Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 степени Целзиусови. Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени. Според ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска во 11:00 часот ќе ја продолжи амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. За ребалансот на Буџетот поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Комисијата досега разгледа повеќе амандамани. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на ...

Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски – човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт. Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство ...

Во текот на вчерашниот ден и од Европската Унија стигна доказ дека ние не постоиме на европската агенда. По најавата за така наречениот „супер вторник“, тоа е следниот вторник, на 14 јули, кога ќе се одржат повеќе меѓувладини конференции за четири земји, очигледно идните земји-членки, а сега кандидати за членство во Европската Унија, со што ќе се отворат повеќе кластери и ќе се затворат повеќе поглавја. Ќе се отворат кластери за преговори за ...

Проблем за предложениот Изборниот законик е само обидот на ВМРО-ДПМНЕ да направи изборни манипулации, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче посочи дека СДСМ ја поддржува европската агенда, но нема да прифати механизми што го доведуваат во прашање легитимитетот на изборите. „Тоа дека е дел од реформската агенда и тоа што власта кажува дека тоа е нешто што е за нив многу важно, меѓутоа не ...

Додека Украина, Молдавија, Црна Гора и Албанија одат напред, Македонија останува надвор од европската мапа и надвор од европската агенда поради погрешните политики на Владата на ВМРО, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Филипче посочи дека најавениот „супер вторник“ на 14 јули е јасен доказ дека Европската Унија го држи проширувањето високо на својата агенда, но Македонија не е дел од тој процес. „По најавата за така наречениот ...

Важат ли законите во општина Чаир? Очигледно не! Се уште не се решени огромните скандали со дивоградбите, досега никој не одговараше. Коалициските партнери ВМРО и ВЛЕН се штитат меѓусебно. Последниот скандал е со амин на ВРМО, нивниот коалицискиот партнер ВЛЕН, во Советот на Општина Чаир ги промени имињата на две улици без Бадентерово мнозинство. Грубо е прекршен механизмот за една од клучните гаранции на Охридскиот договор за носење одлуки ...

Истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ од Солун кон Меминген, кој се случи вчера наутро над Македонија е во тек, изјав за МИА претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, Марјан Прпоски. Тој додаде дека се во постојана комуникација со Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (НТБС) и оти за сите дополнителни информации во врска со случајот навремено ќе ја информираат јавноста. Авион на ...

Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Светското првенство откако синоќа во првото четвртфинале го победи Мароко со 2:0 во реприза на полуфиналето од пред четири години. Противник на Франција ќе и биде победникот од дуелот Шпанија – Белгија. Франција беше подобар противник на натпреварот, а првата голема шанса ја пропушти Килијан Мбапе во 28.минута кога неговиот удар од белата точка голманот на Мароко Боно го одбрани. Сепак, ...

Репрезентацијата на Франција третпат по ред е во полуфиналето на Светските првенства. Французите одиграа тактички мудар натпревар, а и нереализираниот пенал на Килијан Мбапе во првиот дел не ја сруши нивната стратегија. – Многу сме горди што сме во полуфиналето. Што се промени во споредба со 2018 и 2022 година? Па, во 2018 година, никој не ни даваше шанса. Во 2022 година, вообичаено, шампионот добро се снаоѓа дури и до осминафиналето. Ние ...

Репрезентацијата на Шпанија е единствената на Мундијалот, која досега нема примено гол. На петте натпревари „црвената фурија“ има четири победи и еден нерешен резултат. Според тоа улогата на фаворит во четвртфиналето со Белгија ги промовира како фаворити. – Натпревар со Белгија ќе биде најтешкиот со кој сме се соочиле досега. Белгија е многу моќен тим. Ова се играчи кои се навикнати да победуваат. Ќе биде предизвикувачки натпревар, изјави ...

Едно лице го загуби животот во северна Франција измината ноќ откако падна од камион за време на славјето по победата на Франција над Мароко (2-0) во четвртфиналето на Светското првенство. Според медиумските извештаи, 17-годишно девојче починало откако падна од камион на кој се качила за да го прослави пласманот на Франција во полуфиналето. Девојчето се наоѓало на задниот дел од камионот кога „паднала и била прегазена од возилото“, соопштија ...

Пионерот во американската авијација, Воли Фанк почина на 87-годишна возраст, изјави портпаролката на Градот Грејпвајн во американската сојузна држава Тексас вчера. – Фанк, која полета во вселената во 2021 година на 82-годишна возраст и постави рекорд со својата возраст, почина во среда во Грејпвајн. Пионерот почина дома од природна смрт, опкружена со најблиските, изјави портпаролката. Инаку, Фанк полета во вселената со Џеф Безос во 2021 ...

Денес многумина од нас подготвуваат компот од секаков вид овошје, а каква и да е комбинацијата што ќе ја избереме, резултатот секогаш е одличен. Состојки: 3 јаболка 1 лимон 10 сливи 5 круши 100 грама суви кајсии 50 грама сувa брусница 1 лажичка цимет 2,5 л вода 5 лажици шеќер или мед ( засладете по вкус) Подготовка: Подгответе го целото овошје, измијте го, излупете го и исечете го на парчиња или коцки. Во водата додатете го шеќерот (или ...

Можеби едно од најголемите неодговорени прашања во науката, за тоа како настанал животот на Земјата, можеби тукушто доби важен дел од одговорот. Јапонските научници тврдат дека откриле оти астероидот Рјугу ги содржи сите пет нуклеобази – основните молекули што ја сочинуваат ДНК-та и РНК-та, т.е. генетскиот материјал својствен за сите познати живи суштества на планетата Земја. Истражувачите дошле до откритието проучувајќи 5,4 грама од примерок ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“ – информира Министерството за внатрешни работи. -Од нив, 10 (четири во Скопје, три во Прилеп и по едно во Тетово, Долнени и Градско) управувале возило без положен возачки испит. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Охрид и Битола, а со брзина поголема од дозволената возело едно ...

Повеќе од четири месеци по неговото убиство, поранешниот врховен лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, е погребан, јавија иранските медиуми. Погребот зад затворени врати се одржа во најсветото шиитско светилиште во Иран, светилиштето на Имам Реза, во неговиот роден град Машхад на североистокот од земјата, јавија неколку ирански медиуми. Церемониите за жалост траеја околу една недела. Хамнеи беше убиен во израелски воздушен напад врз неговата ...

Израел ја предупредил американската влада за наводен ирански план за атентат врз претседателот Доналд Трамп, јавија Си-Ен-Ен и „Волстрит Џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори. Според извештаите, иранското раководство неодамна го подготвило тој план. Детали за наводниот заговор не се откриени, пренесе ДПА. Американската администрација често добивала слични предупредувања во изминатите недели, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски ...

Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар во јужна Шпанија, соопштија рано утрово службите за итни случаи во регионот Андалузија. Дел од жртвите биле пронајдени во возила, наведуваат службите за итни случаи во објава на X. Пожарот избувнал вчера попладне во општината Лос Гаљардос во провинцијата Алмерија, на околу 300 километри североисточно од Малага, соопшти регионалната влада. Регионалниот министер за внатрешни работи, Антонио Санз, го ...

Девет департмани во Франција од денеска напладне ќе бидат ставени во црвена фаза на тревога поради големите горештини, додека 76 департмани остануваат под портокалов степен на предупредување. Во парискиот регион и во повеќе департмани во централна и западна Франција утрово беа измерени меѓу 22 и 25 степени, додека се очекува температурата да достигне и до 41 степен, пренесува „Фигаро“. Како што се наведува, 59 департмани се изложени на „висок ...

Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела порасна на 3.889 лица, покажуваат податоците што синоќа ги објави високиот функционер Хорхе Родригез, додека Панамериканската здравствена организација (ПАХО) предупредува на здравствените ризици кои се појавија по земјотресот. Според најновите податоци, во земјотресите се повредени 16.740 лица, додека 17.907 луѓе останаа без своите домови. Најголемите здравствени ризици по двата земјотреси ...

Австралија денеска го потврди првиот случај на смртоносниот вирус на птичји грип Х5Н1 кај домашна морска птица. – Лабораториските испитувања на австралиската национална научна агенција го потврдија случајот кај голема чигра пронајдена во крајбрежниот град Роуб во Јужна Австралија – изјави министерката за земјоделство Џули Колинс. Како што се наведува, ова е прва потврдена инфекција кај австралиска морска птица, а сите останати случаи беа ...

Расте незадоволството кон владата на премиерот Еди Рама, чија итна оставка демонстрантите побараа и на синоќешниот 40. по ред протест во Тирана, на кој изразија револт и за издвојувањето 4 милиони евра од државниот буџет за концертот на американскиот рапер Канје Вест, што ќе се одржи утре во Тирана. -Иако на земјата ѝ е потребна заштита на животната средина од пожари, на болниците лекови, а на универзитетите научни истражувања, ниту едно од ...

Третиот летен топлотен бран во Италија почна денеска и ќе трае најмалку до 20 јули, јави новинската агенција Анса. Откако вториот топлотен бран забележа температури кои достигнаа 38 до 40 степени Целзиусови, во наредните денови повторно се очекуваат екстремни температури во Италија. Градовите Фиренца и Перуџа денеска и утре ќе бидат под црвен аларм за опасна жештина. В понеделник, температурите би можеле да достигнат 43 степени во ...

Во најновиот извештај на Обединети нации се наведува дека најмалку еден милион жени и девојчиња немаат пристап до помош што спасува животи поради намалување на финансирањето од глобалните донатори. Агенцијата на ОН за жени (UN Women) во извештајот наведува дека речиси 90 проценти од женските организации повеќе не можат да ги задоволат потребите на терен. А околу 120 милиони жени и девојчиња имаат потреба за хуманитарна помош и заштита. ...

Во главниот град на Словенија, Љубљана, синоќа се одржа протест, на кој се побара излегување од НАТО. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Израелхел“ (Israhell), кованица од англиските зборови Израел и пекол, „НАТО = мочуриште“ и „Повеќе не сакаме да сме робови на НАТО“ и апели за воведување санкции за САД и за Израел и пренасочување на воените расходи кон јавната сфера. Демонстрантите исто така изразија критики кон сегашната ...

Во заедничкото соопштение на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас и еврокомесарката за проширување Март Кос, по повод 11 јули Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница се наведува дека геноцидот во Сребреница е една од најмрачните епизоди во историјата на Европа. – Во Европа нема место за негирање на геноцид, ревизионизам или величање на осудените воени злосторници, се наведува во ...

Унгарија денеска стана 25-та членка на Европското јавно обвинителство –ЕППО (EPPO), што ја покажува нејзината обновена посветеност на повторното воспоставување на владеењето на правото во земјата, објави Европската комисија. Денешната одлука на Европската комисија да го одобри барањето на Будимпешта за приклучување кон ЕППО има важни импликации бидејќи Регулативата за ЕППО ќе престане да биде закон за засилена соработка и ќе стане целосно дел ...

Порталот „Ко си, бре, ти“, чие активирање го иницираше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска почна со работа. Порталот е достапен на адресата www.kosibreti.rs, а граѓаните на него можат анонимно да пријават арогантно однесување на јавни функционери, корупција, злоупотреби и сите други незаконски дејствија и неправилности. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно изјави дека на порталот граѓаните ќе можат безбедно и ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 34 степени. Според прогнозата на УХМР, в сабота ќе биде сончево и ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
1.79
39%
1013
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
2.68
64%
1012
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
1.45
41%
1012
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.86
39%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.46
52%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
1.41
69%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.89
46%
1011
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
43%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.92
49%
1013
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 25ᴼ
2.24
50%
1013
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
2.68
37%
1013
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
4.29
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Иридиум

252383.36

Калај

56.46

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Алуминиум

3.25

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50