Виена – Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа ...

Односите меѓу Соединетите Американски Држави и Бразил дополнително се заострија откако Вашингтон ѝ ја поништи визата на бразилската амбасадорка во САД, Марија Луиза Рибеиро Виоти. Потегот следува само неколку дена по одлуката на Бразил да не издаде визи за американски функционери. Од американскиот Стејт департмент соопштија дека не станува збор за протерување на амбасадорката, туку за дипломатска мерка која може веднаш да биде укината ...

Шефовите на дипломатиите на САД и Велика Британија, Марко Рубио и Ед Милибанд синоќа разговараа за важноста од поголема улога на Европа во нејзината безбедност за време на нивната средба во Вашингтон, соопшти Стејт департментот. Рубио им изјави на новинарите дека Украина исто така била на дневниот ред. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги засили апелите до сојузниците за повеќе ракети за противвоздушна одбрана, додека Русија ги ...

Неколку руски воздушни напади врз електричните објекти на главниот украински снабдувач со енергија (ДТЕК) оставија 126.000 домаќинства во Дњепропетровската Област без струја, соопшти синоќа ДТЕК на социјалните мрежи. Тие домаќинства првенствено се наоѓаат во јужните градови Никопол, Марганец и Покров. Според ДТЕК, иако поправките се веќе почнати, тие ќе потраат бидејќи причинета е голема штета. Според наводите на началникот на воената ...

Летово, Канада беше погодена од огромни шумски пожари кои принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови и уништија стотици домови. Пожарите дополнително се влошија од екстремните горештини, сувото време и силните налети на ветер. Чадот од пожарот се прошири над дел од САД, поради што властите издадоа предупредувања за лошиот квалитет на воздухот во одредени области. Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко реагираше на тие ...

Вооружена група израелски доселеници во текот на ноќта го нападнала палестинското село Хирбет а-Туба, во јужниот дел на Хебронските Ридови на окупираниот Западен Брег, при што биле запалени неколку станбени објекти, јавуваат палестинските медиуми. #شاهد | آثار الدمار عقب إحراق المستوطنين مساكن الأهالي في خربة الطوبا بمسافر يطا جنوب #الخليل pic.twitter.com/fE6DK3POi3 — المركز الفلسطيني للإعلام (@PalinfoAr) August 5, 2026 Според официјалната ...

Министерството за култура на Украина додаде уште двајца руски културни претставници на листата на лица кои претставуваат закана за националната безбедност, пренесува Интерфакс Украина. Според одлуките на министерството, на ажурираната листа се додадени и руската пејачка, поранешен доброволец на бригадата „Оплот“ („Руска православна армија“), воен дописник на агенцијата „АНА-Њуз“ и блогер Аким Гасанов, како и руската актерка Валентина ...

Значително подобрена е ситуацијата со пожарот во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина и противпожарните сили веќе шест ден интервенираат за целосно да биде изгасен, а во конкретниот регион, во последните 10 години, во пожарите изгореле 42 отсто од шумите, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот што во петокот избувна во регионот Виотија брзо се прошири во соседната област Атика, животот го загубија двајца членови на ...

Повеќе од 1.200 жители беа евакуирани по пожар во хемиска фабрика во југозападната кинеска покраина Јунан, при што во воздухот се ослободиле иритирачки испарувања, соопштија денеска локалните власти. Според кинеската агенција Синхуа, пожарот избувнал вчера околу 11:50 часот по локално време во компанијата „Јунан Хаоминг Фајн Фосфорус Кемикал“ во округот Џининг, во Кунминг, главен град на покраината, за време на товарење жолт фосфор. Поради ...

Италија денеска стави 27 градови под највисоко ниво на тревога поради новиот топлотен бран што ја зафати земјата, додека локалните медиуми јавуваат за уште неколку смртни случаи кои се поврзуваат со екстремно високите температури. Според агенцијата АНСА, денеска 25 градови се под црвен аларм, а утре нивниот број ќе се зголеми на 27, бидејќи се очекуваат рекордно високи температури што претставуваат сериозен ризик за јавното здравје. Меѓу ...

Генерацијата Z пронајде нов начин да се оддалечи од совршените фотографии од паметни телефони – враќајќи го заборавениот гаџет од почетокот на 2000-тите. Малите дигитални фотоапарати, некогаш неопходен дел од секојдневниот живот, повторно станаа пожелни, но не поради напредната технологија, туку токму поради нивните ограничувања. Заматените фотографии, изразениот блиц, непредвидливите рамки и малото зрно на сликата станаа нова естетика што ...

Во Русија се водат истраги за сомнителни бракови меѓу жени и војници кои заминувале на фронтот во Украина, а целта, според властите, била добивање државни обесштетувања во случај на нивна смрт. Според руските медиуми, семејствата на загинатите војници имаат право на еднократна исплата од најмалку пет милиони рубљи, што, според истрагите, довело до појава на таканаречените „црни вдовици“ – жени кои склучувале фиктивни бракови непосредно пред ...

Маж на 26-годишна возраст бил уапсен во Велика Британија откако се качил на покрив на болница облечен како „Смртта“ и ги набљудувал вработените и пациентите, објави „Индепендент“. Полицијата на Северен Велс и пожарникарите биле повикани откако мажот, облечен во црна наметка со качулка, бил забележан како стои на покривот и гледа кон влезот на болницата „Исбити Глан Клвид“ во градот Сент Асаф, на 6 јуни. Мажот, подоцна идентификуван како Леон ...

Иран испратил јасно предупредување до земјите од Персискиот Залив дека секој нов американски напад врз негова територија ќе биде проследен со одмазднички напади врз клучната енергетска инфраструктура во регионот. Според повеќе дипломатски извори, Техеран настојува да ја зголеми цената на евентуална воена акција преку притисок врз најблиските регионални сојузници на Вашингтон. Предупредувањето следувало по изјавата на американскиот претседател ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека Иран и Оман постигнаа договор за географските координати на бродската рута низ Ормутскиот Теснец, како и дека заедничката изјава е во фаза на финализирање, под услов да нема мешање од трети страни. Багаи додаде дека секој таков договор меѓу Иран и Оман сам по себе не би ја гарантирал безбедноста во стратешкиот воден пат. Според најавениот договор, официјален ...

Европската Унија планира да го разгледа и усвои 22-от пакет санкции против Русија до средината на октомври, кој, според весникот „Известија“, ќе биде насочен првенствено кон спречување на заобиколување на веќе воведените ограничувања, без нови сеопфатни мерки. Повикувајќи се на европски дипломатски извори, весникот наведува дека Европската комисија подготвува предлог за нов пакет, кој сè уште не е испратен до Советот на ЕУ на разгледување. ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во понеделник изјави дека Техеран ќе ја поддржи секоја иницијатива и одлука донесена од палестинските лидери во тековните индиректни разговори меѓу Хамас и Израел, објавија денес иранските државни медиуми. Пезешкијан рече дека Иран ги поддржува ставовите на палестинските претставници во врска со иднината на Газа, објави Ројтерс. Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела изјави дека неговиот ...

На грчкиот остров Наксос се одигра необичен инцидент кој за кратко време предизвика вистинска тревога на аеродромот. Странски турист пријавил дека неговото дете исчезнало, по што полицијата веднаш започнала потрага, стравувајќи дека малолетникот останал сам и е во опасност. Настанот се случил околу пладне, кога видно вознемирениот татко пристигнал на аеродромот и побарал помош. Тој им рекол на полицајците дека верува оти детето можеби ја ...

Осум лица беа убиени преку ноќ додека чекаа доцнење на возот на железничката станица Квитнове, на периферијата на Бровари, источно од Киев. Во еден од најинтензивните напади врз Бровари од почетокот на војната, Русија со проектил погоди улица со дрвја веднаш зад станицата. Експлозијата го зафати перонот каде што чекаа патниците. Утрината, телата на загинатите сè уште лежеа до перонот, додека железничките работници веќе ги поправаа оштетените ...

Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди најновите руски напади врз Киев и порача дека Европската Унија и нејзините партнери ќе го засилат притисокот врз Русија со нови санкции, но и дека ќе продолжат со воената поддршка за Украина. „Во Киев и неговата околина, Русија повторно одлучи да гаѓа цивили. Таква политика на терор што се спроведува со ракети и дронови е неприфатлива“, напиша Макрон на платформата Икс. Тој истакна дека секој ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека партнерите одбиле да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана на неговата земја. Според него, партнерите официјално го припишале тоа со војната на Блискиот Исток, но смета дека зад таквата одлука би можеле да стојат и политички мотиви. „Тоа е официјалната причина што ја добивме од нашите партнери, пред сè САД, но и од европските. Не знам дали постојат и други причини, ...

Британската организација за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти дека била известена за инцидент со танкер на 95 наутички милји југоисточно од јеменското пристаниште Аден. Според капетанот на танкерот имало силна експлозија во близина на бродот. Тој додаде дека ниту еден од членовите на екипажот не е повреден. Британската организација за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти дека била известена за инцидент со танкер на 95 наутички ...

Прашањето за намалените резерви било отворено непосредно пред американскиот претседател Доналд Трамп да донесе одлука да ги откаже планираните напади врз Иран минатиот викенд Американската армија потрошила речиси 80 проценти од ракетите за противракетниот систем THAAD и околу половина од пресретнувачите за системот „Патриот“ од почетокот на воениот конфликт со Иран, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со состојбата во ...

Американската Федерална управа за воздухопловство (FAA) покрена истрага откако патнички авион се доближил на помалку од 2,5 километри до претседателскиот хеликоптер „Марин Ван“, во кој се наоѓал претседателот Доналд Трамп. Инцидентот се случил во вторникот попладне, непосредно по полетувањето на хеликоптерот од јужниот тревник на Белата куќа, додека воздушниот сообраќај на аеродромот „Вашингтон Нешнал“ сè уште не бил привремено запрен. ...

Програмата „Коперникус Сентинел II“ објави сателитски снимки направени помеѓу 1 и 3 август оваа година, кои покажуваат ниско ниво на вода на четири големи европски реки – Лоара, По, Рајна и Дунав, пишува „Си-ен-ен“. Сателитските снимки се снимени од Лоара во близина на Сомур во Франција, По во близина на Кремона во Италија, Рајна во близина на Бофут во Германија и Дунав во близина на Пакш во Унгарија. Фотографиите пред и по падот на нивото на ...

Скандал со познат американски политичар: Сака во Конгрес, а на плажа се заканувал со нож и пиштол Познатиот американски политичар Кирил Бејсин (40) бил уапсен во саботата, 1 август, поради физичка пресметка на плажа на Хаваи, објави Њујорк пост. Бејсин физички се пресментал со 61-годишен маж кој го замолил да ја намали гласната музика. Според полицијата, Бејсин му се заканувал на мажот, наводно тврдејќи дека поседува огнено оружје. Тој, исто ...

Температурата во Австрија денес достигна рекордно високо ниво, а Унгарците ја намалија потрошувачката на електрична енергија бидејќи најновиот топлотен бран и суша во централна и јужна Европа го земаа својот данок. Европа, континентот што се загрева најбрзо во светот, беше погодена од рекордни топлотни бранови и разорни шумски пожари ова лето, а Франција и Шпанија беа особено погодени во последните недели. Италија издаде црвено ...

Украина во пламен. Експлозии, пожари, запалени згради, магацини, загинати и повредени – Русија изврши серија масовни напади со дронови и балистички ракети врз Киев и околниот регион. Напади регистрирани и на југоистокот од земјата. „Бев во камионот кога се случи експлозијата. Се запали. Немав време ниту да ги земам документите, топлината беше интензивна. Не можев да поверувам. И претходно сум слушнал експлозии, но ништо како денес. Не се ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио соопшти дека САД ја интензивираат борбата против мексиканскиот нарко-картел Картел де Халиско Нуева Генерасион (CJNG), оценет како една од најголемите закани за меѓународната безбедност. Стејт департментот нуди награди во вкупен износ од над 100 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на водачите и нивните соработници. Покрај тоа, САД воведуваат визни ограничувања за 65 лица ...

Француските власти преземаат нови чекори против несаканите продажни повици, кои со години предизвикуваат незадоволство кај граѓаните. Со новите правила се ограничува можноста компаниите да контактираат лица по телефон без нивна согласност. Целта на мерката е да се намали бројот на агресивни комерцијални повици, особено оние во кои граѓаните добиваат понуди за услуги, осигурување, финансиски производи или други производи што не ги побарале. ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Алуминиум

3.25

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Сребро

1994.05

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50