Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Ако се осврнеме на изминатата година, преовладува едно сознание: сè уште живееме во неизвесни времиња. Сигурностите што ги сметавме за загарантирани, се разнишаа. Нашите политички пејсажи се менуваат. Се појавија нови моменти на несигурност, а ова важи и за Германија. Сепак, некои сигурности опстојуваат. За Германија тоа е способноста за совладување на предизвиците во рамките на стабилна правна рамка како и способноста за рефлектирање и ...
Како и на глобално ниво, така и кај нас, поголем проблем од висината на јавниот долг станува неговото сервисирање односно каматните плаќања по таа основа. И покрај сите интервенции на администрацијата на Трамп, приносите на државните обврзници на САД бележат нови рекорди. Слично е и со водечките економии во ЕУ, пред сѐ Франција. Графиконот подолу покажува дека и ние како мала економија влегуваме во фаза на забележитело зголемување на ...
На Генералното собрание на ОН минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп одржа победнички говор. Една деценија откако им рече на своите поддржувачи дека ќе нареди толку многу победи што „можеби дури и ќе се уморите од победување“, тој претстави листа на успеси, вклучувајќи го завршувањето на осум војни, акцијата против „насилникот од Блискиот Исток“ – Иран, договорот со Данска за Гренланд и апсењето на венецуелскиот ...
Последната сезона од телевизиската епопеја „Вавилон Берлин“ нè враќа во 1933 година. Нашата доверба се распаѓа, но тука завршуваат паралелите.Оваа есен, додека ја гледаме мрачната и застрашувачка последна сезона на хит-серијата „Вавилон Берлин“ (Babylon Berlin), сите ние во Германија можеме да доживееме едно чувство на, условно кажано, задоволство. Ние знаеме сè она што ликовите на екранот – било да се бестрашни (некои од нив), исплашени ...
Неколку децении наназад во македонскиот јазичен дискурс често се слушаше кованицата „Ајде не биди Смислов“, кога некој молчеше и се двоумеше што да каже или каков чекор да направи. Сето тоа беше дел од амбиентот кога шахот беше исклучително важен елемент во јавниот живот. Се знаеја напамет сите светски шампиони, нивните легендарни мечеви, шаховски отворања. Советскиот велемајстор Василиј Смислов беше еден од тие светски шампиони на крајот од ...
Тешко беше да се биде Александар Вучиќ вчера во Србија. Не затоа што по 14 години, а реално по речиси три децении беше симнат од сцената и му се одзеде власта, туку затоа што беше застрашувачка за него сликата колку и на што беа подготвени Србите – да го пратат во историјата. Да гледаш дека милиони луѓе маршираат со километри за да гласаат против тебе и твојата партија, како се редат километри српски иселеници пред амбасадите во САД, Канада, ...
„Државата настанува заради животот, но постои заради добриот живот.“ Аристотел, „Политика“ Автор: Фатмир Битиќи, пратеник Мудроста содржана во оваа мисла нè потсетува дека државата не е цел сама за себе. Нејзината најдлабока смисла не се исцрпува во државните симболи и институционалната фасада, туку во човекот, во неговото достоинство, сигурност, слобода и можност да живее живот што не е сведен на преживување, чекање и разочарување. Триесет ...
Ребалансот на буџетот, втор за оваа година, влезе во собраниска процедура речиси пред триесетина дена, а деновиве во Собранието е во тек комисиската расправа по поднесените амандмани . Но во јавноста како да не се работи за најважниот документ во текот на една година за која расправаат народните избраници. Други теми го преокупираат интересот на јавноста и партиите. Пуштањето или илегалното минување на границата на Ива Михаилова. Излегувањето ...
Случајот со битолската Алта банка, во сопственост на истоимената банкарска групација со седиште во Белград, соседна Србија, уште еднаш покажа дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. Односно, дека кај нас многу почесто се гасат пожари, отколку што се вложуваат напори до нив воопшто да не дојде. Примери има многу, некои и со трагични последиици. Било да станува збор за пропусти во процедурите, прогледување низ прсти или непочитување на ...
Ацо Велковски 🚨 АЛТА БАНКА, АНТИМОНОТ И ПОЛИТИЧКИОТ ТЕАТАР! Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, младите ни бегаат од државата, пензионерите и болните се принудени да се лекуваат приватно и да купуваат лекови од сопствен џеб, грижата и негата за немоќните се укинуваат, земјоделците се оставени сами на себе без вистинска поддршка и грижа од државата, студентите се приморани да одат на партиски митинзи за оброг-сендвич од 250 денари, ...
Во правната наука и во политичката теорија често се зборува за разнебитеност на системот, за колапс на институциите, за лоши закони што имаат цел да амнестираат криминал на високите функционери или на бизнис-тајкуните, за комплетна партизација и за енормна корупција. Но, постои една подлабока, потивка и далеку поопасна димензија на пропаѓањето на нашето општество што ретко ја ставаме на маса. Тоа не е отворениот криминал, ниту директниот ...
Најголемите проблеми доаѓаат од стравот и зависноста. Кога ќе почнеме поретко да се плашиме и помалку да зависиме од другите, ќе бидеме добро. Мирот со себе ќе го постигнеме ако престанеме опсесивно да се врзуваме за луѓето, предметите и ситуациите од минатото, бидејќи сè е минливо и менливо. Само промената е трајна и поврзана со законитоста на животот: што и да биде, ќе помине. Духовен мир ќе постигнеме ако фокусот го насочиме кон ...
Повеќе од две децении, Македонија се обидува да го развива туризмот како значаен двигател на економијата, но истовремено дозволува дел од туристичката активност да остане надвор од формалниот систем. Ги следиме бројот на туристи и ноќевања, го истакнуваме потенцијалот на Охрид, Струга, Дојран, Маврово и другите туристички центри, но ретко се поставува суштинското прашање: колкав дел од туристичката економија е регистриран, оданочен и вклучен ...
Истражувачкото новинарство преку својата аналитичка, објективност и непристрасност во функција на остварување на јавниот интерес, претставува вреден медиумски придонес во борбата против корупцијата. Една од главните цели на борбата против корупцијата е да се обезбеди угледен медиумски интегритет како на медиумите така и на медиумските работници. Го има ли македонската медиумска заедница ? Ова прашање често пати сум си го поставувала во повеќе ...
Пишува: Слободан ТОМИЌ Во неделата, вчера, Косово не избира само општински совети – избира дали ќе остане политичка заложничка држава или ќе почне да го плаќа цената за лошите политики на Албин Курти. Додека Србија води мудра и стратегиска политика со јасни позиции за Заедницата на српски општини (ЗСО), Приштина е во тотален хаос. Курти, кој сонуваше да биде косовски Че Гевара, сега личи на изолиран автократ кој ги загуби сите – Американците, ...
Да, дата-центрите се иднината, но клучното прашање е дали Македонија е подготвена за изградба на комерцијални дата-центри, односно дали има капацитет за тоа и секако ресурси. Македонија од 2023 година во прилепско веќе има национален дата-центар со помалку од еден мегават инсталирана моќност, што значи мал, а планира изградба на уште еден државен дата-центар со иста моќност. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Македонија има национален дата-центар во прилепско, ...
Заврши ли драмата со Ива Михајлова… Имаше таква драма и на Грујо му беше потребна со една Спаска…. Туку НЕДОВЕТНИ доста со циркус и неспособност ја храните јавноста , ЗЕМЕТЕ РАБОТЕТЕ Исплатете субвенции на земјоделците, зголемете студентски оброк, зголемете минимални плати, и доста крадете преку тендери и разни бизнис шеми …. Оти само циркус му сервирате на народот, де Груби се предаде, де Груби се шета низ Скопје, де Ива избега низ граница, ...
„Децата останаа без помпезно ветениот Луна-парк, а Скопје со уште едно ремек-дело на политичката лага“, реагира Катерина Ценевска, критикувајќи ги неисполнетите ветувања за изградба на новиот Луна-парк во Скопје. Таа посочува дека со години генерации деца растат без забавен парк, додека градските власти повторно најавуваат проекти што не добиваат реализација. „За сликање и ПР има време, за реализација нема! Скопје не е циркус, а децата не се ...
Во Нови Сад, загинаа 16 луѓе. Трагедијата ја запали искрата на гневот што се трупаше со години. А ние? 63 жртви во Кочани. 45 во „Беса Транс“. 16 во Ласкарци, 13 во модуларната болница. Колку трагедии уште треба да се случат за да сфатиме дека бројките не се само статистика, туку обвинение против системот? Груевски го спакуваа.Колбасот и слични ко него исто. Груби и таквите ко него ни се шетааат низ град. Милијарди исрадени пред наши очи. За ...
Пишува: Проф.Д-р Иван Анастасовски Постојат политички лидери кои ја градат својата моќ врз институциите, лидери кои ја градат врз идеологијата и лидери кои ја градат врз сопствената личност. Александар Вучиќ со години припаѓа на третата категорија. Тој не е само претседател на Србија, туку и центар на политичкиот систем што го создава, контролира и одржува. Но, секој политички танц, колку и да трае, има свој ритам, своја публика и свој ...
Студентите победија во Србија, Лула победи во Бразил. Сите се борат за подобра иднина, само ние се бориме за подобро минато. Во нешто сме уникатни, нема дилеми. Додека во сите држави (некаде порано, некаде подоцна) мнозинството стиснува заби и почнува борба за подобар живот, кај нас мнозинството се бори против тие што сакаат да стиснат заби и да се борат за подобар живот. Колку сме јадни и бедни, не сме свесни. Немаме ние народ за борба… ...
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), денеска до Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) ќе ја достави иницијативата за одземање на дозволата за емитување на програма на злосторничката ТВ Информер. „Иницијативата е одговор на повеќегодишното и систематско кршење на законите и програмските обврски кои РЕМ досега не ги санкционирал“, се вели меѓу другото во соопштението на НУНС. Ако Македонија имаше вистинско независно ...
Младата македонска авторка Деа Балкански неодамна во Неготино ја промовираше својата поетска збирка „The Swan“, дело во кое поезијата и илустрациите создаваат заеднички мистичен свет исполнет со љубов, осаменост, загуба, преобразба и внатрешна сила. Збирката е напишана на англиски јазик и е поделена на две тематски целини „Daydream“ и „Nightfall“. Во нејзиниот центар се наоѓа лебедот како симбол на грациозноста, интуицијата и неукротливоста. ...
Љубовта кон фудбалот кај Јана Чубриноска започнала уште во детството, под влијание на нејзиниот татко, поранешен фудбалер и тренер. Од игрите со другарчињата на улица и првите тренинзи во ФК „Форца“, патот ја одвел до настапи во дресот на македонската женска фудбалска репрезентација. Денес таа повеќе не игра активно, но останува на теренот како тренерка на младите категории во клубот во кој ги направила своите први фудбалски чекори. Во ...
Јована Зимбовска е ученичка во IV година во гимназијата „Алгоритам“. Нејзиниот интерес за филозофијата, логиката и општествените науки произлегува од желбата подобро да ги разбере луѓето и светот околу себе. Во разговорот за „Радио МОФ“ таа зборува за критичкото мислење, прашањата што ги поставуваат младите, одговорната употреба на технологијата и својата желба да студира право. „Да не веруваме слепо во сè што гледаме“ Говорејќи за почетокот ...
Траорната атмосфера во партијата на Мицкоски по поразот на Вучиќ само го потврдува тоа што го СДСМ го зборува повеќе од две години. Имам чувство дека самиот Мицкоски да изгубеше, немаше да биде прогласена оваа тридневна внатрепартиска жалост. За разлика од нашиве “патриоти”, Србија, но и и регионот, го слават падот на Вучиќ и почетокот на распаѓањето на неговиот балкански октопод. Промените во Србија не се само српска работа. Тие треба и мора ...
Александар Мојсовски е ученик во четврта година кој преку велосипедизмот ги поврзува спортот, истражувањето и размислувањето. Она што започнало како замена за маалскиот фудбал, постепено станало негов главен спорт и начин да ја запознава Македонија. Во разговорот зборува за дисциплината, личното значење на успехот, усогласувањето на обврските и условите за возење велосипед во Скопје. „Ми се допадна фактот што на тој начин сум постојано на ...
Во новата епизода „Новинарски муабети“ гостува Зорана Гаџовска Спасовска, новинарка со 18 годишно искуство во телевизија, радио и дигитални медиуми. Јавноста ја знае како новинарка на Радио Слободна Европа. По затворањето на македонската редакција на РСЕ, заедно со колегите од таму го основаат „Колегиум“, одлучувајќи се на борба за зачувување на независното и професионално новинарство. Во овој разговор Гаџовска – Спасовска, говори како од ...
Yes for Less е првата македонска платформа која помага да ги најдеш сите информации потребни за поодржлив начин на живот на едно место. И покрај тоа што многу луѓе се обесхрабрени од светските и локалните политики тврдејќи дека ние самите ништо не можеме да промениме, Kате и Сара (Yes for Less) веруваат во една поинаква филозофија. Велат дека иако има одлуки врз кои не можат или е тешко да влијаат, сметаат дека секој од нас индивидуално може ...
Пишува: Проф. д-р Иван Анастасовски Кога локалниот изборен резултат станува национална политичка порака, а финансиската нестабилност отвора прашања за довербата во институциите, тогаш дилемата за предвремени парламентарни избори станува реалност и тема за сериозна политичка анализа особено на владејачките партии. Македонската политичка сцена повторно се наоѓа пред неколку сериозни прашања. Брвеница, Алта банка и се погласните калкулации за ...