Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека во споредба со 2024 година вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари. Генерирани се 863.100 годишни даночни пријави, а ...

Заврши годишното оданочување на граѓаните за 2025 година, пријавени се над 612 милијарди денари, а вкупно пресметаниот данок на личен доход изнесува 39,8 милијарди денари. Управата за јавни приходи денеска соопшти дека во споредба со 2024 година вкупниот пријавен доход во годишните даночни пријави е зголемен за 74,1 милијарда денари, а пресметаниот данок на личен доход за 4,86 милијарди денари. Генерирани се 863.100 годишни даночни пријави, а ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 5,50 денари, а на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 зголемуваат за 1,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 4,50 за литар, а Мазутот М-1 НС за 0,938 денари за килограм. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 88,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 87,00, ЕУРОСУПЕР ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ...

На локалитетот Аеродром, на Осоговските Планини, вчера неформална група граѓани од Кочани, љубители на автомобилизмот, организираа автомобилско шоу. На Пониква беа изложени околу 200 автомобили на сопственици од Македонија и Србија. Координаторот на настанот, Александар Митрев истакна дека се изложени спортски и уникатни возила, олдтајмери и специјално модифицирани проекти. Изложбата посветува внимание и на учеството на дамите во ...

Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...

Најголема количина врнежи во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утринава, е измерена во Велес – 8 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според мерењата на дождомерните места на УХМР, 6 литри на метар квадратен се измерени на Попова Шапка, 5 во Штип, по 3 во Скопје-Петровец, Тетово и Маврови Анови, по 2 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Демир Капија и Пожаране, додека по 1 литар на метар ...

Мицкоски нема никаков резултат зад себе па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце – на Христијан Мицкоски. Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога европскиот пат е ...

Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри. Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа. Уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, а ...

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска јавно понуди помош за Меланија од Куманово и нејзиното семејство, откако девојката преку јавен апел побара поддршка за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа. Петровска соопшти дека нејзиниот тим е подготвен да помогне во обезбедување привремено безбедно сместување, а најави и иницијатива за обезбедување подолгорочна поддршка преку општествено одговорни ...

Градежното вештачење недвосмислено покажа дека во „Пулс”, системот, односно институциите и поединците целосно не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите – изјави судскиот вештак и професор на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски, на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Марковски, кој во време на изработка на градежното ...

Во Карпош беше пријавен пожар во кој беше опожарено едно возило, а огнот зафати уште две други возила и деловен објект. Пожарот е изгаснат од противпожарната бригада, а полицијата спроведува увид и работи на расчистување на случајот. На 13.07.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле ...

ВМРО-ОКГ обвинува дека опозицијата се повлекува од преговорите за Изборниот законик затоа што се плаши од избори и пораз. Но оваа теза е нелогична и лесно разоткриена. Ако ВМРО-ОКГ и Мицкоски се толку силни како што тврдат, зошто толку инсистираат на закон кој овозможува неконтролирана кражба на гласовите од дијаспората? Ако се толку убедени во својата победа, зошто им е потребна изборна манипулација? Фактите се јасни: ВМРО изгуби над 150.000 ...

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители изразуваат сериозна загриженост поради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на ...

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната собраниска седница за Предлогот за разрешување членови на Владата, рече дека разрешувањето на министерот за култура Зоран Љутков е признание за неговото неуспешно работење и за целосниот застој во културата во изминатите две години, откако ВМРО на власт. „Две години имавме министер актер кој навистина треба да признаеме дека многу добро ги одглуми овие две години. Две години ...

Светскиот првак Аргентина по продолжение успеа да избори пласман во полуфиналето на Мундијалот откако во последното четвртфинале ја совлада Швајцарија со 3:1. На асистенција на Лионел Меси, Алекс Мек Алистер донесе водство за Аргентина во 10.минута. Предноста светскиот првак ја имаше до 67.минута кога Дан Ндоје изедначи на 1:1. Но, проблемите за Швајцарија настанаа пет минути подоцна кога поради црвен картон (два жолти) Брил Емболо беше ...

Вимблдон има нова шампионка, а тоа е Линда Носкова од Чешка или шеста тенисерка од оваа држава која го освојува победничкиот пехар на овој турнир. Таа во финалето ја совлада Каролина Мухова со 2-1 во сетови. – Ова делува како прва победа … Неверојатно … се тука беше тешко, физички, психички. Никогаш не е лесно да се игра против пријателка и Каролина успеа да ме расплаче … Ова нема да ти го заборавам. Задоволство ми е што играв против неа и ...

Светската фудбалска федерација ФИФА објави дека првиот гол на Англија е регуларен во дуелот со Норвешка постигнат во финишот на првиот дел. Во својата објава ФИФА истакна дека немало контакт на топката со сајлата на камерата. Голманот на Норвешка Ориан Ниланд при исфрлањето на топката со нога му даде знак на судијата дека топката ја допрела сајлата на камерата над теренот и играта според него требаше да биде прекината. Но, во продолжението ан ...

Репрезентацијата на Аргентина актуелниот светски првак уште еден натпревар во нокаут фазата доби во продолжение. Претходно ги совладаа Зелено’ртските острови со 3:2, Египет го победија со гол во судиското надополнување, а за пласман во полуфиналето ја совладаа Швајцарија со 3:1 по продолжение и предност од играч повеќе од 72.минута. Натпреварот беше решен во второто продолжение кога Хулијан Алварез постигна гол за водство од 2:1 во ...

Репрезентацијата на Норвешка Светското првенство го заврши во четвртфиналето по поразот од Англија (1:2) по продолжение. Тимот предводен од првата ѕвезда Ерлинг Халанд, имаше неколку шанси при нерешен резултат 1:1 да дојде до водство, но мрежата на Англија не се затресе по вторпат. – Ова патување беше лудо. Мислам дека ми го смени животот. Мислам дека Норвешка ја „нацртавме“ на фудбалската карта, изјави Халанд. Ова е најголемиот успех на ...

На Вимблдон денеска се игра машкото финале тоа воедно е меч на најдобрите двајца тенисери во 2026 година Јаник Синер и Александер Зверев. Синер ќе се обиде да биде десеттиот тенисер во Опен ерата да ја одбрани титулата. Лани италијанскиот тенисер за првпат триумфираше на Вимблдон, со победа над Карлос Алкараз (не настапува поради повреда). На последните девет меѓусебни мечеви Синер има победи над Зверев, но италијанскиот тенисер во најавата ...

По голема борба и две продолженија Англија успеа да стигне до полуфиналето совладувајќи ја Норвешка со 2:1, а стрелец на двата гола беше Џуд Белингем. Норвешка во вториот дел постигна и гол, кој беше поништен и имаше пречка. Јунакот на натпреварот немаше исто мислење со англискиот селектор Томас Тухел, кој истакна дека и покрај победата англичаните не одиграле најдобро. На тоа Белингем изјави: – Тухел вели дека не сме играле добро? Тој можеби ...

Морнарицата на Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) нападна брод во Ормуска Теснина, на што американските сили возвратија со напади врз јужен Иран. Американската акција предизвикаа ирански напади врз земјите од Персиски Залив. Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека Ормуска Теснина е затворена до понатамошно известување. Како што јави иранската државна телевизија ИРИБ, одлуката за затворање на мореузот е донесена откако ИРГЦ испука ...

Во вооружен инцидент на Фестивал на салса во Торонто загинаа две лица, а шестмина се повредени, соопшти канадската полиција. На фестивалот две лица размениле оган, а полицијата на местото на инцидентот пронашла шест лица со прострелни рани, од кои двајца биле мртви. На фестивалот за време на инцидентот имало околу 13.000 луѓе. На авенијата Сент Клер, во централниот дел на Торонто секоја година на 11 и 12 јули јужноамерикански фестивал „Салса ...

Тајфунот Бави синоќа пристигна до брегот на источната кинеска провинција Џечијанг. Претходно беа евакуирани над 1,7 милиони луѓе поради силниот ветер со брзина од 144 километри на час. Тоа е втор тајфун што ја погоди Кина во изминатите девет дена. Првиот тајфун Мајсак го погоди брегот на јужна Кина на 3 јули. Бави претходно донесе обилни дождови и силни ветрови во југозападниот дел на Јапонија и се приближи до Тајван, каде вчера беа ...

Американскиот сенатор од Јужна Каролина, Линдзи Греам почина синоќа, објави неговата канцеларија на платформата Икс. Греам почина на 71-годишна возраст, а според американските медиуми, синоќа во неговиот дом била повикана брза помош по пријава за срцев удар. Неговото последно појавување беше пред два дена, кога во Киев се сретна со претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Греам беше еден од најистакнатите сојузници на претседателот ...

Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека погодила околу 140 цели во Иран, меѓу кои лансирни рампи за ракети и беспилотни летала, складишта за муниција, комуникациска опрема и други воени објекти. – Нападите ја намалуваат способноста на Иран да напаѓа цивилни и трговски бродови кои слободно поминуваат низ Ормуска Теснина, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ. Нападите уследија откако морнарицата на ИРГЦ гаѓаше брод, што пловел под ...

Поранешниот емир на Катар, шеик Хамад бин Калифа ал Тани денеска почина на 74 години. Тој владееше со Катар од 1995 до 2013 година, кога абдицира во корист на неговиот син Тамим бин Хамад ал Тани. Шеик Хамад го собори својот татко со државен удар во 1995 година. Хамад бин Калифа ал Тани го преобрази Катар од земја со бедуинско минато во регионална сила. Тој го зголеми глобалниот углед на Катар со телевизиската мрежа Ал Џезира, како и со ...

„Смрт за Нова демократија, запаливи направи пред вашите домови“; „Стравот менува табор“; „Слобода за анархистите за случајот со експлозивните механизми во Солун“, се дел од заканувачките пораки, испишани пред домот и канцеларијата на заменик-министерката за миграција и азил на Грција, Севи Волудаки на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Волудаки на социјалните мрежи објави фотографии од испишаните пораки, нагласувајќи дека ...

Во 37 француски департмани денеска е прогласен црвен метеоаларм, а во поединечни делови од земјата се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 и 42 степени Целзиусови. Од топлотниот бран погодени се околу 26 милиони Французи. Маса од многу топол воздух стагнира над земјата неколку дена, создавајќи продолжен, интензивен и широко распространет топлотен бран, објави утрово Француската метеоролошка служба. Целата област на Париз, ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.79
39%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
64%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.45
41%
1012
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.86
39%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
52%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.41
69%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
43%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.92
49%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
50%
1013
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
2.68
37%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.29
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Сребро

1994.05

Родиум

274085.11

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Рутениум

53852.50