Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Полскиот министер за внатрешни работи изјави дека првичните сознанија укажуваат оти напаѓачот, кој денеска во Краков усмрти шест лица, а повреди 15, бил под влијание на „крајнодесничарски идеологии“. Министерот за одбрана, Владислав Кошњак-Камиш, ја започна прес-конференцијата опишувајќи го инцидентот како „терористички напад“ и појасни дека полицаецот кој го запрел осомничениот се наоѓа во критична состојба. Министерот за внатрешни работи, ...
Осомничениот е 25. годишен полски државјанин. Тој е хоспитализиран и е во тешка состојба, откако полицијата претходно го застрела. Во моментов се врши претрес и во неговиот дом Осомничениот напаѓач е „застрелан и неутрализиран“ и се наоѓа во болница, во тешка состојба – сооопшти полскиот миниситер за внатрешни работи, Марчин Кервињски, по денешното пукање во Краков, во кој шест лица се убиени, а 15 се повредени. Кервињски наведува дека ...
Терористот во Краков е 25-годишен полски државјанин, објави „Полсат њуз“. Тој при нападот носел воена униформа и нацистичка значка СС на шлемот. Според последните податоци, во нападот се убиени пет лица, а 15 се хоспитализирани. Тој користел оружје од воен тип, веројатно AR-15. Во автомобилот исто така биле пронајдени оружје, муниција и воена опрема. Во багажникот имало и воен ранец, воена опрема и бајонет.За време на бегството, ...
Илјадници граѓани денеска излегоа на протести во повеќе градови низ Франција, изразувајќи го незадоволството од растот на трошоците за живот и владините политики. Според француското Министерство за внатрешни работи, на демонстрациите низ земјата учествувале околу 146.000 луѓе, додека младинските синдикални организации проценија дека бројката достигнала 250.000 демонстранти. Во Париз, според полициските податоци, на протестниот марш ...
Трилатералните разговори во Абу Даби, со цел да се стави крај на војната на Русија во Украина, ќе се одржат во вторник и среда, први вакви разговори од февруари. Руската делегација повторно ќе ја предводи советникот на Кремљ, Владимир Медински, како главен преговарач, а за прв пат ќе ѝ се придружат Рјабков и Јуриј Жигарловски, висок офицер на рускиот Генералштаб, според новинската агенција Интерфакс. Рјабков е задолжен за односите на Русија ...
По кратко боледување, во Белград почина Зоран Тутуновиќ Тутун, познат музички продуцент, композитор и аранжер, кој со децении остави значаен белег на регионалната музичка сцена. Иако неговото име можеби не беше толку познато за широката публика како имињата на пејачите, неговата работа беше дел од многу песни што се слушаа и пеја низ поранешна Југославија. Во текот на кариерата соработувал со бројни познати изведувачи, а колегите го ...
Во ходниците на подземните воени комплекси може да се забележат камиони со лансери и специјални ракетни тенкови. Според наводите на иранските извори, во овој комплекс се складирани противбродски ракети, како и моторни чамци наменети за воени операции. На видеоматеријалот е прикажан и Абдолах Хаџи-Садеги, претставникот на врховниот лидер во Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), како заедно со воени претставници врши обиколка низ ...
Седмиот Светски медиумски самит, во организација на кинеската новинска агенција Синхуа и градската управа на Пекинг, денеска заврши со усвојување на „Пекиншкиот консензус“ – документ со заеднички насоки за координирана и безбедна употреба на вештачката интелигенција (ВИ) во глобалните медиуми, јави Хина. Потписниците на документот повикуваат на итен премин од теоретски расправи кон конкретни активности за безбедно интегрирање на вештачката ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека европските земји немаат што да бараат на преговарачката маса за решавање на конфликтот во Украина. Како што пренесува „РИА Новости“, таа го изјави тоа коментирајќи ги првите воени вежби на таканаречените мултинационални сили за Украина, организирани во рамките на иницијативата „Коалиција на волните“. Од нашата мрежа Леклер конечно прокоментира за ...
Специјалниот пратеник на руското Министерство за надворешни работи, Родион Мирошник, денеска оцени дека украинскиот претседател Володимир Зеленски бил толку исплашен од откривањето таен затвор во близина на Киев што реагирал хистерично. – Неодамнешниот протест во Петропавловска Боршчаговка јасно покажа колку е ова прашање болно. Фактот што командантот на Националната гарда и раководството од Кабинетот на претседателот пристигнале на местото ...
Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, Полска, во кој загинаа шест лица, а уште 12 се повредени. „Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите од сите страни – не си играјте со оваа трагедија. Ќе ги разјасниме сите околности на ова ...
Во населеното место Петропавливска Боршахивка, на периферијата на Киев, синоќа избувнаа судири со полицијата откако цивили се собраа пред зграда во која се сместени припадници на Националната гарда. Во официјалното соопштение од Првиот корпус на Националната гарда „Азов“ се наведува дека се прошириле „непроверени информации“ дека припадници на војската биле нелегално притворени и мачени во привремен сместувачки објект. Според Националната ...
Идејата за преговори меѓу Русија и европските земји за нова безбедносна архитектура на континентот може да биде опасна – оцени украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во денешното интервју за американската телевизија Си-Ен-Ен, тој рече дека американската страна го покренала прашањето за разговори за нова безбедносна рамка за Европа и Русија. – Американската страна сакаше да разговара за идејата за европско-руска безбедносна архитектура. ...
Првата исплата би требало да биде во декември, но се уште е отворено прашањето околу финансиите Швајцарските пензионери наскоро за прв пат ќе ја добијат својата 13-та пензија, откако граѓаните на референдумот во март 2024 година ја поддржаа оваа мерка со 58,2 отсто од гласовите. Првата исплата од швајцарскиот систем за старосно и семејно осигурување (AHV) е закажана за 1 декември 2026 година. Сепак, прашањето за начинот на финансирање на оваа ...
Истражувачи развија нова технологија способна да препознава одредени мириси – како што е карактеристичната арома на кафето – и да ја пренесува таа информација на далечина преку интернет. Чунју Јанг, главниот автор на студијата од Државниот универзитет во Охајо, објасни дека „електронски нос“ го детектира мирисот и испраќа податоци за него до генератор на мириси на примателот. Генераторот потоа ослободува соодветни молекули за да ја ...
Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција оваа недела изјави дека Кина „комуницира со релевантните страни за состанокот на тројцата шефови на држави“, објавува „Гардијан“. Средбата би можела да се одржи на крајот на овој месец на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен. Иако, ако се случи, тоа би бил историски настан, експертите истакнуваат дека е малку веројатно тројцата лидери да ...
Шест лица – четири жени и двајца мажи, загинаа во пукањето што се случи на Главниот плоштад во полскиот град Краков, додека животот на уште 12 повредени лица е во критична состојба. Полицијата во автомобилот на осомничениот пронајде поголемо количество дополнително оружје и муниција. Зголемувањето на бројот на загинати го потврди гувернерот на Малополското Војводство, Јан Клечар, нагласувајќи дека лекарите се борат за животите на сите ...
Илон Маск сподели на X објава во која помошта за Украина преку Старлинк на почетокот на руската инвазија се нарекува грешка. Објавата на 5 ноември ја напиша профилот Whole Mars Catalog. Авторот тврди дека SpaceX ѝ испратил на Украина илјадници бесплатни терминали на Старлинк и плаќал милиони долари месечно за услугата. Во објавата исто така се наведува дека Старлинк, кој во почетокот служел за поврзување на цивилите, подоцна станал важен за ...
Нови антивладини протести се одржаа денеска, 7 ноември, во албанската престолнина Тирана, каде студентите и приврзаниците на опозицијата побараа оставка од премиерот Еди Рама. Демонстрациите се одвиваа на две локации – опозициските поддржувачи се собраа пред седиштето на премиерот, додека студентите во 14 часот протестираа пред Министерството за образование. Полицијата ангажираше околу 1.200 службеници за обезбедување на собирите, а на ...
Првостепениот суд во Рим осуди на доживотен затвор американски државјанин, откако го прогласи за виновен за убиството на неговата партнерка и нивната 11-месечна ќерка, извршени во јуни 2025 година. Станува збор за Френсис Кауфман (47), роден во Калифорнија, кој ја убил својата партнерка Анастасија Трофимова, руска државјанка, а потоа и нивната ќерка Андромеда. Покрај доживотната казна, нему му се изречени и три години дневна изолација. ...
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили погодиле товарен брод во пристаништето на украинскиот црноморски град Одеса. Според руското Министерство, бродот превезувал товар со двојна намена, наменет и за потребите на украинската армија. „Во пристаништето во Одеса е погоден товарен брод што доставувал товар со двојна намена за Украина“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана објавено на Телеграм. ...
Шефот на кабинетот на украинскиот претседател, Кирил Буданов ќе плати парична казна поради јавна употреба на рускиот јазик, соопшти украинската комесарка за заштита на државниот јазик, Елена Ивановска. Таа наведе дека во врска со случајот се поведени соодветни правни постапки и дека Буданов го признал прекршокот, без да се обиде да најде оправдување. „Фактот дека дошло до прекршување на законот е признаен без обид да се најде оправдување“, ...
Недостигот на ветер викендов ги зголеми трошоците за енергија низ Европа, при што цените на електричната енергија во Германија го достигнаа највисокото ниво во последните седум месеци. На пазарот „ден пред“ (каде се плаќа струја за испорака во понеделник), цената на мегаватчас (MВч) струја во Германија надмина 150 евра, сума невидена од средината на февруари. Во понеделник навечер цената се очекува да достигне максимални 524 евра за MВч, ...
Од следното лето Визер веќе нема да лета од Љубљана до Лондон Лутон, со што авиокомпанијата останува само на летови за Скопје (три пати неделно). Визер ги откажува летовите од Ниш до Дортмунд, Виена и Малме, што е вкупно седум летови неделно. Компанијата останува на само две линии од Ниш (Базел и Меминген). Истото значи дека Ниш наместо 13 ќе има само седум неделни летови, шест помалку од лани. И во Бања Лука компанијата укинува две линии и ...
Инфлацијата во еврозоната во септември достигна 3,8 проценти, наспроти 3,2 проценти во август, покажува прелиминарната проценка на Евростат. Тоа е највисоко ниво од септември 2023 година. Главниот двигател на растот се енергетските цени, кои во септември биле за 18,8 проценти повисоки од истиот месец минатата година. Во август нивниот годишен раст изнесувал 14,3 проценти. Поскапување има и кај храната. Инфлацијата кај храната, алкохолот и ...
Европа се соочува со нов бран социјални немири, откако во изминатите денови илјадници граѓани излегоа на улиците во повеќе земји, барајќи подобри животни услови, поквалитетни јавни услуги и решенија за растечките економски проблеми. Протестите во дел од градовите прераснаа во насилни судири со полицијата, палење објекти, вандализам и ограбување продавници. Најсериозна е ситуацијата во Франција и Италија, каде што властите се соочуваат со ...
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска свика вонреден состанок на безбедносните служби по нападот со дронови врз два цивилни брода во Црното Море. Инцидентот се случил околу три часот по полноќ во бугарската исклучителна економска зона, на околу 70 милји источно од крајбрежниот град Бјала. Едниот брод под знамето на Того веднаш потонал, додека вториот претрпел пожар, по што следела итна спасувачка операција за морнарите. Нападот се случил на ...
Косовското собрание ја избра Јустина Широка-Пула за нова претседателка на Косово, со што таа стана првата личност од католичка вероисповед на оваа функција во земја во која повеќе од 93 проценти од населението се изјаснува како муслиманско. Широка-Пула беше избрана во раните утрински часови со 81 глас во 120-членото собрание, непосредно пред истекот на уставниот рок. Нејзиниот избор спречи распишување нови предвремени парламентарни избори. ...
Владите во сè поголем број земји ги повикуваат граѓаните да бидат подготвени за вонредни ситуации и во своите домови да обезбедат основни резерви од храна, вода и лекови за најмалку 72 часа. Препораките доаѓаат во период на зголемени безбедносни ризици, природни непогоди и закани од сајбер напади, кои можат да го нарушат нормалното функционирање на секојдневниот живот. Како што пишува Euronews во својата анализа, станува збор за промена во ...
Откако Нобеловиот комитет објави дека јужноафриканската адвокатка Нави Пилај е годинешниот добитник на Нобеловата награда за мир, се појавија и првите снимки од нејзината реакција. Нави Пилај – на која Норвешкиот Нобелов комитет ѝ ја додели Нобеловата награда за мир за 2026 година поради нејзиниот долгогодишен придонес кон меѓународното право и гонењето на воени злосторства – не пропушти прилика да се пошегува на сметка на Доналд Трамп. ...