Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Традиционално, охридскиот Црвен крст и оваа година ќе ја спроведе крводарителската акција „Плаошник“. Секоја година за празникот Свети Климент, Црвен крст Охрид ја организира оваа крводарителска акција, која ќе се одржи во спортската сала на основното училиште „Свети Климент Охридски“. Во сабота на 8 август акцијата ќе се одржи во периодот од 19:00 до 24:00 часот, а во недела, на 9 август, во периодот од ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – New Radicals се американски алтернативен рок бенд, формиран во 1997 година во Лос Анџелес, како дуо составено од Gregg Alexander и Danielle Brisebois, заедно со одбрани музичари кои заедно со нив настапуваат на турнеите и при снимањето на песните. По речиси три децении, тие влегоа повторно во студио, по што го претставија новиот сингл „One Night Only (Break Loose Break Free!)“, кој е дел од првиот, нов ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со асистенција на МВР и учество и на други служби и институции, екипи на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), на почетокот на август, отстранија опасни неексплодирани, експлозивни средства (НУС) од минатите војни, пронајдени во водите на Охридското Езеро. Од ДЗС информираат дека ги отстрануваат согласно стандардните оперативни процедури (СОП), безбедно, се’ до нивно целосно уништување, преку ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 5 август 2026 година, во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била пронајдена почината 53-годишна жена од Република Белорусија. – Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на Јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 4 август 2026 година, во 15:40 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 68-годишник, поастапувајќи по претходна пријава дека агресивно се однесувал во семејниот дом и упатувал закани кон член на семејството. – По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – За време на нејзиниот настап на главната сцена на Tomorrowland 2026, Miss Monique го претстави новиот сингл „Beauty In Us“, кој е долгоочекувана соработка со Robbie Williams. Новата песна се движи во прогресивни house ритми и е придружена од препознатливиот глас на британската суперѕвезда, која испраќа порака за оптимизам, сила и верба во човештвото: – Некој што паѓа, постојано станува. Некој што изгубил, ...

Охрид, 5. август 2025 (ОХРИДПРЕС) – Има ли надеж за санација на оштетувањата, или комплетно уредување на просторот кај малото пристаниште во Охрид? Како редакција, во повеќе наврати ја следиме темата, а во координација со соодветните државни органи, апелираме да се изнајде соодветно решение и да се имплементира во најкус можен рок за да се спречат понатамошните оштетувања. Ова, некогаш култно место за охриѓани е чекор поблиску до комплетно ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово на кеј „Македонија“, кај малото пристаниште. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и за ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со помош на модерните AI алатки, ве враќаме во едно старо и прекрасно време. Модерната технологија овозможува старите фотографии да „оживеат“, да им се даде нова димензија и да се вратат во живот. Погледнете како изгледа стара фотографија на која е прикажана крстосницата на Булевар „Туристичка“ и улицата „Јане Сандански“ и локацијата каде подоцна беше изграден „Мини Маркет“ пред многу години, сега во вид на ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со богата културно – уметничка програма Охрид одбележува 1110 години од упокојувањето на Св.Климент Охридски и 1140 години од основањето на Охридската книжевна школа. Програмата започнува денеска, а ќе трае до недела на повеќе локации низ градот. Вечерва од 20:00 часот на сцента кај ТЦ „Амам“ ќе се одржи Интернационалниот хорски фестивал „Св.Климент Охридски“. Покрај тоа предвидени се и промоции на книги, ...

Скопје, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Неполни два месеци по емотивната поп балада „Имам сé“, македонскиот музичар и пејач Стефан Величковски има нова песна насловена „Карта“. Музички е поп песна со регетон призвук, летна, разиграна, полна со ритам, но и срцепарателни стихови. Текстот е на сопругата на Стефан, Ана Николовска-Величковски, која заедно со него е и коавтор на музика, додека аранжманот го потишува Иле Спасев. Реге – поп ритам со ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Многумина ќе се запрашаат – зошто документарен филм за училиште? Па, таму ни се најубавите спомени, таму ни се сеќавањата на нашите омилени учители и педагози, таму ги стекнавме најдобрите другари со кои и ден денес другаруваме, таму ни се првите симпатии, и првите љубовни искри, таму оставивме дел од животот… Вака авторот Љупчо Паункоски ги опишува мотивите за да го сними својот деветти по ред документарен ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во чест на Св. Климент Охридски ќе биде промовирана книгата „Св. Климент Охридски и современата македонска творечка инспирација“ од проф. д-р Зоран Пејковски. – Беседник и промотор на книгата е проф. д-р Кристина Николовска, а модератор на настанот ќе биде м-р Ивана Рилкова. Ззаедно да му оддадеме почит на Св.Климент Охридски и да бидеме дел од една вечер посветена на македонската духовност, книжевност и ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од најубавото нешто – љубовта, во најубавиот град на целиот свет – Охрид, лето 2026 – Love is in the AIR! (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 7 Охрид, 5. август 2026 ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Охрид започнува музичкиот караван по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Република Македонија. Во недела, 9 август, на стадионот „Билјанини извори“ ќе се одржи мултимедијален сценски спектакл на кој преку музика, глума и танц ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подеми, предизвици и достигнувања од ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, 5 август 1962 година, во Охридското Езеро се одржа првото Светско првенство во маратонско пливање на слатки води. Се пливаше 34 километри долгата патека Пештани-Струга-Охрид, на која најбрза беше охриѓанката Атина Бојаџи, која пристигна прва на целта пред хотелот „Палас“. Настанот прерасна во една од најголемите спортски манифестации од таков вид во Македонија. Во 1960 година на маратонот во ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и многу топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до 33 степени. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30, а за влез околу 15 минути. На другите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез ...

Охрид, 5. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го прославуваат денот посветен на Светите маченици Трофим и Теофил и уште тринаесетмина со нив. Пострадаа во Ликија во времето на царот Диоклецијан. Бидејќи никако не сакаа да се одречат од Христа ниту да им принесуваат жртви на идолите, беа ставени на разновидни маки: ги тепаа со камења, ги стружеа со остро железо, им ги прекршија колената и најпосле толку измачени и повеќе ...

Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадорот на Казахстан во Република Македонија, Сатибалди Буршаков, денеска оствари посета на Општина Охрид, при што се сретна со градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. Ова е прва официјална посета на Буршаков на Охрид, при што високиот гостин не го криеше воодушевувањето од охридските природни и историски убавини, како и богатата културна програма во текот на летото. – На средбата беше најавено ...

Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Д-р Марјан Патлиџанковски е автор на расказот „Службен пат до Тирана“, под шифра „Патникот“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“. Патлиџанковски е роден на 22 мај 1973 година во Скопје. Дипломирал, магистрирал и докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на групата за Македонска и јужнословенска книжевност. Во „Современост“, во броевите 5 од 2004, 2 од 2005 и 4 ...

Охрид/Струга, Полицискиот Билтен носи информации за нови случаи на невидена агресија случени во регионот на Охрид и Струга. Син физички го нападнал таткото, регистриран напад врз полициски службеници, малолетници и јавни лица… На 3 август 2026 година, во 21:20 часот во струшко село, полициски службеници од слобода лишија 39-годишно лице, по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот татко. По целосно документирање на ...

Охрид, 3. јули 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Македонската Академија на науките и уметностите (МАНУ) потсетуваат на програмата за Научната и уметничка визита 2026 година, која ќе одржува во Куќата „Уранија“ во Охрид со бројни промоции, презентации на проекти, изложби, работилници и други настани. Програмата за август предвидува врачување на светската награда за хуманизам 2026 година на лауреатот Кристоф Бенедиктер. Манифестацијата ќе се одржи во ...

Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ Охрид, во текот на јуни и јули оваа година, во водите на Охридското езеро изврши 44 акциски контроли поврзани со кривично дело „незаконит риболов“ и откривање лица сторители, како и пронаоѓање мрежи и други предмети од извршено кривично дело. – Притоа, при вршење на кривичното дело „незаконит риболов“, полициските службеници затекнаа две лица, едното ...

Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Dj Bob Sinclar го испорача својот нов летен сингл „Tequila & Ibiza“, овој пат во соработка со младиот француски продуцент во подем Besh Синглот црпи инспирација од безвременскиот latino класик „Sobre Las Olas“ од Latin Brothers, издаден во 1985 година, пренесувајќи го својот препознатлив ритам во модерна house и dance верзија, идеална за подиумите за танцување ова лето. Зад проектот стои ...

Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид го забележа најуспешниот месец јули во својата историја, поставувајќи нов рекорд и во бројот на патници и во бројот на реализирани летови. Во текот на јули, охридскиот аеродром опслужи 52,544 патници, што претставува раст од 41,21% во споредба со истиот месец минатата година. Воедно, беа реализирани 443 летови, односно 34,65% повеќе отколку во јули 2025 година. Истиот ...

Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Поради санација на настанат дефект прекин во водоснабдувањето во делови од Охрид. – Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на дел од улиците: „Булевар Туристичка“, „Галичица“, „Никола Карев“ и „Мирче Ацев“, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид. Нивни екипи се на терен до целосно завршување на санацијата. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива ...

Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за вредните комунални работници кои го чистат градот секое утро од планините ѓубре кои ги оставаме зад нас, е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress. Охрид на овие луѓе треба да им се даде: 13 плата, Орден за заслуги, партизанска споменица, боречка пензија без два сведоци и се’ друго што треба… Вработените во комуналното претпријатие во Охрид се повторно хероите на ...

Охрид, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава доза OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово во стариот дел на градот, на потегот од Градското пристаниште до црквата „Света Софија“. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За ...

Охрид/Струга, 4. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати. Во регионот на Охрид, изгаснати се пожарите во Охрид, кај депонијата „Буково“ и во Струга, на потегот помеѓу селата Враништа и Горна Белица, каде гореше ниска вегетација. Во моментов се активни пожарите во Општина Кавадарци (помеѓу ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.47
39%
1016
weather icon

Белград

25ᴼ / 22ᴼ
2.68
62%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
0.93
52%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.46
40%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
1.7
52%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
0.83
91%
1016
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
47%
1011
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.34
34%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
2.77
34%
1015
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
60%
1014
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
44%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.31
100%
1014
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.7618

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Калај

55.95

Цинк

0.00

Платина

56295.96

Рутениум

53852.50

Сребро

1954.91

Паладиум

43242.75

Злато

133030.14

Бакар

13.37

Родиум

269262.50

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.23

Кобалт

56.29