Недостигот на ветер викендов ги зголеми трошоците за енергија низ Европа, при што цените на електричната енергија во Германија го достигнаа највисокото ниво во последните седум месеци. На пазарот „ден пред“ (каде се плаќа струја за испорака во понеделник), цената на мегаватчас (MВч) струја во Германија надмина 150 евра, сума невидена од средината на февруари. Во понеделник навечер цената се очекува да достигне максимални 524 евра за MВч, ...

Од следното лето Визер веќе нема да лета од Љубљана до Лондон Лутон, со што авиокомпанијата останува само на летови за Скопје (три пати неделно). Визер ги откажува летовите од Ниш до Дортмунд, Виена и Малме, што е вкупно седум летови неделно. Компанијата останува на само две линии од Ниш (Базел и Меминген). Истото значи дека Ниш наместо 13 ќе има само седум неделни летови, шест помалку од лани. И во Бања Лука компанијата укинува две линии и ...

Инфлацијата во еврозоната во септември достигна 3,8 проценти, наспроти 3,2 проценти во август, покажува прелиминарната проценка на Евростат. Тоа е највисоко ниво од септември 2023 година. Главниот двигател на растот се енергетските цени, кои во септември биле за 18,8 проценти повисоки од истиот месец минатата година. Во август нивниот годишен раст изнесувал 14,3 проценти. Поскапување има и кај храната. Инфлацијата кај храната, алкохолот и ...

Европа се соочува со нов бран социјални немири, откако во изминатите денови илјадници граѓани излегоа на улиците во повеќе земји, барајќи подобри животни услови, поквалитетни јавни услуги и решенија за растечките економски проблеми. Протестите во дел од градовите прераснаа во насилни судири со полицијата, палење објекти, вандализам и ограбување продавници. Најсериозна е ситуацијата во Франција и Италија, каде што властите се соочуваат со ...

Бугарскиот премиер Румен Радев денеска свика вонреден состанок на безбедносните служби по нападот со дронови врз два цивилни брода во Црното Море. Инцидентот се случил околу три часот по полноќ во бугарската исклучителна економска зона, на околу 70 милји источно од крајбрежниот град Бјала. Едниот брод под знамето на Того веднаш потонал, додека вториот претрпел пожар, по што следела итна спасувачка операција за морнарите. Нападот се случил на ...

Косовското собрание ја избра Јустина Широка-Пула за нова претседателка на Косово, со што таа стана првата личност од католичка вероисповед на оваа функција во земја во која повеќе од 93 проценти од населението се изјаснува како муслиманско. Широка-Пула беше избрана во раните утрински часови со 81 глас во 120-членото собрание, непосредно пред истекот на уставниот рок. Нејзиниот избор спречи распишување нови предвремени парламентарни избори. ...

Владите во сè поголем број земји ги повикуваат граѓаните да бидат подготвени за вонредни ситуации и во своите домови да обезбедат основни резерви од храна, вода и лекови за најмалку 72 часа. Препораките доаѓаат во период на зголемени безбедносни ризици, природни непогоди и закани од сајбер напади, кои можат да го нарушат нормалното функционирање на секојдневниот живот. Како што пишува Euronews во својата анализа, станува збор за промена во ...

Откако Нобеловиот комитет објави дека јужноафриканската адвокатка Нави Пилај е годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир, се појавија и првите снимки од нејзината реакција. Нави Пилај – на која Норвешкиот Нобелов комитет ѝ ја додели Нобеловата награда за мир за 2026 година поради нејзиниот долгогодишен придонес кон меѓународното право и гонењето на воени злосторства – не пропушти прилика да се пошегува на сметка на Доналд Трамп. ...

лбанскиот премиер Еди Рама, реагираше по протестот на студентите во Тирана, тврдејќи дека во нивната организација се вмешани надворешни фактори. Според Рама, протестот се оддалечил од првичната цел и повеќе не ги претставува реалните грижи на студентите. Тој се обрати јавно со еден од запалените објекти во центарот на Тирана во заднина и обвини дека зад случувањата не стојат студентите и дека оние што се кријат зад овој хаос ги загрозуваат ...

Набљудувачката мисија „Црта“, соопшти дека, заклучно со 10:00 часот, излезноста на гласачите на вонредните парламентарни избори во Србија изнесувала 19,8 отсто. Во истиот период за време на претходните парламентарни избори во 2023 година, излезноста изнесувала 9,8 отсто. Според мисијата, избирачките места низ Србија се отвориле главно навреме, при што пред нив се создале забележливи редици. „На 16 отсто од избирачките места, отворањето ...

Германија воведува нова шема за поттикнување на приватното пензиско штедење. Државата ќе му уплаќа на секое дете по десет евра месечно, а средствата ќе се инвестираат на пазарот на капитал за долгорочно да се зголеми нивната вредност. Право на државна поддршка ќе имаат децата родени во 2020 година и подоцна. Уплатите ќе почнуваат кога ќе наполнат шест години и ќе продолжат до нивниот 18-ти роденден. Така, за секое дете во текот на 12 години ...

Најмалку 39 лица загинале во судирот на два брзи воза во шпанската провинција Толедо, соопштиле локалните власти за „Скај њуз“. Несреќата се случила нешто по 9 часот по локално време, меѓу местата Лос Јебенес и Урда, јужно од Мадрид. Според шпанскиот управител на железничката инфраструктура Адиф, еден воз удрил во задниот дел на друг, објави 4news.mk По судирот е прекинат сообраќајот на брзата железничка линија Мадрид–Андалузија. „Ел Паис“, ...

Четири лица беа уапсени синоќа во Варшава за време на инцидентите што се случија пред зградата на Уставниот суд, а полициски кордон продолжува да ја обезбедува областа околу зградата на оваа правосудна институција. Како што пренесува Њузмакс Полска, три лица упаднале на имотот на Уставниот суд, прескокнувајќи ја оградата, а четвртото лице е уапсено поради навреда на полицаец. Политичарите и граѓаните собрани пред зградата на судот синоќа, ...

Речиси секоја десетта цигара потрошена во Европската Унија доаѓа од нелегалниот пазар, додека годишната загуба за буџетите на ЕУ и земјите-членки се проценува на околу 13 милијарди евра, покажува новиот извештај на Европскиот суд на ревизори (ECA). Особено загрижува промената во начинот на функционирање на црниот пазар. Шверцот сè уште е сериозен проблем, но нелегалното производство на цигари сè почесто се одвива во самата Европска Унија, а ...

Полицијата во Тирана употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите на осмиот ден од протестите против владата на премиерот Еди Рама. Тензиите ескалирале откако група млади демонстранти фрлиле молотови коктели кон владината зграда и камења кон полицијата. Според објавените информации, во текот на една недела протестни немири биле приведени или уапсени повеќе од 500 млади луѓе во Албанија. За најголемиот дел од овие апсења, ...

Доколку земјите-членки на Европската унија (ЕУ) ги прифатат предложените измени за проширување на Унијата, многу работи ќе се сменат, а што се однесува до Македонија, нејзиниот европски пат може да стане попредвидлив. Новата стратегија на Европската комисија (ЕК) за проширување на Унијата пред европратениците ја престави Марта Кос, еврокомесарката за проширување, а истата за да се применува треба да биде усвоена од Советот на ЕУ. Што се ...

Добивај вести на Viber Пратениците на Гренланд го одобрија договорот меѓу арктичкиот остров, Данска и САД за зајакнување на безбедноста во Арктикот и Северниот Атлантик по неколкумесечен притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува да ја преземе контролата врз полуавтономната територија на земјата сојузник на НАТО. Тој трилатерален договор го отвора патот за отворање повеќе американски бази во Гренланд и ги ублажува ...

Салатата за слава не мора да биде стандардна руска салата или салата „Мимоза“ за да ги импресионира вашите гости. На трпезата за слава, луѓето секогаш бараат нешто кремасто, вкусно и визуелно привлечно, а оваа салата ги исполнува сите тие критериуми. Се подготвува брзо, изгледа прекрасно и е толку вкусна што ќе исчезне уште пред да се послужи главното јадење. Ако оваа година сакате да послужите нешто малку поинакво, оваа салата е совршениот ...

Добивај вести на Viber Електричните велосипеди требаше да бидат едно од решенијата за сообраќајните проблеми во големите градови. Но, нивниот брз раст во Велика Британија покрена ново прашање: кој е одговорен кога приватните компании го користат јавниот простор за бизнис, а граѓаните ги сносат последиците? Британската влада сега подготвува регулаторна промена што има за цел да стави крај на она што официјалните лица го нарекуваат „Див Запад“ ...

Добивај вести на Viber Повторно има хаос на улиците во Франција. Дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, а гореше и училиште кај Тулуз. Луѓето протестираат поради платите, високите трошоци за живот и состојбата со јавните услуги. Во Лион имаше судири меѓу демонстрантите и полицијата, која интервенираше со солзавец, додека пожар избувна во средно училиште во близина на Тулуз откако беа фрлени пиротехнички средства. Поради штрајкот, ...

Добивај вести на Viber Жителите на Појасот Газа, соочени со речиси целосно уништување на електричната мрежа, наоѓаат алтернативни начини за производство на електрична енергија, правејќи импровизирани ветерни турбини од старо железо и делови пронајдени меѓу урнатините. Во камп за раселени лица во Кан Јунис, во јужна Газа, импровизирани ветерни турбини се вртат на морскиот ветер над бројни шатори, обезбедувајќи им на жителите барем минимални ...

Изминативе денови сме сведоци на бран протести во повеќе европски држави, а во дел од нив истите се претворија во вандализам и брутална пресметка помеѓу дел од учесниците на протестите и полицијата. The looting continues in Paris https://t.co/usieB9ZHhf — Visegrád 24 (@visegrad24) October 17, 2026 Заеднички иминител на протестите во Албанија, Франција, Шпанија, Грција, Бугарија, Италија, Германија и Португалија е скапиот живот, високите ...

Добивај вести на Viber Фотографија од изборна службеничка во американската сојузна држава Минесота, која носела бела маица со црвени дамки што личат на крв и натпис „Problem Solved“ („Проблемот е решен“), предизвика остри реакции и обвинувања дека со облеката го исмевала убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк. Меѓутоа, градските власти во Роџерс соопштија дека станувало збор за костим за Ноќта на вештерките, без политичка порака, ...

Добивај вести на Viber Ариф Сефа Оздемир, кој со пушка уби осум луѓе во Афјонкарахисар, при бегството се претставувал како припадник на Националната разузнавачка служба (МИТ) и го одзел автомобилот на двајца млади луѓе. Осомничениот им се заканувал на младите со пушка и им ги одзел телефоните, но при бегството со украденото возило заглавил во кал. Оздемир го напуштил автомобилот и продолжил да бега пеш, а го фатиле во Ескишехир, откако ...

Дури 90 отсто од украинските притвореници чии случаи се разгледуваат пред руските судови се соочуваат со обвиненија поврзани со тероризам, наместо да бидат третирани како воени заробеници. Ова го откри Маријана Кацарова, специјален известувач на Обединетите нации за состојбата со човековите права во Русија, изнесувајќи сериозни обвинувања за постапувањето со украинските затвореници. Во интервју за „Укринформ“, Кацарова објасни дека руските ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави нови кадровски промени во Службата за безбедност на Украина (СБУ), по неодамнешните разрешувања предизвикани од корупциски скандал кој предизвика незадоволство во јавноста. Во своето редовно вечерно обраќање, Зеленски ги оцени како „отворено срамни и целосно неприфатливи“ откритијата на антикорупциските органи дека високи функционери во безбедносниот сектор и во органите за спроведување на ...

Во Рим речиси на секој чекор се наидува на нешто што веќе сме го виделе на фотографии. Монументални градби, плоштади, базилики, тесни улици и археолошки остатоци што сведочат за векови историја. Илјадници туристи секојдневно минуваат низ градот, со однапред испланирани маршрути. Но, зад таа добро позната слика постои и друг Рим, градот на луѓето што тука работат, плаќаат кирија, бараат стан и се обидуваат да го зачуваат своето место во него. ...

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека евентуален воен судир меѓу Русија и Европа нема да има победник, предупредувајќи дека доколку ситуацијата ескалира, последиците ќе бидат такви што ниту една страна нема да може да се смета за победник. Путин ја даде изјавата пред новинарите по завршувањето на самитот Русија-Африка, пренесува агенцијата РИА Новости. Тој оцени дека лидерите на Европската Унија досега не успеале да постигнат ...

Најмалку пет лица загинаа, а најмалку 12 се повредени, меѓу кои и полицајци, во масовно пукање што се случи денеска во самиот центар на Краков, на југот од Полска, соопшти полицијата. Во соопштението објавено на платформата Икс (X) се наведува дека напаѓачот бил застрелан од страна на полицијата и со повреди е пренесен во болница. Според информациите од полицијата, мажот влегол со автомобил на Главниот плоштад и започнал рафално и сурово да ...

Ова го соопшти Сејед Зијаедин Агаџанпур, раководител на Организацијата за идеолошки и политички прашања при иранското Министерство за одбрана, испраќајќи директна порака до американскиот претседател Доналд Трамп. Агаџанпур нагласи дека Иран нема намера да попушти пред притисоците од Вашингтон, ниту да прифати каква било форма на принуда од САД. -Никогаш нема да им се покориме на вашите обиди за заплашување, порача иранскиот претставник. Тој ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 3ᴼ
1.03
69%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.57
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
91%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
84%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.45
70%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Калај

46.54