Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз се пласираше во финалето на Мастерс-турнирот во Париз, откако во полуфиналната пресметка без поголеми проблеми го совлада Каспер Руд, 23. тенисер на светската ранг-листа.Првиот фаворит на турнирот славеше со 2-0 во сетови (6-4, 6-4), во меч кој траеше приближно час и половина. Алкараз одигра сигурно и убедливо, за разлика од претходниот дуел во петокот вечерта, кога против Тејлор Фриц мораше да спасува две ...

Македонскиот стратег Филип Лазаров и германскиот ракометен клуб Интерактив ја завршија заедничката приказна. Клубот официјално потврди дека Лазаров повеќе нема да биде на тренерската позиција, со што завршува неговиот долгогодишен ангажман во германскиот тим. Лазаров во Интерактив пристигна во 2018 година, кога настапуваше како играч по заминувањето од Бешикташ. По четири години на теренот, во 2022 година реши да ја заврши играчката кариера и ...

Машката пионерска репрезентација на Македонија (до 16 години) го одигра првиот натпревар на Регионалниот Челинџ Куп У16 во Подгорица, Црна Гора. Во драматичен и борбен натпревар нашите млади ракометари беа поразени од домаќинот Црна Гора со конечен резултат 26-20. Најефикасен во редовите на Македонија беше Клењоски со седум голови, додека Кривокапиќ постигна пет погодоци за Црна Гора. Македонските ракометни надежи својот следен предизвик ќе ...

Силекс го пречекува Вардар во Кратово во дербито на 13. коло од Првата македонска фудбалска лига, во кое домаќинот ќе се обиде да ја искористи предноста на домашниот терен и да стигне до значајни три бода. Кратовчани во пресрет на ова соочување доаѓаат по ремито без голови против Скопје во Автокоманда, а со евентуална победа против актуелниот шампион би фатиле приклучок кон екипите од врвот на табелата. Тренерот Александар Васоски очекува ...

Актуелниот шампион Вардар го загуби дербито од Струга Трим Лум во минатото коло, но избраниците на тренерот Миодраг Божовиќ сакаат експресна рехабилитација на гостувањето во Кратово. Силекс не е наивен тим, особено кога игра пред домашните гледачи, но Вардар и нема друг избор, ако сака да се врати во ритам и да го одржи чекорот со водечките екипи на табелата, Шкендија и Струга ТЛ. „Вардар на секој натпревар оди на победа“, порачуваат од ...

Жозе Мурињо порача дека Реал Мадрид секогаш ќе биде пред интересите на кој било поединец, нагласувајќи дека одлуките за настапите на Винициус Жуниор ќе ги носи исклучиво според потребите на екипата. Португалскиот стратег објасни дека Бразилецот добил шанса на последните два натпревари во Лигата на шампионите, но дека ќе смета на него дури кога ќе биде целосно подготвен. „За мене тимот е секогаш на прво место. Никогаш нема намерно да му ...

Црвена Звезда во последниот период многу очекуваше од евентуалната продажба на Василије Костов, но додека се чека реализација на големиот трансфер, на сцената се појави едно неочекувано име. Македонскиот репрезентативец Матеј Гаштаров блеска во дресот на својот тим и полека се наметнува како едно од најинтересните откритија. Дваесетгодишниот фудбалер доби шанса од шпанскиот стратег Алберт Риера и одлично ја искористи. За кратко време успеа да ...

Екипата на Лидс Јунајтед забележа значајна победа од 1-0 (0-0) против Тотенхем во натпреварот од 10. коло на Премиерлигата, одигран на „Еланд Роуд“. Херој на домаќините беше Ноа Окафор, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 79. минута. По неколку натпревари без победа, Лидс конечно им се врати на добрите резултати, и тоа против противник кој пристигна со три последователни првенствени триумфи. Домаќините беа поактивни во второто ...

Екипата на Струга Трим Лум е нов лидер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Тимот на домашен терен славеше во дербито со Шкендија (1-0) и со страшна статистика го презеде врвот на табелата. За каква статистика станува збор? Домашните натпревари на Струга Трим Лум. Пред некое коло објавивме за најдобриот старт во клупската историја, но добрата форма на тимот на Бледи Шкемби не застана тука. Во сите натпреварувања од стартот на сезоната, ...

Бен Шелтон продолжува да ги поместува границите во светскиот тенис. Американскиот тенисер се пласираше во финалето на Мастерс-турнирот во Париз, откако во полуфиналната пресметка го совлада домашниот претставник Лука ван Аше со 2-1 во сетови (5-7, 6-3, 6-4), по два часа и 17 минути игра. Со овој успех, Шелтон стана првиот Американец по Енди Родик во 2010 година кој успеал да стигне до повеќе финалиња на Мастерс-турнирите во рамките на една ...

Екипата на Арсенал продолжува со одлични резултати во Премиер лигата, откако на „Емирати“ славеше минимална победа од 1-0 (0-0) против Хал Сити во натпреварот од 10. коло. Лондонскиот тим доминираше во поседот на топката, но тешко наоѓаше начин да ја пробие одбраната на гостите. Одлуката падна во 72. минута, кога Мартин Одегард ја искористи одбиената топка по ударот на Нони Мадуеке и ја затресе мрежата за голема радост на домашните навивачи. ...

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез ја освои победата на драматичната спринт-трка во Мото ГП шампионатот, која се возеше во рамките на Големата награда на Катар. Трката на патеката „Лусаил“ беше обележана со неколку сериозни инциденти, но возачот на Дукати успеа да ја задржи контролата и да стигне до нов триумф. Најтешкиот момент се случи уште во вториот круг, кога Фермин Алдегер со голема брзина се судри со Франческо Бањаја. Италијанскиот ...

Капитенот на Македонија, Филип Кузмановски, ќе биде лидер на нашиот национален тим на гостувањето во Халкида кај Грција. Како увертира на мечот, ракометарот на Еурофарм Пелистер кажа дека ни следи средба со една борбена екипа, која покажала што може со пласманот на СП 2027. „Мислам дека имаме анализирано и собрано доволно видео-материјал од екипата на Грција. Тие покажаа во изминатите квалификации против Холандија една добра и борбена игра во ...

Екипата на Борусија Дортмунд го одржува чекорот со Баерн Минхен и оствари нова победа во Бундеслигата, овојпат над Елверсберг 07 со конечни 2-1 (0-0) во натпреварот од деветтото коло. „Милионерите“ стигнаа до трите бода со головите на Феликс Нмеча, кој стрелаше двапати во второто полувреме и беше вистински херој на својот тим. За Дортмунд ова е шеста победа, исто колку што има и Баерн Минхен, кој со 1-2 рутински го надигра Мајнц 05. Стрелци ...

Репрезентацијата на Македонија е во Грција, каде ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во 2028 година. Селекторот Кирил Лазаров е свесен за важноста, но и за тежината на средбата која следи. „Не очекува пеколен меч, една одлична репрезентација која во баражот за Светското првенство ја мина Холандија. ЌЕ пристапиме сериозно, треба да бидеме спремни на се. Мора да имаме контрола. Можни се ...

Екипата на Славен Белупо ја оствари петта победа во хрватското првенство, и тоа на спектакуларен начин, совладувајќи ја Горица на гостински терен со убедливи 3-5 (3-3). Натпреварот од 13. коло на ХНЛ мина во знакот на нашиот поранешен репрезентативец Илија Несторовски, кој повторно прикажа одлична игра и двапати се запиша во листата на стрелците. Македонскиот напаѓач стрелаше најпрво во 17. минута за 0-1, а потоа погоди и од белата точка во ...

На двата денешни натпревари од 13. коло во Прва МФЛ, Струга ТЛ – Шкендија Тетово и Силекс – Вардар, беа забележани вкупно пет значајни ВАР ситуации. Во сите случаи, видео-технологијата придонесе за донесување правилни и оправдани судиски одлуки. ФК СТРУГА ТЛ - ФК ШКЕНДИЈА 2.минута – Главниот судија досуди пенал за екипата на Шкендија поради наводен контакт меѓу напаѓачот и противничкиот одбранбен играч. По ВАР-интервенцијата, судијата беше ...

Екипата на Каљари ја прекина серијата лоши резултати и го победи Фрозиноне (1-0) во натпреварот од 11. коло во Серија А. Стрелец на единствениот гол во првото полувреме беше Мишел Адопо, кој во 38. минута ја затресе мрежата на гостите. Фрозиноне имаше поголем посед на топката, но домаќините беа поефикасни и успеаја да ја искористат својата можност за победоносен погодок. Голманот на Каљари, Елија Каприле, имаше значајна улога во триумфот, ...

Шефот на Ферари, Фредерик Васер, одржал разговор со Луис Хамилтон и Шарл Леклер по инцидентот меѓу двајцата возачи на трката за Големата награда на Мексико, потенцирајќи дека интересите на тимот мора да бидат пред индивидуалните амбиции. Двајцата возачи имаа меѓусебен дуел уште во првиот круг, а Хамилтон преку тимското радио рече „ме истурка мојот колега“. Ситуацијата ја искористи Макс Верстапен, кој на крајот стигна до победа на трката на ...

Тренерот на Струга Трим Лум, Бленди Шкемби, беше задоволен од освоените три бода од дербито против Шкендија, но призна дека неговиот тим не го прикажал посакуваното издание во првиот дел од дербито. Стружани славеа со 1-0 со погодокот на Малески во 79. минута, резултат со кој се искачија на првото место на табелата. Шкемби смета дека неговите фудбалери направиле значителен напредок во второто полувреме, кога успеале да го наметнат својот ...

Тренерот на Шкендија, Артим Положани, смета дека неговиот тим бил подобар противник од Струга Трим Лум во дербито од 13. коло во Првата македонска лига, и покрај минималниот пораз од 1-0. Стружани до победата стигнаа со голот на Малески во 72. минута, со кој воедно го презедоа првото место на табелата. Положани, сепак, смета дека неговите фудбалери имале иницијатива и повеќе можности за погодок, но не успеале да ја искористат својата надмоќ. ...

Само еден месец откако ја заврши професионалната тениска кариера, Гаел Монфилс доби нова улога во францускиот тенис. Поранешниот тенисер е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Франција во Дејвис купот. Монфилс не го криеше задоволството од новиот предизвик и најави дека сака да изгради силен колектив кој ќе се бори за трофеи. „Горд сум што станав селектор на репрезентацијата. Овој син дрес ми значи многу. Сакам да изградам ...

Реал Мадрид воведува поинаков пристап во управувањето со физичката подготвеност на фудбалерите, откако Жозе Мурињо одлучил да го примени моделот на ПСЖ и Луис Енрике за распределба на минутажата и одморот во текот на сезоната. Според шпанската „Марка“, планот предвидува поголемо растоварување на најважните играчи, не само преку ротации на натпреварите, туку и со дополнителни слободни денови и посебни програми за физичко и психолошко ...

Бразилскиот фудбалер Родриго Моледо се најде на удар на сопствените навивачи поради грешката што ја направи во финишот на натпреварот меѓу Коритиба и Интернасионал. Неговиот невнимателен потег резултираше со пенал во судиското продолжение, кој домаќините го искористија за победа од 1-0. Иако од натпреварот поминаа три дена, реакциите на навивачите не стивнуваат. Сепак, критиките за лошата игра одамна ја преминаа границата на спортскиот ...

Илија Несторовски не запира со фантастичната форма и повторно постигна гол за неговиот Славен Белупо на гостувањето кај екипата на Горица. Прилепчанецот го отвори резултатот во 17. минута и донесе водство за својот тим, а за него ова е осми погодок сезонава. Несторовски потсетува на своите најдобри денови, и покрај фактот што веќе има полни 36 години. Неговиот учинок е убедливо најдобар во екипата која се бори да фати приклучок кон погорните ...

Кошаркарот на Пелистер, Виктор Златевски, ги сподели очекувањата пред неделниот натпревар против ГКК Штип, најавувајќи максимална подготвеност и желба за продолжување на добрите настапи на домашен терен. Пелистерци го очекуваат Штип по поразот од МЗТ Скопје во претходното коло, а Златевски смета дека тимот има квалитет за да извојува победа, но ги повика и навивачите да дадат поддршка од трибините. „Натпреварот го дочекуваме максимално ...

Македонската машка пионерска репрезентација (М16) забележа победа против селекцијата на Косово со резултат 35-33, во рамки на Регионалниот Челинџ Куп У16, кој се одржува во Подгорица, Црна Гора. Нашите млади репрезентативци покажаа борбеност, тимски дух и голема желба за победа, успешно завршувајќи го натпреварот во своја корист. За македонските ракометари ова беше прва победа на овој турнир, откако во првото коло беа поразени од домаќинот ...

Екипата на Кожуф освои голем бод во денешното соочување против фаворитот Пелистер во единаесеттото коло во ВМФЛ. Ланскиот прволигаш не успеа да го сочува стекнатото водство од првиот дел и на крај мораше да се задоволи само со еден бод (1-1). Пелистерци први зададоа удар во Гевгелија и преку поранешниот репрезентативец Кире Ристовски поведоа со 1-0. Се играше 20 минута кога Мирчевски изведе корнер од левата страна, а највисок во скокот беше ...

Екипата на Вардар се избори за минимална победа на гостувањето кај Силекс со конечни 0-1 (0-0) во натпреварот од тринаесеттото коло на Првата македонска фудбалска лига. За актуелниот шампион на нашата земја ова беше седми триумф сезонава. Стартот на полувреме не понуди многу возбудлива содржина за гледачите. Вардар имаше мала иницијатива, но без успех во офанзивниот сегмент. Се играше повеќе на средината на теренот, без големи шанси во првите ...

Екипата на Барселона ќе биде посилна за двајца дефанзивци на претстојното гостување кај Атлетико Мадрид, откако Ерик Гарсија и Андреас Кристенсен повторно му се ставија на располагање на тренерот Ханси Флик. Двајцата фудбалери го одработија целиот тренинг со соиграчите и се враќаат во конкуренција за настап. Кристенсен беше надвор од терените речиси два месеца, додека Гарсија паузираше околу три недели. Сепак, се очекува двајцата да го ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
69%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.57
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
91%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.45
70%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07