Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото по страшниот пад за време на спринтот на Големата награда на Катар. Италијанецот практично беше катапултиран од своето Дукати кога возачот на Гресини, Фермин Алдегер, кој невнимателно го турна од патеката. Алдегер почна да го напаѓа Педро Акоста од трката на КТМ, а потоа го удри Бањаја, кој не можеше ни да претпостави што ќе се случи и практично стана патник на неговиот ...

Фудбалерите на Осасуна и Атлетик Билбао ремизираа 1:1 во возбудлив натпревар од 12-то коло на шпанската Примера. Гостите од Баскија беа толку блиску до победа по голот на Нико Вилијамс во 85-тата минута, но Алехандро Катена донесе бод за домашните во 90-тата минута. Атлетико беше подобриот противник вечерва. Гостите ја погодија стативата во 39-тата минута по силниот удар на Берингер, а нивниот труд беше награден пет минути пред крајот на ...

Денешниот ПМФЛ ден го означија двата дерби дуела помеѓу екипите на Струга ТЛ и Шкендија односно Силекс и Вардар. Резултатот е домашна победа на стружани, односно гостински три бода на тимот на Вардар. Од друга страна пак, ФФМ предмалку излезе со комплетен извештај околу ВАР одлуките на двата дуела, а ги имапе поприлично. ФК СТРУГА Трим Лум– ФК ШКЕНДИЈА 2.минута – Главниот судија досуди пенал за екипата на Шкендија поради наводен контакт меѓу ...

Столе Димитриевски вечерва на “Местаља“ уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите голмани во Ла Лига, ама бадијала кога неговата Валенсија е една од најслабите екипи во шпанскиот шампионат. Валенсија – Реал Мадрид 0:3. Тимот на Жозе Мурињо уште еднаш покажа сила, “Специјалниот“ очигледно е дека го “стегнал“ Реал и дека овој Реал е страшен. Валверде во 28 минута постигна гол за 0:1, осум минути подоцна Ѓулер зголеми на 0:2, за да Турчинот ...

Рома – Сасуоло 3:0 е исходот од вечерашниот меч на “Олимпико“ во Рим од 11.коло во Серија А. Со оваа победа и со овие три бода, составот на од главниот град на Италија, сега е на 2.место на табелата, веднаш зад својот градски ривал, Лацио, тим кој има меч помалку а и шампионот Интер има меч помалку. Ова беше рутински триумф за тимот на стратегот Гасперини. Хермосо во 27.минута погоди за 1:0. Три минути подоцна Валукиевич си постигна автогол ...

Жељко Обрадовиќ нема да може да смета на еден од најдобрите играчи на тимот, Кендрик Нан, во натпреварот помеѓу Панатинаикос и АЕК, закажан за утре. Само неколку дена откако сам, со нереално шутирање во последната четвртина и продолжението, му ја одзеде круната на Реал Мадрид во Евролигата, Кендрик Нан ја напушти Атина и тимот на Жељко Обрадовиќ за да отпатува во Доха. Американскиот бек отиде во главниот град на Катар за да добие пасош од ...

Арсен Венгер сериозно ја разгледува можноста да се кандидира за претседател на ФИФА и да се соочи со актуелниот шеф на светската фудбалска централа, Џани Инфантино, на изборите во 2027 година. Според француското издание „Л`Екип“, 77-годишниот Французин сè уште не донел конечна одлука, но е се поблиску до влегување во претседателската трка. Се очекува Венгер да даде одговор кон средината на следната недела, откако ќе одржи неколку состаноци ...

Струга ТЛ – Шкендија 1:0 во големото дерби од 13.коло во ПМФЛ. Стрелец на победничкиот гол беше Христијан Малески во 73.минута. Победа која стружани ги искачи на лидерската позиција. Интересно. Одговорните за социјалните мрежи на клубот од Струга својот видео извештај одова дерби го проследија со партизанскиот италијански хит “ bella ciao“, нешто што ретко кој го прави во ПМФЛ или никој не го прави. Дали тоа е некоја порака на стружани или ...

Штутгарт се врати на победничкиот колосек по поразот од Галатасарај во Лигата на шампионите, славејќи дома против Вердер Бремен со 1-0 во натпреварот од 9-тото коло од Бундеслигата вечерва, нанесувајќи му го првиот лигашки пораз на екипата од Бремен по повеќе од два месеци. Не беше потребно многу за домаќините да поведат, бидејќи Максимилијан Мителштад го “стресе“ Вердер во седмата минута, постигнувајќи во свој стил со удар од левата страна. ...

Нотингем Форест со убедливи 3:1 успеа да го победи Манчестер Сити во меч од 10.коло во Премиерлигата. Исход кој најмногу ќе ги изради8ва сите во Арсенал ако се знае дека сега шампионот има +6 бодови пред Манчестер Сити, 27 со 21. Интересно, ова не е сензација, ова е трет пораз во низа за четата на Енцо Мареска. „Шумарите“ одиграа навистина квалитетен меч и целосно заслужено ги освои трите бода.Куња и Делап беа стрелците за домашните во 6. и ...

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) постигна одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Тој во сингл конкуренција играше во финалето, додека во конкуренција на двојки заедно со Матеј Попов претрпеа несреќен пораз во полуфиналето. Во финалниот меч денеска Алексовски (втор носител) загуби од првиот носител Маринос Карниатис од Грција (прв носител) со 2-0 во сетови (62 63). Претходно Марко ...

Уф, каква сензација во квалификациите на ЕП. Имено силната селекција на Словенија, која и тоа како важеше за голем фаворит, дома беше поразена од Израел со 28:31. На полувремето (14:13) не изгледаше дека може да се случи ваква сензација, но ете, со подобра игра во второто полувреме, гостите успеаја да шокираат четата на селекторот Урош Зорман. Даниел Мосинди со девет голови беше херој на селекцијата на Израел, додека Блаж Јанц со шест ...

Големо беше разочарувањето во таборот на Шкендија по поразот од Струга ТЛ денеска со тие 1:0 за домашните. Реално тетовци одиграа добар меч, имаа неколку шанси, но кога нема да се даде гол тогаш казната следи, тоа старото непишано фудбалско правило. По мечот стратегот на тетовци Артим Положани истакна: “Навистина чувствувам големо жалење за момците, бидејќи мислам дека цело време бевме подобар противник. Бевме подобар тим на теренот, ...

Возачот на Дукати, Марк Маркез, триумфираше во спринтерската трка како дел од Големата награда на Катар, 20-та рунда од сезоната на Мото ГП, обележана со неговиот контакт со Марко Бецеки на Априлија. Шпанецот ја освои својата 10-та победа во спринтот оваа година во Лусаил, со второ водство пред Фабио ди Џанантони. На третото скалило на подиумот беше возачот на Априлија, Хорхе Мартин, кој возеше херојска трка, откако пред две недели доживеа ...

Новата НБА-ѕвезда Јаксел Лендеборг покажа дека најголемите победи не се оние на кошаркарскиот терен. Крилниот центар на Голден Стејт Вориорс ја изненади својата мајка Јисел Рапосо со подарок од кој таа не можеше да ги сокрие емоциите – нов дом! Лендеборг ја организирал изненадувачката средба со членовите на семејството пред новата куќа, а потоа ѝ ја соопштил убавата вест на мајка си. „Сега сум нервозен. Во име на сите што дојдоа денес, ...

Еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, 16-годишниот Џеј Џеј Габриел, веќе е во Мадрид, каде што се подготвува за следниот чекор во својата кариера – преселба во Реал Мадрид. Младиот напаѓач, кој досега беше дел од академијата на Манчестер Јунајтед, во интервју за шпанска „Марка“ откри дека неговата голема амбиција е еден ден да ја освои „Златната топка“. „Мојот сон е да ја освојам Златната топка“, порача Габриел, кој веќе неколку ...

Како и обично кога се играат вакви дерби мечеви, како оној денешниот меѓу Струга ТЛ и Шкендија, решава еден потег, еден кикс или една мајсторија на еден играч. Таква мајсторија искажа Христијан Малески во 73.минута кога го совлада Гаје и му донесе голема, голема победа на својот тим. Гол со кој Струга ТЛ сега е лидер во ПМФЛ по ова 13.коло. По мечот за “СпортСпорт“ херојот на Струга ТЛ, Христијан Малески не го криеше своето задоволство: “Што ...

На денешното Европско првенство во велокрос, кое се одржа во Зедам, Холандија, во јуниорска конкуренција, Македонија ја имаше својата претставничка Далија Стојановска тоа за првпат. На исклучително моќна велокрос патека, со песочни делници, технички препреки и силна конкуренција од најдобрите европски велосипедистки, Далија ја заврши трката на 46. место. Под водство на селекторот Милан Нацевски, ова учество претставува важен чекор за ...

Со голот на Мартин Одегард, во 72. минута од дуелот, тимот на Арсенал на домашен терен успеа да го совлада тимот на Хал, со минимално 1:0. Екипата на Арсенал имаше повеќе од играта на овој меч создаде шанси, но ете реализираше само една. Од друга страна пак, Фулам и Њукасл ремизираа 1:1. Брн постигна погодок за гостите во првиот дел но истиот беше поништен од страна на ВАР. Сепак, Њукасл дојде до предност со голот на Марфи во 80. минута, за ...

Екипата на Баерн Минхен предмалку во рамките од новото Бундес лига коло на гостински терен го победи тимот на Маинц со 1:2, но оваа победа остана во сенка на повредата на искусниот Мануел Нојер. Страдаше зглобот на голманот, кој што го напушти теренот во првиот дел од мечот. Стрелци инаку за Баерн беа Кимих и Карл. Борусија Дортмунд пак со 2:1 исто така го совлада Елверсберг со 2:1, додека пак Падерборн и Ајнтрахт ремизираа 2:2. Ред Бул ...

Откако Каљари го совлада Фросиноне во првиот дуел од Серија А денеска со миниминални 1:0, на вториот дуел, екипите на Торино и Лече одиграа без победник 1:1. Домаќинот успеа да дојде до водство во 60. минута откако Гаспар си постигна автогол, за да Ндри во 73. минура израмни на 1:1. Со гол со кој што му донесе бод на гостинот дваесетина минути подоцна. Со четиринаесет освоени бодови досега од единаесет мечеви, тимот на Торино се наоѓа токму ...

Одлична, прекрасна „опаска“ на коментаторот кој што го покриваше преносот на дуелот од ХНЛ шампионатот помеѓу Горица и Славен Белупо денеска на кој што нашиот интернационалец Илија Нестроровски постигна два гола во победата од 3:5. „Ilija Nestorovski ne zna za starost“…. беше коментарот откако Нестор го постигна првиот гол на овој меч за 0:1. Алудирајќи секако на годините на нашиот напаѓач кој што сезонава веќе има девет гола во ХНЛ ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец и интернационалец Ненад Димитријевиќ со фантастичен настап за својот тим Арис во победата над Лефкадас со конечни 77:88. Димитријевиќ успеа да стигне до 25 поени на овој меч, и да биде најефикасен во гостинскиот триумф. На ова додаде и четири скока и пет асистенции. Со оваа победа Арис е лидер на табелата по шест кола во домашниот шампионат на Грција. Арис предводен од Димитријевиќ сезонава стигна до ...

Илија Несторовски продолжува сезонава да игра како во своите најдобри денови. Погодува речиси на секој меч за својот тим Славен Белупо. Денеска напаѓачот стрела во дуелот со Горица, кој што сеуште е во тек и кој што е преполн со голови. Несторовски го отвори резултатот во 17. минута, за 0:1, а во моментов истиот означува 3:3. Ова е деветти гол за Несторовски сезонава во ХНЛ шампионатот. Илија Несторовски продолжува сезонава да игра како ...

Првиот дуел од денешната шпанска Примера донесе гостинска победа. Екипатан на Расинг Сантандер со конечни 1:2, тријмфираше кај Малага и со тоа извојува значајна победа пред репрезентативната пауза. Дотор погоди за домаќинот во првиот дел, а потоа Расинг направи комплетен пресврт. Луке и Забири во само десетина минути реализираа за 1:2, што подоцна ќе се покаже дека е и конечен резултат. Дополнителен проблем за домаќинот беше и играчот ...

Со голот на Ноа Окафор, тимот на Лидс успеа на домашен терен попладнево да слави против екипата на Тотехнем со минимални 1:0 во рамките од првиот денешен дуел од Премиер лига програмата. Интернационалецот од Швајцарија реализираше во 79. минута од мечот, а потоа гостите повеќе немаа доволно време за да се вратат во игра на овој меч. Лидс со овој триумф стигна до 14 поени на своето конто и во моментов осма позиција на табелата, додека ...

Денешното 12. коло од ВМФЛ шампионатот го одбележа секако одличното издание на тимот на Кожуф, предводен од тренерот Вангел Алтипармаковски кој што на свој терен во Гевгелија, одигра 1:1 против фаворизираниот тим на Пелистер. Иако гостите стигна до предност со голот на искусниот Кире Ристевски, сепак, во второто полувреме, домашните успеаа со ефектен гол кој што слободно може да се запише и како автогол на гостинскиот голман да дојдат до ...

Македонската таеквондистка Душица Брсалиева оствари одличен успех на меѓународниот турнир „Грција опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал во јуниорска конкуренција до 55 килограми. Репрезентативката на Македонија и членка на ТК Штип имаше беспрекорен настап, забележувајќи четири победи во четири борби, сите против домашни натпреварувачки од Грција. Брсалиева до златото стигна без загубена рунда, победувајќи ги Талеја Варсу во ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се откажал од идејата за дополнително зголемување на бројот на учесници на Светското првенство во фудбал. Според информациите на британскиот весник „Тајмс“, Инфантино ги известил претседателите на шесте континентални конфедерации дека нема да ја турка иницијативата за проширување ниту на Мундијалот, ниту на Светското клупско првенство. Во јули годинава, Инфантино најави дека ФИФА би можела да го зголеми ...

Еден од најдобрите напаѓачи во светот, Виктор Осимен, ќе мора да замине на операција по повредата на левото колено. Напаѓачот на Галатасарај се повреди на натпреварот од Лигата на шампионите против Штутгарт, а дополнителните лекарски прегледи и магнетната резонанца открија истегнување и присуство на слободен фрагмент во зглобот. Поради тоа, турскиот клуб закажа артроскопска операција, која треба да биде извршена во болницата „Маслак ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25