Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Глобалната музичка ѕвезда, добитник на Grammy награда и осумкратен добитник на Latino Grammy, Karol G, го објави својот седми студиски албум, „No Me Arrepiento de Sentir Tanto“, издаден за Interscope Records (Universal Music Group). Новиот албум го претставува уметнички најамбициозниот и емоционално најслоен опус на Karol G досега и низ 14 песни тој поминува низ љубовта, љубовната болка, гневот, ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Патеки низ градските гробишта во Охрид оставени во запуштена состојба. Читатели на OhridPress до редакцијата испратија фотографии на кои се гледа дека се обраснати со трева и зеленило, што создава грда слика. Велат пристапот до гробните места не е безбеден, а плаќаме за услуги за чистење на градски гробишта, стравуваме и од појава на живина. Од друга страна, граѓаните во дописот потенцираат дека ваквата ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во охридското село Велгошти, во атарот на црквата Св. Петка“, синоќа се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Пред споменикот на Чинго беше положено цвеќе, по што беше доделена наградата на за најдобар расказ на годинашниот добитник д-р Марјан Патлиџанковски, за делото „Службен пат до Тирана“. – Живко Чинго не научи дека расказот е најдлабокиот отпечаток на човековата душа, ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан (Св. Стефан летен), ќе се служат вечерна богослужба и света литургија. Во истоимената манастирска црква вечерва од 19:00 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба. Утре, пак на денот на празникот, од 07:30 часот ќе има утрена богослужба, а од 08:15 часот предвидена е света Златоустова литургија. Пештерната црква ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници утре ќе го прослават денот посветен на Св. Стефан летен, светецот кој има силен култ во Охридско, кој правел чуда и им помагал на луѓето. На овој ден се слави откривањето и пренесувањето на моштите на Свети Стефан, првиот голем маченик. Црквата го одбележува споменот на архиѓаконот Стефан четири пати годишно. Во нашиот народ, овој светец се вика Стефан Ветровити и се почитува за да ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – И понатаму остануваме совршено место за бегство од градската врева, но и незаборавно гурманско доживување со нашите специјалитети, кои ги нудиме по најприфатливи цени, порачуваат од Jovanoski Bar & Restaurant by Rajska Dolina. – Во време кога сите зборуваат за високи цени, гужви, проблеми со услугата, паркингот, одберете мудро и нешто сосема поинакво. На само 15 километри од Охрид, на патот кон Битола, ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress ви нуди здрава мерка OhridIN, дневна доза за сите на кои им е паднато нивото на Охрид во крвта. Денешната доза е снимена утрово, на потегот кај Градското пристаниште и Светилникот. Најубавите локации во најубавиот град следете ги и на нашиот профил на Facebook и нашиот YouTube канал. **Со употребата на овој лек добивате силна желба за посета на градот. За индикациите, потребата од употребата, и ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Наскоро започнуваат уписите во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2026/2027 година, во охридските високообразовни установи има место за вкупно 451 бруцош. На охридскиот Факултет за туризам и угостителство (ФТУ) може да се запишат 261 студен во прва година. Редовни студенти во државна квота, со партиципација од 200 евра ќе може да се запишат вкупно 109, ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечер на класична музика во Култ културен центар Охрид. Посетителите ќе уживаат во концертот за глас и пијано, а ќе настапат Стефани Дудиќ – сопран и Дамјан Милески на пијано. На програмата се дела од Скаловски, Зографски, Дворжак, Дебиси… за глас и пијано и соло пијано. Поезија ќе чита Сара Ристоска. Концертот ќе се одржи вечерва со почеток во 20:00 часот. (Крај) извор: ОхридПрес фото: архива Прочитано: ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на OhridPress и Супер радио, вчера имаа уште едно незаборавно дружење со нашите супер креативни пријатели, малите Plazma автори од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид. Уште од почетокот на јули, тие твореа и креираа песнички, кои деновиве ќе добијат и комплетна и модерна аудио и видео форма, и верувајте ни на збор, дека звучат фантастично. Ова е трето издание на супер забавната летна кампања на ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии од преубавиот Охрид, кој како и секогаш, блеска со својата безвременска убавина. Денешната фотографија е снимена утрово, со мотив од кеј „Македонија“. (Крај) извор: ОхридПрес фото: Охрид најубав/Ohrid najubav Прочитано: 9 Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Facebook страната Охрид најубав/Ohrid najubav објавува дневни фотографии ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Годинава се планира порибување на Охридското Езеро со околу 1,6 милиони единки охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе од минатата година. Ова го најави заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, заедно со претставниците на Државниот инспекторат за земјоделство, при неодамнешната посета на Хидробиолошкиот завод во Охрид. Притоа тие одблиску се запознаа со ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Откријте го Охрид, еден од најстарите градови на езеро во Европа, пишува престижниот National Geographic во сегментот National Geographic Traveller, за убавиот Охрид. – Сместено убаво како сафир помеѓу Република Македонија и Албанија, Охридското Езеро е едно од најстарите езера во Европа – се проценува дека е старо речиси 1,5 милиони години – со човечки населби кои датираат од пред околу 8.000 години. На ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започнуваат Богородичните пости, кои ќе траат 15 дена, до празникот Успение на Пресвета Богородица. По својата временска должина, овој е најкраткиот од четирите годишни пости. Секоја година започнува на денот на прославувањето на Светите седум Макавејци, 14 август. Богородичниот пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до 30 степени. – Денеска наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Во деновите од викендот и во ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 август, денот кој православните верници го одбележуваат во чест на Св. седум маченици Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар. Сите пострадаа за чистата Израилска Вера од царот Антиох, од едни наречен Епифанос (просветлен), а од други Епиманис (безумен). Заради големите гревови во Ерусалим, особено заради грабањето колу ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Малолетна девојка по име Кристина од Охрид е пријавена за исчезната, информираат нејзини блиски за Тв Сител. Според објавените информации, последниот контакт со семејството го остварила вчера околу 16:00 часот. При излегувањето била облечена во црна маица и широки фармерки. Случајот е пријавен и во полиција, а семејството апелира до сите кои можеби ја забележале или имаат каква било информација за ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Малолетната девојка од Охрид, која од вчера беше пријавена за исчезната, е пронајдена, информираат од семејството за OhridPress и Супер радио. Додаваат дека девојката е во ред и се заблагодаруваат на сите за поддршката и помошта. Од СВР Охрид, во официјалното соопштение потенцираат дека денеска, 13 август 2026 година, во 12:20 часот на крстосница од улицата „АСНОМ“ со улицата „Никола Карев“, по преземени ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Празникот Макавеи во народот се смета за тежок празник, според едни празнични денови се шест, според други дванаесет. Во цела Македонија, според тоа какво ќе биде времето во текот на овие денови, се прогнозира времето за следните шест месеци (зимскиот период) или за цела година. На први август според стариот календар (или на 14 според новиот), што се совпаѓа со започнувањето на Богородичините пости, се ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Малолетната девојка од Охрид, која од вчера беше пријавена за исчезната, е пронајдена, информираат од семејството за OhridPress и Супер радио. Додаваат дека девојката е во ред и се заблагодаруваат на сите за поддршката и помошта. Од СВР Охрид, во официјалното соопштение потенцираат дека денеска, 13 август 2026 година, во 12:20 часот на крстосница од улицата „АСНОМ“ со улицата „Никола Карев“, по преземени ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 13 август 2026 година, во 05:45 часот во СВР Охрид, 57-годишник од Охрид пријавил дека еден ден претходно, на 12 август 2026 година, околу 16:00 часот неговата 15-годишна малолетна ќерка од Охрид, која има здравствени проблеми, се оддалечила од домот. – Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес Прочитано: 2 Охрид, 13. август 2026 ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – На 12 август 2026 година, во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско Езеро, кај селото Пештани било извлечено машко лице – давеник. – Екипа на Итна медицинска помош се обидела да го реанимира лицето, но набргу констатирале дека лицето починало и дека нема видливи повреди. Притоа, било констатирано дека се работи за 46-годишен турист од Грузија. Увид бил извршен, а по Наредба на ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, на 16 август 2026 година, во Shilla – coffee & bar во Охрид, од 11:00 до 18:00 часот, ќе се одржи првото издание на Охрид 33/45 – нов саем на винили. – Со огромно задоволство би сакале да ви посакаме Добредојде на првото издание на Охрид 33/45 – нов саем на винили кој го носи аналогниот звук на брегот на Охридското Езеро. Ве очекува супер дружба, одлична понуда на плочи и настапи на локални ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Катерина Климоска е избрана да учествува на Summer School Human Rights in Times of Crises and War, која ќе се одржи во Рим, овој септември, програма организирана од CeSPI – Centro Studi di Politica Internazionale, во соработка со Универзитетот во Тренто и Советот на Европа. – Особено значење за мене има токму учеството на Советот на Европа, институција која повеќе од седум децении е еден од ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – По повод Светскиот ден на органодарителството, Дебарско-кичевската епархија при МПЦ-ОА упатува повик за поддршка на органодарителството како израз на љубовта, солидарноста и грижата за животот и ближниот. – Станува збор за благороден чин преку кој, дури и во најтешките животни околности, можеме да подариме надеж и нова можност за живот на оние кои се соочуваат со тешки заболувања. Како христијани, повикани ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Тапанарот, пејач и еден од креаторите на легендарните Queen, Roger Taylor има нова песна „I See You Now“, втор сингл од неговиот претстоен соло албум „Violence Insane In A Beautiful World“. „I See You Now“ е љубовна исповед посветена на неговата сопруга Sarina Taylor, песна за подлабокото запознавање на двајца луѓе кои споделиле голем дел од своите животи. Зборувајќи за BBC Radio 2, Roger Taylor откри дека ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – И ова лето продолжува забавата и супер-успешната соработка на водечките медиуми во регионот, охридското Супер радио и порталот OhridPress, со најголемите компании во државата, но и многу пошироко. По првото супер-издание, второто со многу насмевки и супер поминат ден, и третото кое ќе го паметиме цело лето, вчера имавме ново, и повторно незаборавно крстарење до една од најубавите и најатрактивните локации, ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Легендарниот Armin van Buuren ја претстави својата верзија на култната „Children“, една од најпрепознатливите нумери во историјата на електронската музика. Ова ремек дело на Robert Miles, кое ги одбележа 90-тите и постигна глобален успех, добива поинаков идентитет преку пијанистичкиот пристап на холандскиот диџеј и продуцент. Новата верзија е вклучена во личниот проект за пијано на Armin van Buuren, албум ...
Охрид, 13. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид објави оглас за јавно излагање на проектна програма за изработка на Урбанистички проект со план на парцелација за ГП 4.29 и ГП 4.30 од ДУП за УЗ 9 УБ 9.2, Општина Охрид. – Согласно член 63 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ бр. 32/20, 111/23, 73/24, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25, 127/25 и 134/26), Правилникот за урбанистичко планирање (Сл.весник на РСМ 225/20, ...