Некогаш славниот Бордо се наоѓа во една од најтешките кризи во својата историја. Шесткратниот шампион на Франција, според моменталната ситуација, ќе настапува дури во шестиот ранг на францускиот фудбал. Управниот суд во Париз го одби барањето на клубот привремено да ја суспендира одлуката за исфрлање од националните натпреварувања. Бордо се надеваше на враќање во четвртиот ранг, но засега останува во лигата Регионал 1. Само четири години ...

Поранешниот шампион на Франција и клуб кој своевремено играше во финалето на Купот на УЕФА, Бордо доживеа целосен финансиски колапс, откако „жирондинците“ беа исфрлени во шестиот ранг на натпреварување. Клубот низ чија историја минале имиња како Зинедин Зидан, Јоан Гуркуф, Кристоф Дугари и Лоран Блан, сега се соочува со целосно згаснување. Се чинеше дека најлошото сценарио може да се избегне кога инвестицискиот фонд „Спарта Капитал“ претстави ...