Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Наполи со победа ја започна новата сезона во Серија А, откако на гостувањето кај Џенова славеше со 0-2. Долго време мрежите мируваа на „Луиџи Ферарис“, но актуелниот вицешампион во самиот финиш успеа да го скрши отпорот на домаќинот. Кевин Де Брујне го отвори резултатот во 82. минута, а конечните 0-2 ги постави Антонио Вергара пет минути подоцна. Така, тимот на Масимилијано Алегри со три бода го започна шампионатот, додека Џенова долго ...
Жестока пресметка имаше меѓу Винисиус Јуниор и Алекс Галатрава, откако двајцата фудбалери влегоа во дуели кои предизвика многу реакции. Уште во втората минута Галатрава го шутна легнатиот Винисиус, но домашниот фудбалер остана без санкција. Половина час подоцна, Винисиус му возврати на свој начин, откако го турна Галатрава, за што судијата му покажа жолт картон. Anlaşılan Vinicius Júnior'a hala ırkçılık devam etmekte, hakem pozisyona kart ...
Баерн Минхен го освои првиот трофеј во новата сезона, откако во германскиот Суперкуп ја совлада Борусија Дортмунд со 2-1 на „Сигнал Идуна Парк“. Со овој триумф, тимот на Винсент Компани успешно ја започна новата натпреварувачка сезона. Баварците поведоа во 28. минута преку новото засилување Нејтанел Браун, кој по асистенцијата од Мајкл Олисе го постигна својот прв гол во официјален натпревар за Баерн. Олисе потоа се запиша и во листата на ...
Барселона официјално го промовираше Јоан Макунду како ново засилување, со што каталонскиот клуб дополнително ја засили конкуренцијата под обрачите. Французинот потпиша договор до јуни 2028 година. Макунду минатата сезона имаше турбулентен период, бидејќи играше и во Кина за Фуџијан, а потоа се врати во Монако за завршницата на сезоната. Токму од редовите на францускиот клуб пристигнува во Барселона. Ова не е првпат Барса да се интересира за ...
Фенербахче убедливо води против Коњаспор со 4-1 во второто коло од турската Суперлига, но натпреварот во Истанбул падна во втор план по страшната сцена со Керем Актуркоглу. Напаѓачот на Фенербахче по еден воздушен дуел на почетокот од второто полувреме падна на тревникот и остана неподвижен. Медицинската екипа веднаш истрча на теренот, а на Актуркоглу му беше укажувана помош неколку минути. KEREM AKTÜRKOĞLU BAYILDI! GEÇMİŞ OLSUN KEREM! ...
Валенсија и Селта Виго одиграа без голови (0-0) на „Местаља“ во натпреварот од второто коло на Примера, а македонскиот голман Столе Димитриевски беше меѓу најзабележителните домашни фудбалери. Димитриевски го започна натпреварот од првата минута и успеа да ја сочува мрежата недопрена во текот на сите 90 минути. Македонскиот репрезентативец во 39. минута доби жолт картон, но тоа не влијаеше на неговата концентрација до крајот на средбата. ...
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 оствари убедлива победа над Бутел Скопје со резултат 37-30, во последниот натпревар од групната фаза на турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Битолчани влегоа силно во натпреварот и веќе на полувреме имаа солидна предност (22-17), која успешно ја задржаа до крајот. Најефикасен беше Кристијан Симоновски со 7 гола, а одлични партии одиграа и Давид Димески (6 гола) и Лука Георгиевски (4 гола). Кај Бутел, најдобар ...
Илија Несторовски постигна гол во победата на Славен Белупо над Горица со 2-0, со која тимот од Копривница конечно стигна до првиот триумф во новата сезона на ХНЛ. Македонскиот напаѓач ја затресе мрежата во 21. минута, само три минути откако Јосип Митровиќ го отвори резултатот. Несторовски одлично ја искористи укажаната шанса и ја зголеми предноста на домаќините. Славен Белупо до крајот ја сочува предноста и стигна до важни три бода, додека ...
Актуелниот шампион на Италија, Интер, со убедлива победа ја започна новата сезона во Серија А, откако на „Џузепе Меаца“ славеше над Монца со 4-1. Интер одлично го отвори натпреварот и поведе уште во шестата минута. Хакан Чалханоглу со фантастичен удар од далечина испрати вистинска „бомба“ во мрежата на гостите. Монца, сепак, успеа да одговори и во 29. минута преку Варела да израмни на 1-1. Со тој резултат се замина и на пауза. Во второто ...
Познати се екипите кои ги освоија позициите од третото до осмото место на турнирот „Крсте Андоновски“, а вечерва останува да се одигра големото финале меѓу Вардар и Охрид. Во натпреварот за третото место, Загреб по драматичен меч го совлада Тримо Требње. Регуларниот дел заврши 24-24, по што хрватскиот тим беше посигурен при изведувањето на пеналите и славеше со 5-3. Петтото место му припадна на Војводина, која во ефикасен натпревар го совлада ...
Тотенхем со убедлив пораз од 3-0 (2-0) на гостувањето кај Брентфорд ја започна новата сезона во Премиер лигата. „Пчелите“ одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до убедлив триумф, против тимот кој што летово потроши најмногу во Англија. Брентфорд поведе во 12. минута преку Кин Луис-Потер, а Витали Јанелт во 33. минута зголеми на 2-0 по одбиена топка во шеснаесетникот. Точка на натпреварот стави Мајкл Кајоде во 52. минута, кога беше ...
Фудбалскиот свет е потресен од трагичната смрт на 25-годишниот Кевин Кастро, кој почина откако колабираше за време на пријателски натпревар во Португалија. Кастро настапуваше за Реал Спорт Клубе на дуелот против Естрела Амадора, но само десет минути по почетокот на средбата се срушил на теренот. Медицинската екипа веднаш реагирала, а бил употребен и дефибрилатор. Фудбалерот потоа бил итно пренесен во болница, каде што за жал била потврдена ...
Доминик Балард постигна спектакуларен гол во натпреварот меѓу Бирмингем и Бристол во второто коло од Чемпионшипот. Напаѓачот на Бристол, иако беше свртен со грб кон голот, успеа со неверојатен удар со пета да ја испрати топката во поблискиот агол и да донесе водство од 2-1 за својот тим. Натпреварот заврши 2-2, но погодокот на Балард сигурно ќе се најде меѓу најсериозните кандидати за „Пушкаш“ наградата. Доминик Балард постигна спектакуларен ...
Во првиот натпревар од развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија се соочи со селекцијата на Босна и Херцеговина. Во регуларниот тек од натпреварот резултатот беше 2-2, а по подобро изведување на удари од 11 метри славеа гостите. Македонија поведе со погодокот на Габриел Фударски Митев уште во втората минута. Во 18. капитенот Леис Факиќ зголеми на 2-0. Во 27.минута ...
Интер на одличен начин го започна натпреварот против Монца во првото коло од новата сезона во Серија А, а во центарот на вниманието веднаш се најде Хакан Чалханоглу. Турскиот репрезентативец во шестата минута испрати вистинска „бомба“ од далечина, а неговиот удар заврши во мрежата на Монца. За искусниот играч за врска ова е шеста сезона во дресот на Серија А, а минатиот шампионат го заврши со девет гола и четири асистенции. Интер на одличен ...
Екипата на Атлетик Билбао со пораз пред својата публика ја отвори новата сезона во Примера, откако во рамки од второто коло загуби од Севиља со 1-3. Баскискиот тим во проблеми влезе уште во единаесеттата минута, откако Берчиче поради прекршок заработи директен црвен картон и го остави својот тим со десет фудбалери во поле. Гостите од Севиља бројчаната предност ја искористија по само четири минути, а на голот на Осо „кумуваше“ најдобриот ...
Фудбалерите на Пелистер повторно потфрлија во Втората македонска фудбалска лига. По ремито во Битола против Камјани, денеска во Кавадарци „зелено-белите“ немаа решени ниту за младите момци на Брера и одиграа само 0-0. Пелистерци беа подобриот ривал на теренот, имаа иницијатива и многу шанси, но ниту една од нив не заврши во посакуваната цел. На спротивната страна пак, Брера си ја заврши својата задача, и остана непоразена, а бодот има ...
Екипата на Арсими ја запиша втората победа во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на гостувањето кај Шкендија Арачиново на „Чаир“ славеше со сигурни 0-2. По триумфот над Башкими во претходното коло, денеска Арсими долго време ја чекаше својата вистинска шанса, а херој беше резервистот Каба Јакупи, кој беше автор на двата гола. Двата тренери приредија изнедувања во стартниот тим и Симоновски остана на клупата на Шкендија ...
Екипат ана Евертон со победа ја започна новата сезона во Премиер лигата, откако на свој терен го совлада Кристал Палас со 2-0. Домаќинот на „Хил Дикинсон“ до предност стигна во 42. минута преку Кирнан Дивсбери-Хол, кој по добра индивидуална акција со прецизен удар ја затресе мрежата на гостите. Евертон продолжи во ист ритам и веднаш по паузата го постигна вториот гол. Во 53. минута Тиерно Бари со глава ја погоди мрежата по нафрлањето од ...
Ељиф Елмас официјално стана нов играч на Аталанта, каде ќе настапува како позајмен фудбалер од РБ Лајпциг, а веднаш по потпишувањето на договорот реши да им се обрати на навивачите преку видео-порака на социјалните мрежи. View this post on Instagram A post shared by Atalanta B.C. (@atalantabc) Македонскиот „дијамант“ се очекува да биде големо засилување за тимот на Маурицио Сари, кој повторно има големи амбиции за висок пласман во ...
Некогаш славниот Бордо се наоѓа во една од најтешките кризи во својата историја. Шесткратниот шампион на Франција, според моменталната ситуација, ќе настапува дури во шестиот ранг на францускиот фудбал. Управниот суд во Париз го одби барањето на клубот привремено да ја суспендира одлуката за исфрлање од националните натпреварувања. Бордо се надеваше на враќање во четвртиот ранг, но засега останува во лигата Регионал 1. Само четири години ...
Минесота Тимбервулвс и ВНБА тимот Минесота Линкс добијаат нов мнозински сопственик, само една година откако контролата врз двете франшизи ја презедоа Марк Лор и Алекс Родригез. Американскиот милијардер Марк Стед постигнал договор со кој ќе стане најголем акционер и контролирачки сопственик на двете екипи. Тој ќе го откупи најголемиот дел од уделот на Лор, а трансакцијата ќе изнесува околу 4,5 милијарди долари. Стед, основач на инвестициската ...
Клеј Томпсон по две сезони го напушта Далас и е на чекор до преселба во Мајами Хит. Маверикс официјално потврдија дека постигнале договор со 36-годишниот кошаркар за раскин на соработката, со што му се отвора патот кон нов клуб. Томпсон сака повторно да игра за тим со шампионски амбиции, а Мајами се наметна како неговата следна дестинација. Во Далас пристигна во 2024 година, но тимот не успеа да ги исполни очекувањата. Минатата сезона Томпсон ...
Екипата на Манчестер Јунајтед ги разочара своите навивачи на стартот од сезоната во Премиер лигата, откако загуби на гостувањето кај Хал Сити со конечни 2-0 (2-0) во натпреварот од првото коло. Избраниците на Мајкл Керик одиграа блед и скоро очаен натпревар, а тоа особено беше воочливо во првото полувреме, кога домаќинот ги постигна двата гола и одново покажа дека Јунајтед има големи слабости, како во одбраната, така и во средниот ред. ...
Тренерот на Норич Сити, Филип Клемон, остро реагираше поради тоа што ВАР технологијата сè уште не се користи во англискиот Чемпионшип. Неговиот револт доаѓа по поразот од Вест Бромвич во првото коло, кога спорниот гол на Оне Хегебо беше постигнат со рака. Клемон смета дека е недозволиво второто по ранг англиско натпреварување да нема ВАР, особено имајќи ги предвид финансиските вложувања и амбициите на клубовите. „Неверојатно е што нема ВАР во ...
Џорџ Расел триумфираше на денешната спринт трка во Формула 1 за Големата награда на Холандија. Возачот на Мерцедес стартуваше од пол-позицијата и успеа да ја задржи предноста до самиот крај. Второто место му припадна на Шарл Леклер од Ферари, додека трет заврши Ландо Норис од Мекларен. Во Топ-8 се пласираа уште Кими Антонели, Оскар Пјастри, Макс Верстапен, Луис Хамилтон и Пјер Гасли. По спринтот, Антонели останува лидер во генералниот пласман ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од селекцијата на Грција со конечни 25-31 во првиот натпревар на Медитеранските игри кои се одржуваат во Таранто. Нашите девојки прикажаа две сосема различни лица, затоа што имаа предност од четири гола на паузата меѓу двете полувремиња (14-10), но потоа дозволија целосен „кам-бек“ на ривалот, кој во вториот дел постигна 21 гол, наспроти единаесетте на нашиот состав. Леона ...
Шкендија Арачиново со големи амбиции го пречекува Арсими, по одличниот триумф над Тиквеш во Кавадарци. Новиот прволигаш сака со нови три бода да ја продолжи добрата серија и конечно да слави пред своите навивачи на стадионот во Чаир. Искусниот дефанзивец Есмин Личина очекува тежок натпревар, но верува дека домашниот терен ќе биде голема предност за неговата екипа. „Го респектираме Арсими, но се наоѓаме во добра форма и играме пред нашата ...
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, оствари средба со Претседавачот на Бордот на Обединетата македонска дијаспора, Арџи Белио. На состанокот беше договорена соработка која ќе оди во насока на откривање, мапирање и поврзувње на младите фудбалски таленти со македонско потекло ширум светот. Во следниот период ќе се работи на воспоставување соработка со македонските фудбалски клубови и заедници низ дијаспората, ...
Македонскиот суперлигаш Куманово се пофали со нова аквизиција. Во клубот пристигна Американецот Камерон Гуден, кој настапува како плејмејкер. Роден е во 1998 година, а висок е 183 сантиметри. Дипломирал на Универзитетот „Јута Тех“ во 2003 година, а последен ангажман му беше во мексиканскиот клуб Рајос де Хермосиљо. Со неговото доаѓање, Кумановци ги засилуваат надворешните позиции, а претходно потпишаа договор со Ренато Димитриевски, Алек ...