Тројца убиени луѓе се пронајдени во куќата на мажот кој претходно усмрти шест лица на плоштадот во Краков, потврди полскиот премиер Доналд Туск. Според првичните информации, жртвите се две жени и еден маж, за кои постои основано сомнение дека се членови на потесното семејство на осомничениот. Информацијата за новото откритие беше соопштена на вонреден состанок меѓу владините министри и претставниците на безбедносните служби во Краков. ...

Илјадници луѓе денес протестираа низ Франција, изразувајќи го незадоволството од владата, а демонстрациите во Париз и во Лион завршија со судири со полицијата и со употреба на солзавец, објави „АФП“. Ова е четврти викенд по ред како граѓаните излегуваат на улиците, пет месеци пред претседателските избори во Франција. Иако бројот на демонстранти беше помал отколку во претходните недели, незадоволството од владините политики продолжува да ...

Шест лица, меѓу кои и еден британски државјанин, загинаа во пукање во Краков, Полска, соопшти шефот на полската полиција, Марек Борон. Според него, тројца од загинатите се полски државјани, еден е британски државјанин, додека идентитетот на преостанатите две лица сè уште не е утврден. Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека во домот на осомничениот биле пронајдени телата на две жени и еден маж. 🚨 BREAKING: More possible victims in Kraków ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека на Дејна Вајт му понудил позиција портпарол на Белата куќа. Во објавата тој навел и неколку познати ММА борци кои, според неговата замисла, би можеле да му се приклучат на тимот. Трамп упатил повик до Вајт да ги поведе со себе и своите соработници, меѓу кои ги спомнал Ислам Махачев, Хабиб Нурмагомедов, Џастин Гејџи, Даниел Кормие, Аманда Нуњес и Кејла ...

Германската полиција и обвинителството отворија истрага за смртта на баварскиот вицепремиер Хуберт Ајвангер, кој беше пронајден мртов во хотелска соба во Берлин. Целта на истрагата е да се утврдат точната причина и околностите на смртта, како и да се исклучи евентуална вмешаност на трето лице. Според германските медиуми, засега нема индиции дека станува збор за кривично дело, а причината за смртта сè уште не е официјално утврдена. Реклама ...

Дваесет и две години од најразорните терористички напади во историјата, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. Исламистичка терористичка мрежа Ал Каеда изврши напади во Њујорк и во Вашингтон. На денешен ден во 2001 година припадници на Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони со намера да ги извршат нападу врз симболите на САД. Ден два авиони во рок од 16 минути се урнаа во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк. Авион на „Американ ...

Со панихида за упокојување на душите и положување венци и свежо цвеќе, во Софија им беше оддадена почит на воените лица загинати во војните за национално ослободување и обединување, во мировните операции и при извршување на воената должност во мирно време, јавува БТА. Панихидата по повод Архангелската задушница кај Воениот мавзолеј-костурница на Централните софиски гробишта ја отслужи бугарскиот патријарх и софиски митрополит Даниил. На ...

Интересот на светските туроператори за Бугарија значително се зголемува, изјави министерот за туризам Илин Димитров за Нова телевизија, пренесува БТА. Тој објасни дека за време на саемот во Лондон, на кој присуствувал, се сретнал со петте најголеми туроператори, кои му потврдиле дека интересот за Бугарија расте. „Нè сметаат за безбедна дестинација. Нудиме добар сооднос меѓу цената и квалитетот. Додека земјите околу нас драстично ги ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претрпе тежок политички пораз на меѓуизборите одржани на 3 ноември. Според проекциите на Асошиејтед прес, демократите обезбедија контрола и врз Претставничкиот дом и врз Сенатот, со што односот на силите во Вашингтон значително се менува во пресрет на последните две години од неговиот мандат. apnews.com Демократскиот пробив ги надмина вообичаените изборни боишта. Републиканците загубија сенатски места во ...

Четириесет и пет лица се повредени кога меѓуградски патнички автобус слеета од автопатот на југозападот на Турција и се преврте, пишува весникот „Хуриет“. Несреќата се случила ноќеска во округот Хујук, на околу 20 километри од Бејшехир. Автобусот патувал од Анталија кон Игдир во моментот кога возачот изгубил контрола, поради што возилото слеета од патот, паднало во јазот и се превртело. Истрагата за несреќата е во тек. Четириесет и пет лица ...

Контроверзниот план на Доналд Трамп за увоз на руски дизел во Соединетите Држави, пред изборите во средината на мандатот, се чини дека пропаѓа, откако два танкера што првично се упатиле кон американскиот брег наеднаш го промениле курсот, пренесува „Фајненшел тајмс“. Оваа промена на рутата се случува во момент кога состојбата со снабдувањето со дизел во САД дополнително се влошува. Најновите податоци покажуваат дека залихите паднале под 100 ...

Најмалку осум лица загинаа, а 30 се повредени во судир меѓу патнички автобус и камион што се случил рано утринава во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, во северозападниот дел на Пакистан, соопштија спасувачките служби. Несреќата се случила во близина на клучката Хавелијан, во областа Аботабад. Автобусот сообраќал од северниот град Гилгит кон Равалпинди, во источниот дел на земјата, кога се судрил со камионот, пренесува агенцијата Синхуа. На ...

Во 89-тата година од животот почина познатата руска глумица Јекатерина Рајкина. Тажната вест за нејзиното заминување ја објави Телеграм каналот на Фондот за поддршка и развој на културата „Аркадиј Рајкин“. Глумицата почина на 3 ноември 2026 година во Москва. Претходно, на 20 октомври, беше итно хоспитализирана во московска болница поради внатрешно крварење во цревата. И покрај извршената операција и борбата на лекарите за нејзиниот живот, ...

Ретко кој политички проблем е толку сложен како отстранувањето на високо радиоактивниот отпад од нуклеарните централи. Тоа се гледа и по фактот што во речиси секоја држава во светот во која некогаш имало или сѐ уште има нуклеарни централи - вкупно 31 држава - ова прашање до денес останува во најголем дел нерешено и тоа иако првата голема нуклеарна централа започна со работа во Русија уште во 1954 година. Сепак, Финска сега како прва држава во ...

„Ќе продолжиме со нашата помош сè додека не заврши оваа војна“, му порача германскиот канцелар Фридрих Мерц (ЦДУ) на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин. Мерц го пречека Зеленски во канцеларскиот кабинет со воени почести, а потоа одржа разговор со него зад затворени врати. Посетата, која претходно не беше најавена, се одвиваше под најстроги безбедносни мерки. На заедничката прес-конференција во кабинетот на канцеларот, Мерц ...

Кремљ во многу скоро време ќе добие уште едно „уво“ со кое ќе може да ја прислушува Европа. Според извештаите, при крај е изградбата на нов, огромен радарски систем во наоружаната руска ексклава Калининград. Гледано од воздух, трите краци на објектот, од кој секој има должина од над 500 метри, изгледаат како вонземјани да оставиле трага во инаку недопрено и заштитено шумско подрачје. Објектот наликува на платформа за слетување или лансирање ...

Халит Јозгат беше деветтата жртва. Тој беше застрелан на 6 април 2006 година во Касел, во германската покраина Хесен. Пред него, од септември 2000 година, уште осум мажи со мигрантско потекло беа убиени на сличен начин: егзекутирани од непосредна близина. Десеттата и последна жртва не се вклопуваше во дотогашната шема. Стануваше збор за жена. Полицајката Мишел Кизеветер загина на 25 април 2007 година во Хајлброн, во покраината ...

Во САД започнаа важните парламентарни избори на кои милиони Американци, барем индиректно, ја оценуваат политиката на американскиот претседател Доналд Трамп. Во многу сојузни држави на источниот брег, како Њујорк и Њу Хемпшир, избирачките места беа отворени во 6 часот по локално време. Во североисточната сојузна држава Вермонт, според планот, поединечни избирачки места беа отворени еден час порано. Од 7 часот по локално време гласањето почна ...

Пентагон најави дека погубувањето на поранешниот американски мајор и воен психијатар Нидал Хасан, осуден за убиство на 13 лица во воената база Форт Худ во Тексас во 2009 година, ќе биде емитувано во живо преку интернет. Егзекуцијата е закажана за 3 декември, откако претседателот Доналд Трамп ја одобрил. Хасан на 5 ноември 2009 година уби 13 лица, а рани уште 30 во нападот во воената база. Во 2013 година, воена порота го осуди на смрт. ...

Европа влегува во зимската грејна сезона со најниско ниво на резерви на гас во последната деценија. Како што соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), европските складишта на крајот на октомври биле исполнети само 75 проценти. Според агенцијата, тоа е најниското ниво од 2013 година. ИЕА предупредува дека ова може да доведе до продолжување на затегнатата состојба на глобалните пазари на гас во 2027 година. Ниското ниво на пополнетост, ...

Шест лица загинаа при уривањето на станбена зграда во центарот на Атина поради засега необјаснета експлозија, пишува Би-Би-Си. Меѓу нив е и еден граѓанин на Велика Британија Триесет пожарникари со три кучиња трагачи учествуваат во спасувачката операција. Спасувачите користат специјализирани уреди за откривање звуци во урнатините и ендоскопски камери. Експлозијата се случи вчера, петок, околу 7,30 часот наутро, предизвикувајќи голема штета на ...

Секоја година, кога Сојузната криминалистичка служба на Германија ја објавува Полициската статистика за криминалитетот, особено внимателно ја анализира делумно екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД). Колку кривични дела извршиле бегалци, мигранти и странци кои живеат во Германија? Во 95 проценти од соопштенијата на АфД се зборува за осомничени кои не се германски државјани, додека кривичните дела со германски ...

На поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав XIV, му е дијагностициран рак на белите дробови, потврди Ватикан по хируршката интервенција извршена денеска, 13 октомври, во болницата „Џемели“ во Рим. Станува збор за белодробен аденокарцином, еден од најчестите видови рак на белите дробови. На 71-годишниот папа хируршки му е отстранет долниот лобус на десното белодробно крило, а анализата на ткивото извршена за време на операцијата ја ...

Европската комисија предлага нови правила за заштита на децата на интернет, со ограничувања за користење социјални мрежи, онлајн игри и одредени услуги со вештачка интелигенција. Предлогот го најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во денешниот говор за Состојбата на Унијата во Европскиот парламент во Стразбур. Според најавата, децата под 13 години не би имале пристап до социјалните мрежи, додека оние од 13 до 15 ...

Илјадници граѓани излегоа на протести во повеќе градови низ Франција, изразувајќи го незадоволството од растот на трошоците за живот и владините политики. Француското Министерство за внатрешни работи процени дека на собирите учествувале околу 146.000 луѓе, додека младинските синдикални организации соопштија бројка од 250.000 демонстранти. На протестниот марш во Париз учествувале околу 46.000 лица според полицијата, а организаторите тврдат ...

Најмалку 28 лица, меѓу кои 27 ученици и еден наставник, загинаа откако покривот на приватно училиште се урна во пакистанскиот град Пешавар, јавува Би-би-си, повикувајќи се на информации од локалните здравствени власти. Трагедијата се случила во четвртокот наутро, за време на наставата, во училиште во населбата Дир Колони. Според портпаролот на болницата „Лејди Ридинг“, Мохамад Асим, меѓу загинатите се деца на возраст од шест до 12 години. Во ...

Франција денеска (5.11) е соочена со она што речиси може да се нарече „класичен“ протестен ден – големите француски синдикати повикаа на штрајкови и демонстрации. Темите кои се причина за протестите се бројни: платите, зачувувањето на јавните служби, вработувањето и даночната правда. И синдикатите на железничарите ги повикаа вработените на штрајк. Останува отворено прашањето дали ова ќе биде уште еден чекор кон создавање подолготрајно ...

Во Минхен денеска започнува 191. издание на Октоберфест, најголемиот народен фестивал во светот. На Терезиенвизе во следните 16 дена повторно ќе се соберат милиони посетители од Германија и од целиот свет, привлечени од баварската музика, традиционалните носии, храната, пивото и десетиците забавни атракции. Фестивалот годинава трае до 4 октомври. Традиционално, првото буре беше отворено во шаторот Schottenhamel, со што и официјално започна ...

Данска подготвува контроверзна реформа со која наставниците, за првпат од 1967 година, би добиле пошироки овластувања за физичко ограничување на учениците кои сериозно ја нарушуваат наставата, ги малтретираат или навредуваат другите, дури и кога не претставуваат непосредна физичка закана. Владата ја оправдува промената со растечките проблеми со насилството и недисциплината во училиштата. Истражување покажало дека физичко насилство меѓу ...

Напаѓачот што денеска уби 6 луѓе, а рани 15 на плоштадот во Краков е 24-годишен Полјак, соопштија полските власти. Тој можеби бил мотивиран од крајно десничарска идеологија, изјави полскиот министер за внатрешни работи Марцин Киервински. Според министерот, постојат индикации дека напаѓачот бил фасциниран од крајно десничарска идеологија и имал радикални ставови. Ова е една од првите информации што би можеле да помогнат во расветлувањето на ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
64%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
67%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
62%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42