Скопје
-3ᴼ /
-3ᴼ
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна ...
Несекојдневна глетка е забележана денеска во скопската општина Аеродром. Змија се појавила на коловозот во непосредна близина на кулите „Џевахир“, додека во тој момент по улицата се движеле повеќе возила. На снимката може да се забележи како змијата го преминува коловозот додека автомобилите минуваат во нејзина близина. Појавата предизвикала внимание кај граѓаните и возачите кои се нашле на оваа фреквентна локација. Во летниот период и при ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Одговорноста е вредност што секој ја очекува од другите, а најтешко ја бара од себе. Таа е клучот за тоа дали нашето општество функционира или се распаѓа одвнатре. Во оваа колумна ќе се обидеме да го разбереме значењето на одговорноста, зошто ја губиме и што можеме да добиеме ако ја вратиме како суштинска вредност во секој аспект од животот. Во општество каде што ретко се бара ...
Просечната плата за месец јуни изнесува 48.381 денар, соопшти Државниот завид за статистика. Тоа е за 1.163 денари помалку од мајската плата од 49.544 денари Иако на годишно ниво платите пораснале за 6,4 проценти, падот од еден месец во друг е бројка што граѓаните најдиректно ја чувствуваат во домашниот буџет. Зголемување на платите има во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 10.6 проценти, Земјоделство, шумарство и ...
Со свечена седница, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска одбележа 80 години од своето формирање, истакнувајќи го јубилејот како значаен момент во историјата на македонското синдикално движење. Како најсилен, најброен и најрепрезентативен синдикат во државата, бeше посочено, ССМ осум децении наназад ги застапува правата и интересите на работниците, учествувајќи во креирањето на работничките политики и во унапредувањето на ...
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување”. Додека жртвата била на работно место во продажен објект, пријавениот повеќе од еден месец секој ден кога била сама влегувал внатре и ѝ зборувал недолични работи. СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(61) од с.Желино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.И.(68) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни”. На 29.05.2026 во 18.30 часот, тој со ловечка пушка пукал кон група од повеќе кучиња скитници во селото, при што усмртил едно од нив. ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.И.(68) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Пет години се чуваше по фиока и фаќаше пајажина предметот, како и доказите за модуларната болница, во која изгореа 14 наши сограѓани, а директниот виновник Венко Филипче не беше повикан ниту на разговор. Толку треба да знаете за нашиот правосуден систем, кој е ставен директно во одбрана на неговите наредбодавци, односно СДС и ДУИ. Предмет во кој живи горат 14 лица, да заврши без истрага е скандал од невидени ...
Соопштение на ВЛЕН: Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен” е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните ...
Центарот за јавно здравје Тетово денеска одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар, истакна на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Според нивните епидемиолошки податоци, посочи министерот, нема веќе случаи на ентероколитис или стомачни проблеми поврзани со водата за пиење. Вчера заврши и триесетдневната кризна состојба во Гостивар што беше прогласена од страна на Владата на 20 јули, поради загадување на ...
Вкупно десет пожари се регистрирани на отворен простор до 13 часот, од кои шест се активни, еден е под контрола и три се изгаснати. Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни во моменов се пожарите во општина Прилеп – во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, каде што гори ниска вегетација; во општина Студеничани – на потегот село Моране – село Вртекица – село ...
Соопштение на Левица: Советничката на Левица во Советот на Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, на денешната прес-конференција отвори повеќе прашања за начинот на кој Град Скопје ја спроведува превенцијата од комарци и западнонилска треска, посочувајќи дека јавно достапната документација остава сериозни празнини околу навременоста, контролата и ефикасноста на мерките. Мустафаоглу ја оспори тезата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски дека ...
На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука со којашто ќе се формира овогодинешната училишна кошничка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања. -На следната владина седница во вторник ќе донесеме одлука за формирање училишната кошничка. И мислам дека во рамките на можностите сето тоа ќе биде атрактивно за родителите и за учениците. Така што во вторник имаме редовна владина седницва и тоа ќе ...
Соопштение на ВЛЕН: Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во партиското претседателство, а Фатон Ахмети за изборниот пораз беше награден со ...
Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и сочувствувам со семејствата. И тоа така ќе биде секогаш. Јасно кажа, обвинителството нема злоупотреба на службената должност, нема штета на буџетот и тоа го отсликува целокупното мое ...
Израелски воени авиони ноќеска извршиле напади врз градот Мансури во јужен Либан, објави либанската Национална новинска агенција. Според извештаите, силни експлозии одекнувале и во околните села и градови. Израелските сили извршиле напади и во населените места Хадата и Тири, во областа Бинт Џбејл. Дополнително, биле пријавени израелски воздушни активности и напади во поширокиот регион на јужен Либан. Нападите се случуваат во период на ...
Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на „Скопје 2028“. Повиците се за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, а преку ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Н. Е. Мартин Памер, на која беа разгледани можностите за натамошно унапредување на односите и партнерството меѓу двете земји во областа на правосудството. Соработката со Австрија не треба да се гледа само како билатерална правна помош, туку како партнерство за модернизација на правосудниот систем, јакнење на институциите и забрзување на нашата европска ...
Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп. Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови. – Од градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се ...
Војниците од 9. баталјон на инженерската бригада во базата Форт Стјуарт од американската армија во Џорџија ќе добијат четиридневно отсуство и можност за играње на долгоочекуваната игра „ГТА 6“ доколку го продолжат воениот рок од 1 август до 14 ноември. Со договорот тие се обврзуваат да служат уште најмалку две години во армијата. – Според потпишаниот меморандум четиридневното отсуство ќе започне во согласност со официјалниот датум на ...
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 8,8%, којшто во поголем дел се должи на зголемените депозити на секторот „домаќинства”, при позитивен придонес и на депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,3%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства”. Најновото соопштение за монетарните ...
Македонската економија, според податоците и споредбата што ја презентира премиерот Христијан Мицкоски, во изминатите две години бележи значително подобра динамика во однос на шестгодишниот период на претходната влада на СДСМ и ДУИ. Клучниот податок е дека за трипати пократок период БДП е зголемен за 120 милиони евра повеќе. Овој податок, доколку се гледа низ призмата на времето потребно за создавање економски раст, укажува на забрзување на ...
Утре во земјава ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Утре во ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна: „Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто ...
Хрватската Влада достави во собраниска процедура предлог за измени на Законот за пазар на електрична енергија, со кој ќе се воведе забрана за исклучување на електричната енергија на ранливите потрошувачи и потрошувачи погодени од енергетска сиромаштија. „Со законот, дополнително ја зајакнуваме заштитата на потрошувачите на електрична енергија преку поголем избор на модели на договори и подобра заштита на ранливите и енергетски сиромашни ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројот на заболени е 43. „Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации. Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се користи. Вие велите дека апликацијата ја ...
Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на ...
Во рамки на првиот ден од 17. издание на традиционалната манифестација „Карпошово културно лето“, синоќа се одржа музичка програма која привлече бројна публика. Публиката имаше можност да ужива во концертот на Делфина, како и во настапите на Александар Тарабунов – Тара и групата Нокаут, кои со своите изведби приредија вечер исполнета со музика, позитивна енергија и одлична атмосфера. Со музичките настапи на овие македонски изведувачи на ...
Американското Федерално истражно биро (ФБИ) соопшти дека уапсило 35-годишна жена осомничена дека планирала бомбашки напад врз седиштето на владата и законодавната власт на сојузната држава Њујорк во Олбани, каде се наоѓа и канцеларијата на гувернерката, Кети Хочул. Според судскиот поднесок на ФБИ, извесна Џесика Бови, во онлајн комуникација се заколнала на верност кон терористичката организација Исламска држава (ИД) и во јули почнала да го ...