Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Зголемување на економската соработка и трговската размена меѓу Македонија и Турција, унапредување на билатерланите односи и создавање нови можности за соработка и инвестиции, беа тема на средбата меѓу заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски со министерот за трговија Омер Болат, како и Абдулкадир Уралоглу, министерот за транспорт на Турција. Средбата се одржа во рамките на ...
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Прометот во индустријата, вкупно, е зголемен за 7.3 проценти во април годинава во однос на април лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Прометот во индустријата, вкупно, во април годинава во однос на април минатата година, според главните индустриски групи, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.4 %, Капитални производи за 12.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за ...
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Има голем интерес на турските компании за инвестирање во Македонија - изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски по учеството на бизнис-форумот во Истанбул, каде што со владина и бизнис-делегација ги презентира можностите на македонската економија. Целта, посочи Мицкоски, е нашата македонска економија и нашите бизниси да се поврзат со бизнисите овде во Истанбул. - Овде сум присутен заедно со владина, но и со ...
12 јуни 2026 Зајакнувањето на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и отворањето нови инвестициски можности беа во фокусот на бизнис-форумот Северна Македонија - Турција, кој денеска се одржа во Истанбул. Македонската делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, учествуваше на форумот заедно со високи државни претставници, институциите и бизнис-заедниците од двете земји, со цел продлабочување на ...
Скопје, 12 јуни 2026 Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во Истанбул учествуваше на бизнис-форумот Северна Македонија - Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави. Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од ...
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), кој ги обединува стопанските комори од регионот на Западен Балкан. На седницата одржана во Белград, Република Србија, Азески беше едногласно избран со мандат да спроведе темелни корекции во структурата на КИФ и на Бизнис советот, составен од најголемите компании од регионот. Како ...
Скопје, 13 јуни 2026 (МИА) - Конзорциум предводен од домашната градежна компанија „Гранит“ ќе го гради вториот дел од автопатот Скопје-Блаце, во должина од 10,5 километри, а изградбата ќе почне летово, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој очекува автопатот да биде изграден за 3,5 години. На него ќе има пет тунели, две галерии, 12 мостови, околу 40-тина објекти заедно со помалите. Според Николоски, ...
Скопје, 14 јуни 2026 (МИА) - Се потврди дека се невистина тврдењата на СДСМ, затоа што нема мигранти во државава, но ќе има брза пруга, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање до каде се проектите за финансирање со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Студиите за брзата пруга на Коридор 10, како што рече, треба да бидат готови најдоцна до јули, по што следува постапка за закон во Собранието и од ...
Скопје, 14 јуни 2026 (МИА) - Се бориме за фабрика повеќе која ќе извезува и ќе го зголеми нашиот БДП и добро платени работни места, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој во во изминатите два дена беше во работна посета на Турција, каде присуствуваше на Бизнис форум и со владин тим пред турските бизнисмени ги претставија потенцијалите на македонската економија. Мицкоски, на новинарско прашање што им нудиме на турските бизнисмени, ...
Скопје, 14 јуни 2026 (МИА) - Се обидуваме да ја развиваме државата, да создаваме нова вредност и нема да се повлечеме поради малкумина, кои создаваат хистерија и мислат дека на тој начин ќе го манипулираат народот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги реакциите во јавноста по неговата изјава дека се преговара за инвестиции во дата центри со десетици компании, за кои веќе се менува и регулативата. Мицкоски порача дека ќе ...
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Премиерот вчера даде совршен одговор и конкретен. Ставовите што ги имаме како Влада сме ги кажале многупати. Преминување преку црвените линии нема да има - рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков во врска со изјавата на евроамбасадорот Михалис Рокас дека нон пејперот не ги исклучува уставните измени за почеток на преговорите. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето меморандум за ...
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Во Собранието денеска се одржа јавна расправа на Комисијата за одбрана и безбедност посветена на предлог-законот за оружјето, со што ќе се овозможи остварување на законски утврдените цели на Министерството за внатрешни работи и се уредуваат условите за набавување, поседување, носење и пренесување, чување, производство, поправање, онеспособување (деактивирање), промет, посредување, трансфер, превоз, претовар и ...
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде што се сретна со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот и претставници на општинската администрација. Како што соопшти Општина Кисела Вода, на средбата се разговараше за тековните активности и развојните приоритети на општината, ...
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа осмата седница, на која, како што информираат, биле разгледани преостанатите отворени прашања поврзани со подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. На седницата, на покана на Министерството за правда, присуствувале и претставници на институциите кои претходно доставиле предлози, мислења и препораки во рамки на процесот на ...
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Успешните средби што денеска ги имав со турскиот министер за трговија Омер Болат и министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу резултураа со договори за воспоставување директна авиолинија Анкара - Скопје и железничко карго-поврзување меѓу двете земји - објави на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Средбите се одржаа во рамките на на македонско-турскиот бизнис-форум, ...
Скопје, 12 јуни 2026 (МИА) - Оставете нѐ да се европеизираме на патот, да станеме компатибилни со она што го бараат Копенхашките критериуми. Како? Не губејќи го времето на решавање историски прашања бидејќи тие се исклучени од идентитетските, од конститутивните акти на ЕУ, преку членот дека ќе се почитуваа националниот и културниот идентитет, и да се концентрираме на европеизацијата - истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во ...
Скопје, 13 јуни 2026 (МА) Пандорка АРСОВСКА ГАЦОВА Мојата перцепција за Европа, за членство, не е на зелената маса да блокирате некој друг. Напротив, да креирате заеднички политики или да му помогнете на тој другиот да седне до вас, за да можете полесно да ги надминете проблемите кои ви се заеднички. Но, повторно велам, ние, како и досега, некако сме исклучок. Но, не поради нашата себеисклученост во поглед на многу прашања, туку поради тоа ...
Скопје, 13 јуни 2026 (МИА) - Во периодот што следува односите меѓу нашата земја и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, напиша на социјалните мрежи претседателот на Владата Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На средбата, како што наведува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. -На средбата беше изразено заедничко ...
Скопје, 13 јуни 2026 (МИА) - Решенето за правосудството е во сериозни реформи - истакнува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во мегаинтервјуто на МИА, чиј втор дел ќе биде објавен денеска. Одговарајќи на прашањето каде е решението за правосудството да стекне доверба, која сега изнесува само два отсто, таа децидно одговара: „Во сериозни реформи“. Но, таа наведува, мора да се провери кој со какво богатство стапил на функција, а со какво ...
Скопје, 14 јуни 2026 (МИА) - Националниот интерес е најважен. Ние да имавме во многу прашања консензус поинаку ќе гледаа на нас и начинот на кој се однесуваат кон нас од надвор покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение, вели претседателката Гордана Сиљановска - Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА. - Ние да имавме во многу прашања консензус и да не ја исклучувавме опозицијата - и сега не треба ...
Скопје, 14 јауни 2026 (МИА) - Еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос ќе престојува во земјава во рамките на редовната обиколка на регионот, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоси во одговор на новинарско прашање по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. Тоа, како што рече, е една од редовните посети на сите европски политичари на земјава. -Според опозицијата ...
Скопје, 14 јуни 2026 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни на стадионот во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, а потоа ќе започнат разговорите за реконструкцијата на Владата, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. За најавите за парламентарни избори, рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака редовни избори, но ако биде предизвикана ќе оди на избори пред рокот и ...
Осло, 3 јуни 2026 (МИА) - Американскиот актер Ричард Гир, вчера на јавна трибина во Осло го нарече американскиот претседател Доналд Трамп манијак кој уништува сè што е добро. - Го преживуваме најмрачниот момент што сум го видел на оваа планета. Кој би помислил дека Америка може да доживее ваков пресврт? Кој би помислил дека таков манијак може да стане претседател на САД?, изјави 76-годишниот актер. Гир престојуваше во Норвешка по повод ...
Мадрид, 3 јуни 2026 (МИА) - Праисториско пештерско живеалиште, кое според научниците претставува највисок ваков локалитет досега откриен, укажува на постоење на организирано општество со развиени економски активности во високопланинските предели. „Мистериозната древна населба е откриена на изненадувачки голема надморска височина на шпанските Пиринеи“, објави „Сајанс фокус“ (Science Focus). Според нова научна студија, праисториската пештера ...
Лондон, 3 јуни 2026 (МИА) - Иднината на британскиот актер Том Харди во популарната серија „Земја на мафијата“ и понатаму останува неизвесна откако во јавноста се појавија неколку спротивставени информации за неговиот статус во продукцијата. Според различни извори, актерот или добил отказ или сам одлучил да ја напушти серијата. Според британските медиуми, засега не е јасно дали Харди ќе се појави во третата сезона од серијата, која веќе е ...
Скопје, 4 јуни 2026, (МИА) - „Ферари“ и официјално го претстави својот прв целосно електричен суперавтомобил со име „луче“, што на италијански значи „светлина“. Ова е историски чекор за брендот, кој успеа да го спои своето препознатливо тркачко наследство со најмодерната технологија на денешницата. За разлика од традиционалните спортски модели со две седишта, „луче“ е замислен како луксузна лимузина со 4 врати и простор за пет патници. ...
Вашингтон, 4 јуни 2026 (МИА) - По шест месеци без каков било сигнал од леталото Мавен на НАСА кај планетата Марс, леталото е прогласено за некорисно.Вселенската агенција потврди дека мисијата е завршена по повеќе од една деценија набљудување на Црвената планета. Леталото Мавен, кое беше лансирано во 2013 година со задача да ја проучува атмосферата на Марс од орбита, мистериозно престанало да функционира на почетокот на декември откако се ...
Денес шарени ражничи за скара, навистина се одлични и не ви треба многу месо за да можете да печете скара....!!! Состојки: 12 мали млади компири 1 црвена, зелена и жолта пиперка 40-50 коцки свинско филе сол, бибер, сув зеленчук 20 печурки гранчиња рузмарин 3 лажици маслиново масло Подготовка: Измијте ги компирите и варете ги во солена вода околу 15 минути. Mесото исечете го на парчиња. Измијте ги и исчистете ги пиперките и печурките и ...
Луанда, 4 јуни 2026 (МИА) - Експерти за природата и див свет за време на научна експедиција на висорамнината Лисима во Ангола, во февруари откриле повеќе од 70 досега непознати видови инсекти, соопшти организацијата за заштита на природата Вилдернес (Wilderness). Во рамки на истражувањето биле идентификувани осум нови видови вилински коњчиња, три нови видови скакулци, како и околу 60 нови видови пеперутки и молци со впечатливи и разновидни ...
Атина, 4 јуни 2026 (МИА) – Звуците на некоја класична мелодија, на Моцарт, Шопен, но и некоја популарна музичка композиција, отсвирени на пијано, деновиве ги придружуваат сите оние кои ја користат централната метростаница во Атина, откако беше поставено пијано – достапно за сите кои сакаат да отсвират нешто и да им го разубават денот на нивните сограѓани или пак на туристите, јави дописничката на МИА од Атина. Трендот од други европски ...