Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
19 јуни 2026 Филипче надградена верзија на Заев кој потпиша бел лист хартија со Бугарија, слепо ги прифаќа сите бугарски диктати само за власт, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ - интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бране Петрушевски, што МИА го пренесува интегрално. Додека СДС беше на власт, Венко Филипче и Зоран Заев, жедни и лакоми за ден повеќе на власт, прифатија и потпишаа бланко бел лист хартија со Бугарија. ...
19 јуни 2026 Бројките потврдуваат - близу 17.000 повеќе вработени лица и намалена невработеност, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ - интегрален текст од прес-конференција на пратеникот Бојан Стојаноски, што МИА го пренесува интегрално. Официјалните податоци за пазарот на трудот потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ даваат конкретни и мерливи резултати. Во првото тримесечје од 2026 година во ...
19 јуни 2026 - Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен - се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично ...
Скопје, 19 јуни 2026 Најавите на Владата за подготовка на нова законска рамка за изградба на дата центри отвораат сериозни прашања поврзани со енергетската политика, користењето на природните ресурси и долгорочниот јавен интерес. ДОМ смета дека пред да се пристапи кон измени на законите и создавање поволности за нови инвестиции јавноста има право да добие јасни одговори за ефектите што овие проекти ќе ги имаат врз енергетскиот систем, ...
20 јуни 2026 Предлог-законот за судска служба на Министерството за правда, наместо да претставува реформски чекор напред, е опасен обид за враќање на судството две децении наназад и за дополнително зајакнување на влијанието на извршната власт врз судската власт, се наведува во соопштението од ПП Левица, што МИА го пренесува интегрално. Токму затоа Левица поднесе 50 амандмани, изработени врз основа на предлозите и забелешките на синдикатите и ...
20 јуни 2026 Навршуваат две години од владеењето на Христијан Мицкоски и организирана криминална група ВМРО. Она што граѓаните го добија не е подобар живот, туку економски колапс, политичка изолација и континуирано лажење, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Економијата е во длабока криза, по две години власт, буџетот е практично пред колапс. До јуни е потрошен скоро целиот планиран дефицит за целата 2026 ...
Скопје, 20 јуни 2026 Додека граѓаните се соочуваат со економски колапс, поскапувања, зголемување на сиромаштијата, организираната криминална група ВМРО и ЗНАМ продолжуваат со театарска претстава наречена „реконструкција на Владата“, стои во соопштението на СДСМ што МИА го објавува интегрално. Денеска е закажана нова средба, меѓу ВМРО и ЗНАМ - непостоечко здружение, сателит на Мицкоски кое се распаѓа, и кои за себе велат дека нивните кадри ...
Скопје, 20 јуни 2026 Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на зајакнување на македонската економија преку стабилни и одговорни економски политики, создавање поволна бизнис-клима и континуирано намалување на невработеноста. Целта е да се обезбедат повеќе работни места, повисок животен стандард и подобри економски перспективи за граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално. Официјалните податоци на ...
Скопје, 20 јуни 2026 Филипче со месеци испраќа сигнали и пораки во јавноста дека е подготвен на нова национална отстапка, што е уште една потврда дека СДС и Филипче, би направилe се за да дојде на власт. Филипче размислува исто како Заев, да потпише се што ќе му биде ставено на маса. Токму тие бланко-листови што ги потпишуваа додека беа на власт ја доведоа Македонија во позицијата во која се наоѓа денес, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што ...
Делчево, 19 јуни 2026 (МИА) – Пешачкиот мост во Делчево повторно бил цел на вандалски оштетувања, поради што локалната самоуправа донесе одлука тој привремено да биде затворен за користење сè до неговата целосна санација и обезбедување безбедни услови за движење на граѓаните. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски информираше дека мостот со години наназад во повеќе наврати бил оштетуван на различни начини, а ваквите постапки директно ја ...
Демир Хисар, 19 јуни 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, директорот на Домот на културата „Илинден“ Демир Хисар, Славче Велјановски и претседателката на ПРО ЛОКАЛ од Битола и координатор на проектот „Младински политики по мерка на младите“, Емилија Ѓероска, денеска отворија ново кино во Демир Хисар. На свеченоста во Демир Хисар, градоначалникот Никола Најдовски истакна дека општината и во иднина ќе продолжи ...
Виница, 19 јуни 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, како што информираат од неговиот кабинет, продолжува да ги вреднува, поддржува и наградува трудот, знаењето и креативноста на младите, кои со своите идеи се позитивен пример и инспирација за целата заедница. Имено, денеска тој имал средба со учениците и нивните менторки од ООУ „Гоце Делчев“, кои со својата посветеност и тимска работа создле исклучително ...
Штип, 19 јуни 2026 (МИА) - Штипско културно лето (ШКЛ) 2026 го има своето 41. издание со богата и разновидна програма што ќе донесе нови културни доживувања за граѓаните и посетителите. Свеченото отворање ќе биде збогатено со настапот на оперската пејачка Виолета Арсовска, а како што најавија организаторите на денешната прес-конференција, ќе има и настапи на странски уметници. Публиката ќе има можност да ужива во концерти, театар, изложби и ...
Дебар, 19 јуни 2026 (МИА) - Македонското здружение „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ организира курсеви по кошарка за деца и млади од 6 до 17 години, што се случува за првпат. -Со големо задоволство информираме дека од денеска почна пријавувањето за сите заинтересирани деца. Особено сме горди што можеме да споделиме дека децата од македонската заедница ќе ги посетуваат овие курсеви бесплатно, додека за сите останати деца ќе се применува симболична цена, ...
Скопје, 20 јуни 2026 (МИА) - Без вода денеска ќе биде еден дел од централното градско подрачје. Прекинот ќе почне во 09 часот поради санирање на дефект на затварачи на водоводна линија на булеварот „Крсте Мисирков“ и „Кеј Димитар Влахов“. Без вода ќе бидат МАНУ, Граѓанскиот суд Скопје, Младинскиот културен центар, Универзитетската Библиотека, Универзитетот Св. “Кирил и Методиj”, трговскиот центар Мавровка, дел од Турска чаршија, Саат Кулата, ...
Битола, 20 јуни 2026 (МИА) - Најновото издание на „БитФест“ почна со спектакл и овации за актерите и музичарите кои синоќа во големата сала на НУ Центар за култура во Битола го изведоа мјузиклот „Као, какао“. Љубовната приказна напишана од Венко Андоновски, инспирарана од музиката на Влатко Стефановски, а во режија на Дејан Пројковски, битолската публика ја награди со долготраен аплауз, заеднички пеејќи ги познатите хитови „Чукни во дрво“, ...
Скопје, 20 јуни 2026 (МИА) - Без струја денеска ќе бидат дел од жителите на скопската населба Кисела Вода. -Без електрична енергија ќе останат - во периодот од 08:30-15:30 часот на ул.Герника 1,2,3,4,5,6,7,8,9 и 10, ул.Иван Хаџиниколов 1,3,5,7 и 9 и дел од ул.Методија Патчев и ул.Амтон Димитров (општина Кисела Вода), соопшти РЦУК по добиено известување од ЕВН. нд/ Фото: МИА архива Скопје, 20 јуни 2026 (МИА) - Без струја денеска ќе бидат дел ...
Скопје, 20 јуни 2026 (МИА) - Во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“ синоќа на Плоштад „Скендербег“ се одржа „Скопска Софра“, посебна вечер посветена на народната музика, традицијата и културните вредности кои со генерации се дел од идентитетот на Скопје. Како што соопшти Општина Чаир, со присуство на стотици граѓани, уметници и бројни гости, вечерта била исполнета со свечена атмосфера, каде песната и играта го обединија ...
Вашингтон, 19 јуни 2026 (МИА) - Вештачката интелигенција нема да доведе до намалување на бројот на работни места, туку напротив, ќе создаде недостиг од работна сила, бидејќи ќе им овозможи на луѓето да препознаваат и решаваат повеќе проблеми отколку досега, изјави американскиот милијардер Џеф Безос. Основачот на Амазон на технолошкиот саем Виватек (VivaTech) во Париз, се осврна на сè почестите тврдења дека вештачката интелигенција ќе замени ...
Вашингтон, 19 јуни 2026 (МИА) - Епл не претставил нов ајпод уред уште од 2019 година, по создавањето на последната верзија на ајпод тач. Во тој период Ајфон ја презел неговата, како и на многу други самостојни уреди, со што исчезнала потребата од производот кој некогаш претставувал најголем извор на приходи за компанијата. Но и покрај тоа, старите модели повторно стануваат популарни, особено меѓу припадниците на генерацијата З. „Во февруари, ...
Скопје, 19 јуни 2026 (МИА) - На предлог на Министерството за здравство, Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје, со цел воспоставување поефикасен и поодржлив систем за итен медицински одговор, скратување на времето на интервенција и унапредување на капацитетите за спасување човечки животи. „Одвојувањето на Итната медицинска помош претставува значајна системска реформа насочена кон зајакнување на ...
Скопје, 19 јуни 2026 (МИА) - Коалицијата „Менуваме“ поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција против министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, врз основа на наводи поврзани со член 353 од Кривичниот законик - изјави на денешната прес-конференција, Суарет Алишан, координатор на „Менуваме“. Како подносител на кривичната пријава се јавува коалицијата за застапување ...
Скопје, 19 јуни 2026 (МИА) - Полициски службеници синоќа го привеле Б. С. (30) од Република Србија бидејќи со „порше“ возел 188 километри на час на автопатот Куманово - Скопје, кај клучката „Рафинерија“. - При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „порше“, со српски регистарски ознаки, управувано од Б. С. (30). По извршеното мерење, било констатирано дека возачот се движел со ...
Скопје, 19 јуни 2026 (МИА) - Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и организацискиот директор Нехад Нухи излегуваат од притвор откако Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на одбраната и позитивно мислење од Обвинителството, донесе одлука со која се прифаќа понудената гаранција со хипотека на имот и им определи мерки на претпазливост. Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ...
Скопје, 19 јуни 2026 (МИА) - Јавното обвинителство информира дека е известено за смртта на поранешниот генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, Љупчо Грнчиштанов, кој беше опфатен со обвинението за трагедијата во Кочани. Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. ...
Битола, 19 јуни 2026 (МИА) - СВР Битола информира дека во битолските села Крклино и Меџитлија, пронајдени се неексплодирани гранати од Првата светска војна. Во СВР Битола, Б.М. (55) од село Крклино, битолско, пријавил дека при вршење земјоделски работи во неговиот двор пронашол неексплодирана граната. Од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната и е констатирнао дека се работи за неексплодирана граната со ...
Скопје, 19 јуни 2026 (МИА) – Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот ...
Скопје, 19 јуни 2026 (МИА) - На 19.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода И.П.(22) од Скопје и К.Т.(32) од Сојузна Република Германија затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 18.06.2026 во 14:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Бледски Договор“ во Скопје се случиола ...
Скопје, 19 јуни 2026 (МИА) - По завршена истрага Основното јавно обвинителство Куманово денеска поднесе Обвинителен акт против 25-годишен жител на Старо Нагоричане осомничен дека извршил четири кривични дела „убиство“ од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик, како и два обиди за убиство од истиот квалификуван облик. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик му се заканува казна затвор ...
Неготино, 19 јуни 2026 (МИА) - ОВР - Неготино, до Основното јавно обвинителство - Кавадарци, поднесе кривична пријава против 52-годишен неготинец поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес. - На земјиште во негова сопственост на место викано „Дубровско“ во Неготино, без да поседува соодветна документација, ...