Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон ЕУ е свесна манипулација. Европската Унија не бара промена на Изборниот законик по мерка на една партија. ЕУ бара кредибилни, фер и транспарентни избори, независно судство и борба против корупцијата. Токму тоа е она што ВМРО-ОКГ со години го блокира. Иако подобрувањето на изборното законодавство е дел од пошироката реформска агенда, конкретните решенија кои во ...
По реконструкцијата на Владата, Иван Стоилковиќ е преместен од позицијата вицепремиер и министер за односи помеѓу заедниците, на место министер за локална самоуправа. Оваа промена повторно го отвора прашањето: што точно Стоилковиќ ѝ носи на Владата на Христијан Мицкоски, освен личната блискост со Српската напредна странка и Александар Вучиќ? Стоилковиќ не носи никаква поддршка во Собранието или Владата. Неговата вредност за ВМРО-ОКГ се ...
Полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за потраги, вчера го привеле 41-годишниот Александар Лазаров од Кочани, по претходно добиени оперативни информации. За Лазаров, како што соопшти МВР, беше распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основниот суд во Кочани за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик Лазаров претходно беше во бегство, откако избега од Полициската станица во Кочани. По ...
Христијан Мицкоски им должи јавно извинување на граѓаните на Македонија. Не на пратениците во празна сала, туку на граѓаните кои ги навредуваше со месеци. Тој ги нарекуваше граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ и со други погрдни имиња. Ги омаловажуваше сите кои не се согласуваат со него, кои ја критикуваат неговата политика или кои едноставно бараат подобар живот. Таквото однесување не е достојно за премиер ...
Судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го спаси Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзна криминалниот имот на ВМРО. “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО. Така изгледа кога криминална организација е на власт и го контролира судството, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Реформи во ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска објавуваме нова бомба, по истиот рецпет: фирми блиски до власта пумпаат пари на народот преку милионски договори и тендерски шеми. Додека јавните претпријатија во Скопје тонат во долгови, не можат да исплатат плати, јавниот превоз е катастрофа, цветаат бизнисите на „Маратон гроуп“ блиска до влста. Со доаѓањето на ВМРО на власт оваа фирма има добиено над 1.5 милиони евра народни пари! За само две години. ...
Пратеникот на СДСМ, Благој Бочварски, на денешната седница упати три прашања до министерката за образование Весна Јаневска, кои се однесуваа на измените во законите за основно и средно образование, најавената оптимизација во образованието и последиците што овие политики можат да ги имаат врз наставниот кадар, учениците и локалните заедници. Бочварски рече дека предложените законски измени не претставуваат вистинска реформа на образованието, ...
Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница, за пратенички прашања од опозицијата, опстави две пратенички прашања, едно до вицепремиерот и министерот за европски прашања Беким Сали, и едно до министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа. Бидејќи двајцата министри беа отсутни, Николовски писмен одговор. Во прашањата, Николовски побара одговори од Владата за застојот на евроинтеграциите и за ...
Јавното обвинителство информира дека Александар Лазаров, кој беше во бегство откако избега од Полициската станица во Кочани, е испратен на издржување притворска мерка, а јавен обвинител до Основниот суд во Кочани поднел и барање за привремено одземање на движен и недвижен имот поврзан со осомничениот за кој постои сомнение дека е поврзан со криминална активност – еден стан и вкупно шест автомобили. Основното јавно обвинителство Кочани, како ...
Претседателот на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци, се вели во партиското соопштение од ГРОМ, што МИА го пренесува интегрално. Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие ...
Разврската за титулата на Светското фудбалско првенство почнува вечерва во 21 часот по средноевропско време во Далас кога во првата од двете полуфинални пресметки ќе се соочат Франција и Шпанија. Актуелниот светски вицешампион Франција и европскиот првак Шпанија досега имаат одиграно само еден меѓусебен натпревар во историјата на мундијалските турнири кога во осминафиналето во 2006 година, Франција победи со 3-1. Франција има две светски ...
Франција денеска со традиционална воена парада ќе го одбележи националниот празник – Денот на падот на Бастилја. На парадата на авенијата „Шанзелизе“ предвидено е да учествуваат околу 6.700 војници, 98 авиони, 31 хеликоптер и 315 единици копнена воена техника. Дел од дефилето ќе бидат и припадници на земјите од Коалицијата на подготвените што ја поддржува Украина, како и 25 украински војници. Годинешната парада има за цел да ја демонстрира ...
Американската армија рано изутринава соопшти дека завршила нов, петчасовен бран напади врз Иран, во третата последователна ноќ на воени операции. Американската Централна команда (CENTCOM) посочи дека во текот на петчасовната мисија биле погодени воени цели низ Иран, меѓу кои во Бушер, Чабахар, Џаск, Конерак, Абу Муса и Бандар Абас. Според соопштението, новите американски напади започнале рано утринава по европско време, што претставува нова ...
Сирените за воздушна тревога во Бахреин изминатата ноќ се огласија во три наврати, поради иранските одмазднички напади по новите американски удари врз цели на иранска територија. Властите во Бахреин каде што е стационирана Петтата флота на американската морнарица, ги повикаа граѓаните да се засолнат во бункери и засолништа. Засега нема непосредни информации за евентуална материјална штета или жртви предизвикани од иранските напади. Иран ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе забрана американски државјани да се враќаат во САД со цивилни летови од Демократска Република Конго поради ширењето на еболата во земјата, соопшти претставник на Белата куќа. Според наредбата, американските државјани кои се наоѓаат во ДР Конго како и оние кои неодамна престојувале таму, нема да можат да се качат на летови за САД, освен доколку претходно не поминале најмалку 21 ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ се сметала за „ужасна идеја“ само од една причина – дека ја поддржале тој и српскиот претседател Александар Вучиќ”. “Тоа беше ужасна идеја од единствена причина што Вучиќ и јас стоевме зад неа. Ако ги отстраниме нашите имиња и ги замениме со, да речеме, пет други, тоа ќе се сметаше за одлична идеја. Така функционира сè на Балканот“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз ...
Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, во најава на вечерашниот полуфиналниот натпревар на Светското првенство против Франција во Далас, изјави дека сè уште го чека големиот натпревар на својот бисер Ламин Јамал, кој вчера го прослави својот 19. роденден. „Му реков да не се грижи и да ужива. Сигурен сум дека големиот ден на Ламин на Светското првенство ќе дојде. Се надевам дека тоа ќе се случи против Французите, ...
Општинското кривично државно обвинителство во Загреб подигна обвинение против 58-годишен државјанин на Северна Македонија, кој се товари дека лажно претставувајќи се како лекар измамил шест лица за вкупно 41.400 евра, објави хрватскиот портал Индекс. Според обвинението на Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ), кривичните дела биле извршени во јуни и јули 2025 година во Загреб, при што обвинетиот дејствувал заедно со засега ...
Братот на шпанскиот премиер Педро Санчез, Давид Санчез, денеска беше прогласен за виновен за административен прекршок и непотизам и му беше забрането да извршува јавна функција девет години поради неговото назначување на висока позиција во културниот сектор во 2017 година од страна на покраинската влада на Бадахоз. Давид Санчез е обвинет дека имал корист од назначување прилагодено за него поради неговите семејни врски со премиерот, кој го ...
Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и студентите организирани од нивните здруженија денеска во Атина одржаа протест за да го изразат незадоволството за уставните измени што го предложи грчката Влада, а се однесуваат на евалуација на државните службеници и на отворање приватни универзитети, јави дописничката на МИА од Атина. „Образованието не е предмет на трговија“; „Не за приватните универзитети“; „Дипломи со заслуга, а не ...
Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека обемот на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго може да биде два до четири пати поголем од официјалните проценки, но забележа дека се постигнува напредок поради откривањето на нови случаи. „Според нашите проекции, обемот на епидемијата се проценува дека е најмалку два до четири пати поголем од бројот на регистрирани случаи“, изјави Чикве Ихеквеазу, раководител на ...
Десетици илјади навивачи ја пречекаа норвешката фудбалска репрезентација синоќа во Осло, одбележувајќи го најуспешниот настап на земјата во историјата на мундијалските турнири. Норвешка на тековното Светско првенство прв пат во својата историја дојде до четвртфиналето во кое на драматичен начин загуби од Англија по продолженија. Според полицијата, околу 100.000 навивачи се собрале изминатата ноќ во центарот на престолнината да ги пречекаат ...
Кохот од гриз е еден од оние едноставни домашни десерти што со години се подготвуваат на нашите трпези. Неговиот мек и воздушест бисквит, натопен со топло млеко, го прави исклучително сочен и нежен. Покрај класичната верзија, овој десерт може да се послужи и во помодерна варијанта – со кремаст сос од ванила и овошен сируп, кои му даваат дополнителна свежина и префинет вкус. Состојки за тестото: 5 јајца 50 г лажици шеќер 75 г пченичен гриз ...
Бугарската национална телевизија (БНТ) ги објави двата града кои влегоа во завршна фаза од изборот за домаќин на „Избор за песна на Евровизија 2027“. Софија и Бургас влегоа во потесниот избор, додека Варна и Пловдив се елиминирани од натамошната селекција. Градовите беа оценувани според повеќе критериуми, меѓу кои инфраструктурата на арените, пристапноста, сообраќајните врски, сместувачките капацитети, како и вкупната организациска ...
Дваесет и осумгодишен жител на село Седларево починал откако се здобил со тешки повреди при сеча на дрва во атарот на дебарското село Горно Мелничани. -Вчера во14:20 часот во Одделението за внатрешни работи- Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од селото Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внашрешни работи – Охрид. Повредениот со возило ...
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја одржи 74. седница на чиј дневен ред меѓу другото е Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година. На дневен ред на седницата се и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2025 година, Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година и Годишниот извештај за ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната ...
Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денар по литар. Ова не е изненадување туку продолжение на кризата која ја најавуваме со месеци. Владата на Христијан Мицкоски немаше слух да воведе мерки кои би го ублажиле ударот врз граѓаните. Или едноставно не сакаше. Дали е тоа целосна неспособност или намерно нереагирање – граѓаните сепак ја плаќаат цената. И ќе продолжат да ја плаќаат, затоа што оваа Влада нема ниту план, ниту волја да ...
Драган Павловиќ – Латас и Иван Стоилковиќ денеска повторно се обидуваат да се претстават како бранители на српскиот народ во Македонија. Ова е класична манипулација. Кога зборуваме за „српскиот свет“ во Македонија, не зборуваме за српскиот народ. Зборуваме за политички проект на Александар Вучиќ и неговата СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ, кој преку свои кадри и медиуми се обидува да ја прошири својата контрола. Иван Стоилковиќ не е ...
Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од обвинение поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Талир 2“ за пречекорување на службените овластувања и противправно финансирање на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Судијката Даниела Алексовска во објава на пресудата изјави дека за овој случај треба да се имаат предвид измените на КЗ од 2023, а со кои настапи и измена на обвинението. – Иако беа направени измени на ...