената. За 10 илјади денари е поскапена синдикалната ...

Од почетокот на јули во земјата потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувачниците во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментот, според АХВ, има вкупно 17 потврдени жаришта со заболнени над 2.700 животни. ...

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил сериозни слабости во финансиското управување и работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје за 2024 година, поради што изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива. Ревизијата констатирала дека претпријатието несоодветно ја евидентирало опремата и градежните објекти, меѓу кои паркомати, монтажни ...

Македонскиот државјанина Б.Л. (54), кој беше во притворскиот центар во албанскиот приморски град Валона, починал откако доживеал срцев удар. – Според првичните информации, тој покажал здравствени проблеми и доживеал срцев удар, поради што бил веднаш пренесен во Регионалната болница во Валона, каде и покрај напорите на лекарите не успеале да го реанимираат. Надлежните спроведуваат потребни дејствија за да се разајаснат сите околности, објавија ...

Предметот „Тотал“ на поранешното специјално јавно обвинителство, кој се однесува на даночно затајување од страна на новинарот Драган Павловиќ-Латас и три правни лица, заврши. Основниот кривичен суд Скопје информира дека е донесена пресуда со која се одбива обвинението за предметот откако надлежниот јавен обвинител се откажал од обвинителниот акт во целост. Пресудата, како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје е донесена на 27 мај ...

Судот го прифати предлогот на Основнотно јавно обвинителство Скопје и им определи 30 дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски, извршено на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од Основниот кривичен суд Скопје, судот притворот е поради постоење на опасност од бегство и влијание врз сведоци. Основното јавно обвинителство Скопје вчера соопшти дека, по спроведена истрага ...

По ослободителната пресуда за Никола Груевски, сега и Драган Павловиќ Латас е ослободен затоа што Обвинителството се откажало од обвинението. Ова е уште еден јасен доказ дека Христијан Мицкоски директно управува со Обвинителството и со правосудството. Кога е во прашање некој близок до ВМРО-ОКГ или до самиот Мицкоски, обвиненијата исчезнуваат. Кога е во прашање политички неистомисленик или критичар на режимот, тогаш Обвинителството е многу ...

Времето до понеделник ќе биде претежно сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи. Особено високи температури се очекуваат утре и во текот на викендот, кога максималната дневна температура насекаде во земјава ќе надмине 31 Целзиусов степен. Од вторник се очекува промена на временските услови. Според прогнозата, времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. МИА ...

Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта. Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и да се спаси Никола Груевски. Поранешната обвинителка Ленче Ристовска откри шокатни ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.2
36%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.33
38%
1013
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.76
37%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.13
51%
1012
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 21ᴼ
1.33
59%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
1.34
46%
1011
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
43%
1013
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.08
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1013
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
0.45
33%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.8
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Сребро

1994.05

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Бакар

13.51