Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Кочани, 25 јуни 2026 (МИА) - Црвениот крст Општинска организација Кочани денеска ја реализираше редовната јунска крводарителска акција, на која крв даруваа 34 крводарители од кои 8 млади лица. Акцијата е седма по ред што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип. Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани ...
Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Во насока на заштита на животната средина и развој на одржливите практики за управување со отпад, Општина Илинден, во соработка со Центарот за климатски промени и ЈКП Илинден, започна со воспоставување систем за примарна селекција на пластичен отпад. Како што соопштуваат од локалната самоуправа, во рамки на првата фаза од иницијативата, во населеното место Јака биле бесплатно распределени корпи за селекција на ...
Неготино, 26 јуни 2026 (МИА) - Се преврте приколка од товарно возило на автопатот кон Гевгелија. Причинета е материјална штета, потврдија денеска за МИА, од Секторот за внатрешни работи - Велес. - Утрово во осум часот во ОВР - Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија - Гевгелија, после тунел Т-2, П.З., 58-годишник од Република Србија, управувајќи товарно возило „мерцедес“ со приколка со српски национални ознаки, изгубил контрола ...
Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска оствари средба со Бојан Илиевски, победник на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд 2026“. Таа му упати искрени честитки за постигнатиот успех, потенцирајќи го неговото достоинствено претставување на Македонија на регионалната музичка сцена, информираат од Општината. На средбата било истакнато дека Кисела Вода претставува средина ...
Скопје, 11 јуни 2026 (МИА) Даниела МАРКОСКА-АЛЕКСОВСКА Постојат градови што ве оставаат без здив уште при првата средба. Градови чии величествени булевари, монументални градби и раскошни плоштади веднаш го привлекуваат вниманието. Но постојат и места што полека и ненаметливо ви се вовлекуваат под кожа оставајќи трага што долго останува во сеќавањето. Братислава е токму таков град. Сместена на бреговите на моќниот Дунав, словачката престолнина ...
Берлин, 25 јуни 2026 (МИА) - Германецот Андре Ортолф постави нов Гинисов рекорд откако успеа да изеде неверојатни 1.273 грама мед за само 60 секунди, односно повеќе од еден килограм од овој сладок производ. Несекојдневниот настан бил реализиран во Аугсбург, а постигнатиот резултат официјално бил признат од Гинисовата книга на рекорди. View this post on Instagram Ортолф веќе со години е познат како еден од најуспешните рекордери во ...
Лос Анѓелес, 25 јуни 2026 (МИА) - Американската глумица Кејт Хадсон и нејзиниот шпански колега, „оскаровецот“ Хавиер Бардем, на 23 јуни ги снимија првите сцени од новата љубовна комедија во Њујорк. Се работи за филмот „Здраво и Париз (Hello & Paris)“, чиешто снимање допрва почнува. Според описот објавен од „Варајети (Variety)“, приказната е за самовработен архитект (Бардем) и успешен романописец во креативна криза (Хадсон), кои по ...
Вашингтон, 25 јуни 2026 (МИА) - Високите температури можат кај одредени лица да доведат до влошување на постојните здравствени состојби, предупредуваат лекарите. На граѓаните им се препорачува да внесуваат доволно течности, да престојуваат во разладени простории, да избегнуваат директно изложување на сонце и да обрнат внимание на состојбата на своите роднини, соседи и други ранливи лица во нивната околина, советуваат тие.Според надлежните, се ...
Париз, 25 јуни 2026 (МИА) - Ромео Бекам, синот на фудбалската легенда Дејвид Бекам ја доби главната улога во романтичната драма со тениска тематика „Forty Love“. Филмот е во режија на модниот фотограф Пјер-Анж Карлоти, а во главните улоги, покрај Бекам, се појавуваат и Пол Киршер, познат по филмот „Животинското царство“ („The Animal Kingdom“), Гијом Кане, препознатлив по филмот „Плажа“ („The Beach“), како и легендарната француска актерка ...
Вашинтон, 25 јуни 2026 (МИА) - Ако сте стекнале навика да го прескокнувате појадокот, можеби е време повторно да размислите за оваа рутина. Ново истражување покажува дека оваа честа утринска навика би можела да биде поврзана со поголем ризик од когнитивен пад и намалување на волуменот на мозокот кај постарите лица. „Според резултатите од студијата, кај луѓето кои редовно го прескокнуваат појадокот биле забележани повисоки нивоа на биомаркери ...
Канбера, 25 јуни 2026 (МИА) - Џозеф Мекгрејл-Бејтап, австралиски професионален сервисер за клима-уреди и почесен градски гласник, официјално е прогласен за најгласниот човек во светот. Гинисовата книга на рекорди минатата недела го призна звукот на 58-годишниот жител на Канбера како најгласниот збор што некогаш го изговорил човек. Извикот на Мекгрејл-Бејтап е снимен на 2 мај во радиостудио во главниот град на Австралија, со професионален ...
Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Дебатата за возраста кога детето треба да го добие својот прв (паметен) мобилен телефон трае со години. Решение постои, но родителите ретко одлучуваат да го сторат тоа. Родителите честопати не се свесни колку се променил начинот на којшто децата ги користат мобилните телефони. Додека некогаш главно се користеле за повици и пораки, денес на телефонот има цел виртуелен свет. Децата бараат мобилни телефони сè порано ...
Вашингтон, 26 јуни 2026 (МИА) - Американскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Квентин Тарантино и поп ѕвездата Кајли Миног ќе се појават заедно во нов филмски проект. Филмот е во режија на велшкиот режисер Џејми Адамс, но деталите за содржината на филмот засега не се познати. Според првичните информации, во сцените што веќе биле снимани имало и сцени со погреб, како и собир по погребната церемонија. Освен Тарантино и Миног, во проектот ...
Канбера, 26 јуни 2026 (МИА) - Изминатите четири дена плажите во Сиднеј, меѓу кои светски познатата плажа Бондаи, беа затворени откако во близина на брегот на најголемиот австралиски град беа забележани ајкули. Денеска беа затворени плажите Тамарама и Бронте во источните предградија на Сиднеј откако утрово беа забележани ајкули. Бондаи, исто така, беше затворена откако на снимките од апликацијата „ДронШарк“ (Drone Shark) беше забележана голема ...
Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Нови лекови на позитивна листа од јули, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на брифинг со новинарите. - Значи, конечно ќе ги има во аптека Клексан и Фраксипарин, и плус уште еден. Се работи за лекови, антикоагуланси. Генерално, за неколку различни популации. Да кажеме од акутни случаи, постоперативно, за спречување на коагулации после тешки интервенции. На пример после ...
Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжива судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а за кои рече се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако ...
Кочани, 25 јуни 2026 (МИА) - Дваесет и седумгодишен жител на село Градец, виничко, е лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола. Според информациите од СВР Штип, ноќеска во 01:20 часот на улицата Славчо Стоименски во Виница, полициски службеници од ОВР Виница извршиле сообраќајна контрола при што запреле патничко возило „Сеат Ибица“ без регистарски таблички. По извршените проверки ...
Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Триесетгодишен жител на Кавадарци е лишен од слобода откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени и одземени марихуана и ризли. Според информациите од полицијата, синоќа во 20:30 часот, полициски службеници за недозволена трговија со дрога при ОВР Кавадарци го привеле Н.Р. (30) од Кавадарци. При претресот, извршен врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и ризли, по што лицето било ...
Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Родителите на децата што ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс" во Кочани на денешното рочиште доброволно ја напуштија судницата во КПУ Идризово, во знак на револт, откако адвокатите на обвинетите, побараа да се изземе обвинителката Наташа Сарамандова. Александар Наунов, во изјава за медиумите нагласи дека се остава впечаток дека колку повеќе се отвораат доказите и се објаснува нивната содржина, ...
Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Б.(27) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 19.06.2026 на улица „ЈНА“ во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што тој фрлил кеса со бела прашкаста ...
Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Дискотеката „Пулс“ во Кочани започнала да работи, иако притоа не биле исполнети минималните технички услови за работа на објектот, беше кажано од Обвинителството на денешното рочиште на судењето за пожарот во кочанската дискотеката, кое презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство. Следното рочиште е закажано за 1јули со материјални докази од Обвинителство ...
Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) – Без вода денеска ќе биде улицата „Никола Парапунов“ и делови од улиците „Разловечко востание“ и „Вич“ во Карпош, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје. Прекинот на водоснабдувањето, кој ќе почне во 18 часот, е поради санација на два затворачи на улицата „Никола Парапунов“ и ќе трае до завршување на санацијата. Нормализирање се очекува околу 12 часот утре. - Во случај да не бидат исполнети техничките ...
Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Министерството за образование и наука го распиша Конкурсот за доделување на стипендиите „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус во рамки на Паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк за академската 2026/2027 година. Конкурсот предвидува 20 стипендии за вонредни двегодишни студии со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, кои се реализираат на Европскиот кампус на ...
Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, го објави повикот за номинации за Наградата за младинско учество 2026 – традиционално признание за младите кои со својот ангажман придонесуваат за позитивни општествени промени. Наградата има за цел да ги препознае поединците и организациите кои активно работат ...
Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Несоодветни сместувачки услови во дел од затворите, предизвици во обезбедувањето навремена и достапна здравствена заштита, недоволна кадровска екипираност на институциите, недостиг на специјализирани обуки за дел од персоналот, како и материјално-технички недостатоци кои директно влијаат врз квалитетот на третманот и условите во кои престојуваат лицата лишени од слобода, се констатира во извештајот на Национален ...
Скопје, 26 јуни 2026 (МИА) - Музичко-сценски перформанс во кој ќе бидат вклучени над 120 македонски уметници ќе биде организиран по повод одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Тој, како што е предидено, треба да се одржи на отворено во 14-15 градови во Македонија, а низ уметничка перспектива ќе бидат прикажани сите моменти кои не направиле горди, среќни, кои не обединуваат или, како што велат организаторите, се она што било ...
Неготино, 26 јуни 2026 (МИА) - Да се зголеми пристапноста за лицата со попреченост и нивна поголема инклузија, побараа денеска од здружението „И јас сум“. „Може ли градот да биде дом за сите“, беше насловен онлајн - настанот што го реализираше ова Здружение за поддршка и развој. На средбата беше претставен извештајот за состојбата со пристапноста за лицата со попреченост, во општините Кавадарци, Неготино, Демир Капија и Градско. Беа опфатени ...
Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Соседна држава шири информација ЕУ да не и помага финансиски на Македонија, да и се скратат сите фондови како ЕУ, затоа што ако и помага, Македонија ќе напредува, а во спротивно, ако нема ЕУ фондови за земјава, тогаш ќе дојде пред банкрот, ќе биде приморана да клекне, да моли и на тој начин да се реализира тоа коешто се бара од нив. Ова го соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница врз ...
Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Новото раководство нема намера да ги игнорира или релативизира утврдените слабости. Ги прифаќаме наодите од Извештајот и веќе спроведуваме мерки за отстранување на затекнатите состојби, велат од АД МЕПСО откако денеска Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на оваа компанија за 2024 година. - За МЕПСО, ревизорскиот извештај претставува важен институционален механизам за утврдување на реалната ...
Скопје, 25 јуни 2026 (МИА) - Намалена употребата на антибиотици, додека од друга страна - метформин, пантопразол и дијазепам во најголем дел се употребувани од граѓаните. Ова меѓу другото го кажа директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, на денешната прес-конференција. На средбата со новинарите, Клековски говореше за лековите во државава 2023-2025 година во три сегменти: позитивна листа А, болнички лекови и лекови во ...