Скопје, 22 јуни 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници, а две лица под дејство на алкохол, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Четири лица во Гостивар (еден малолетник) управувале возило без возачка дозвола, три лица во Штип, (еден бил и ...

Скопје, 22 јуни 2026 (МИА) - Во последното деноноќие регистрирани се вкупно девет пријави за семејно насилство и лишени од слобода се седум лица, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во Гевгелија, вчера во 17:26 часот полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.С. (51) од Гевгелија, постпаувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во гевгелиско село физички ја нападнал неговата 50-годишна ...

Скопје, 23 јуни 2026 (МИА) - Полициски службеници синоќа лишиле од слобода две лица од Скопје, откако во возило кое го управувале и поседувале се пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, а возачот управувал без возачка дозвола. -На улица „Јадранска магистрала“ во Скопје, синоќа околу 22:50 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, во содејство со полициски службеници од Полициското ...

Скопје, 22 јуни 2026 (МИА) - Ребалансот на Буџетот ќе се разгледува утре на седница на Владата, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, споделувајќи дека ќе има нагорна корекција на буџетскиот дефицит поради зголемените потреби за финансирање на капитални инвестиции. - Планот е утре на редовна владина седница да се разгледува ребалансот на Буџетот. Она што во овој момент можам да го кажам е дека ќе имаме одредена ...

Скопје, 22 јуни 2026 (МИА) - АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа. -Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на ...

Скопје, 22 јуни 2026 (МИА) - Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 3,50 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 7 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ). Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР ...

Штип, 22 јуни 2026 (МИА) -Жетвата на јачменот во Штипско и Овче Поле е во полн ек, а речиси 50 проценти од површините веќе се ожнеани.Гоце Серафимов, потпретседател на Асоцијација на земјоделци, вели дека откупната цена, понудена од откупувачите е од 9 до 10 денари за килограм и е незадоволителна, бидејки не ги покрива трошоците за производство. Земјоделците во пресрет на жетвата на пченицата бараат откупната цена да не биде под 16 денари за ...

Скопје, 22 јуни 2026 (МИА) - Во услови на глобална неизвесност, брзи промени и сè посложени предизвици, градењето отпорни институции е клучно за обезбедување стабилност, развој и доверба на граѓаните во државата, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на ЦЕФ Форум 2026, кој денеска се одржа во Скопје на тема „Управување во услови на неизвесност и градење отпорни јавни институции“ во организација на Министерството за ...

Скопје, 23 јуни 2026 (МИА) - Зголемените приходи не се доволни за покривање на дефицитот за исплата на пензиите во 2024 година, поради што се вршат трансфери од Буџетот на државата кои учествуваат со 36,71 отсто во вкупните приходи на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, велат од Државниот завод за ревизија по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот за 2024 ...

Скопје, 23 јуни 2026 (МИА) - Годишната стапка на промена на цените на основните прехранбени производи во јули годинава да биде под 3 проценти. Таа цел е дефинирана на вчерашната средба во Владата со претставници на најголемите ланци на маркети, а во таа насока, како што најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, ќе се одржат средби и со производителите и дистрибутерите и добавувачите. Во меѓувреме, Државниот пазарен инспекторат ќе прави ...

Скопје, 23 јуни 2026 (МИА) - Денес, дијалогот не е избор. Тој е неопходност за да се обезбеди мир, кој пак, не е состојба што еднаш засекогаш се постигнува. Мирот е процес на постојано градење доверба. Не постои траен мир без разбирање. Не постои разбирање без разговор. И не постои вистински разговор без подготвеност да се слушне другиот. Мирот и единството се аспирации кои ги надминуваат националните граници, затоа треба да се работи заедно ...

Скопје, 23 јуни 2026 (МИА) - Владата останува цврсто посветена на модернизација на јавната администрација, дигитализација на услугите и намалување на бирократските процедури, со цел институциите да бидат поблиски до граѓаните, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на настанот по повод Денот на јавната администрација. - Денес оддаваме признание на една служба која е столб на секоја современа и успешна држава. Затоа што државата не е само ...

Скопје, 23 јуни 2026 (МИА) - Мирот започнува со дијалог. Развојот се гради преку соработка. Единството започнува со меѓусебно почитување. А иднината им припаѓа на оние кои имаат храброст да разговараат, да соработуваат и да градат заедно, порача денеска поранешниот претседател на Република Македонија Ѓорѓе Иванов на дводневната меѓународна конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ што денеска и утре се одржува во Скопје. На конференцијата ...

Скопје, 23 јуни 2026 (МИА) - Светот се соочува со безбедносна и демократска криза, зголемен број конфликти и промена на глобалниот поредок - униполарниот свет повеќе не постои и се движиме кон мултиполарен систем, со повеќе центри на моќ. Потребни се реформи, поголема соработка и нов пристап кон мирот и стабилноста – но НАТО останува клучен фактор за стабилност, особено на Балканот. Проширувањето на ЕУ е неизвесно, а според некои дури и ...

Скопје, 19 јуни 2016 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) работи на подготовка на нова одлука за висината на надоместоците на ветеринарните друштва. Како што информира за МИА, го очекува ребалансот на буџетот за да види колку дополнителни средства ќе бидат одобрени. Во врска со заостанатите обврски од 2025 година, наведува дека се веќе доставени до трезорот, а исплатата се врши согласно утврдената динамика од Министерството за ...

Скопје, 21 јуни 2026 (МИА) - За ВРЕДИ, културата не е само уметност, туку вредност што ги обединува граѓаните и го зајакнува идентитетот на општеството. Спектакуларниот концерт на Филхармонијата на Северна Македонија, кој собра илјадници граѓани во Градскиот парк, ја потврди токму оваа моќ на културата да ги зближува луѓето надвор од сите разлики, пишува ВРЕДИ во соопштение што МИА го објавува интегрално. Со три оркестри, три хора и повеќе од ...

Скопје, 21 јуни 2026 (МИА) - Левица бара Владата итно да интервенира за заштита на домашните млекопроизводители, да обезбеди целосен откуп на домашното млеко по цена над 30 денари за литар и да воспостави построги контроли врз увезеното млеко и млекото во прав од Србија, со цел да се зачува домашното производство и да се спречи негово дополнително уништување. Левица во соопштение што МИА го пренесува интегрално информира дека пратеникот од ...

Скопје, 21 јуни 2026 (МИА) - За неполни две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализираше бројни проекти и политики што придонесуваат за економски раст, инфраструктурен развој и подобар животен стандард, соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Економските показатели покажуваат раст на БДП од над 3 проценти во 7 последователни квартали. Отворени се 17.000 нови работни места, ...

Скопје, 21 јуни 2026 Пратеничката група на СДСМ и коалицијата, по темелна анализа и врз основа на директните забелешки и предлози од синдикатите и претставниците на судската и јавнообвинителската служба, поднесе вкупно 82 амандмани на предложените законски решенија за судската и јавнообвинителската служба, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Од нив, 55 амандмани се однесуваат на Законот за судска служба, 27 на Законот ...

22 јуни 2026 - Организираната криминална група ВМРО и нејзината тендер коалиција со ЗНАМ завршија со првичните разговори за реконструкција на Владата. Сега следуваат „финални консултации“. Преведено на јазикот на реалноста: тендер коалицијата се префарба за да продолжи со истата политика на криминални тендери, задолжувања и изолација - се вели во соопштението од СДСМ што МИА го објавува интегрално. ЗНАМ, приватно здружение на Максим ...

22 јуни 2026 Две години по доаѓањето на власт на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, ветувањата дадени пред граѓаните останаа само празни зборови, пишува во денешното соопштение на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Анализата на програмата „Платформа #1198“ покажува дека по две години дури 90% од ветувањата не се исполнети. Мицкоски и ВМРО ветуваа повисок животен стандард, а денес паричниците и фрижидерите на граѓаните се попразни. Ветуваа ...

22 јуни 2026 Владата гради посилна економија, просечната нето-плата зголемена за скоро 8.000 денари, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека економската политика дава резултати. Стандардот на граѓаните постојано се подобрува, а платите континуирано растат. Македонската економија бележи стабилен раст веќе 7 квартали по ред, со БДП од 3%, што е јасен показател ...

22 јуни 2026 Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање, дека сметаат оти македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега како источниот сосед го негира македонскиот идентитет, сепак ...

Скопје, 22 јуни 2026 - После две години од Владата на ВМРО, вистината денес е дека наместо поголем, животниот стандард на граѓаните е намален - народот живее потешко, поскапо и понеизвесно. Нема ништо од ветувањата на ВМРО за зголемен животен стандард, за повисоки плати, за достоинствен живот на социјално ранливите категории на граѓаните, рече Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ на прес-конференцијата која МИА ја ...

Дебар, 21 јуни 2026 (МИА) - Општина Дебар започна со реализација на еден од значајните инфраструктурни проекти за градот, изградба на јавни паркинзи, со цел подобрување на сообраќајниот режим, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за граѓаните и посетителите на градот. -Основниот проект за паркинзи во град Дебар (Книга 1 – Паркинг 2 и Паркинг 3) претставува инвестиција со вкупна вредност од 16.215.470 денари. Ќе ...

Битола, 21 јуни 2026 (МИА) - Зоран Ѓоргиев, публицист и истражувач од Битола ја промовира книгата „Приказните од Широк сокак“, во која е фокусиран на куќите на главната битолска улица и старите битолски фамилии чии судбини, како што посочува авторот Ѓоргиев, се вткаени во Широк сокак. На промотивниот настан во Битола, авторот Ѓоргиев истакна дека Широк сокак отсекогаш бил повеќе од улица, тоа е место каде се среќавале генерации, каде се ...

Крива Паланка, 21 јуни 2026 (МИА) - Општина Крива Паланка спроведе награден конкурс за кратки видеа со еколошки пораки на тема „Реката не е депонија – твојата одлука прави разлика“, во рамки на проектот „Интегрирање на родовата перспектива во обезбедување на локални услуги во Југоисточна Европа преку НАЛАС“ поддржан од НАЛАС и ЗЕЛС, а финансиран од UN WOMEN. Tрите најкреативни видеа со најсилна порака согласно критериумите добија парични ...

Кремаст, природен и неодоливо освежителен – овој домашен сладолед од ванила е вистинско летно уживање. Подготвен со вистинска ванила и збогатен со освежителен малинов прелив, ќе ве освои со својата нежна текстура и богат вкус. Совршен десерт за топлите денови, кој лесно може да го направите и дома. Потребни состојки: 180 мл слатка павлака (за шлаг) 5 јајца (по можност домашни) 300 мл полномасно млеко 1 стапче ванила (само семките) 115 грама ...

Лондон, 19 јуни 2026 (МИА) - Археолозите во Велика Британија веруваат дека откриле сончева набљудувачница, слична на Стоунхенџ, но постара и многу поедноставна - на околу пет километри од светски познатиот споменик на праисторијата. Денес, за новооткриената структура сведочат само две дупки во земјата, но истражувачите велат дека на ова место, веројатно, биле сместени дрвени столбови коишто, како кај Стоунхенџ, биле порамнети со Сонцето за ...

Букурешт, 19 јуни 2026 (МИА) - Романија ќе добие нова туристичка атракција од европски размери, највисоки пешачки висечки мост во Европа. Мостот ќе биде изграден во општина Парва, во регионот Бистрица-Насоуд. Парва со мостот долг приближно 620 метри, на висина од речиси 200 метри, би била една од најатрактивните туристички дестинации во Романија, нудејќи незаборавно искуство за посетителите и љубителите на авантурите. Процените покажуваат ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.3
41%
1017
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
1.14
55%
1017
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
0.75
46%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.29
60%
1019
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.52
54%
1017
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.42
85%
1020
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
4.02
42%
1014
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.48
63%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.69
55%
1017
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
47%
1017
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
0.45
41%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 23ᴼ
4.57
77%
1016
Currency

61.6417

Currency

54.1986

Currency

71.5475

Currency

37.4206

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Сребро

1907.42

Злато

131629.35

Бакар

12.34

Рутениум

49029.89

Платина

52341.42

Калај

50.34

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29

Цинк

0.00

Алуминиум

3.17

Паладиум

38420.14

Иридиум

233896.68