Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Украина нападна уште неколку нафтени постројки длабоко во Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Украинските сили ја нападнаа рафинеријата во Башкортостан, на повеќе од 1.300 километри зад линијата на фронтот, како и рафинерија во регионот Јарослав, речиси 700 километри од украинската граница, рече Зеленски на социјалните медиуми. Зеленски, исто така, објави дека украинските сили во Црното Море нападнале два руски ...
Досега немаме добиено извештаи за нелегални преминувања на мигрантите, кои масовно влегоа во Сеута, кон континентална Шпанија, изјави денеска портпаролот на ЕУ, цитиран од британските медиуми. -Разбравме од шпанските власти дека досега нелегалните преминувања кон континентална Шпанија и Европа се успешно спречени, изјави портпаролот на прес-конференција. На крајот на јули, околу 72.000 мигранти влегоа во шпанската енклава Сеута од Мароко по ...
Иран и Оман се согласија за рамката за повторно отворање на Ормуската Теснина, која би траела 60 дена, а би имала за цел да го врати поморскиот сообраќај, како и да започне технички разговори за трајно решение во тој период, изјави денеска висок функционер запознаен со ова прашање. Службеникот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, за Ал Арабија изјави дека постигнатиот договор за отворање на Ормуската Теснина би можел да биде објавен ...
Пентагон подготвува нова нуклеарна стратегија со цел да се подготви за одговор на потенцијални напади од Русија или Кина – изјавија денеска за телевизијата Ен-би-си (NBC) извори од американското Министерство за одбрана запознаени со прашањето. Високорангиран претставник на Министерството за одбрана изјави за Ен-би-си дека ставот на Пентагон е дека на Соединетите Американски Држави „им се потребни кредибилни нуклеарни опции“. Според изворите, ...
Парламентот на Унгарија во вторник, на 11 август, ќе гласа за новиот претседател на Републиката, иако сè уште нема номинирани кандидати. Промената на шефот на државата беше едно од ветувањата дадени од премиерот Петер Маѓар откако неговата партија Тиса победи на априлските избори по 16 години владеење на поранешниот премиер Виктор Орбан, пишува денес бриселскиот „Евроњуз“. Унгарската влада во јули искористи уставен амандман за да го отстрани ...
Еден од авионите на аеродромот во Лајпциг, до кој вчера беше откриен дрон со експлозиви, бил натоварен со муниција за Украина, објавија денеска германските медиуми. Еден од четирите товарни авиони на аеродромот во Лајпциг, до кои беше пронајден дрон со експлозиви, бил натоварен со муниција што била транспортирана од Франција преку Германија за Украина, објавија неколку германски медиуми, повикувајќи се на доверливи полициски досиеја. Некои ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од ...
Мицкоски повеќе не може да ги скрие неуспесите. Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС. Народот ги прочита. Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела Македонија повеќе не се кријат зад пропаганда. Затоа сега ја увезува и медиумска машинерија на Вучиќ – Ало групацијата (вклучувајќи го озлогласениот Информeр и други). Се увезува ...
Министерот Клековски вчера објави: анализата на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури до 20 август. Трујат луѓе со месеци. Епидемија на жолтица. Бактерии во водата. А резултатите ќе ги кажат дури за две недели. Како тогаш можеа да тврдат дека водата е „технички исправна“? Единствен одговор: Затоа што Мицкоски лично рекол дека е исправна. За да се претстави како спасител и да собере евтини политички поени. Министерот за полиција ...
Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена. Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе. Мицкоски ја премина секоја граница. Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат. Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите ...
Катастрофата во Гостивар продолжува. Илјадници граѓани се отруени, над 4.000 луѓе се соочија со последиците од загадената вода. Тотален колапс на здравствените институции, на Мицкоски и Клековски. Министерот за здравство Сашо Клековски вчера соопшти дека официјалната анализа на водата за пиење во Гостивар ќе биде објавена дури на 20 август. Во водата има опасни бактерии, а граѓаните на Гостивар сега треба да чекаат уште две недели за ...
Денеска Мицкоски и Николовски повторно се сликаат на „потпишување договори“ за железничката делница Крива Паланка – Деве Баир. Сакаат да прикажат дека тие обезбедиле пари. Вистината е сосема друга. Пред три години, Владата на СДСМ и Македонски железници ги обезбедија парите: ЕБОР – заем 175.000.000 € EBRD +1 ЕИБ – заем 175.000.000 € European Investment Bank +1 WBIF – инвестициски грант 149.164.044 € IPA II – грант 60.765.000 € Тендерот беше ...
Денеска сме тука во Ново село поради инцидентот кој што се случи синoќa. Инцидент кој што не требаше да се случи, но кога веќе се случи, благодарение на организираната криминална група на Христијан Мицкоски, не смее и не треба да се премолчи. Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење. И кога веќе медиумскиот линч на организираната ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Ново Село побара итна истрага и итна реакција од надлежните институции по синоќешниот напад врз младите социјалдемократи, бидејќи станува збор за сериозен инцидент кој не смее да остане неказнет. Филипче укажа дека нападот врз младите кои само јавно ја говореа вистината за Гостивар, претставува опасен обид за заплашување и замолчување на секој што има поинакво мислење од власта. „Бараме ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање во денешната изјава за медиуми во Ново Село, посочи дека политиките на власта во однос на евроинтеграциите целосно се разобличени и дека едно по едно паѓаат сите ветувања што ги даваа пред граѓаните. Филипче рече дека и т.н екскурзија на Мицкоски во Брисел, не е ништо друго освен потврда дека зад затворени врати се водат разговори токму за прашањето за кое ВМРО со години ја ...
Бразилскиот фудбалер Ендрик го информирал раководството на Реал Мадрид дека сака да го напушти клубот ова лето, напиша новинарот Јагиз Сабунџуоглу на социјалната мрежа Икс. Дваесетгодишниот напаѓач има тековен договор со „Кралевите“ до 2030 година. „Трансфермаркт“ ја проценува фудбалската вредност на Ендрик на 40 милиони евра. Фудбалерот ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Лион. На 21 натпревар за францускиот клуб, ...
Голманот Марк-Андре тер Штеген коментираше за неговиот трансфер на позајмица во Ајакс од Барселона до крајот на сезоната 2026/27. – Одличен почеток во Амстердам, ви благодарам за топлото добредојде! Со нетрпение очекувам да започнам ново поглавје со сите вас во Ајакс, напиша тер Штеген на социјалните мрежи. Тер Штеген се приклучи на Барселона во 2014 година и има договор до летото 2028 година. Во јануари 2026 година, голманот се приклучи на ...
Неколку американски градови кои беа домаќини на натпреварите на Светското првенство во 2026 година бараат ФИФА да ги исплати ветените средства, објавува „The Athletic“. Раководството на ФИФА постојано ги уверувало градските претставници дека секој ќе добие по еден милион долари. Средствата требало да се користат за развој на фудбалската инфраструктура и спроведување социјални проекти, но исплатите сè уште не се примени. ФИФА јавно нема ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се повлече од Мастерс турнирот во Синсинати. Дваесет и тригодишниот Шпанец го освои турнирот минатата година. – Му посакуваме на нашиот шампион од 2025 година се најдобро за време на неговото закрепнување. Со нетрпение го очекуваме вашето враќање следната година – објави прес-службата на турнирот. Алкараз има 26 титули на АТП во поединечна конкуренција и седум титули на Грен слем. Турнирот во Синсинати, (САД) ...
Маркус Рашфорд е пред враќање во редовите на Манчестер Јунајтед. Англичанецот во летото 2025 година беше претставен како засилување во Барселона и одигра солидна сезона (11 голови и 14 асистенции) во редовите на каталонскиот клуб и кога се очекуваше да потпише договор, сега најреално е негово враќање на „Олд трафорд“. Барселона имаше можност да го откупи неговиот договор за 30 милиони евра, но тоа не го стори, па Рашфорд се прости од клубот ...
Според ново истражување, спроведено во Мајами, Флорида, САД, научниците дошле до заклучок дека комарците не ги избираат своите жртви случајно. Имено, природните супстанции што се наоѓаат на кожата на некои луѓе ги прават многу попривлечни за овие инсекти, што објаснува зошто некои луѓе имаат десетици каснувања кога се надвор, додека други речиси и да немаат ниеден белег. Комарците не се само здодевни летни напасници – тие пренесуваат болести ...
Мекиците се едно од најомилените традиционални јадења во македонската кујна. Се подготвуваат од меко квасно тесто и се пржат до златно-румена боја. Највкусни се кога се послужуваат топли, со сирење, кисело млеко, џем или шеќер. Состојки: 1 кг брашно 40 г свеж квасец 50 мл масло 1 лажичка сол ½ лажичка шеќер 20–30 мл ракија вода по потреба Начин на подготовка: Во малку млака вода растворете го квасецот со шеќерот и оставете го неколку минути ...
Во сообраќајна контрола вчера и денеска полицијата открила неколку лица кои возеле без возачка дозвола, меѓу кои и 63-годишник од Виница, а 15-годишен од Скопје е уапсен зашто возел камион. Во повеќето случаи возилата се одземени, а по целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави. Во полицискиот билтен МВР информира дека малолетникот бил лишен од слобода ноќеска во 2:40 часот, при сообраќајна контрола на ул.„Горно Лисиче“. Полициските ...
Најмалку едно лице загина, а 22 се повредени во руски напад со балистички ракети извршен ноќеска врз украинскиот главен град Киев, соопштија денеска украинските власти. Градската воена администрација соопшти дека е регистрирана штета во најмалку седум градски окрузи. Притоа загинала една жена, а најмалку 22 лица се повредени. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека две лица се извлечени од урнатините на срушен магацин. Во тек е ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормуската Теснина, која е блокирана од иранските сили, ќе биде отворена „многу брзо“ или Иран ќе биде „многу силно“ погоден во напад на Соединетите Американски Држави. – Протокот ќе биде отворен многу брзо, или тие (Иран) ќе бидат многу силно погодени, а потоа протокот ќе биде отворен – рече Трамп во интервју за Фокс њуз. Трамп во јужна Калифорнија присуствуваше на вечера за собирање средства ...
Повеќе од 1.700 луѓе починале од ебола во источниот дел на Демократска Република Конго, а епидемијата се шири побрзо отколку што здравствените власти можат да ја следат, соопштија надлежните. Заклучно со вчера се регистрирани 3.802 случаи на зараза, од кои 1.707 завршиле со смртен исход. Генералниот директор на Африканските центри за контрола и превенција на болести, Жан Касеја, при втората посета на градот Бунија во близина на жариштето на ...
Речниот товарен сообраќај на австрискиот дел од Дунав е речиси целосно во прекин поради исклучително нискиот водостој на реката, соопшти синоќа австриското Министерство за иновации, мобилност и инфраструктура. „Товарната пловидба практично е прекината, додека сообраќајот на речните крстаречки бродови исто така е значително ограничен“, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството. Министерството предупреди дека ...
Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ги потресе јужните делови на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил под морското дно, на длабочина од десет километри, во регионот Минданао, околу 104 километри од градот Генерал Сантос. Не е издадено предупредување за опасност од цунами. Според изјави на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил ...
Значително подобрена е ситуацијата со пожарот во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина и противпожарните сили веќе шест ден интервенираат за целосно да биде изгасен, а во конкретниот регион, во последните 10 години, во пожарите изгореле 42 отсто од шумите, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот што во петокот избувна во регионот Виотија брзо се прошири во соседната област Атика, животот го загубија двајца членови на ...
Масовната миграција на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската Сеута се помалку се смета за спонтана мигрантска криза, а се повеќе и повеќе за хибридна операција зад која стојат сериозни политички и геостратешки интереси. Шпанските аналитичари предупредуваат дека САД, Израел и Мароко, чии односи значително се зајакнаа во последните години, би можеле да имаат најголема корист од новата ситуација. Помеѓу 50.000 и 70.000 луѓе пристигнаа ...