Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на играчи за претстојниот бараж натпревар за светското првенство 2027, против репрезентацијата на Словачка. На списокот на Лазаров се наоѓаат: голмани: 1. МАРТИН ТОМОВСКИ SG BBM BIETIGHEIM(GER) 2. НИКОЛА МИТРЕВСКИ РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 3. ВАСИЛ ГОГОВ РК ВАРДАР 1961 4. ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД 5. МАРКО КИЗИЌ ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Министерството за спорт денес го објави конкурсот за доделување на државната награда „8 Септември“ за 2026 година за остварувања и придонес во спортот. Со државната награда „8 Септември“ се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во спортот, врз основа на номинации доставени од националните спортски федерации. Во една година може да се доделат најмногу до пет награди, од кои ...
Мадрид, 30 април 2026 (МИА) - Аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез синоќа го започна првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Атлетико Мадрид и Арсенал (1:1) и постигна гол во 56. минута. Според аргентинскиот новинар Гастон Едул, Алварез бил заменет од претпазливост откако го повредил глуждот. Повредата не се смета за сериозна, а напаѓачот треба да биде подготвен за реваншот од полуфиналето, кој ќе се одржи на 5 мај во ...
Лондон, 30 април 2026 (МИА) - Скот Паркер поднесе оставка од функцијата менаџер на Барнли, објави официјалната веб-страница на клубот. Четириесет и петгодишниот Паркер беше на чело на тимот од летото 2024 година. Тој има искуство и во Клуб Бриж, Борнмут и Фулам. Барнли освои 20 бода од 34 натпревари. Тимот ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Премиер лигата, иако до крајот на првенството има уште четири кола. Се очекува до крајот на ...
Барселона, 30 април 2026 (МИА) - Барселона го разгледува напаѓачот на Челзи, Жоао Педро, доколку не успеат да го потпишат напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, објави „Кадена СЕР“. Според изворот, 24-годишниот Бразилец би можел да се приклучи на шпанскиот клуб во летото 2026 година. Жоао Педро е во Челзи од јули 2025 година, а неговиот договор е до 30 јуни 2033 година. Во сезоната 2025/26, напаѓачот постигна 19 гола и имаше девет ...
Ријад, 30 април 2026 (МИА) – Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, ќе проговори за проблемите во Саудиската лига по завршувањето на сезоната. Португалецот смета дека лигата треба да се натпреварува во европските натпреварувања, но за тоа, според него потребно е да се надминат проблемите. - Ќе проговорам на крајот од сезоната бидејќи гледам многу лоши работи. Многу играчи објавуваат поплаки за судиите, лигата и проектот. Мислам дека ова е ...
Осло, 30 април 2026 (МИА) – Норвешкиот тим во алпско скијање го стави Александар Амод Килде на листата натпреварувачи за следната сезона, потврдувајќи ја намерата на поранешниот победник на Светскиот куп да ја продолжи кариерата, откако подолг период беше надвор од скијачките терени поради повреда и рехабилитација. Триесетитригодишниот Килде ја пропушти втората половина од минатата сезона и се повлече од Зимските олимписки игри во февруари. ...
Торонто, 30 април 2026 (МИА) – Канадските власти не му дозволија влез во земјата на претседателот на иранската фудбалска Федерација, Мехди Таџ, кој требаше да присуствува на конгресот на ФИФА во Ванкувер. Иранската новинска агенција Тасним објави денеска дека Таџ и уште двајца претставници на иранската фудбалска федерација се соочиле со „несоодветно однесување од страна на службениците за имиграција“ на аеродромот во Торонто и решиле да се ...
Ванкувер. 30 април 2026 (МИА) – Висока делегација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), предводена од претседателот Масар Омерагиќ учествува денеска на 76. редовен Конгрес на Светската фудбалска федерација (ФИФА) во канадскиот град Ванкувер. Во објава на социјалните мрежи, Омерагиќ посочи дека македонската делегација, во чиј состав се и генералниот секретар Леонид Јандреоски и спортскиот директор Горан Пандев, активно учествува во ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) – Одбојкарките на скопски Работнички го совладаа вечерва на домашен терен Наковски Волеј со 3-1 во сетови и израмнија на 1-1 во финалната серија од плејофот за титулата. Избраничките на Душко Деспотовски го добија првиот сет со 25-21, но струмичкиот тим брзо се врати резултатски во игра и доминираше во вториот сет за конечни 21-14. Третиот сет донесе крајно неизвесна битка во која Работнички славеше на крајот на ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Канцеларијата за „Креативна Европа“ при Министерството за култура и туризам, во соработка со „Пасворд продукција“ денеска во Лабораториум во Скопје ќе организира тричасовна „Сесија за музичката сцена“. Сесијата е дел од програмата на дводневиот „Форум за праведност во културната мобилност“ (29–30 април 2026), организиран од меѓународната мрежа „Во движење“ (On The Move), во партнерство со регионалната мрежа ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Националниот џез оркестар денеска во паркот „Ибни Пајко“ организира фестивал „Today It's All About Jazz“ за одбележување на Меѓународниот ден на џезот, на кој, почнувајќи од 16 часот, ќе настапат домашни и странски изведувачи. На програмата се Peach Vice, Next to silence, Arnau Garrofé: „Frantik zen”, Jaco lives! - Нацационален џез оркестар & Dane Alderson и „Леб и сол“. Во случај на неповолни временски ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) – Презентации и дебата на тема „Држејќи ја линијата: Практики, структури и солидарност во визуелните уметности“ ќе се одржат денеска со почеток во 11 часот, во КСП Центар – Јадро, во рамки на Форумот за културна мобилност 2026 на мрежата On the Move. Настанот е дел од годишниот Форум што On the Move го организира со цел да се истражат трендовите и предизвиците во меѓународната уметничка и културна мобилност. ...
Битола, 30 април 2026 (МИА) – По повод Меѓународниот ден на џезот, Младинскиот културен центар – Битола, официјален младински клуб на УНЕСКО, денеска со почеток во 21 часот во кафе-барот „Порта Џез“организира концерт во живо на квартетот Кондовски/Јовановиќ/Букршлиев/Спировски. Публиката ќе има можност да ужива во настап исполнет со слободна импровизација и експериментален џез-звук, во кој Глигор Кондовски, Дориан Јовановиќ, Филип Букршлиев и ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - На малата сцена во Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Западен експрес“, копродукциски проект меѓу МИ Филм, Sadsongskomplex:fi и МНТ. Претставата е работена по текст на романскиот наградуван автор Матеј Вишњек и во режија на Јари Јутинен. Раскажува приказна за луѓе од Истокот кои посегнуваат по митскиот Запад и неговото ветување за утописка иднина, за на крај да сфатат дека ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Објавен е Конкурсот за необјавено поетско дело за доделување на наградата „Антево перо“, востановена во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, за 2026 година. Конкурсот е е објавен во денешниот број на весникот „Нова Македонија“, а во него се наведени и пропозициите за учество. Наградата „Антево перо“ за 2026 година се доделува како исклучително македонско поетско ...
Скопје, 30 април 2026 (МИА) - Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври“ во 2026 година, со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија. Конкурсот ќе трае од 1 до 30 мај 2026. Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам: ...
Скопје, 30 април 2025 (МИА) - Македонскиот филм, претставен низ разни генерации и стилови, ќе доминира во мајската програма на Кинотеката на Северна Македонија. Ќе бидат прикажани „Прашина“ на Милчо Манчевски , „Збогум на 20. век“ на Дарко Митревски и Александар Поповски, „Планината на гневот“ во режија на Љубиша Георгиевски, „Преку езерото“ на Антонио Митриќески, „Нели ти реков“ на Стево Црвенковски, „Викенд на мртовци“ на Коле Ангеловски, ...
30 април 2026 Дојче Веле Безбедносната состојба во Мали брзо се влошува по координираните напади врз неколку градови и атентатот врз министерот за одбрана, што дополнително ја потресува владејачката воена хунта и ја доведува во прашање стабилноста на земјата. Во текот на изминатиот викенд, дури пет гарнизонски градови - Кати, Бамако, Севаре, Гао и Кидал - беа истовремено цел на напади. Одговорноста ја презедоа џихадисти поврзани со Ал-Каеда ...
Бејрут, 30 април 2026 (МИА) - Најмалку девет лица загинаа утрово во израелски напади во јужен Либан, објавија либанските медиуми. Најмалку три лица загинале, а седум се повредени во израелски напад врз станбена зграда во Џебчит во јужен Либан, северно од реката Литани, објави Ал џезира. Се известува дека четири лица загинале, а шест се ранети во израелскиот напад во градот Тулу, додека две лица загинале во напад врз градот Харуф во јужен ...
Вашингтон, 30 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно го нападна германскиот канцелар Фридрих Мерц поради неговите критики за војната во Иран, пренесе ДПА. Коментарот на Мерц претходно неделава, во кој сугерираше дека иранската влада ги „понижила“ САД во преговорите, предизвика гневен одговор од Трамп, кој се закани со повлекување на американските трупи стационирани во Германија и упати серија напади кон ...
Вашингтон, 30 април 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп, денеска повторно го постави прашањето кога телевизиската мрежа Еј-Би-Си ќе го отпушти водителот на ток-шоуто Џими Кимел, додавајќи дека би било подобро тоа да се случи наскоро. „Кога Еј-Би-Си, таа лажна медиумска мрежа, ќе го отпушти крајно ’незабавниот‘ Џими Кимел, кој неспособно води една од најлошо оценетите емисии на телевизија? Луѓето се бесни. Подобро би било тоа ...
Техеран, 30 април 2026 (МИА) – Шефот на иранската делегација во преговорите за примирје и воспоставување прекин на огнот со САД, Мохамед Багер Калибаф, денеска изјави дека Иран, преку воспоставување контрола над Ормуската Теснина, ќе обезбеди иднина без присуство и мешање на САД, повикувајќи се на историскиот наратив за протерувањето на европските колонизатори од Персискиот Залив во 1622 година. - Во 1622 година, по 115 години окупација, ги ...
Лондон, 30 април 2026 (МИА) - Припадници на Кралските воздухопловни сили (РАФ) соборија повеќе од 100 ирански беспилотни летала и ракети за време на неколкунеделните напади врз коалициската база во Ирак, соопштија воени извори. Базата, која британските сили помагаат да се заштити, наводно била цел на околу 28 беспилотни летала и ракети дневно во период на зголемени тензии меѓу САД, Израел и Иран, пред да се постигне привремен прекин на огнот, ...
Киев, 30 април 2026 (МИА) – Командантот на украинската војска, генералот Олекасандар Сирски нареди задолжително двомесечно ограничување за војниците на првата линија на фронтот, кои служат на првите позиции за да се реши клучниот проблем за недоволно екипираната армија на Киев во петтата година од војната со Москва. Наредбата на Сирски дојде во услови на чести и честопати вознемирувачки извештаи дека украинските војници со месеци го служат ...
Париз, 30 април 2026 (МИА) - Шефот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), Фатих Бирол, изјави дека светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата поради нарушувањата предизвикани од конфликтот со Иран. „Пазарите на нафта и гас минуваат низ големи тешкотии. Кога последен пат погледнав, цената на нафтата беше повеќе од 120 долари, што врши голем притисок врз многу земји“, рече Бирол на конференција во Париз. Тој ...
Киев, 30 април 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара објаснување од Соединетите Американски Држави за предлогот на Москва за прекин на огнот што почнува на 9 мај. „Ќе разјасниме за што точно станува збор - неколку часа обезбедување за парадата во Москва или нешто повеќе“, напиша Зеленски во објава на социјалните мрежи. „Нашиот предлог е долгорочен прекин на огнот, сигурна и загарантирана безбедност за народот и траен ...
Москва, 30 април 2026 (МИА) - Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека 450.000 луѓе потпишале договори за приклучување кон руските вооружени сили во 2025 година, а уште 127.000 го сториле тоа од почетокот на оваа година. „И минатата година, како резултат на сите воени договори, 450 илјади луѓе дојдоа да служат во заедничката команда на трупите. Тоа е сè. И оваа година, од денеска, го ...
Москва, 30 април 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп за време на телефонскиот разговор вчера се согласија да продолжат со медијациските напори за решавање на конфликтот во Украина, но сè уште не се одредени конкретни датуми за нови разговори - изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков им рече на новинарите дека Путин и Трамп се согласиле да продолжат со контактите меѓу ...
Брисел, 30 април 2026 (МИА) - Телефонските разговори меѓу претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, оставаат многу прашања неодговорени, изјави денеска шефицата за европска надворешна политика, Каја Калас. „Секако, кога ги гледаме овие разговори меѓу претседателот Трамп и Путин, секогаш знаете, има многу прашања што остануваат неодговорени, со оглед на тоа што Русија отворено ја фали херојската борба што Иран ја води ...