Рим, 4 август 2026 (МИА) – Група млади неонацисти на 2 август се обидела насилно да влезе во хотел во Софија во кој биле сместени италијански ученици со еврејско потекло од Рим и Милано и нивните наставници, јавија повеќе италијански медиуми, меѓу кои АНСА, „Кориере дела сера“, „Скај ТГ24“, „Соле 24 оре“, „Џорнале“, РАИ Њуз и „Ла Пресе“. Според нивните информации, кои ги пренесува бугарската агенција БТА, групата неонацисти се собрала пред ...

Анкара, 4 август 2026 (МИА) – Високиот воен совет на Турција денеска ја унапреди полковник Јозлем Карапанар во бригаден генерал. Таа е прва жена генерал во турските военовоздухопловните сили. На денешната седница на Виусокиот воен совет, со кој претседава турскиот претседател Реџеп Тајип Ердогн, беа разгледани и други унапредувањата, назначувањата и пензионирања во вооружените сили на земјата. Турските воздухопловните сили сега имаат нов ...

Атина, 5 август 2026 (МИА) – Значително подобрена е ситуацијата со пожарот во западниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина и противпожарните сили веќе шест ден интервенираат за целосно да биде изгасен, а во конкретниот регион, во последните 10 години, во пожарите изгореле 42 отсто од шумите, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот што во петокот избувна во регионот Виотија брзо се прошири во соседната област Атика, животот го ...

Софија, 5 август 2026 (МИА) – Водостојот на Дунав во Бугарија продолжува да опаѓа и се наоѓа на историски минимум, што ја отежнува пловидбата и сите активности поврзани со реката. Според податоците на Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав, најниското ниво е измерено во близина на Русе, од-94 сантиметри. Мерењата покажаа -85 сантиметри во Орјахово, -77 сантиметри во Силистра, -62 сантиметри во Ново Село, -40 сантиметри ...

Тирана, 5 август 2026 (МИА) - Министерот за одбрана на Албанија, Ермал Нуфи објави дека во текот на изминатите 24 часа бил распореден 727 оперативен персонал за управување со 20 активни жаришта на шумски пожари низ различни делови во државата. Според објавата на Фејсбук, поддршката за локалните власти вклучувала 128 припадници на албанските вооружени сили, противпожарни возила, медицински возила за брза помош и три хеликоптери на ...

Атина, 5 август 2026 (МИА) – Сакам да ги уверам нашите сограѓани дека овојпат ќе се движиме уште побрзо во однос на финансирањето на активностите за обнова на уништените домови, секако, секогаш во рамките на важечката законска рамка, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешниот министерски состанок за мерките за обнова и поддршка на подрачјата погодени од пожарите во западниот дел на областа Атика и истакна дека процените се дека ...

Белград, 5 август 2026 (МИА) – Претседателот на српската Општина Бујановац Арбер Пајазити изјави дека албанскиот конзулат во Бујановац наскоро ќе стане реалност, додавајќи дека за тоа прашање подолго време се разговара со албанските дипломатски претставници и институциите во Тирана. Како што пренесува порталот „Бујановачке“, Пајазити оцени дека поврзувањето на отворањето на албанскиот конзулат во Бујановац со можноста Србија да отвори ...

Атина, 5 август 2026 (МИА) – Француската инвестициска групација „Меридиам“ (Meridiam) специјализирана за инфраструктурни проекти од стратешко значење, како мнозински акционер влегува во компанијата „Грејт си интерконектор“ (Great Sea Interconnector) односно проектот за електрично поврзување меѓу Грција и Кипар, по договорот што попладнево беше потпишан во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. ...

Лондон, 4 август 2026 (МИА) – Цените на нафтата денеска на меѓународните берзи се спуштија под 80 долари за барел, поттикнати од навестувањето дека се преговара за деблокада на Ормуска Теснина. На берзата во Лондон барел нафта се тргуваше за 79,92 долари, што е за 3,85 поевтина од вчера. Додека на американската берза барел нафта се продаваше за 76,18 долари односно за 4,16 долари помалку во споредба со вчера. Берзите на почетокот од неделата ...

Скопје, 5 август 2026 Платформата за родова еднаквост со внимание го следи случајот со 19-годишната Станка Михајлова, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка. Изразуваме поддршка за Станка и нејзиното семејство во овој исклучително тежок период и апелираме нејзините права, достоинство и здравје да бидат ставени во центарот на сите постапки. Бараме надлежните институции ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, во вчерашното гостување на Сител телевизија порача дека, иако беше пропуштен рокот од Реформската агенда, процесот за донесување нов Изборен законик не смее да запре, бидејќи Република Македонија има потреба од суштински изборни реформи кои ќе обезбедат поправеден и подемократски изборен модел, стои во соопштението на Левица, што МИА го пренесува интегрално. „Не заврши ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис зделка од 100.000 ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Еден од најзначајните резултати е ...

Скопје, 5 август 2026 Ние сакаме преку вас до граѓаните да соопштиме една многу важна вест. Таа е поврзана со она што го слушнавме од министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, дека постои, цитирам, таен договор за започнување на преговори со Европската Унија. Денеска оваа прес-конференција е посветена токму на тоа, односно да го разоткриеме, како опозиција, тој план. Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот ...

Скопје, 5 август 2026 Кога дури и Максим Димитриевски, политичар кој не успеа да изгради политичка тежина надвор од националистичката реторика, се осмелува јавно да ги дисциплинира највисоките претставници на Вреди, тогаш проблемот повеќе не е кај Димитриевски. Проблемот е во немоќта и потчинетоста на Вреди. Тие станаа толку слаби што секој во оваа Влада чувствува дека може да им зборува со јазик на ултиматуми, без воопшто да стравува дека ќе ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Водата во Гостивар се уште е опасна, официјално се потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa. Над 50 населени места во земјава имаат загадена вода, тендер патриотите Мицкоски и Клековски ја отруја цела Македонија. И наместо одговорност за овој тотален колапс на здравството, владата на Мицкоски продолжува со импровизации кои го загрозуваат здравјето на луѓето и бизнис зделки на грбот на народот, ...

Скопје, 5 август 2026 Колку ли злоба и неискреност има во СДС, кои дрско се обидуваат да кажат дека има некакви бизниси со водата што Владата бесплатно ја дели на гостиварчани. Талогот во СДС мислел што да искреира, каква лага да лиферува, па измислил дека Владата прави бизнис со компанијата „Кожувчанка“. Но, вистината е дека Владата на тендер ја избира компанијата која, по двојно поевтина цена од пазарната, од само 12,5 денари за литар и пол ...

Скопје, 5 август 2026 СДС и Филипче се обидуваат да собираат политички поени на темата вода во Гостивар, а со години не кажаа ниту збор за случаите на небезбедна вода кои биле евидентирани додека токму тие ја водеа државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на партискиот портпарол Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално. Деновиве објавивме документи, кои јасно покажуваат дека надлежните ...

Скопје, 5 август 2026 На 3 август 2026 година, автобус на „Дурмо Турс“ се запали на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Но, безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано или подоцна. Кога гори автобус на превозник чие име е нераскинливо врзано со Ласкарци, државата нема право ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Приоритет на Владата од преземање на власта беше да ја зачува енергетската сигурност и да ги постави темелите на енергетиката , со најголемите законски реформи во последната деценија и силен инвестициски циклус во обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, изјави на прес-конференција Жан Дрвошанов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Усвоивме ...

Скопје, 5 август 2026 За помалку од еден месец, цената на дизелот се зголеми од 82,5 на 99,5 денари за литар. Тоа се цели 17 денари повеќе, односно зголемување од 20,6 отсто. Зголемувањето во Северна Македонија е приближно четири пати поголемо од просечното зголемување забележано во земјите на Европската Унија во истиот период, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Ова поскапување граѓаните ќе го платат повеќекратно. ...

Скопје, 5 август 2026 Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот“. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните“ политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат. Таму се снаоѓаат како риба во вода. Кај најголемиот дел од нив тоа веќе не е избор, туку е наследство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Во својот последен обид да ја нападне ДУИ, ВЛЕН призна дека не бележи успеси, надвор од секоја пропаганда. Самите тие пишуваат дека ДУИ наводно имала интерес „ВЛЕН да не бележи успеси“. Но, прашањето е едноставно: кои успеси? По повеќе од две години на власт, самиот факт што сè уште зборуваат за успеси што треба да ги постигнат покажува дека немаат ниту еден успех што можат да им го претстават на граѓаните - ...

5 август 2026 Општествениот талог, во кој дел од опозициските структури самите се препознаа, се храни со хистерија, страв и безнадежност, напиша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во објава на Фејсбук, која МИА ја пренесува интегрално. Се обидува да нè убеди дека ништо не може да се промени, дека успехот е невозможен и дека Македонија мора постојано да остане заробена во разочарувања и понижувања. Но, најголемиот пораз на секоја ...

Дебар, 4 август 2026 (МИА) - Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“ ќе се одржи на 20 август, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, седиштето на истоимената Општина. Покровител на овој значаен настан е премиерот Христијан Мицкоски а се одржува во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец. -Македонскиот фолклорен фестивал „ПРЕСПА“ повторно ги обединува Македонците преку песната, орото и ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Во текот на месецот јули, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнале и транспортирале 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. -Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври" се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека-медијатека. Посочуваат дека учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. -Ова е само еден во низата проекти на кои работиме летово со цел подобрување на условите во кои ...

Пехчево, 5 август 2026 (МИА) – Во Пехчево започна реализацијата на проектот за изградба на атмосферска канализација на улицата „Илинденска“ со краците „Мирче Ацев“ и „Даме Груев“, со кој треба да се подобри системот за одведување на атмосферските води и да се намали ризикот од поплавување на овој дел од градот. Од Општина Пехчево информираат дека проектот предвидува изградба на нова атмосферска канализациска мрежа, поставување ревизиони шахти ...

Македонска Каменица, 5 август 2026 (МИА) – Општина Македонска Каменица објави јавен повик за поставување продажни штандови за потребите на манифестацијата „Ден на дијаспората 2026“, која ќе се одржи на 9 август на улицата „Александар Македонски“. Како што информираат од Општината, повикот е наменет за сите заинтересирани правни и физички лица, како и самостојни вршители на дејност, кои сакаат да учествуваат со свои производи и услуги во рамки ...

Скопје, 5 август 2026 (МИА) - Согласно добиени резултати од испитувања, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје, информирајќи за дневните мониторинг - активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Денеска од страна на секторот Санитарна ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.71
20%
1012
weather icon

Белград

36ᴼ / 36ᴼ
0.89
34%
1013
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.34
22%
1013
weather icon

Софија

33ᴼ / 33ᴼ
4.78
23%
1013
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.33
25%
1012
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
1.79
30%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
7.6
36%
1011
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
4.46
22%
1012
weather icon

Подгорица

36ᴼ / 36ᴼ
5.03
27%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
3.58
36%
1014
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.34
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
5.73
100%
1012
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Кобалт

56.29

Калај

56.46

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Родиум

274085.11

Цинк

0.00

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Сребро

1994.05