Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Младата тапанарка Павлина Горгиева ја спојува љубовта кон македонската народна музика со образованието во областа на дизајнот и технологијата на текстил и облека. Таа самостојно почнала да го изучува тапанот, а своите изведби ги споделува и на социјалните мрежи, каде што добива поддршка од публиката. Иако музиката и дизајнот на прв поглед изгледаат како две различни професионални насоки, Горгиева вели дека ги поврзуваат креативноста, ...
Никица Корубин Како да се “исчисти житото од плевелот” или да се “соберат расфрланите пердуви”; станува егзистенцијално неопходно во демократско општество, каде вистината или барем навремената информација – ја прават “малата” разлика во исклучително турбулентно и динамично време – помеѓу целосна не-свесност и делумна информираност за она што фактички се случува. Во секој случај ситуацијата со сознанијата е сива, што е секако подобро од црна. ...
Лагата навистина има кратки нозе. Но, како што своевремено ќе забележи брилијантниот српски афористичар Милован Витезовиќ, кратките нозе сепак не се гледаат зад говорницата. Лагата е многу поубедлива кога се крие зад вистински или зад лажни авторитети. Освен тоа, „додека вистината да ги обуе чевлите, лагата веќе го пропатувала половина свет“, вели Марк Твен. Во денешново време на експлозивен развој на дигиталните и особено на социјалните ...
Со својата неспособност, нестручност и неодговорност, Владата, локалната власт и надлежните институции вршат злосторство врз граѓаните на Гостивар. Ние во Прилеп немаме таков проблем. Барем засега, г.мната од канализационата мрежа се’ уште не протекле низ славините во кујните и купатилата. Нас не’ трујат на пософистициран начин – преку воздухот. Од подножјето на Марковите Кули, барем еднаш неделно, во сите прилепски домови стасуваат чадот и ...
Денко Малески Марко Никезиќ, претседателот на Сојузот на комунистите на Србија кој настрада во серијата чистките на таканаречените либерали што ги спроведе претседателот Тито на почетокот од седумдесеттите, бара прием кај претседателот и, за последен пат, му ги образложува своите политички погледи. Никезиќ, полиглот и син на Французинка која се занимавала со уметност и татко вработен во странска предвоена нафтена компанија, останува доследен ...
Добивај вести на Viber Почетокот на преговорите за членство на Молдавија во Европската Унија за многумина беше изненадување. Унијата, најмногу од политички причини сакаше Молдавија што побрзо да го помине првото скалило за членство, отворање кластери и преговори. Објективно, таа држава, со, непризната, самопрогласена Придњестрвска република на нејзината територија, и со територијална автономија Гагаузија, населена со православно турско ...
Во некои држави пишувачите на говори на претседателите и на премиерите се познати во јавноста. Тоа се уважени, ценети и компетентни личности кои ја работат одговорно својата работа во согласност со значењето на поводот за обраќање до граѓаните на највисоките државници, политички лидери и јавни личности. Кај нас пишувачите на говори анонимноста ги ослободува од секакава одговорност за секој напишан збор, бидејќи нарачките се строго дефинирани, ...
Освен посетите на Дубаи и Гармишпартенкирхен, единствената надворешно-политичка активност на Венко Филипче во текот на годинава беше присуството на основачкиот самит на „Глобалната прогресивна алијанса“ во Барселона во април. Се работеше за собир на политичари од европската социјал-демократска партија ПЕС, на кои им се придружија левичарски политичари од други држави како Мексико и Јужна Африка, и нормално финансиерот на целата оваа ...
Проф. д-р Спас Ташев ПРВА ГЛАВА ЕВРОПСКОТО НАЦИОНАЛНО ПРАШАЊЕ И ИДЕОЛОШКИТЕ ОСНОВИ НА ФУЕН 1.1. Еволуцијата на европската политика кон националните малцинства по Првата и Втората светска војна Прашањето за националностите се наметнува како едно од клучните прашања на европскиот политички развој уште во текот на XIX век, но дури по Првата светска војна добива суштински ново меѓународно значење. Распаѓањето на Отоманската, Австро-Унгарската, ...
Во последно време сме сведоци на една појава која укажува на тоа дека најважната политичка вештина е да се биде погласен од противникот. Тоа е веќе воспоставена пракса која што функционира и на која се навикнавме во следењето на дневната комуникација меѓу политичките партии. Повеќе не е доволно само да се биде присутен во јавноста, туку е потребна силна реторика која го свртува вниманието на јавноста кон она што се говори. А, токму ...
Математички прецизно: Новата цена на дизелот не е 100, туку 99,5 денари; Економски прецизно: Нов ценовен шок за граѓаните, освен за членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои очигледно точат некаде за џабе; Политички прецизно: Премиерот најави намалување, а регулаторна донесе одлука за зголмеување, значи отидоа членовите у заборав. ФБ став на Јани Макрадули Математички прецизно: Новата цена на дизелот не е 100, туку 99,5 денари; Економски прецизно: Нов ...
Прашање е кога некои од оние големи државни празници, оние од форматот на „Илинден“, „11 Октомври“ и „8 Септември“, ќе ги славиме релаксирано, во нормална атмосфера и без редица веќе спонтани асоцијации што неминовно ги следат овие празници. За жал почесто негативни, поретко позитивни. Причината за тоа, верувам, е во (веќе) клаустрофобично тензичните вербални „дуели“, при што едната страна (ако и понатаму може да се нарекува така заради ...
Во дилемата помеѓу спасување на луѓе или лажна историја, властите го избраа второто, бидејќи добро знаеја дека овој народ е навикнат да ја бара среќата токму таму каде што сите други ја изгубиле. Се продолжува со (не)логичното – нека живеат мртвите дури и ако умираат живите! Мерсел Биљали Македонија немаше среќа со лидерството уште од самиот почеток, и пропушти бројни можности да го пронајде вистинскиот пат низ годините. „Успешните лидери ...
Владимир Перев 1. Деновиве во нашата Северна Македонија живееме во (или) свет на нови реалности, (или) свет на некаква паралелна реалност, на познатата „Зона на Самракот“ каде се губат облиците на реалноста, а сеуште се недостапни благодетите на “другата реалност“. Пред неколку дена премиерот и министерот за надворешни работи ни кажаа дека “протоколите не се дел од преговарачкиот пакет“, па можеме да спиеме мирно, за деновве да разбереме дека ...
Квалитетот на туристите во Охрид се повеќе опаѓа. Имаме гости кои само поминуваат на неколку часа, на пат кон Албанија или Грција. Ништо не купуваат. Само вода и користат веце. Ретко преспиваат и по една ноќ. Каде виде Мицкоски зголемен број на туристи – не знам. Освен во тоа дека ја преминуваат Македонија за веце и вода пауза. Порано имаше гости кои престојуваа по 7-14 дена во Охрид. ФБ став на Катерина Василеска Квалитетот на туристите во ...
Кога се зборува за туристичките бисери на Македонија, Дојран речиси секогаш се споменува со доза на носталгија. Езерото, рибарските приказни, мирисот на пржената риба, зајдисонцата покрај кејот и специфичната медитеранска клима се првите асоцијации што ги буди кај посетителите. Но, дали тоа е доволно во време кога современиот турист бара многу повеќе од место за летен одмор? Одговорот е едноставен – не. Дојран денес има реална можност да ...
Годинешните илинденски обраќања на претседателката на Републиката, на претседателот на Владата и на потпретседателот на Собранието, и покрај различниот тон и политичкиот пристап, содржеа една охрабрувачка порака: во македонското општество сè уште постои простор за согласност околу најважните државни и национални прашања. Сите говорници зборуваа за потребата да ја чуваме државата, да го браниме националното достоинство, да ги задржиме младите ...
Проф. д-р Спас Ташев Почитувани читатели, На симболичниот ден на Илинден започнува објавувањето на ова истражување, посветено на една малку позната страница од поновата историја на македонското прашање. Книгата се темели врз архивски документи, мемоари, периодични изданија и материјали од повеќе европски земји и Соединетите Американски Држави. Нејзината цел не е да води полемика, туку преку документите да ги прикаже настаните, идеите и ...
Месец јуни 1962 година, последни денови пред летниот распуст и истовремено последен час по предметот географија, време за сведување на оценките. На мое големо изненадување, учителката ме скорна (стана) мене и ми постави прашање со кое ќе сум ги расчистел дилемите кај неа за конечно оценување. Инаку, МАРГА, тоа беше нејзиното име, беше извонреден педагог, експерт во својот предмет, природно авторитетна, елегантна, секогаш прилегана, строга но ...
Проф. д-р Пламен Павлов/Труд Почетокот на тајната револуционерна организација, создадена од македонските Бугари под влијание на идеите на Левски, Ботев и апостолите на Априлското востание, бил поставен на 23 октомври 1893 година во Солун од д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџиниколов, Петар Попарсов, Антон Димитров и Христо Батанџиев – претставници на бугарската интелигенција, тесно поврзани со просветната дејност во Македонија, особено ...
Иако сите се шокираат што поранешниот вице-премиер за добро владеење, Арбен Фетаи што со месеци не одеше на работа е награден, наместо казнет, ако добро се размисли, неговото испраќање во ЕУ како специјален претставник има одлична поента од страна на Владата. Затоа што, Фетаи сега ќе мора секојдневно да им објаснува на ЕУ земјите зошто луѓето во оваа земја пијат вода со фекалии, зошто цели села и градови се ставени под забрана за пиење на ...
Трифун Костовски Почитувани читатели, Живееме во реалност каде што криминалот и корупцијата се длабоко навлезени речиси во сите институциите и секојдневниот живот. Со длабока загриженост и уште поголема неизвесност, го следиме патот по кој се движиме како нација и држава. Доколку не го промениме и не го трасираме да биде во интерес на Македонија и Македонците, може попатно да се изгубиме и да ги доведеме во прашање опстанокот и иднината. ...
Не дека партиите нема да се потрудат да ни го расипат и овој Илинден. Ме фаќа нервоза само што ќе помислам колку отров ќе изблујат политичарите едни против други. Ќе повикуваат на обединување, а ќе шират омраза за дополнително разединување. А ние ќе ги пребројуваме, кој каде се појавил, кој не би тука, кој кому се заканил, кој какво знаме развеал, кој со кого се поздравил, кој колку автобуси изнајмил, кому му ракоплескале, кого исвиркале, ...
м-р Глигор Стоименов Почитувани, многу предизвици и премрежија некако демнат пред Македонската нација во време на оваа “луда“ политика!! Зошто луда?? Па луда е насекаде во светот а богами луда и кај нас! Но ајде да видиме како е кај нас? Ја знаете онаа позната мисла на еден научник дека лудост е она кога правите исти работи цело време а очекувате различен резултат!! Во скоро сите досегашни истражувања на јавното мислење овде кај нас ...
(Зло)употребата на точки/теми од минатото во современ политички контекст е една од најомилените играчки на балканските политиканти. Особено на македонската некогашна „дворска камарила“ која не само што се обидува да „плива во заборавот“ туку со сите сили сака и нас да нѐ убеди дека тоа е легитимна постапка. Ама, како прволаче кога брише со гумичка а всушност прави само поголема „флека“, така и овие во напорите да го поништат минатото во полза ...
Еве го повторно. Американскиот претседател Доналд Трамп ги зголемува и намалува тарифите без размислување, кршејќи ги меѓународните договори што самиот ги потпиша и речиси сигурно ги крши федералните закони. Единствената разлика овој пат е што тој има нов изговор за злоупотреба на тарифите: запирање на принудната работа. Секако, администрацијата е во право дека се прави премалку во врска со принудната работа. Но, нејзината искажана ...
Советникот на Левица во Советот на Град Скопје, Игор Димески, преку објава на социјалните мрежи, упати остри критики кон сите досегашни власти, оценувајќи дека Македонија веќе 35 години функционира според „воспоставена пракса“ на криминал, корупција и неказнивост. Тој како примери ги посочува повеќе актуелни случаи, меѓу кои злоупотребите во матичните служби, загадувањето на реката Лепенец и проектот „Скопје – Град на културата 2028“, за кој ...
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, поднесе писмени пратенички прашања до министерот за здравство Сашо Клековски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, барајќи одговори за доцнењето на исплатата на породилните надоместоци. Како што соопшти преку објава на социјслните мрежи, на денешната седница за пратенички прашања не добил можност да ги постави прашањата усно поради, како што наведува, „саботажа на ...
Тоа што опскурниот профил „Цанде Големиот“, кој ширеше закани и омраза на социјалните мрежи, се самоукинал, сепак не значи дека МВР и Јавното обвинителство си ја завршиле работата во врска со овој случај. Никаква работа не завршиле тие! Ни во оваа, ни во повеќе други ситуации, кога органите на кривичниот прогон мораа да реагираат итно и бескомпромисно, а избраа да ги игнорираат укажувањата и пријавите. Член 144 од Кривичниот законик вели: ...
Ана Симонова реагираше на новите случаи на западнонилска треска, при што седум лица се хоспитализирани, а кај пациентите е дијагностицирано воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Таа ја критикуваше реакцијата на институциите, оценувајќи дека апелите граѓаните да бидат внимателни не можат да ја заменат навремената превенција и системските мерки за заштита на јавното здравје. Симонова побара поголема одговорност од надлежните за справување ...