Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Париз, 4 јуни 2026 (МИА) - Во рамки на програма за терапија со животни која привлече внимание во Франција и пошироко, магариња им помагаат на пациенти со ментални проблеми во психијатриска болница недалеку од Париз.Лекувањето се одвива во Вил-Еврар, кој се смета за единствена институција со ваков метод во Франција. Основен дел од терапијата е пациентите да се грижат за животните, водејќи ги на прошетка.Дел од учесниците ја завршија сесијата ...
Скопје, 4 јуни 2026 (МИА) - Приказна за животен пат кој не бил однапред испланиран, но бил обликуван од подготвеноста да се препознаат и прифатат можностите, вака ја опиша својата прва книга „Ништо случајно“ на синоќешната промоција авторката Нина Ангеловска Станков. - Многу често велиме дека ништо не е случајно. Верувам дека кај мене беше токму така. Работите доаѓаа навидум случајно, но всушност доаѓаа затоа што бев подготвена да ги ...
Пекинг, 5 јуни 2026 (МИА) - Кинески научници спровеле истражување за развојот на ембриони од цицачи во вселената. Експериментот е дел од мисијата Шенжоу-22, соопштија кинеските медиуми. Според информациите, примероците се вратени на 29 мај, а потоа се транспортирани во истражувачки центри во Пекинг каде што ќе бидат анализирани со цел да се утврдат ефектите од вселенското опкружување врз ембрионот.Истражувањето го врши Институтот за напредна ...
Вашингтон, 5 јуни 2026 (МИА) - Актерот Шаја Лабаф е осуден на условна казна во траење од шест месеци и две години, откако се изјаснил за виновен и признал дека нападнал три лица пред еден бар во Њу Орлеанс за време на одржувањето на фестивалот „Марди Гра“ информираше Ен-би-си њуз. Според одлуката на судот, Лабаф е обврзан да посетува терапија за лекување од алкохолизам. Казната ја изрекол судија од округот Орлеанс, а информацијата ја ...
Рецепт за ликер од ореви кој е добар за штитна жлезда, грло, дишни патишта, бронхитис, желудник и за зајакнување на имунитетот. Одличен и здрав, сега е време да го направите. Состојки: 30 зелени млади оревчиња 500 грама шеќер или 300 мл мед(1/3 од теглата) 1 литар вотка или квалитетна домашна ракија 2 стапчиња цимет 1 лажица арома на ванила Подготовка: Исецкајте ја кората од лимон. Измијте ги и исушете ги оревите, а потоа исечете ги на ...
Струга, 1 јуни 2026 (МИА) - Специјализираната болница за нефрологија - Струга денеска прими донација од хуманитарното здружение LetzCare. Донацијата, како што информира директорот на институцијата Јетмир Зиба, содржи колички за лица со попреченост, електрична количка, болнички кревети, концентратори за кислород, како и неопходни медицински материјали како компресивни завои, стерилни гази, хируршки маски, средства за дезинфекција и ракавици за ...
Скопје, 1 јуни 2026 (МИА) - Мајчиното ментално здравје мора да стане дел од јавните политики и да се обезбеди достапна психосоцијална поддршка за секоја жена. Ова беше пораката од конференцијата „Ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, организирана од Здружението ЕСЕ и „Реактор“, со поддршка од француската амбасада. Кристоф Ле Риголер, aмбасадор на Франција, нагласи дека темата е релативно ...
Скопје, 2 јуни 2026 (МИА) - Препорачаната доза витамин Д во САД е 15 пати пониска отколку што би требало да биде, а во Обединетото Кралство е дури 22 пати пониска отколку што би требало да биде - вели британскиот професор Џон Кембел анализирајќи ја содржината на трудот „Статистичка грешка во процената на препорачаното дневно внесување витамин Д“, објавен во 2014 година. Британскиот професор вели дека количината што навистина би била потребна ...
Скопје, 2 јуни 2026 (МИА) - Од Министерството за здравство попладнево информираа дека во рамките на националната кампања, што се реализира подсо мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, д-р Љуљзим Агаи, директор на Клиниката за неврохирургија, преку видеообраќање изразува поддршка за оваа племенита акција. - Се наоѓаме на нашата интензивна нега, каде што секојдневно се бориме за животите на нашите пациенти и ...
Скопје, 3 јуни 2026 (МИА) - По објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, на денешната прес-конференција изрази надеж дека Јавното обвинителство ќе реагира за утврдените неправилности во овој Институт пред таа да дојде на чело на институцијата. - И мене некои работи ми изгледаа нестварно штом дојдов на оваа функција, што се случувало пред јас да дојдам на позицијата - ...
Скопје, 3 јуни 2026 (МИА) - Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека останува доследно на определбата за поголема транспарентност и навремено информирање на јавноста за состојбите во животната средина. Како што се наведува во соопштението, редовното објавување на информациите за извршените инспекциски надзори претставува важен инструмент за информирање на граѓаните и за јакнење на довербата во институциите. Оттука, ...
Скопје, 4 јуни 2026 (МИА) - Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува - изјави денеска на брифингот со новинарите генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој истакна дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 ...
Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Проф. д-р Владимир Рендевски, неврохирург на Универзитетската клиника за неврохирургија, во видеообраќање, во рамките на националната кампања „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“, упати апел до семејствата на потенцијалните донори да дадат согласност за органодарителство нагласувајќи дека станува збор за висок морален и хуман чин, кој спасува животи. - Денес, се наоѓаме во одделот за ...
Скопје, 3 јуни 2026 (МИА) - Не смееме да дозволиме и никогаш нема да дозволам, барем додека сум на оваа позиција, предмет со такви страшни докази во насока на докажување одредeно кривично дело, од кое ќе му се згади на македонскиот народ, така да се затвори, и нема да дозволам - изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за случајот „Мазут“. Тошковски, во гостувањето на „Топ-тема“, зборувајќи за случајот, порача дека „секој треба ...
Скопје, 3 јуни 2026 (МИА) – Бројот на жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила во првите пет месеци годинава е намален со примената на системот „Безбеден град“. Резултатите за првите пет месеци годинава се 17 човечки животи повеќе отколку една година претходно, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски, во гостувањето на „Топ тема“ направи споредба првите пет месеци од 2026 со првите пет месеци во ...
Тетово, 3 јуни 2026 (МИА) - Приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол денеска се обидел да изврши разбојништво во угостителски објект. Пиштолот е пронајден и следува соодветна пријава. Од СВР Tетово информираат дека денеска во 16:00 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода Х.Д.(22) од Тетово. При преглед кај него бил пронајден и одземен еден гасен пиштол, а по извршено алкотестирање било ...
Скопје, 3 јуни 2026 (МИА) - Кривичниот суд определи 30-дневен притвор за поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, и за уште три оосмничени лица на барање на Обвинителството. Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, како што соопштија вечерва од таму, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4 лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривични дела злоупотреба на ...
Скопје, 4 јуни 2026 (МИА) – Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против шест лица од Скопје, Куманово и Тетово поради сомнение дека организирале и реализирале незаконско посвојување на новородено бебе, при што родителите биле убедени да се откажат од детето во замена за финансиска помош и други бенефиции. Како што соопшти МВР, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за ...
Скопје, 4 јуни 2026 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.Д.(35) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.05.2026 во кругот на Општа болница Струмица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен кокаин. СВР Тетово поднесе кривична ...
Струмица 4 јуни 2026 (МИА) - СВР Струмица-ОВР Радовиш, до Основното јавно обвинителство Радовиш, поднесе кривична пријава против С.К.(43) од село Дедино, општина Конче, поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „посебни случаи на фалсификување исправи“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против правен субјект од Радовиш за сторени кривични дела „посебни ...
Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Со изведување материјални докази, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судскиот процес против 13-те полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а 223 беа повредени. Пред судот беше изведен писмен извештај од Институтот за судска медицина за извршена обдукција на жртвите ...
Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Видеозаписи, од кои се нотираат времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и активацијата на пиротехниката, беа изведени денеска во материјалните докази од Обвинителството во рамките на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје против 13 полициски службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во Кочани, ...
Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Т.Џ.(50) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.05.2026 во спортска обложувалница во Гостивар, пријавениот со остар предмет упатил закани кон еден вработен и одзел ...
Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - ОВР Кичево поднесе кривична пријава против професор од средно училиште во Кичево, кој физички нападнал малолетна ученичка која се здобила со телесни повреди - соопшти Министерството за внатрешни работи. -ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување ...
Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднела кривична пријава против А.Л.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11.11.2025 година на булеварот Ослободување во Кичево, ...
Штип, 5 јуни 2026 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Штип информира дека во изминатиот период е забележан зголемен број пријави за кривични дела „измама“ и „обид за измама“, при што најчесто на мета се повозрасни граѓани. - Зголемен е бројот на случаи кога непознати лица од странски телефонски броеви се јавуваат на повозрасни лица и вршат измама на начин што на лицата им соопштуваат дека нивни блиски, роднини и слично имаат повреди и треба ...
Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово извршиле службен разговор со четири лица од Куманово, кои се сомничат дека од угостителски објект на улицата Гоце Делчев одзеле поголем број маси и столови. -Вчера во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово. Тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во ...
Велес, 5 јуни 2026 (МИА) - Со докази на одбраната и завршни зборови, во судот во Велес, денеска продолжи судењето за опожарена куќа во село Капиново. За опожарената куќа во Капиново, тројца беа обвинети дека учествувале во кривично дело. Сашо Муневски и Даниел Димески како соизвршители на кривичното дело „тешки дела против општата сигурност“ од член 292, став еден во врска со член 288 став еден во врска со член 22 од Кривичниот законик, а ...
Скопје, 6 јуни 2026 (МИА) – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во ...
Скопје, 6 јуни 2026 (МИА) - Велосипедска тура околу Охридското Езеро ќе се одржи денеска по повод Денот на Европа, а воедно ќе се промовира одржлива мобилност, еколошка свест, здрав начин на живот и граѓанско учество, соопшпти Делегацијата на ЕУ во земјава. Оваа прекугранична велосипедска тура е заедничка активност на делегациите на Европската Унија во Северна Македонија и во Албанија и се спроведува во партнерство со Европска куќа во Струга ...