Се дружат и играат пријателски натпревари фудбалските ветерани од Македонија и од Србија. Ветераните на „Борец“ од Велес викендов беа гости на Слога од Краљево. Поканата на велешани им стигна од поранешните првотимци на Борец, Жељко Недељковиќ и Миле Вулетиќ кои направија трансфери од краљевачка „Слога“ во 1994 година. На стадионот во Краљево ветераните на Борец победија со голот на Жарко Спасовски. Реванш пријателски натпревар ќе се игра во ...

На ракометното игралиште во градскиот парк ќе се одигра натпревар помеѓу ветераните на ФК „Горски“ со што ќе одбележат 102 години од постоење на клубот. По одбележувањето на 100 годишнината од формирањето на клубот во 2022 година, ветераните веќе трета година се собираат и играат фудбалски натпревар меѓу себе. -Секоја година ветераните играат натпревар помеѓу себе а потоа сите заедно се дружат. Ова одбележување започнавме активно да го ...