Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Еден од најдобрите македонски скијачи и несудениот олимпиоец од последната Олимпијада во Кортина, Италија, која што се одржа минатата зима, е суспендиран на четири години поради користење на допинг. Оваа информација е лиферувана во јавноста од страна на Министерството за Спорт, чија што комисија и ги утврди неправилностите, односно недозволените средства во организмот на Лазарески, па конечно и ја одредува казната за младиот спортист. Мирко ...
Со нова енергија и нови лица, но и дел од „староседелците“ машката сениорска репрезентација попладнево во хотелот „Монтана“ во Крушево ги започна подготовките за учеството во Европската лига 2026. Селекторот Јошко Миленкоски прозиваше, а на првиот состанок се појавија 18 одбојкари, поголемиот дел од нив првпат во А – селекцијата, на кои се гледа како дел од иднината на тимот. Според најавеното интернационалците Никола Ѓоргиев, Владо Милев, ...
Завршија првите полувремиња од реванш полуфиналните средби во Купот на Македонија. Во Кратово домашниот Силекс има водство од 1:0 со голот од пенал на Додев во 34.минута. Да кажеме дека Силекс во 23.минута имаше уште еден пенал, но тогаш гостинскиот голман Серафимов го одбрани ударот на Алиќ. Кратовци имаа неколку шанси за поубедливо водство, беа далеку подобри, но на пауза се замина со тие 1:0 или вкупно 2:1, ако се смета резултатот и од ...
Вардар 1961 многу рано во мечот против Монпеље остана без српскиот интернационалец Митровиќ, кој поцрвене, откако грубо стартуваше врз противничкиот играч, Валентин Порт. Ракометарот на францускиот тим се струполи на подот, а веднаш истрчаа лекарите. Тој доби силен удар во носот, „раскрварен“ го напушти теренот. Порт до крајот на натпреварот не се врати на теренот, додека Митровиќ по завршување на истиот се расплака бидејќи не можеше да му ...
Иако минаа осум дена од тој прв меч од полуфиналето во ЛШ, кој се одигра во Париз и кој заврши со победа на ПСЖ со 5:4, сеуште тој епски дуел е топ – тема во светот на фудбалот. Тогаш беше прикажан фудбал од некоја друга планета, сите што барем малку се разбираат во овој спорт веруваат дека тој меч беше најдобар во историјата. Секако дека ќе биде премногу претенциозно и вечерва да се бара такво нешто од овие овие две екипи, но дека ќе биде ...
МЗТ Скопје и Пелистер вечерва (19.часот), во СЦ „Јане Сандански“ ја стартуваат полуфинална серија во плеј-офот. Актуелниот бранител сезонава покажа низа слабости, па за првпат после долго време не стартува од првата позиција на табелата во оваа фаза од натпреварувањето. Овие два тима се сретнаа пред неполни десет дена, а победата токму од СЦ „Јане Сандански“ ја однесоа битолчани, што пак е најава за интересма пресметка. „Зелено-белите“ ...
На три кола пред крајот на шампионатот, тимот на Вардар и официјално е шампион на Македонија во кадетска конкуренција. Денеска, „црвено – црните“ на теренот во Аеродром, успеаа во заостанатиот натпревар да ја совладаат штипска Брегалница со убедливи 7:0, и на тој начин иако имаат уште три натпревари за играње уште сега да го подигнат пехарот што се вели. Оваа генерација што е уште поважно е финалист во Купот на Македонија и ќе има можност да ...
Во периодот од шести до 11 мај во Струмица ќе се одржи развоен турнир на кој покрај Македонија ќе настапат и женските селекции до 16 години на Косово, Сан Марино и Андора. Натпреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот Горан Пандев и во Турново. Во првото коло кое е на програмата на шести овој месец се среќаваат репрезентациите на Македонија – Сан Марино (Стадион Пандев) почетокот е закажан за 12 часот додека од 15 и 30 стартува ...
Аресенал се пласираше во финалето на Лигата на шампионите за прв пат по 20 години. „Топџиите“ го победија Атлетико Мадрид со 1:0 на „Емирати“ со голот на Букаја Сака. Тренерот на Арсенал, Микел Артета, го коментираше натпреварот. „Беше неверојатна ноќ да се живее со играчите и сите други од клубот. Чувството е фантастично. Сè што правиме и низ што поминуваме сега има смисла. Гледам среќни и горди лица околу мене. Беше неверојатно од самиот ...
Атлетико Мадрид повторно го загуби трофејот од Лигата на шампионите, натпреварување кое Диего Симеоне сè уште не го освоил со овој тим. Откако беше елиминиран од Арсенал во двата полуфиналиња со вкупен резултат 1-2, аргентинскиот тренер изрази жалење за поразот. Видливо потресен, Симеоне одговори кога беше прашан за иднината: „Дали имам сила повторно да се обидам? Не сега, сигурно не“. Сепак, веднаш ја сврте темата кон својот противник и го ...
Денеска од 16 часот се играат реванш полуфиналните мечеви од Купот на Македонија. Во Кратово домашниот Силекс го дочекува второлигашот Охрид, а во Куманово второлигашкиот состав на Шкендија Арачиново ја пречекува тетовска Шкендија. Јасно е дека големи фаворити за пласман во финалето се Силекс и тетовска Шкендија, посебно ако се знае дека на првиот меч во Охрид беше 1:1, а под Шара тогаш домашните победија со 3:2. Иако се на чекор до пласман ...
Главниот тренер на Наполи, Антонио Конте, ќе одржи состанок со претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, во блиска иднина, објави италијанското издание „Ил Матино“. Според информациите, Конте е подготвен да го напушти тимот по завршувањето на сезоната доколку не бидат исполнети неговите услови. Неговото главно барање е да добие целосна доверба и контрола врз спортскиот и техничкиот дел. Специјалистот не е склонен кон компромис, иако ...
Првиот натпревар помеѓу Атлетико и Арсенал, одигран во Мадрид минатата недела, заврши нерешено 1-1, и беше јасно дека на „Емирати“ нè чека жестока борба за место во големото финале. На крајот, Арсенал успеа да постигне минимална победа што беше доволна за „топџиите“ да стигнат до финалето на најелитното клупско натпреварување во светот за прв пат по 20 години. Резултативниот момент се случи во 44-тата минута кога Букајо Сака го постигна ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски во интервју за „вјести.ба“ зборуваше за мечот меѓу Босна и Македонија, кој е закажан на 29 мај. Ова ќе биде еден од двата тест натпревари за Босанците во подготовките за Светското првенство. „И честитам на Босна за квалификациите за Светското првенство и за феноменалните натпревари од плејофот, пред сè, елиминацијата на четирикратниот светски шампион, Италија. Токму затоа ...
Оклахома Сити Тандер ја отвори својата полуфинална серија од плејофот во Западната конференција на НБА, победувајќи ги Лос Анџелес Лејкерс со 108:90 на домашен терен. Херој на натпреварот беше Чет Холмгрен со 24 поени и 12 скока. Холмгрен беше поддржан од Шеј Гилџес-Александар и Мичел, двајцата со 18 поени. Гилџес за првпат после година и пол, на еден натпревар постигна под 20 поени. Домаќините имаа одличен шут од поле од 49,4 проценти, ...
Вардар 1961 не успеа да приреди чудо и да се завери пласман на завршницата во Европската лига. Негативата од десет гола од првиот натпревар, сепак се покажа како недостижна. Македонскиот тим имаше и водство од седум гола, но и тоа беше тешко да се одржи против францускиот тим. Милош Валах имаше 18 одбрани, беше на ниво на задачата, тој беше мотиваторот на „црвено-црните“ во текот на целиот натпревар. Покрај бројката зад неговото име, во ...
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Ферланд Менди, ќе биде подложен на втора операција по повредата што ја заработи на натпреварот од Ла Лига против Еспањол. Претходно беше објавено дека на Французинот му е дијагностицирана руптура на тетивата на десниот бут. Менди претходно претрпе слична повреда во април 2025 година, поради што беше надвор од терените седум месеци. Според новинарот Мигел Анхел Дијаз, операцијата на Менди ќе ја изврши истиот ...
Енис Барди го однесе тимот на Коњаспор во големото финале на турскиот куп, откако со гол од белата точка во 98. минута, Барди му донесе победа на својот тим на гостувањето кај екипат ана Бешикташ и обезбеди пласман во големото финале. Барди одигра фантастичен натпревар за Коњаспор, а пред решавачкиот гол беше стрелец на уште еден погодок во 88. минута, но истиот беше поништен по асистенција на ВАР собата. #Beşiktaş: 0 – #Konyaspor: 1 Gol: ...
Вардар 1961 одигра ѓаволски добро против Монпеље во реванш мечот од четвртфиналето во Европската лига, но за жал не успеа да ја надокнати негативата од десет гола. Избраниците на Иван Чупиќ се бореа за секоја топка како што најавија, славеа со 27-24 во последниот европски меча оваа сезона. Малус имаше шест погодоци, Да Силва и Воркапиќ по четири погодоци. Иако „црвено-црните“ имаа тешка задача, сепак салата беше речиси полна, ракометарите на ...
По дводецениско чекање, навивачите на Арсенал ќе имаат можност да гледаат уште едно големо финале во Лигата на шампионите на УЕФА во кое ќе настапи нивниот омилен тим. „Топчиите“ минимално со 1:0 вечерва го поразија Атлетико Мадрид на својот стадион и по нерешените 1:1 на мечот во шпанската престолнина минатата недела, успеаја да го „визираат“ патот за Будимпешта на големото финале на 30 мај. Вечерва видовме уште една жестока битка на две ...
Во фантастична атмосфера во Јане Сандански, Вардар го победи Монпелје, но не успеа да ја надомести негативата од првиот меч за пат на Ф4 турнирот во ЕХФ Европската лига. По натпреварот, тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ зборуваше за пресметката. „Им честитам на ракометарите на Монпелје за пласманот на Ф4, бидејќи заслужено се пласираа таму. Одигравме одлично на денешниот меч, но не чинеше тој слаб натпревар во Франција. Верувавме во ...
Порто официјално го објави потпишувањето на дефанзивецот Јакуб Кивиор од англискиот клуб Арсенал за 17 милиони евра. Дополнителни 5 милиони евра се вклучени во бонусите од договорот. Португалскиот клуб, исто така, ќе префрли 2 милиони евра во касата на „топчиите“ доколку играчот биде препродаден. Договорот на играчот со Порто е со важност до 2030 година. Договорот вклучува откупна клаузула од 70 милиони евра. Оваа сезона, 26-годишниот Кивиор ...
Светската тенисерка број 1, Арина Сабаленка од Белорусија, изјави дека играчите треба да го бојкотираат турнирот ако не почнат да добиваат поголем дел од приходите од Грен слем турнирите. Сабаленка и светскиот број еден, Јаник Синер од Италија, беа меѓу водечките играчи, претежно од првите 10, кои изразија длабоко разочарување од наградниот фонд на Ролан Гарос. „Без нас, немаше да има турнир и немаше да има забава. Мислам дека дефинитивно ...
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев и официјално е шампион на Чешка. Вечерва во „мајсторката“ од чешкиот плеј-оф, екипата на Карловарско во чии редови во вториот дел од сезоната настапува нашиот коректор, славеше со максимални 3:0 над екипата на Прага и со тоа дојде до вкупни 3-2 во победи за да го освои шамоионскиот наслов. Ѓоргиев за неколку дена треба да се врати во Македонија и да им се приклучи на нашите ...
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, е еден од главните кандидати за функцијата тренер на Реал Мадрид. Раководството на шпанскиот гигант го смета 54-годишниот специјалист за еден од клучните кандидати за можна замена за сегашниот тренер. Емери работи во англискиот клуб од есента 2022 година, а неговиот договор со тимот од Бирмингем е со важност до 2029 година. Сепак, според изворите, Шпанецот можеби е заинтересиран за опцијата за преселба во ...
Еден од најдобрите фудбалери во изминатите две децении, Лука Модриќ се врати на тренинг во таборот на Милан, по повредата на лицето. Незгодната повреда која што искусниот фудбалер ја доби на дербито против Јувентус. За истата да биде санирана беше потребен и оперативен зафат, но според последните информации Модриќ е потполно опоравен. Па така, тој многу веројатно ќе се најде и во комбинација за дуелот против Каљари во рамките од Серија А, а ...
Генералниот секретар на Скијачка федерација на Македонија, г-дин Борче Јаневски, учествуваше на техничкиот состанок на FIS во Порторож. Во рамки на настанот, беше остварена и значајна средба со претседателот на FIS, г-дин Јохан Илиаш, на која се разговараше за развојот на скијањето во Македонија, унапредување на инфраструктурата и можностите за поголема меѓународна соработка. Македонското скијање во моментов секако дека има потреба од ...
Најдобриот македонски кајакар и олимписки стипендист на МОК, Ангел Петрушев, изминатиов викенд во Липтовски Микулаш, Словачка, оствари историски резултати за македонскиот кајак. На престижниот 78. меѓународен Татрански слалом, кој се одржува со децениска традиција, Петрушев успеа да го освои првото место, со што стана првиот Македонец во историјата кој победил на овој реномиран натпревар. Во исклучително силна конкуренција од 50 врвни ...
Ракометарите на Охрид славеа во Скопје на првото дерби од 29. коло во Суперлигата против екипата на Алкалоид со 26:27. Ова беше прва победа на оххриѓани на дербито во Скопје со што гостинскиот состав ја запиша и 23-тата победа со која се искачи на второто место на табелата, очекувајќи ја разврската на четврточниот дуел меѓу Вардар и Е. Пелистер во кој доколку гостите од битола загубат, Охриѓани ќе останат сами на втората позиција на ...
За прв пат можеби во историјата тимот на Барселона може да ја осигура титулата на дуелот против Реал Мадрид на популарното „Ел Класико“ кое што е закажано за за в недела на 10 мај во 21:00 часот. Барселона е домаќин, и атмосферата во Каталонија е буквално „зовриена“ што се однесува до самата атмосфера. Барса со евентуален триумф ќе ја осигура титулата, и ќе му возврати на вечниот ривал за ваквиот потег во сега веќе далечната 1932 година кога ...