Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
По повод својата 5-годишнина, Matto Napoletano ја реализираше хуманитарната иницијатива MATTO FOR GOOD, во поддршка на СОС Детско село Северна Македонија. За оваа специјална пригода беше подготвено ексклузивно бранч мени со авторски пици и пасти, креирани само за настанот, збогатено со Pizza Cook Experience, DJ сет и музички настапи на sempremusic и theaft3r, во уникатна open garden атмосфера. Посебна чест ни претставуваше присуството на ...
Развојот на медицината денес сè почесто се одвива на пресекот меѓу науката и технологијата, а улогата на хирургот не се намалува, туку добива нова димензија. Роботската хирургија веќе не е визија за иднината, туку реалност што ги менува стандардите на лекување и отвора нови можности за пациентите. Д-р Виктор Станков, специјалист по урологија на Универзитетската клиника за урологија во Скопје, доктор на науки и научен соработник по хирургија ...
Постојат жанрови кои забавуваат, но и жанрови кои нè тераат да размислуваме долго откако ќе заврши последната епизода. Токму затоа документарците за вистински криминалистички случаи последниве години се меѓу најгледаните содржини на стриминг платформите. Тие не се само приказни за злосторства, туку и за човечката психологија, истрагите, судските процеси и последиците што трагедиите ги оставаат врз семејствата и заедниците. Доколку сте ...
Цената децата да ти се занимаваат со спорт, малце посериозно од хоби е што треба активно да си вклучен во целиот тој процес, најмногу како вистинска такси служба. Моите викенди најчесто изгледаат слично, стадион, сала, турнир… Бидејќи цел живот премногу сакам спорт, некако овие мои активности не ми паѓаа многу тешко. Но еден ден, една моја добра пријателка во неврзан разговор ми рече:- Како издржуваш, јас би полудела, не можам да поднесам да ...
После големо затишје и наше прерано затворање на зимската сезона во Македонија, дојде на ред мала алпинистичка акција на Алпите со престој во Шамони. Оваа активност беше реализирана од наша страна како дел од Алпинистичкиот клуб 8 од Скопје, член на Македонската алпинистичка федерација (МАФ). Оваа посета, покрај спортскиот карактер, имаше за цел да направи и подобра теренска извидница, како дел од долгорочните планови на МАФ за почести и ...
Зад секој бренд што успева да опстои, да се развива и да остане релевантен низ времето стојат визија, вредности и луѓе кои умеат да ја препознаат иднината уште пред таа да стане очигледна за другите. Зејнеп Емурлаи Камил е една од тие личности. Архитектка по професија и претприемачка по убедување, таа припаѓа на новата генерација деловни лидери кои успешно ја спојуваат традицијата со современото размислување. Како еден од двигателите на ...
Во јавноста Живко Мукаетов најчесто го гледаме низ призмата на менаџментот, корпоративното лидерство и резултатите што со децении ги постигнува во деловниот свет. Но, во новата епизода на „Низ град со Кики“, разговорот открива една многу полична страна од неговата животна приказна, годините што му претходат на професионалниот успех и искуствата што го обликувале како човек. Низ сеќавања на детството во Козле, маалските дружби во време без ...
Фотографијата и видеото одамна не се само средство за бележење моменти. Тие се јазик преку кој се раскажуваат приказни, се пренесуваат емоции и се создаваат спомени што остануваат долго по завршувањето на последниот кадар. Повеќе од една деценија, Аммар Фејзулаху професионално го истражува токму тој простор помеѓу реалноста и визуелната интерпретација. Неговата работа опфаќа различни формати, проекти и платформи, следејќи ги промените во ...
По години поминати во Фиренца, градот во кој живеела, студирала и го градела својот креативен сензибилитет, дизајнерката Јована Филиповиќ повторно се враќа на местото што длабоко ја обликувало како личност и автор. Токму од тоа враќање произлегува нејзината нова колекција „Ogni Cosa al Suo Posto“ („Сè на своето место“), интимна модна приказна за спомените што остануваат со нас, за вредностите што нè дефинираат и за облеката создадена да трае ...
Преполна сала, долга сесија на прашања и одговори и бројни пофалби ја одбележаа американската премиера на филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, која се одржа синоќа на Менхетен во рамките на филмскиот фестивал Tribeca во Њујорк. Ова е прв македонски филм што е селектиран во официјалната програма на престижниот фестивал основан од Роберт де Ниро. Проекцијата се одвиваше пред преполна сала, а по завршувањето ...
Светското првенство одамна не е само спортски настан. Денес тоа е глобален спектакл во кој фудбалот, поп културата, музиката и модата се испреплетуваат повеќе од кога било. А пред Светското првенство 2026, кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада, станува јасно дека луксузните модни куќи сакаат свое место не само на трибините, туку и во целата културна приказна околу турнирот. Во време кога спортските дресови се комбинираат со елегантни ...
Македонскиот игран филм „Скејтбордингот не е за девојчиња“, во режија на Дина Дума, својот пат го започнува громогласно од срцето на Менхетен – на Tribeca Festival кој ќе се одржи од 3 до 14 јуни. Tribeca Festival важи за еден од најзначајните филмски фестивали во САД, каде еден од основачите е Роберт Де Ниро. Истиот настана како културен одговор на нападите од 11 септември. Препознатлив е по современиот независен филм, нови авторски гласови ...
На 5 јуни, покривното плато на Skopje City Mall повторно ќе се претвори во најатрактивната летна фестивалска локација во градот. Gin Lane Festival, во организација на Bottega Eventi и Skopje City Mall, годинава го одбележува своето четврто издание, носејќи уште побогата програма, внимателно селектирани изложувачи на џин и сродни брендови и ексклузивен музички спектакл под отворено небо. Gin Lane Festival претставува уникатен спој на музички ...
Вечерва, со почеток од 19 часот, во Кафе и филм КОТУР ќе се одржат проекции на македонски кратки студентски филмови, во соработка со студентската филмска платформа ХАЈ-ФАЈ, чие трето издание започнува токму денес. На програмата се филмови од новата генерација млади автори: „Сведоци“ – Јана Голабоска „Небото не е граница“ – Бојана Миовска „Каде одиш Јан“ – Леона Јариќ „Delmo“ – Мартин Темков „Борби со ветерници“ – Борјан Гаговски „Делузија“ – ...
Со свој дизајн продаден на хуманитарна аукција во рамките на Better World Fund во Кан, дизајнерката Анастасија Атанасовска и нејзиниот бренд A2 Atelier станаа дел од глобална приказна каде што модата, филмот, уметноста и хуманоста се спојуваат во едно. Како прв македонски дизајнер вклучен во ваков настан, таа не само што го претстави својот бренд на меѓународната сцена, туку испрати и силна порака за домашната креативност, автентичност и ...
Со длабока посветеност кон литературата и авторскиот сензибилитет, Татјана Димовска-Атанасова веќе години наназад е едно од најважните имиња зад книжевните изданија на Арс Ламина. Нејзината работа ретко е во преден план, но токму во таа „невидливост“ се крие суштината на доброто уредништво, способноста книгата да стане најдобрата верзија од самата себе, без да го изгуби автентичниот глас. Во ова интервју таа отворено зборува за довербата меѓу ...
Некои форми се создаваат со раце. Некои со пиксели. А некои постојат токму помеѓу нив. „Вибрантни идентитети“ е изложба што ги спојува глината и дигиталната уметност во еден заеднички визуелен простор, простор на контрасти, експерименти и современи парадоксалности. Игра помеѓу материјалното и виртуелното, помеѓу текстурата и екранот, помеѓу интуицијата и дигиталниот импулс. Зад проектот стојат визуелната уметница Бојана Мандевска, која низ ...
Во динамично секојдневие исполнето со обврски, движење и постојан ритам, навиките што ги создаваме за себе стануваат важен дел од начинот на кој функционираме и се чувствуваме. Токму затоа, преку новиот серијал „Се хидрираме со Rosa“, отвораме разговори со спортисти кои, покрај професионалниот ангажман, носат и свои лични рутини, интереси и животен баланс надвор од спортските терени. Низ опуштени и искрени разговори, серијалот допира теми ...
Во светот на врвната хотелска индустрија, една деценија не е само временска одредница , таа е мозаик составен од илјадници приказни, кратки средби и моменти што остануваат засекогаш запаметени. По повод својот значаен јубилеј, Skopje Marriott Hotel денес не се доживува само како хотел, туку како дел од урбаниот идентитет на градот. Во разговор со генералниот менаџер Огуз Ерујгун, зборуваме за филозофијата што стои во срцето на Marriott ...
Во рамки на ПРВО ПА ЖЕНСКО #14, на 20 и 21 мај во Лабораториум ќе се одржи филмската програма „СЕМЕЈСТВО, НО ПОИНАКУ“, курирана од Ивана Нацева. Програмата носи два современи авторски филма кои низ различни естетски и наративни пристапи ги отвораат прашањата за семејството, идентитетот, телото, припадноста и заедништвото. На 20 мај програмата започнува со дискусијата „Семејство, но поинаку: Кои се можностите за правно препознавање на ...
Колекција што ја истражува естетиката на продуктивностакако перформативна структура наметната врз телото. Проектот ја разгледува тензијата помеѓу институционалнитеритми и флуктуирачката природа на човечкото присуство. Во култура структурирана околу линеарна ефикасност, телото делува бунтовно, а сепак емоционално повлечено. Моделот Софија Симоска присуствува во работниот просторбез целосно да учествува во наметнатите норми. ...
Кожата на новороденчињата, а особено на предвремено родените бебиња, е исклучително нежна, тенка и чувствителна. Токму затоа уште од првиот ден ѝ е потребна безбедна, клинички тестирана и внимателно формулирана нега. Воден од оваа потреба, брендот Becutan, во соработка со педијатри и дерматолози, ја создаде линијата Becutan Sensitive – наменета токму за најчувствителната кожа. Дел од оваа линија е кремот Becutan Sensitive SOS, специјално ...
Изложбата „Меѓу нас“ на Горан Костовски – Индог ќе се одржи на 03 јуни 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонија. Изложбата произлегува од неговото долгогодишно истражување на темата „Славење на животот“, започнато во 2011 година, а во оваа фаза насочено кон колективната грижа, љубовта и емпатијата како основа за подобра иднина. Преку серија илустрации, платна и графики создадени во последниве ...
Дали сте подготвени за бегство од градскиот метеж и врева? На брегот на преубавото Преспанско Езеро, таму каде што природата ги спојува моќните планински масиви на Баба и Галичица, се раѓа една поинаква приказна. Prespa Run & Fun не е само обична спортска манифестација, ова е целодневен open-air фестивал кој на едно место ги обединува спортот, чистиот воздух, музиката, кампувањето и чистата фестивалска енергија. Овој настан е создаден за ...
На 20 мај, во 19:00 часот во инспиративната галерија „Руди Арт Спејс“ (Rudi Art Space) ќе се отвори изложбата на дизајнерката на накит Елена Ристовска под наслов „Дива површина“. Печат на изложбата се прстените со масивни камења, кои се необработени, и ланчињата со текстура кои исто така се диво оставени. „Оваа колекција на Елена го зема здивот, токму поради тоа што тие сирови парчиња како да сакаат да кажат дека нема компромис со убавината – ...
Документарниот филм „Антипод“ на режисерот Бојан Секулоски ја надминува рамката на класичен запис за екстремен подвиг и се претвора во филмско истражување на човекот во гранични состојби. Во неговиот центар е Дарко Неданоски, кој си поставува исклучително редок и опасен предизвик , во еден ден да реализира два екстремни подвига: најдлабокото спелео-нуркање во пештерата Крштална и фри-соло искачување на Камена Баба. Паралелно со него, низ ...
Здружението за промоција на источноазиски култури „Пагода“ го најавува националниот косплеј натпревар, преку кој ќе се избере претставникот на Македонија за учество на меѓународниот натпревар Ultimate Balkan Cosplay Championship (UBCC) 2026. Натпреварот ќе се одржи на 9 мај 2026 година (сабота), со почеток во 12:00 часот, во Netaville во Скопје. На сцената ќе настапат косплеери кои се пријавија како соло учесници или во дуо, претставувајќи ...
Мрежа Стела, во партнерство со Career Launch од Србија, организира Career Bootcamp — интерактивен и практичен настан наменет за млади луѓе кои сакаат да направат сигурен и информиран чекор кон пазарот на труд. Настанот ќе се одржи на 8 мај (петок), од 10:00 до 14:00 часот, во Netaville, Скопје, и ќе се реализира на англиски јазик. Кариерниот буткамп нуди можност за учење преку практична работа и директна интеракција со експерти, со фокус на: ...
На 6 мај (среда), со почеток во 20:00 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје свечено ќе биде отворена изложбата „Старите мајстори и македонската модерна“, значаен истражувачки проект посветен на комплексниот однос меѓу европското уметничко наследство и развојот на модерната уметност во Македонија. Автор на проектот е проф. Кирил Пенушлиски, а изложбата претставува длабинско истражување на влијанието што ...
Во изминатите денови, Северна Македонија е преплавена со наслови и интензивна јавна дебата за насилството што ги погодува децата и адолесцентите. Многу луѓе чувствуваат шок, гнев, страв и длабока тага – и овие реакции се разбирливи. Но, револтот што згаснува во тишина не менува ништо. Она што ѝ е потребно на земјата во овој момент езаедничка одлука повеќе да не се толерираат условите што дозволуваат насилството да опстојува. Ако сакаме ...