Скопје, 6 јуни 2026 (МИА) - Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе биде домаќин на меѓународна конференција на која ќе биде промовирана „Скопската иницијатива“, заедничка активност за поврзување на прогресивните и социјалдемократските партии од регионот и Европа. Како што информираат од СДСМ, иницијативата ја покренал претседателот на СДСМ, Венко Филипче, со цел заедничко дејствување на прогресивните сили во борбата против ...

Скопје, 6 јуни 2026 (МИА) - Повеќе од 14 500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит (мајчин јазик и литература) матурантите ќе го полагаат на 11 односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование - државна матура, ...

Скопје, 6 јуни 2026 (МИА) - Во организација Детски културен центар – Карпош во Македонски народен театар од денеска до 9 јуни ќе се одржи Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Ова уникатно културно случување, единствено од ваков тип во нашата земја, веќе шест години претставува значајна референтна точка за сите љубители на балетската уметност и современиот танц. Како што истакнува директорката Билјана Лалчевска Серафимовска, фестивалот ...

Скопје, 6 јуни 2026 (МИА) – Британската уметница Ема Франкланд вечерва во Драмскиот театар во Скопје ќе го изведе перформансот „Без извинувања!“, инспириран од акустичниот концерт на групата Нирвана од 1993 година. Како што стои во соопштението на организацијата Хартефакт, делото кое што е создадено и изведено од Франкланд, претставува спој на жива музика, театарска претстава и автобиографско раскажување. Тргнувајќи од спекулативната премиса ...

Скопје, 6 јуни 2026 (МИА) - Изјава на премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Институтот за јавно здравје - Скопје. Мицкоски изврши увид во набавената нова опрема, лабараториите, мерната станица, како и на отворањето на првото Психолошко советувалиште за деца и адолесценти од ваков карактер во државата, направено по сите светски стандарди и останатите новини во работата на Институтот. нд/ Фото: МИА Скопје, 6 јуни 2026 (МИА) - Изјава на ...

Скопје 3 јуни 2026 (МИА) Ана ЦВЕТКОВСКА Договорот за стратешка соработка со пријателска Хрватска претставува значаен исчекор во билатералните односи и потврда на заемната доверба, блискост и заедничка визија за иднината на двете земји. Станува збор за партнерство што ги опфаќа клучните области на енергетиката, економијата, безбедноста, инфраструктурното поврзување и евроинтеграциите. За нас, особено е значајна континуираната и принципиелна ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) – Андреја РИСТЕСКИ Во 21 век информациите станаа поле на борба, дезинформациите се користат како оружје во геополитичките конфликти, а демократиите се исправени пред предизвикот да ја заштитат слободата на говор, без да дозволат ширење штетни манипулации - оценува Фабрис Далмеида, историчар, истражувач и професор по историја на медиумите и пропагандата во Францускиот институт за печат (ФИП) при Универзитетот „Париз ...

Прилеп, 5 јуни 2026 (МИА) Елизабета МИТРЕСКА Се роди фестивал. На 4 јуни во далечната 1965 година. Се прикажа прва фестивалска претстава. Во Прилеп. Во Народниот театар „Војдан Чернодрински“. Се одржа првата средба на професионалните театри од Македонија. Изникна фестивалот, најреномиран за да го прикаже театарскиот миг во Македонија, но и да го понесе името на основоположникот на македонската драма - Војдан Чернодрински, драмски автор, актер ...

Скопје, 4 јуни 2026 (МИА) - Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - „Од диплома до компетенции: новата улога на универзитетите преку поврзување на академијата и економијата“ е наслов на конференцијата што ќе се одржи денеска во организација на Стопанската комора на Македонија. Конференцијата, како што се наведува во соопштението на Комората, има цел да отвори национален и регионален дијалог за трансформација на високото образование во функција на економскиот развој, конкурентноста, ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Македонскиот ИКТ-сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарда евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки Digital Bridge & Business ICT Forum организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE - информира денеска МАСИТ во соопштение, што МИА го пренесува ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Меѓународниот совет на аеродромите - Европа (ACI Europe) ја објави анализата на воздушниот сообраќај за април 2026 година, во која Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ во Охрид се рангирани како најбрзорастечки аеродроми што доаѓаат од земја надвор од ЕУ. Според анализата на ACI Europe, додека земјите надвор од ЕУ и земјите во ЕУ бележат негативни бројки на патнички сообраќај (-7,6 %), ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) и Шведската даночна администрација го одржаа првиот состанок на УО на заедничкиот проект за модернизација. Како што информира УЈП, пректот се реализира со поддршка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA). Состанокот се одржа вчера, а беа разгледани привремениот извештај од почетната фаза на проектот, документите за процена на ризици, како и МЕЛ матрицата за ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Со инвестиција од 4,2 милиони евра првпат набавуваме нови возила и опрема за одржување на хигиената во општините. Ова е најголема поддршка досега од Владата за општините во делот на подобрување со сотојбата со хигиената - истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на работилницата „Планови за одржлива урбана мобилност“. - Се купуваат 49 возила од различен тип, кои треба ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Цените на угостителските услуги во мај годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 2.6 %. Во споредба со претходнио месец, пак, цените се повисоки за 0.1 %, објави Државниот завод за статистика. Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.7 %.са/ Фото: ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Во периодот од јуни 2024 до јуни 2026 година беа потпишани договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините - изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на заедничката прес-конференција со градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и директорката на Светската банка за Македонија и Косово, Карол Межеван, пред почетокот на работилницата ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја. Како што информираат од Народна банка, во текот на разговорите била истакната ...

Скопје 5 јуни 2016 (МИА) - Долго време во високото образование меревме успех со бројот на запишани студенти, со бројот на факултети и со бројот на издадени дипломи, но денес мора искрено да признаеме – на економијата не ѝ треба само диплома. Ѝ треба знаење, вештини, иновации и носечки кадар. Не смееме повеќе да „штанцаме“ програми што не се тесно поврзани со реалниот пазар, беше речено на денешната конференција во Стопанската комора. Како што ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини Мирослав Лабудовиќ учествуваше на енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија. Во своето обраќање Лабудовиќ го презентира напредокот што Македонија го постигнува во ...

Скопје, 6 јуни 2026 (МИА) – Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на Бруто домашниот производ (БДП) истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарско прашање за вчерашната средба со претставниците од градежниот сектор и колку оваа гранка влијае врз Бруто домашниот производ (БДП). Премиерот Мицкоски истакна дека е задоволен што БДП со усогласени вредности е 3,3 проценти, и како што ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Членовите на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска гласаа дека е прифатлив и го проследија на натамошно читање предлог-законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Како што информира заменик-министерот за дигитална трансформација, Радослав Настасиевиќ-Варџиски, основната цел на измените на Законот е да се ...

Струга, 5 јуни 2026 (МИА) - Предлогот на Франција и Германија е искрен и реален, којшто забележително нуди една опција на што повеќе интегрирање, но исто така забележливо е дека нуди членство кое не би било полноправно, барем не во овој момент, изјави денеска Антонијо Милошоски потпретседателот на Собранието и претседавач со 23. Конференција на КОСАП – Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите ...

Дебар, 5 мај 2026 (МИА) - Албанскиот претседател, Бајрам Бегај, денеска ги прими акредитивните писма од новиот македонски амбасадор Веле Трпевски. -Првично, на средбата со амбасадорот Трпевски, Бегај ги пофали многу добрите меѓусоседски односи и соработката меѓу Албанија и Северна Македонија. Ја изрази својата посветеност на понатамошно зајакнување на овие односи во интерес на граѓаните, регионалната стабилност и заедничката европска ...

Тиват, 5 јуни 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на самитот Европска Унија - Западен Балкан во Тиват, имаше средби со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Фридрих Мерц. - Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една ...

Струга, 5 јуни 2026 (МИА) - Билатералните прашања не смее да стојат на патот на интеграцијата во Европската Унија. Претрпевте и билатерални проблеми и блокади и многупати кон вас беа направени навистина многу неправди. Хрватска со сигурност ќе го даде својот придонес за поддршка на интеграцијата на Северна Македонија - истакна денеска претседателката на Комисијата за европски прашања на Хрватскиот сабор, Јелена Милош. По обраќањето на 23. ...

Тиват, 5 јуни 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија - Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција, во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство. - Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ...

Ресен, 5 јуни 2026 (МИА) - Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам - стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа - истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога - Лемос. Според министерот Тошковски, ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) - Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, денеска, во Струга, учествуваше на 23. конференција на КОСАП, која ги обединува парламентарните комисии за европска интеграција и европски прашања од земјите учеснички во Процесот на стабилизација и асоцијација во Југоисточна Европа, од каде што, како што информираат, порача дека европската интеграција мора да остане процес заснован ...

Ресен, 5 јуни 2026 (МИА) - Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват. - Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што ...

Скопје, 5 јуни 2026 (МИА) – Во рамките на посетата на Струга, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура. Како што соопштуваат од Собранието, на средбата било разговарано за актуелни прашања од значење за локалната самоуправа, за потребите на граѓаните, како и за можностите за унапредување на соработката меѓу централните институции и ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.71
51%
1020
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.32
71%
1020
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
63%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.07
76%
1021
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
0.76
64%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
0.67
91%
1021
weather icon

Атина

28ᴼ / 27ᴼ
2.68
35%
1013
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.84
57%
1017
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.66
55%
1019
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
63%
1019
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 24ᴼ
1.34
49%
1020
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
3.78
100%
1017
Currency

61.6417

Currency

54.1365

Currency

71.4605

Currency

37.2964

Currency

38.2416

Currency

67.0584

Currency

7.97756

Currency

0.72176

Currency

0.33588

Currency

0.52583

Currency

1.16429

Currency

0.57326

Калај

50.34

Цинк

0.00

Бакар

12.34

Иридиум

233896.68

Платина

52341.42

Сребро

1907.42

Злато

131629.35

Рутениум

49029.89

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17

Паладиум

38420.14

Родиум

249168.29