Второто авионско прскање против возрасната форма на комарци на подрачјето на општина Куманово ќе биде спроведено утре, (5 август) со почеток во 5 часот, информираа денеска од општината. Третманот ќе се изврши на површина од 1.270 хектари, а ќе бидат опфатени теченијата на реките Кумановка, Липковка и Којнарка, месните заедници Бабин Дол, Гоце Делчев и Тоде Мендол, централното градско подрачје, како и просторот околу пречистителната станица на ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.07.2026 до 31.07.2026 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 42 мерни места во Градот Скопје. ...

Пожарите што вчера избувнаа во атарот на селото Раец предизвикаа оштетување на дел од електропреносниот систем, поради што е нарушено редовното снабдување со вода за селото Дреново, информираа утрово од Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци. Како што соопштуваат од претпријатието, поради прекинот во снабдувањето со електрична енергија не е можно нормално функционирање на бунарите од кои се обезбедува вода за селото. – По оваа ...

Центарот за управување со кризи соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Активни се пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу с. Раец и с. Ќесендре, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во Општина Прилеп (ул. „Дебарска“, м.в. Теке (депонија), а другите три правци се изгаснати). Според ЦУК, изгаснати се следните пожари: Општина Бутел – ул. ...

На граничниот премин „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Министерството за здравство информира дека нема нови случаи на западнонилска треска и дека последните суспектни случаи се негативни. – Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска, ...

Епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции, информира денеска Министерството за здравство. Вчера се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. Од Министерството велат дека и покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа ...

Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор. Во моментот нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи. Според нивните информации, 29 пожари се изгаснати, а само еден е под контрола. Станува збор за пожарот меѓу селата Слатина и Грешница во општина Македонски Брод каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација. МИА Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 30 пожари на ...

Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вечерва е почувствуван во Скопје. Земјотресот е регистриран во 21:54 часот, а според информациите од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје, епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје. Земјотресот бил со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала. МИА Земјотрес со јачина од 2,5 степени по Рихтер вечерва е почувствуван во Скопје. Земјотресот е ...

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини кон Грција и Србија. Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на граничниот премин Табановце за влез и излез од земјава се чека повеќе од еден час, а на граничниот премин Богородица за излез од земјава се чека околу 30 минути. На граничниот премин Блаце за излез од земјава се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез ...

Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд е значително понизок во однос на времето кога беше пикот, информира денеска Министерството за здравство. – На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани ...

До Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи на западно-нилска треска, соопшти Министерството за здравство. На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања. – Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје и здравствените установи, продолжува со засилен ...

На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година. Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита ...

Заклучно со 30 јули, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. Од нив, 10 пациенти се хоспитализирани на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, соопшти денеска Министерството за здравство. Поради актуелната епидемиолошка состојба и врз основа на стручната проценка на ризик, Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен – информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Зголемена фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица за излез од државата и на Табановце за влез, но засега нема поголеми задржувања на македонската страна. Од АМСМ апелираат возачите да ја приспособат брзината на условите ...

Без вода во текот на денов ќе биде дел од општина Центар, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, по добиени информации од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според најавата, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот за корисниците на делови од улиците „Бел Камен“, „Водњанска“ и „Шарски Одред“. Без струја во текот на денов ќе бидат делови од општините Карпош и Центар, соопштија од ...

До 13 часот денеска на територијата на државата се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е ставен под контрола, а два се изгаснати. Според информациите од Центарот за управување со кризи, активни се пожарите во општина Долнени, кај селото Вранче, каде гори нива со жито, како и во општина Кичево, зад спортската сала „Јанчица“, каде е зафатена сува трева. Под контрола е пожарот во општина Кавадарци, кај ...

На ГП „Богородица“, поради зголемена фреквенција на возила, за излез од државата се чека околу 20 минути. Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...

Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира утре и задутре, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопштија од Град Скопје. – Градот Скопје континуирано ги спроведува сите активности во согласност со законските прописи и стручните ...

Мерки за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства Директни плаќања по површина ВАЖНО!!! Во случај кога не го исполнувате условот за минимум површина за поледелски, лозови, овошни и градинарски култури а имате одобрено барање во 2025 година со помали површини, за истиот минимум површина и за истите намени ќе можете да поднесете барање во 2026 година по МЕРКА 6 Директни плаќања по број на грла на добиток ВАЖНО!!! Во случај кога ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е во тек поднесувањето на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Барањата се поднесуваат за мерките за основна и дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства (директни плаќања по површина и грло добиток), мерките за директни плаќања по единица ...

Директни плаќања во земјоделството се финансиска поддршка што државата им ја исплаќа директно на земјоделците, со цел да се поттикне земјоделското производство, да се обезбеди стабилен приход и да се одржи руралниот развој. Тоа се пари што земјоделците ги добиваат за: – обработка на земјиште, – одгледување и продажба на земјоделски култури, – чување добиток Овие плаќања се доделуваат врз основа на: – површина (по хектар), – број на грла ...

Почитувани земјоделци, Земјоделството не е само дејност – тоа е темел на нашата економија, нашата традиција и нашата иднина. Вашиот труд ја храни државата, создава вредност и обезбедува стабилност за идните генерации. Токму затоа, како институција, нашата мисија е да обезбедиме поддршка и да бидеме ваш сигурен партнер. Со ова Упатство, сакаме на јасен и разбирлив начин да ви ги доближиме мерките за директни плаќања, вашите права, но и ...

По извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје Охрид“ од изворите во селата Елшани и Велестово, донесено е решение со кое се забранува водата да се користи за пиење, информираат од Општина Охрид. Лабораториските анализи покажеле присуство на Е.coli и Колиформни бактерии. Се задолжуваат месните заедници во Елшани и Велестово да постават јасно и видливо предупредување дека водата не е за пиење, посочуваат во соопштението. По извршените ...

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е во тек поднесувањето на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Барањата се поднесуваат за мерките за основна и дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства (директни плаќања по површина и грло добиток), мерките за директни плаќања по единица ...

Долгорочно решение за ниските цени и проблемите со откупот на оризот најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој беше во посета на Хидросистемот „Злетовица“ во Пробиштип. Серафимовски истакна дека утринава имал разговори со откупувачите на ориз, а претходно имаше средба со оризопроизводителите, на која што му се презентирани проблемите со ниската откупна цена на оризовата арпа и вишокот на ...

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е зголемен, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин Богородица. Според информациите на Авто-мотосојузот на Македонија (АМСМ), времето на чекање за преминување на границата изнесува 40-ина минути. На другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат возачите да управуваат внимателно, да ја ...

Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот е на речиси 144 километри југозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда 4. МИА Земјотрес со епицентар во соседна Албанија утрово е почувствуван во Струга и околината со ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 21 степен, додека дневните ќе достигнат од 31 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје ќе преовладува сончево и топло време со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 18 степени, а максималната ќе достигне до 35 степени. ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во Пробиштип ќе потпише договор за соработка со директорот на Јавното претпријатие за извршување на водостопански дејности „Хидросистем Злетовица“ – Пробиштип, Златко Стојановски. Потпишувањето на договорот ќе се одржи во седиштето на ХС „Злетовица“. МЗШВ Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски денеска во Пробиштип ќе потпише ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.44
33%
1017
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
59%
1015
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.69
46%
1013
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.18
36%
1017
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.79
38%
1016
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
70%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
41%
1013
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.98
40%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.02
42%
1016
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 22ᴼ
2.24
53%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 26ᴼ
0.45
41%
1014
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
2.72
100%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.3754

Currency

71.7836

Currency

37.5886

Currency

37.9845

Currency

66.0092

Currency

7.91023

Currency

0.6626

Currency

0.33852

Currency

0.52491

Currency

1.12347

Currency

0.56179

Платина

52855.83

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Сребро

1894.77

Бакар

13.27

Алуминиум

3.23

Родиум

265243.66

Кобалт

56.29

Паладиум

40445.64

Калај

55.44

Злато

130535.25