Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Танкер пријави дека одекнале две експлозии во негова близина додека минувал низ Ормуската Теснина крај брегот на Оман, соопшти Службата за поморски трговски операции на Велика Британија (УКМТО). Според информациите, инцидентот се случил на околу 9 наутички милји југоисточно од градот Кумзар во Оман. УКМТО прецизира дека бродот и неговиот екипаж се безбедни, а нема податоци за причинета еколошка штета. Танкер пријави дека одекнале две ...
Дел од ракета „Фалкон 9“ на „Спејс-Екс“, тежок околу четири тони, најверојатно удри во површината на Месечината. Иако не претставуваше ризик за Земјата, ударот, според процените, резултираше со формирање нов кратер, соопшти НАСА. Според неа, ударот се случил на границата меѓу видливата и невидливата страна на Месечината, што ја намалило неговата видливост. Делот висок приближно колку петкатна зграда, во јануари 2025 година лансираше два ...
Словенија го бележи најдолготрајниот топлотен бран во историјата, со очекувања деветти ден по ред температурите да надминат 35 степени Целзиусови, соопшти словенечката Агенција за животна средина. Топлотниот бран минатиот вторник првично ја зафати западна Словенија, а наредниот ден да се прошири и во источните делови на земјата. Според метеоролозите, денешниот ден е деветти и последен ден со екстремно високи температури, што претставува ...
Украинските власти евакуираат 525 деца и млади од Краматорск и околните населени места поради сè поголемата опасност од руски напади. Воениот гувернер на Доњецката област, Вадим Филашкин, изјави дека безбедносната ситуација се влошува и дека децата повеќе не можат да бидат изложени на постојана закана. Од нашата мрежа Винисиус ги избриша сите објави и споменувања за Реал Мадрид… 30 минути kontra.mk 📽️ Меси постигна два гола и постави нов ...
Експериментални модели на OpenAI со месеци меѓусебно разменувале пораки и соработувале за да излезат од затворената тест-околина, пред во јули да пробијат дел од инфраструктурата на платформата Hugging Face. Активноста започнала уште во мај, кога повеќе ВИ-агенти добиле задачи што во одредени случаи не можеле да ги завршат без пристап до интернет. Агентите почнале да си оставаат белешки преку незабележани табли за пораки и да бараат помош ...
Предлогот на претседателот на покраинската влада на Тирол, Антон Матле, за темелна реформа на пензискиот систем продолжува да предизвикува силни политички реакции во Австрија. Откако предложи во иднина при пресметката на условите за пензионирање поголемо значење да имаат реално одработените години, а не само возраста, Матле повика на широка јавна расправа во која ќе учествуваат сите парламентарни партии. Според него, ваквиот процес треба да ...
Германската хемиска индустрија предупреди дека ниските водостои на Рајна и другите пловни реки во земјата може да принудат дел од компаниите да го намалат производството поради зголемени транспортни трошоци и притисокот врз синџирите на снабдување. „Ако бродовите мора да превезуваат помали количини или воопшто не можат да сообраќаат, трошоците растат, синџирите на снабдување се оптоваруваат, а производството е ограничено“, изјави за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп остро го критикуваше американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет поради исцрпените залихи на клучна муниција, што ги ограничува воените опции на Вашингтон во конфликтот со Иран, објави весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот. Според весникот, за време на состанокот на кабинетот, Трамп побарал објаснување од Хегсет бидејќи, како што навел, проблемот со залихите на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека цените на нафтата и горивата ќе продолжат да паѓаат по завршувањето на конфликтот со Иран, но додаде дека Вашингтон „можеби ќе мора повторно да ги зголеми“, без да објасни што точно подразбира под тоа. Говорејќи во Лас Вегас, Трамп рече дека цената на нафтата веќе се намалува и оцени дека поевтинувањето на енергенсите ќе придонесе за дополнително намалување на инфлацијата и цените на ...
Италија продолжува да биде погодена од четвртиот топлотен бран од почетокот на годината, а Министерството за здравство на земјата за денеска издаде црвена тревога за сите 27 градови што ги следи системот за следење на екстремната топлина. Црвената тревога означува највисоко ниво на предупредување и имплицира временски услови што можат сериозно да го загрозат здравјето на целото население, а не само на најчувствителните групи како што се ...
Неколку лица кои претходно биле протерани од Шпанија поради сомневање дека се поврзани со џихадистички активности, наводно биле меѓу десетиците илјади мигранти кои минатата недела преминале од Мароко во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, објави шпанскиот портал Еспањол. Според тој медиум, припадници на специјализираните антитерористички единици на шпанското МВР откриле дека меѓу мигрантите кои влегле во Сеута за време на масовниот ...
Плажата Ланжерон во Одеса, Украина, и ова лето е преполна со капачи и покрај тоа што градот е цел на руски напади речиси секој ден. На температури од околу 30 степени, луѓето се сончаат, децата си играат во морето, а музика може да се слушне од блиските кафулиња. Само неколку метри оддалеченост е воено возило со мобилен систем за воздушна одбрана, подготвено во случај на нов напад. Како што пренесува „Дојче Веле“, животот во Одеса е мешавина ...
Меѓународната заедница не треба да го одвлекува вниманието од Појасот Газа поради тензиите во Персискиот Залив, предупреди шефот на турската дипломатија Хакан Фидан. – Доколку не се преземат дипломатски мерки против експанзионистичката политика на Израел, кризата што ја предизвика од регионална ќе стане глобална – порача Фидан во вторникот на состанок на министрите за надворешни работи и дипломатите од Блискиот Исток во Јордан. Состанокот ...
Точно во 8 часот и 15 минути, на 6 август 1945 година, над Хирошима блеснала светлина посилна од сонцето. Неколку секунди подоцна, еден јапонски град бил претворен во урнатини, десетици илјади луѓе биле убиени, а човештвото влегло во ерата на нуклеарното оружје. Денеска се навршуваат 81 година откако американскиот бомбардер Б-29 „Инола Геј“ ја фрлил атомската бомба „Литл Бој“, првото нуклеарно оружје употребено во војна. Бомбата експлодирала ...
Хирошима – Хирошима денеска ја одбележа 81-годишнината од американското атомско бомбардирање со повик до светските лидери да работат на целосно укинување на нуклеарното оружје, предупредувајќи дека растечките меѓународни тензии го зголемуваат ризикот од нова нуклеарна катастрофа. Комеморативната церемонија почна со минута молк точно во 8:15 часот, времето кога на 6 август 1945 година експлодираше атомската бомба над градот. Се проценува дека ...
Секој шести Британец презема „драстични мерки“ како спиење во кујна, отсуство од работа или престој во хотели за да се справи со топлотните бранови, покажува истражување на хуманитарната организација „Ситизенс адвајс“. Од организацијата предупредуваат дека милиони луѓе во Обединетото Кралство се „заробени во домови што не можат да ги разладат“, при што речиси половина од испитаниците (44 проценти) посочуваат дека не се во можност да спречат ...
Вселенската компанија Спејс Икс со својот прв деловен извештај по рекордното излегување на берза во јуни ги надмина очекувањата на аналитичарите. Сепак, инвеститорите остануваат претпазливи во однос на тоа дали компанијата на Илон Маск ќе успее да ги реализира своите амбициозни планови. Приходот на Спејс Икс во вториот квартал пораснал за 92 проценти и достигнал 7,8 милијарди долари (6,75 милијарди евра), додека компанијата значително ја ...
Киев и околниот регион вчера беа цел на едни од најсмртоносните напади оваа година, во кои загинаа 17 лица, а најмалку 45 други се повредени Во Киев денеска е прогласен Ден на жалост по вчерашните масовни руски напади, во кои загинаа 17 лица, а најмалку 45 други се повредени. Информацијата на социјалните мрежи ја објави шефот на регионалната воена администрација на Киев, Тимур Ткаченко. „Во знак на жалост, државните знамиња на Украина ќе ...
Дефект во електропреносниот систем го остави поголемиот дел од поранешната советска република Грузија во мрак. Проблемот може да бил предизвикан од планирани тестирања во голема хидроелектрана, јавуваат руските медиуми. Според руските новински агенции, околу 20:00 часот синоќа, големите градови, меѓу кои и главниот град Тбилиси од 3,7 милиони жители, останаа без струја. Претставникот на локалната Комисија за регулација на енергетиката и ...
Мета соопшти дека еден од нејзините модели за вештачка интелигенција, за време на тестирање на сајбер-безбедноста, по грешка добил пристап до интернет и искористил безбедносна ранливост за да пристапи до системите на друга компанија. Според компанијата, до инцидентот дошло поради погрешно конфигурирана тест-околина, за што била одговорна независната компанија „Ирегулар“. Мета наведува дека не станува збор за „бегство“ на моделот од ...
Виена – Австрија регистрира температурен рекорд втор ден по ред. Во Бад Дојч-Алтенбург, населено место во близина на Виена, вчера попладне температурата достигна 41,2°C во 15:40 часот, соопшти „Геосфера Аустрија“ (GeoSphere Austria). Според податоците на „Геосфера“, во историјата на метеоролошките мерења во Австрија никогаш досега немало три последователни дена со температури од 40°C или повеќе. Во понеделникот на 3 август во Виена беа ...
Односите меѓу Соединетите Американски Држави и Бразил дополнително се заострија откако Вашингтон ѝ ја поништи визата на бразилската амбасадорка во САД, Марија Луиза Рибеиро Виоти. Потегот следува само неколку дена по одлуката на Бразил да не издаде визи за американски функционери. Од американскиот Стејт департмент соопштија дека не станува збор за протерување на амбасадорката, туку за дипломатска мерка која може веднаш да биде укината ...
Шефовите на дипломатиите на САД и Велика Британија, Марко Рубио и Ед Милибанд синоќа разговараа за важноста од поголема улога на Европа во нејзината безбедност за време на нивната средба во Вашингтон, соопшти Стејт департментот. Рубио им изјави на новинарите дека Украина исто така била на дневниот ред. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги засили апелите до сојузниците за повеќе ракети за противвоздушна одбрана, додека Русија ги ...
Неколку руски воздушни напади врз електричните објекти на главниот украински снабдувач со енергија (ДТЕК) оставија 126.000 домаќинства во Дњепропетровската Област без струја, соопшти синоќа ДТЕК на социјалните мрежи. Тие домаќинства првенствено се наоѓаат во јужните градови Никопол, Марганец и Покров. Според ДТЕК, иако поправките се веќе почнати, тие ќе потраат бидејќи причинета е голема штета. Според наводите на началникот на воената ...
Летово, Канада беше погодена од огромни шумски пожари кои принудија илјадници луѓе да ги напуштат своите домови и уништија стотици домови. Пожарите дополнително се влошија од екстремните горештини, сувото време и силните налети на ветер. Чадот од пожарот се прошири над дел од САД, поради што властите издадоа предупредувања за лошиот квалитет на воздухот во одредени области. Американскиот претседател Доналд Трамп жестоко реагираше на тие ...
Вооружена група израелски доселеници во текот на ноќта го нападнала палестинското село Хирбет а-Туба, во јужниот дел на Хебронските Ридови на окупираниот Западен Брег, при што биле запалени неколку станбени објекти, јавуваат палестинските медиуми. #شاهد | آثار الدمار عقب إحراق المستوطنين مساكن الأهالي في خربة الطوبا بمسافر يطا جنوب #الخليل pic.twitter.com/fE6DK3POi3 — المركز الفلسطيني للإعلام (@PalinfoAr) August 5, 2026 Според официјалната ...
Министерството за култура на Украина додаде уште двајца руски културни претставници на листата на лица кои претставуваат закана за националната безбедност, пренесува Интерфакс Украина. Според одлуките на министерството, на ажурираната листа се додадени и руската пејачка, поранешен доброволец на бригадата „Оплот“ („Руска православна армија“), воен дописник на агенцијата „АНА-Њуз“ и блогер Аким Гасанов, како и руската актерка Валентина ...
Значително подобрена е ситуацијата со пожарот во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина и противпожарните сили веќе шест ден интервенираат за целосно да биде изгасен, а во конкретниот регион, во последните 10 години, во пожарите изгореле 42 отсто од шумите, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот што во петокот избувна во регионот Виотија брзо се прошири во соседната област Атика, животот го загубија двајца членови на ...
Повеќе од 1.200 жители беа евакуирани по пожар во хемиска фабрика во југозападната кинеска покраина Јунан, при што во воздухот се ослободиле иритирачки испарувања, соопштија денеска локалните власти. Според кинеската агенција Синхуа, пожарот избувнал вчера околу 11:50 часот по локално време во компанијата „Јунан Хаоминг Фајн Фосфорус Кемикал“ во округот Џининг, во Кунминг, главен град на покраината, за време на товарење жолт фосфор. Поради ...
Италија денеска стави 27 градови под највисоко ниво на тревога поради новиот топлотен бран што ја зафати земјата, додека локалните медиуми јавуваат за уште неколку смртни случаи кои се поврзуваат со екстремно високите температури. Според агенцијата АНСА, денеска 25 градови се под црвен аларм, а утре нивниот број ќе се зголеми на 27, бидејќи се очекуваат рекордно високи температури што претставуваат сериозен ризик за јавното здравје. Меѓу ...