Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Во периодот од 01.07.2026-31.07.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 20976 издадени платни налози, 4241 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 496 лица, од кои 81 за возење под дејство на алкохол, 373 за возење ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. Првопријавениот М. Д. во својство ...
Соопштение за јавност на ЛДП: По последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко ...
Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри. Станува збор за ѕид кој беше стар 25 години, кој сега ќе биде заменет со конструкција од армиран бетон, со темели пошироки од претходните. „И ова лето вложуваме во воспитно-образовната инфраструктура. Во моментов се работи и на поставување нова енергетски ...
Соопштение за јавност на Левица: На Илинден, наместо да положи сметка за состојбата во која ја доведе државата, Христијан Мицкоски од Пелинце повторно одржа партиски митинг. Наместо да зборува за сиромаштијата што ги обзема граѓаните, премиерот одлучи да им објаснува дека „посилно од сиромаштијата е кога народот ќе престане да верува во себе”, а вината за безнадежноста повторно ја побара кај опозицијата. Нема поголем политички цинизам од тоа ...
Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со проектот, согласно со стандардот ISO 20022. По завршувањето на ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот “Куклица“, кој со указ е прогласен за споменик на ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни. Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани. Како може иднината на Македонија да биде тајна? Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува – само ...
Македонија и денеска ќе биде под влијание на топла воздушна маса, па времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Утринските температури ќе се движат од околу 14 до 21 степен, а дневните ќе достигнат од 35 до 41 степен, а најтопло ќе биде во Повардарието и југоисточните делови на земјата. Во Скопје пак, се очекува сончево време со температура до 40 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, кој повремено ќе биде ...
Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“ каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ со нејзиниот солистички рецитал го означи почетокот на фестивалот „Охридско лето“. Инаку, монографијата е посветена на јубилејот – 100 години од нејзиното раѓањето (1926-2012). Авторите на монографијата м-р Снежана Анастасова Чадиковска и д-р Александар Трајковскисе истакнати музички педагози и ...
Карго брод е погоден од „непозната ракета“ во Ормутскиот теснец крај брегот на Оман, објави Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Инцидентот се случил околу 37 километри североисточно од оманскиот град Хасаб, соопшти UKMTO, без да даде детали за штетата или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек. Иранската влада бара бродовите низ Ормутскиот теснец да пловат по иранскиот брег, ...
Соопштение за јавностна СДСМ: Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда” беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Денес повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено. Но никој ...
Европол предупредува на нов и сè поопасен модел на организиран криминал кој забрзано се шири низ Европа. Криминалните мрежи сè почесто ги користат социјалните мрежи и шифрираните апликации за да регрутираат тинејџери и ранливи млади луѓе за извршување тешки кривични дела, вклучително и убиства, претставувајќи им ги задачите како да се дел од видеоигра. Во фокусот на истрагата е шведската криминална мрежа „Фокстрот“, која, според проценките, ...
Полицијата го расветли случајот со насилството во Гостивар, откако по објавувањето на видео-снимка на социјалните мрежи беа преземени интензивни мерки и активности за идентификување на учесниците во инцидентот. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 2 август 2026 година во 22:20 часот, во ОВР Гостивар, 22-годишниот А.В. од Гостивар пријавил дека истиот ден, околу 02:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“ во Гостивар, тој и ...
Скопје денеска се соочи со екстремно високи температури, а во попладневните часови беа измерени 40 степени Целзиусови. Фотографија испратена до нашата редакција покажува дека во 14:16 часот термометарот во автомобил регистрирал температура од точно 40 степени, што е уште една потврда за силниот топлотен бран што го зафати главниот град. Високите температури го отежнуваат движењето и престојот на отворено, особено во периодот од пладне до ...
Нискиот крвен притисок, познат и како хипотензија, не секогаш предизвикува јасни симптоми, а кај некои луѓе може да помине целосно незабележано. Сепак, лекарите предупредуваат дека во одредени случаи може да биде знак за посериозен здравствен проблем и не треба да се игнорира. Според експертите од Клиниката „Мајо“, причините за низок крвен притисок се различни – од дехидрација и недостаток на хранливи материи до срцеви, хормонални или други ...
Автобус на превозникот „Дурмо Турс“ денеска се запали додека сообраќал на автопатот Тетово–Гостивар, предизвикувајќи застој и отежнато одвивање на сообраќајот на оваа делница објави 4news.mk. Според првичните информации, пожарот избувнал додека автобусот бил во движење. На социјалните мрежи и во медиумите се појавија видеоснимки на кои се гледа како автобусот е целосно зафатен од пламен, додека густ чад се издига над автопатот. Поради ...
Трагичен крај доби потрагата по 28-годишната руска државјанка Људмила Туркова Константиновна, која исчезна на 25 јули за време на престојот во Белград. Нејзиното тело беше пронајдено во куфер фрлен во каналот Визељ, во населбата Падинска Скела, а за убиството е осомничен 25-годишен турски државјанин, кој беше уапсен на аеродромот „Никола Тесла“ додека се обидувал да ја напушти Србија. Според српските медиуми, Људмила пристигнала од Санкт ...
Пожарот во Кавадаречко повторно се реактивирал и се проширил на тешко пристапен терен, поради што во неговото гаснење се ангажирани два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), соопшти директорот на институцијата, Стојанче Ангелов. Според Ангелов, доцна синоќа, на дваесетина километри од Кавадарци, биле подметнати пожари на пет различни локации, а за случајот веќе има осомничено лице. „Лицето беше забележано од вработени во ...
Двајца пратеници од бугарската партија „Преродба“ („Вазраждане“) со фотографии на социјалните мрежи потврдија дека присуствувале на судење во Кочани на 23-годишната Ива Михајлова, која има македонско и бугарско државјанство. Според објавата на Телма, нивното присуство отвора прашања бидејќи, според судски документи, од август минатата година имале изречена едногодишна забрана за влез во Македонија, објави Телма. Станува збор за бугарските ...
Летото е сезона на свежо овошје, а грозјето е едно од најомилените поради својот сладок вкус и богатата хранлива вредност. Освен што освежува, ова овошје му обезбедува на организмот витамини, минерали и моќни антиоксиданси кои придонесуваат за подобро здравје. Без разлика дали е бело, црвено или црно, грозјето е богат извор на витамини А, Б-комплекс, Б6, фолна киселина и витамин Ц. Само 100 грама грозје обезбедуваат околу една четвртина од ...
Во последните години Македонија речиси секое лето се соочува со голем број шумски и пожари на отворен простор, а граѓаните се почесто го поставуваат прашањето зошто денес има повеќе пожари отколку пред 15 години? Според експертите, не постои една единствена причина, туку станува збор за комбинација од климатски промени, човечки фактор и промени во животната средина, кои создаваат идеални услови за брзо избувнување и ширење на пожарите. Една ...
Само 30 минути попладневен сон можат значително да ја подобрат концентрацијата, продуктивноста и расположението, велат експертите за спиење. Според нив, кратката дремка му овозможува на мозокот да се одмори и повторно да ја врати будноста без да предизвика чувство на замор по будењето. Истражувачот Џејмс Маас, професор на Универзитетот Корнел, објаснува дека попладневната дремка е едноставен и ефикасен начин за подобрување на вниманието, ...
Вознемирувачка снимка од брутална групна тепачка меѓу млади лица се шири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во јавноста. Според снимката, поголема група млади лица се пресметуваат на улица, а во еден момент едно од момчињата добива силен удар – клоца во главата, по што паѓа на земја и останува неподвижно. Насилството не запира ниту тогаш. Додека момчето лежи без да се помрднува, друго лице му приоѓа и повеќепати го удира со ...
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во три здравствени установи по случајот на 19-годишната Станка Михајлова од струмичкото село Баница, која по породување со царски рез во Клиничката болница во Штип останала со сериозни потешкотии при движењето и во моментов користи инвалидска количка. Инспекцискиот надзор, по налог на Министерството за здравство, се спроведува во Општата болница во ...
Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и употреба, бидејќи е потврдено присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa, која ја прави микробиолошки неисправна и претставува ризик за здравјето на граѓаните. Ова денеска го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. „Постои присуство на Pseudomonas aeruginosa во водата за пиење. Овие бактерии ја прават водата микробиолошки неисправна и небезбедна за ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Водата во Гостивар сѐ уште не смее да се користи за пиење и готвење. Причина: опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa. Стабилизација се очекува… следната недела. Повторно „следната недела”. Сѐ уште нема официјален документ кој потврдува дека водата била технички исправна за капење. Никој не потпишал. Никој не одговара за труењето на граѓаните. Во Гостивар имаше епидемија на жолтица. Велат „веќе ја нема”. Кој ...
На 02.08.2026 во 23 : 15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Г.Ѓ.(54) од Скопје, по претходна пријава дека физички нападнал тројца малолетници, а употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 02.08.2026 во 23 : 15 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода ...
Денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35 годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година во Стар Дојран физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп со кој бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се ...
Министерот за здравство и социјални служби на Соединетите Американски Држави, Роберт Ф. Кенеди Помладиот, оцени дека САД за време на пандемијата на Ковид-19 направиле низа грешки, посебно во врска со мерките за затворање и односот кон стручњаците со поинакви ставови. Истовремено, тој најави промени во пристапот кон подготвеноста за пандемија, истражувањата на вирусите и безбедноста на храната. Во интервју за Си-ен-ен, Кенеди ги повтори ...