Прес конференција на Валентин Манасиевски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта. Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука е суштинската разлика. Во интерес на ...

Со кревањето на знамето на Крушевската Република на Гумење и свечена програма, вечер во Крушево почнува традиционалната манифестација „10 Дена Крушевска Република“, со која стартуваат чествувањата по повод Илинден – Денот на Републиката и 123-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република. Програмата започнува претпладне со положување цвеќе на гробот на Дамјан Груев, по што делегација на манифестацијата и на Општина Крушево ќе ...

На ден 01.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, нема пожари под контрола, а 3 пожари се изгаснати, инормираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општина Македонски Брод: помеѓу селата Слатина и Грешница (дабова шума). Општина Струга: помеѓу селата Делогожда и Татеши (борова шума). Општина Сарај: с. Буковиќ (ниска вегетација). Општина Илинден: кај клучката ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави за време на посетата на селото Темска кај Пирот дека во наредниот период ќе има значително зголемување на пензиите, платите во јавниот сектор и минималната плата. „Да им соопштам добри вести на оние кои се постари: ќе има значително зголемување на пензиите, не само она што ќе го добивате еднаш месечно, туку ќе има значително зголемување на пензиите, ќе има значително зголемување на платите во ...

На 31.07.2026 во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид слобода е лишен В.С.(39) од Скопје. При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети. По целосно документирање на ...

Министерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 ...

Три лица загинаа во пожар во семејна куќа во хрватскиот регион Загорје, објавија тамошните медиуми. Како што соопшти Полициската управа Крапина-Загорје, Центарот за противпожарни операции примил пријава за пожарот во 7:24 часот. Локалниот портал Zagorje.com објави дека во пожарот загинале татко и две деца. Соседите рекле дека едното дете завршувало средно училиште, а другото годинава завршило основно училиште. Соседите за Zagorje.com ...

На 31.07.2026 во ПС Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на 31.07.2026 околу 12:40 часот, во угостителски објект во Струмица со остар предмет ја нападнал неговата поранешна 34-годишна сопруга и и нанел повреда во пределот на лицето, по што се дал во бегство, но по кратко време самиот се пријавил во Полициската станица Струмица. При извршено мерење со ...

Завршена е изградбата на новата водоводна и канализациона мрежа на улицата Фаик Коница (поранешна Дижонска 15) во Општина Чаир, проект реализиран со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање во вредност од 6,9 милиони денари. На теренскиот увид по повод завршувањето на проектот присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа и претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет ...

Жителите на станбениот комплекс „Антон Попов 1“ преку соопштение до медиумите, информираат дека упатиле барање до Град Скопје за итна средба пред почетокот на градежните активности за подземната сообраќајница на Јужен булевар, изразувајќи сериозна загриженост за можните влијанија врз безбедноста на објектот и пристапот до нивните домови. Станарите, кои наведуваат дека во комплексот живеат околу 800 жители и функционираат околу 20 деловни ...

Претседателот Володимир Зеленски предупреди дека Украина останала без пресретнувачки ракети за своите системи за воздушна одбрана „Патриот“ откако Русија изврши уште еден голем ноќен напад, истакнувајќи дека била соборена само една балистичка ракета. Според украинските власти, најмалку девет лица загинале само во Киев, а повеќе од 30 се повредени. „Службите за итни случаи сè уште гаснат повеќе пожари што избувнаа во главниот град и околниот ...

На 29.07.2026 од страна на полициски службеници од СВР Скопје, Единица за Економски и компјутерски криминал лишени од слобода се И.Т.(45), С.Т.(21) и П.П.(29) сите од Скопје, заради сторено кривично дело “фалсификување исправа” по член 378 и кривично дело “злоупотреба на лични податоци” од член 149, затоа што со фалсификувана лична карта со податоци на друго лице, и со фалсификувана кредитна документација, И.Т. помогнат од другите две лица, ...

Министерството за здравство внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка и е во постојана комуникација со надлежните здравствени установи. Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски ќе оди на „екскурзија” во Белгија. Малку Бриж. Малку Брисел. На граѓаните им порачува: летувајте на езерата и планините во Македонија. На границите – гужви и часови чекање. Затоа што Македонија е изолирана. Изолирана затоа што така сака Мицкоски. Не сака во ЕУ. Затоа што во ЕУ обвинителството е независно и европско. Тогаш не може да се заканува на неистомислениците. Не може да се ослободуваат ...

Соопштение за јавност на Левица: Новите податоци на Народната банка ја разоткриваат реалната слика зад владината реторика за „силна економија”. За само три месеци, македонската економија се задолжила дополнително за 20,5 милијарди денари, додека негативната нето финансиска позиција достигна 615,5 милијарди денари, односно 54,4% од БДП. Тоа значи дека вкупните финансиски обврски на државата, компаниите и граѓаните растат побрзо од финансиските ...

Танкер е погоден од „непознат проектил“ во Ормутскиот теснец крај брегот на Оман, соопшти Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO). Митралезот на бродот бил оштетен, соопшти агенцијата, додавајќи дека никој не е повреден и дека немало еколошка штета. Инцидентот се случил околу 20 километри североисточно од оманскиот град Лима, според UKMTO. Иран бара бродовите да ја користат рутата низ Ормутскиот теснец по ...

Најмалку девет лица загинаа, а 22 се повредени во главниот град на Украина, Киев, синоќа во интензивен напад од руски балистички ракети и беспилотни летала, соопштија украинските власти. Петкатна станбена зграда во населбата Соломјански беше оштетена од паѓање на остатоци и избувна пожар. Спасувачите евакуираа девет лица од горните катови на зградата, а двајца загинаа, а осум беа повредени, вклучувајќи две деца, соопшти украинската државна ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да глуми загриженост за јавното здравје бидејќи тој знаел, молчел и не постапувал додека бил министер, а институциите пријавувале бројни случаи на неисправна вода. Каде беше Филипче кога до Министерството за здравство, со кое раководеше, пристигнувале извештаи за неисправна вода за пиење во повеќе општини? Во периодот кога Филипче беше министер, до институциите биле доставувани анализи ...

Соопштение за јавност на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) го соголува новиот голем скандал во авиосообраќајот и бара итна одговорност од Владата за над половина милион евра народни пари завршени во сњфот на странска компанија. Претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова, поднесе официјално пратеничко прашање до министерот за транспорт Александар Николоски, откривајќи како германската „Луфтханза” ги зеде државните субвенции ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути до 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за ...

Денес во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Во Скопје и околината исто така времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Наутро температурите во Македонија ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 20 степени, а преку денот тие ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени. Не се ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го запре проектот „FIFA Forward Enterprise“ по острите реакции и длабоките поделби што предлогот ги предизвика во фудбалскиот свет. Претседателот Џани Инфантино во петокот вечерта објави дека планот се напушта бидејќи единството е поважно од наметнувањето решенија. Во соопштение потпишано од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, светската фудбалска управа јасно стави до знаење дека предлогот ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Денес повторно се потврдува она што граѓаните го чувствуваат на сопствена кожа: водата за пиење во Македонија повеќе не е безбедна. Листата на градови и населени места расте секој ден. Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово. Рич. Белотино. Башино Село. Елшани. Велестово. Општина Ново Село: Сушица, Зубово, Дражево, Борисово, Колешино, Ново Коњарево, ул. Првомајска. Општина ...

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува во Дебар на доделувањето на 47 станови за социјално загрозени категории граѓани, при што ќе биде дадена изјава за медиумите. Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители; корисници на правото на гарантирана минимална ...

Владата прогласи кризна состојба на целата територија на Македонија поради зголемениот ризик од појава и ширење пожари на отворен простор и шумски пожари. Кризната состојба ќе трае 30 дена и ќе започне да важи од 1 август 2026 година. Со одлуката веднаш ќе биде активиран Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе работи континуирано и ќе ја координира работата на сите надлежни институции. Целта е да се обезбеди навремена и ...

Турски државјанин почина за време на летот Истанбул – Диселдорф, по што авионот утрово принудно слета на аеродромот во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, станува збор за 54-годишниот Р.А., кој во текот на летот станал од своето место и се упатил кон тоалетот во авионот. Откако подолго време не се вратил, стјуардеса забележала дека патникот се задржал во тоалетот и ја отворила вратата. Мажот бил пронајден во несвесна состојба. ...

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност, а вториот квартал од 2026 година донесе раст и на бројот на трансакции и на вкупната вредност на продадените недвижности. Цените на становите во најатрактивните локации достигнуваат над 3.000 евра за квадратен метар, при што највисоката регистрирана цена за нов стан изнесува 3.360 евра за квадрат. Според податоците од Регистарот на цени и закупнини за периодот од април до ...

SPF 30 или SPF 50 – која заштита од сонце да ја изберете? Со високите летни температури и силното сонце, кремата со заштитен фактор станува важен дел од секојдневната заштита на кожата. Но, често се поставува прашањето – дали SPF 30 е доволен или сепак треба да се избере SPF 50? SPF е кратенка од „Sun Protection Factor“, односно фактор за заштита од сонце. Бројката покажува колкава заштита обезбедува производот од UVB зраците кога е правилно ...

Високите температури во текот на летото може сериозно да го оптоварат организмот, особено при подолг престој на сонце, физичка активност или недоволно внесување течности. Дехидрацијата може да се развива постепено, а доколку не се препознае навреме, може да доведе до топлинска исцрпеност, па дури и до топлотен удар – состојба која бара итна медицинска помош. Лекарот по семејна медицина Јуха Хеино за финскиот портал „Ilta-Sanomat“ објаснува ...

Високите летни температури може да бидат идеални за одмор и активности на отворено, но долготрајната изложеност на топлина може сериозно да го оптовари организмот. Кога телото не успева доволно брзо да се разлади, прекумерната топлина може негативно да влијае врз мозокот и другите органи. Особено тешко може да биде во домовите без климатизација или при прекин на електричната енергија. Сепак, постојат едноставни начини со кои може да се намали ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Сребро

1994.05

Цинк

0.00

Рутениум

53852.50

Злато

136962.18

Калај

56.46

Платина

56135.20

Иридиум

252383.36

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25

Бакар

13.51

Паладиум

43499.96