Атина, 16 март 2026 (МИА) - Не се иницира прашање за вклучување на нашата земја во операции во Ормуската Теснина, нагласи портпаролот на грчката влада, Павлос Маринакис, на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Одговарајќи на новинарско прашање, што ќе прави Грција во случај ЕУ да ја прошири операцијата „Аспидес“ („Штитови“) и во Ормуската Тесниан, Маринакис објасни дека конкретната европска операцијата ...

Никозија, 16 март 2026 (МИА) - Како ЕУ, треба да бидеме повеќе присутни и поактивни во однос на овој конфликт. Исто така, треба да ја прошириме нашата силна солидарност кон Советот за соработка на Заливот и кон Либан во врска со обврските што ги имаме преземено - посочи шефот на кипарската дипломатија Константинос Комбос при пристигнувањето на Советот за надворешни работи на Европската Унија, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) – Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026. - Треба да излеземе на теренот и да одиграме храбро против еден доста сериозен противник. Данска е фаворит на хартија, но теренот ќе покаже како ќе биде на крајот. Ние нема од што да се плашиме. Психолошкиот притисок да се добие натпреварот е ...

Брисел, 16 март 2026 (МИА) - Трилатералните енергетски разговори меѓу Унгарија, Словачка и Украина, кои требаше да се одржат денеска во Брисел, се откажани бидејќи украинската страна не се согласи да учествува. Веста ја потврди унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, кој рече дека Унгарија ќе се брани и покрај тешкотиите. Сијарто објави на социјалната мрежа X дека состанокот на министрите за енергија на трите земји пропаднал ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање. -63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање. Засекогаш ќе останат дел од нашите мисли, нашата тишина и нашето сеќавање, напиша премиерот. Во Фејсбук објавата, Мицкоски сподели ...

Куманово, 16 март 2026 (МИА) - Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ го реализираше вториот дел од регионалниот проект „Суперучилиште“, преку кој гимназијата беше домаќин на ученици и професори од мешовитото средно училиште „Младост“ од Тиват, Црна Гора, информираа денеска од „Гоце Делчев“. Проектот, кој се реализира преку партнерство меѓу двете училишта, се фокусира на темата „Глас на младите од Балканот“, ставајќи акцент на улогата на ...

Струга, 16 март 2026 (МИА) - Четириесет годишно лице од Струшко ноќеска управувало моторно возило со 1,64 промили алкохол во крвта и без положен возачки испит, полицијата го исклучила од сообраќај, а возилото е одземено. СВР Охрид денеска соопшти дека во 1 часот и 5 минути по полноќ кај месноста „Мороишки мост“ на регионалниот пат Струга-Враништа, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода А.Х.(40) од струшкото село Лабуништа. - ...

Тетово, 16 март 2026 (МИА) - Судскиот процес за повеќе кривични дела поврзани со изградбата на новиот објект за потребите на тетовските театар и библиотека за што се обвинети четворица луѓе и едно правно лице во Основниот суд во Тетово почна од почеток со оглед дека поминале 90 дена од почетокот на главната расправа. Бранителите на обвинетите и обвинителот се согласија да се репродуцираат досегашните записниците со што беше овозможено да ...

Куманово, 16 март 2026 (МИА) - Кумановци, вечерва, со почеток во 20 часот, на градскиот плоштад ќе им оддадат почит на починатите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани - информираа денеска од општина Куманово. Во знак на сеќавање и почит кон прерано згаснатите животи во трагичниот настан во Кочани, на кумановскиот градски плоштад ќе се одржи достоинствен помен „Срце за 63 светлини“, со поддршка на Фондацијата за култура и спорт - ...

Кочани, 16 март 2026 (МИА) - Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња - 63 животи“ во Паркот на револуцијата и со комеморативен настан во Центарот за култура „Бели мугри“ денеска во Кочани беше одбележана годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој на 16 март минатата година згаснаа животите на 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Одбележувањето почна утрово со поставување 63 бели столчиња наредени на ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 7 денари за литар, а „евродизелот“ (Д-Е V) поскапува за 6,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на „евросупер БС-95“ изнесува 86,5 денари за литар, 88,5 денари ќе чини „евросупер БС-98“, 92 денара ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Кровна фотоволтаична централа со вкупен капацитет од 2,1 мегават ќе биде инсталирана на кровните површини на основните училишта на територија на општина Ѓорче Петров преку јавно-приватно партнерство (ЈПП). -Со денеска потпишаниот Договор за ЈПП и со реализацијата на овој проект, Општина Ѓорче Петров ќе ја добие најголемата фотоволтаична централа на кровна површина на јавни објекти во Република Македонија, со што ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш, и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ. Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по одлуката за ...

Атина, 16 март 2026 (МИА) - Грција се залага за целосна примена на меѓународното право, почитувањето на правата на цивилите и, секако, враќање на дипломатијата наместо војната. Особено во однос на слободата на пловидба, Грција го поддржува слободното движење на сите бродови во поширокиот регион и го повикуваме Иран да ги почитува правилата на меѓународното морско право - посочи шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис при ...

Куманово 16 март 2026 (МИА) - Полицијата уапси жител на општина Старо Нагоричане, бидејќи предизвикал пожар во туѓ имот, соопшти денеска МВР. -Вчера, во 12:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.П. од село Алгуња, општина Старо Нагоричане. Тој се сомничи дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, запалил сува трева и стрниште и предизвикал пожар во имот сопственост на Г.С.(60) од Куманово, при што биле ...

Ресен, 16 март 2026 (МИА) - Во Општина Ресен се одржа втора средба на Форумот на населението на Преспа, активност која е составен дел на проектот Пулс, финансиран од ЕУ во рамки на програмата CERV. Домаќин на форумот беше градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски кој заедно со градоначалниците на општините Преспа од Грција и Пустец од Албанија, и во соработка со здруженија на граѓани од трите држави расправаа на повеќе теми. -Главни ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Поради спуштање на ладна воздушна маса, следните денови не очекува промена на времето. Ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои во западните делови ќе бидат пообилни. Врнежите на повисоките места можно е да преминуваат во дожд и снег, а на планините од снег. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Во среда во источните делови ќе дува умерен ветер претежно од јужен правец, а во ...

Лондон, 16 март 2026 (МИА) - Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, искажа пофални зборови за резултатите на Големата награда на Кина, каде што победи неговиот клупски колега Андреа Кими Антонели. - Антонели ќе го памети овој ден засекогаш. Но, знаете, во неговиот случај, беше само прашање на време. Тој е неверојатен возач со огромен талент и сигурен сум дека го очекува напорна сезона, изјави Расел за прес-службата на Формула 1. Расел заврши втор, ...

Бања Лука, 16 март 2026 (МИА) – Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, денеска ненадејно поднесе оставка по можноста неговиот мандат да биде оспорен од суд поради начинот на кој беше назначен и избран. - Ја поднесов оставката и имав консултации со претседателот на РС (Синиш Каран). Тој рече дека повторно ќе ме номинира за мандатар и дека владата во овој состав има негова целосна поддршка – изјави Миниќ пред новинарите во Бања Лука. Цело ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Прометот од продажбата на услугите е зголемен за 0,3 проценти во четвртото тримесечје од 2025 година во однос на истото тримесечје од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во четвртиот квартал лани, во споредба со истиот квартал од претходната година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 3,8 проценти има во секторот Стручни, научни и технички дејности и од 3,4 проценти во ...

Мадрид, 16 март 2026 (МИА) - Реал Мадрид го објави својот состав за реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Натпреварот ќе се одржи утре (17 март) со почеток во 21 часот. Во составот се наоѓаат и Килијан Мбапе, Џуд Белингам и Алваро Карерас кој закрепнаа од повредите. Голмани: Тибо Куртоа, Андриј Лунин, Фран Гонзалез. Одбранбени играчи: Дани Карвахал, Давид Алаба, Трент Александар-Арнолд, Алваро ...

Бања Лука, 16 март 2026 (МИА) – Основниот суд во Бања Лука го прогласи Милорад Додик, лидерот на владејачката партија во Република Српска, за виновен за дискриминација на ЛГБТИ лица, соопшти денеска Сараевскиот отворен центар (СОЦ), кој исто така поднесе тужба против Додик. Тужбата беше покрената поради застапувањето на Додик за прогонот на ЛГБТИ активистите во 2023 година, кои беа нападнати од хулигани во тој град. Потоа, Додик го оправда ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Граѓаните и посетителите на паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi сервис и да користат сигурна интернет-врска. Аеродром е една од 500-те општини во регионот што добиваат Wi-Fi мрежа поставена во рамките на иницијативата WIFI4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од страна на GIZ како дел од проектот ...

Лос Анџелес, 16 март 2026 (МИА) - Австралиската глумица Никол Кидман на „Црвениот тепих“ на „Оскарите“ се појави во гламурозен фустан од „Шанел“, направен од свилен материјал во светлорозова нијанса и богато украсен со кристали и монистра на горниот дел. Но, она што, според познавачите, остави посебен впечаток беше струкот украсен со пердуви во тонови на розова, беж и боја на кајсија. Пердувите се спуштаа по здолништето, создавајќи ...

Кочани, 16 март 2026 (МИА) - Со поставување на симболичната инсталација „63 бели столчиња - 63 животи“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани почна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во која на 16 март минатата година згаснаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Шеесет и три бели столчиња наредени во тишина на отворено и една бела роза на нив за спомен и отворена книга за жалост како немо ...

Кочани, 16 март 2026 (МИА) - Молитва за упокоените одржа митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион, во сослужение на свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. великомаченик Ѓеорги“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани. На молитвата присуствуваа семејствата на жртвите, голем број граѓани, како и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и голем број претставници од ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Денеска се навршува една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која згаснаа многу млади животи, а голем број присутни таму таа вечер беа повредени. Тој и наредните триесетина дена беа еден од најтешките периоди од мојата докторска кариера - објави на својот фејсбук-профил проф. д-р Андон Чибишев. На Универзитетската клиника за токсикологија, посочува докторот, беа хоспитализирани дваесетина тешки ...

Кочани, 16 март 2026 (МИА) - Помина една година, а раните не само што не се затвораат туку стануваат подлабоки и пострашни. Годината што измина само успеа да го соочи Кочани со страшната вистина дека засекогаш ги нема. Не можевме да ги заштитиме од смртта, но можеме да го зачуваме споменот за нив, да споменуваме дека имаме чета ангели на небото, кои се молат за нас, и да се гордееме што ги имавме со нас на земјата како наши чеда, браќа и ...

Скопје, 16 март 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски утрово остварил телефонски разговор со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Ферит Хоџа, во кој двајцата министри го потврдиле заедничкото задоволство од одличните билатерални односи меѓу двете земји нагласувајќи ја подготвеноста за нивно натамошно унапредување. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и ...

Рим, 16 март 2026 (МИА) - Инсајдерот Фабрицио Романо објави дека напаѓачот Лионел Меси и сите други играчи од репрезентациите на Аргентина и Шпанија беа подготвени да излезат на теренот за натпреварот од Финалисима во 2026 година. - Меси имаше можност да го освои својот 47-ми официјален трофеј со репрезентацијата, уште една титула со Аргентина... но можноста беше пропуштена. Неговата следна можност да постигне рекорд ќе биде на Светското ...

Мајтапчии

45 минути - Civil Media
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
50%
1015
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
5.66
58%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
53%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
54%
1017
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.4
87%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
70%
1016
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
71%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
50%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
41%
1013
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
5.66
54%
1018
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1011
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Алуминиум

3.19

Паладиум

44753.84

Сребро

2179.44

Иридиум

258288.78

Злато

144593.23

Бакар

10.65

Рутениум

56199.51

Кобалт

3.86

Калај

43.91

Родиум

353658.21

Платина

61858.04

Цинк

0.00