Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Необична објава на министерката за образование и наука на Федерацијата Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, предизвика бројни реакции и критики на социјалните мрежи, откако таа преку видео на ТикТок соопшти дека планира да ги намали своите активности до средината на ноември поради ретроградниот Меркур. Дураковиќ во видеото објаснува дека, според нејзиното толкување на астролошките појави, ретроградниот Меркур започнал на 30 октомври и ќе ...
Авионот што вечерва требало да слета во Москва го сменил курсот и се враќа во Белград, објави српскиот портал „Нова.рс“. Според порталот, се претпоставува дека меѓу патниците се Александар Вулин, Душан Бајатовиќ и Ненад Поповиќ. Црногорскиот портал ЕТВ претходно објави дека Вулин и Поповиќ резервирале билети за летот JU134, чие полетување од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ било планирано за 18:25 часот. Бајатовиќ се споменува во ...
Гувернерката на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ, добила предупредување дека од Алта банка се префрлаат пари во странство и дека е потребен итен надзор, објави хрватскиот портал „индекс.хр“. Според порталот, предупредувањето стигнало неколку дена пред српската централна банка да ѝ ја одземе дозволата за работа на Алта банка АД Белград. По апсењето на сопственикот на банката, Давор Мацура, соговорниците на „Нова.рс“ бараат да се ...
Српските власти вчера приведоа девет активни полицајци и еден поранешен полицаец поради наводна употреба на прекумерна сила врз приведени лица за време на минатогодишните протести во Белград, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протестите против корупцијата ја зафатија Србија, земја кандидат за членство во Европската Унија, во текот на 2025 и 2026 година, откако на 1 ноември 2024 година во Нови Сад загинаа 16 лица во уривање на ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека група криминалци провалиле во хотелот „Хајат“ во Белград пред две ноќи и ги малтретирале гостите таму. Тој ги обвини полицијата и обвинителството дека не реагирале на вакви инциденти, и покрај неговите претходни јавни предупредувања. Во видеото, тој тврди дека граѓаните добиваат директни закани и барања за изнуда, додека надлежните државни институции не преземаат ништо за да ги заштитат. „По ...
Во пратка од Тајланд, декларирана како облека, на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина биле откриени и запленети 207 килограми и 466 грама суров канабис, во вредност од околу 1 милион евра, што пристигнале во август годинава. Според грчката полиција, Дирекцијата за борба против дрога во соработка со Одделението за сузбивање на шверц при царинската управа на аеродромот, спречиле обид за влез на дрогата во Грција, по добиените информации. ...
Турската полиција трага по маж кој денеска уби осум луѓе во три села во западниот дел од земјата. Според турските медиуми полицијата трага по маж кој возел црвен автомобил, кој бил забележан како бега од местото на инцидентот. – Осум наши граѓани ги загубија животите, а друг е сериозно повреден во вооружен напад во нашата покраина, соопшти канцеларијата на гувернерот на Афјонкарахисар. Прво биле пронајдени две жени со прострелни рани на ...
Србија влезе во постапка за формирање на новата власт откако Републичката изборна комисија на 5 ноември ги усвои конечните резултати од предвремените парламентарни избори. Со нивното објавување почна да тече рокот од 30 дена за конституирање на новиот состав на Народното собрание. Потоа, пратениците ќе имаат 90 дена за да изберат нова влада. Студентската листа „Студентите победуваат“ освои 140 од вкупно 250 пратенички мандати, додека листата ...
Анталија, туристичката престолнина на Турција, од понеделник, 9 ноември, ќе биде во центарот на светските климатски случувања, како домаќин на 31-та Конференција за климатски промени на Обединетите нации (COP31), која се одржува во рамките на Рамковната конвенција на ОН за климатски промени (UNFCCC). Со тоа што за првпат ќе претседава со конференцијата и ќе биде нејзин организатор, Туркије ја зајакнува својата позиција во глобалната климатска ...
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во воздушниот простор на Србија, откако српската војска итно испратила два борбени авиона за пресретнување на патнички авион на компанијата „Виз ер“, кој летал од Брисел кон Софија. Причина за интервенцијата била дојава дека во патничкиот авион наводно се наоѓа експлозивна направа. При итното ангажирање на воената авијација бил пробиен звучниот ѕид, што предизвикало силни звуци слични на ...
Европската комисија ги започна преговорите со шесте партнери од Западен Балкан за нивно вклучување во европската шема „Роаминг како дома“, со која на граѓаните ќе им се овозможи да ги користат мобилните услуги во ЕУ без дополнителни трошоци за роаминг, соопшти Европската комисија. Преговорите ги опфаќаат Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Иницијативата ја најави претседателката на Европската комисија, ...
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по натпреварите од 10. коло во Прва и 8. коло во Втора МФЛ, меѓу кои дисциплински постапки против два клуба и клупски функционер, како и казни за четворица фудбалери. Поведена е дисциплинска постапка против ФК Шкендија Арачиново 77 поради слаба организација на натпреварот од 10. коло на Прва МФЛ против ФК Струга Трим Лум, односно поради присуство на неслужбени ...
Турската фудбалска репрезентација влегува во нова ера. Искусниот стратег Серген Јалчин и официјално ја презеде селекторската функција, откако потпиша четиригодишен договор со Турската фудбалска федерација (ТФФ). На оваа позиција тој го наследува италијанскиот стручњак Винченцо Монтела. Свеченото потпишување на договорот се одржа во седиштето на Турската фудбалска федерација во Рива, каде што Јалчин беше претставен како нов предводник на ...
Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) му изрази денеска недвосмислена поддршка на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, за неговата кандидатура за реизбор и покрај претходниот спор околу сега веќе напуштениот предлог за отворање на Светското првенство за приватни инвестиции. „Ја потврдуваме нашата целосна посветеност да ве поддржиме вас и вашето лидерство додека се обидувате да обезбедите нов мандат како претседател на ФИФА“, изјави првиот ...
Дербито на 11. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Вардар одиграно попладнево во Гостивар заврши нерешено 0:0. Натпреварот го одбележаа трите поништени гола поради офсајд, еден на Шкендија во првото полувреме и два на Вардар во самиот финиш на мечот. На првиот денешен натпревар, Струга ТЛ го победи Скопје со 4:0. Вчера, Силекс – Шкендија Арачиново 2:0. Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварите: Арсими – Брегалница ...
Барселона и Реал Мадрид вечерва од 21 часот ќе се соочат на „Спотифај Камп Ноу“ во првото првенствено Ел Класико сезонава. Дуелот од десеттото коло на Ла Лига доаѓа во момент кога каталонскиот тим има можност дополнително да се одлепи од најголемиот ривал. По девет кола, Барселона има шест бода предност пред Реал. Победа на домаќините би ја зголемила разликата на девет, додека мадридскиот тим со триумф би се доближил на само три бода и би ја ...
Фудбалерот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, побара неговиот тим да не го зафаќа еуфорија по синоќешната победа на гостувањето кај Барселона (2:1) во 10. коло од шпанската Ла Лига. – Тоа беше тимска победа. Целиот тим одигра херојски. Знаевме дека мора да играме тимски натпревар. Добро се подготвивме во последните неколку натпревари бидејќи победувавме, игравме добро и бевме во добра ментална состојба. Денес, дадовме сè што имавме на теренот. ...
Судот за спортска арбитража пресуди денеска дека руските хокеарски репрезентации можат да учествуваат на светските првенства во машка и женска конкуренција следната година, поништувајќи ги со тоа одлуките на Меѓународната федерација во хокеј на мраз (IIHF) за нивно исклучување од меѓународните натпревари. Судот со седиште во Лозана ги потврди жалбите поднесени од Руската хокеарска федерација против одлуката на IIHF да им забрани на руските ...
Кошаркарската Евролига ги изрече паричните казни за белградските екипи Црвена Звезда и Партизан за инцидентите за време на дуелот од седмото коло. Црвена Звезда ја доби една од најригорозните санкции – во следните пет натпревари ќе игра на гостински терен без поддршка од своите навивачи. Дополнително Црвена Звезда е казнета вкупно и со 115.000 евра од причина што навивачите на Црвена Звезда ја загрозиле безбедноста на другите навивачи, ...
Шпанскиот фудбал е потресен од трагична вест за смртта на 30-годишниот Хесус де Мигуел, за кого се наведува дека починал по срцев удар доживеан за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора. Според информациите фудбалерот доживеал сериозни здравствени проблеми за време на вчерашниот натпревар, по што му била укажана итна медицинска помош. Неговата здравствена состојба, според објавените информации, дополнително се влошила во текот на ...
Македонската ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство 2028. Противник на „црвено-жолтите“ вечер е селекцијата на Луксембург. Капитенот Филип Кузмановски верува во победа, како на вечерашниот дуел , така и на гостувањето кај Грција во второто коло. – Македонија изминатиов период покажа еден континуитет на големите натпреварувања, и сакаме да го продолжиме тоа. Искрено мислам дека напредуваме од првенство на ...
Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска асоцијација (ЈФА) и актуелен член на Советот на ФИФА, Козо Ташима, ја објави својата кандидатура за претседателските избори на Светската фудбалска асоцијација закажани за март 2027 година. Според АП, тој ќе биде првиот Јапонец кој ќе се кандидира за највисоката функција во светскиот фудбал. Управниот одбор на ЈФА едногласно ја поддржа кандидатурата на Ташима. Тој ја објасни својата одлука со ...
Во маратонски меч што траеше 165 минути шпанскиот тенисер Карлос Алкараз успеа да обезбеди полуфинале на Мастерс 1000 турнирот во Париз откако во четвртфиналето спаси две меч-топки и го совлада Тејлор Фриц со 2:1 во сетови. Првиот сет му припадна на Фриц со 7:6-12:10 на поени во тај-брејкот. Во вториот сет Американецот Фриц не искористи две меч-топки, по една во деветтиот и во десеттиот гем, а Алкараз ја реализираше третата сет топка за 7:5 ...
Град Скопје започна со големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која се обновува зеленилото и се раззеленуваат јавните површини, а до крајот на сезоната за садење ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници. – Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење. Ги опфаќаме постојните паркови, новите ...
Соопштение за јавност на Левица: Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на Левица, за ослободување на младите брачни парови од плаќање на делот од надоместокот за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Градот, при изградба на нивната прва семејна куќа. Со оваа иницијатива, Левица предлага конкретна локална мерка за намалување на финансискиот товар врз младите брачни парови и олеснување на пристапот до сопствен ...
Општина Центар со низа едукативни активности го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, со цел подигнување на свеста, рано препознавање и спречување на врсничкото насилство. Во текот на неделата, во просториите на Младинскиот центар „Матично” се одржаа работилници наменети за родители, наставници и стручни соработници, со посебен акцент на улогата на семејството и училиштето во превенцијата од оваа појава. ...
Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна длабочина во подводната пештера „Врело” на Матка и постави светски рекорд е прогласен за почесен граѓанин на Скопје. На денешната седница на Советот на Град Скопје, градските советници ја прифатија иницијативата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и на нуркачот Питала му го доделија ова почесно признание. Во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026″, Бартломиеј Питала минатиот ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, нагласи дека мерката за ослободување од комуналии за млади брачни парови е дел од неговата изборна програма и не станува збор за прифатена иницијатива. – Видов лиферувани информации дека наводно сум прифатил нечија иницијатива за ослободување на млади брачни парови од комуналии за градба, а тоа не е вистина. Почитувани, тоа е пракса која што прв пат во историјата на оваа независна држава јас ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот на Град Скопје, се обезбедени средства за изградба на две целосно нови средни училишта „Кочо Рацин” во општина Ѓорче Петров и „Браќа Миладиновци” во Драчево, општина Кисела Вода. Двете училишта ќе бидат изградени со финансиски средства на Град Скопје. – Предолго учениците во овие училишта се образоваа во крајно несоодветни услови. Предолго ...
Соопштение на Левица: Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје повторно реагира на неизвршувањето на изгласаната иницијатива за субвенционирање на кириите за жртвите на семејно насилство. И покрај тоа што во јуни Советот ја прифати иницијативата, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски јавно ја оцени како одлична и најави формирање работна група и обезбедување средства во наредниот ребаланс, до денес не е преземен ниту еден конкретен ...