Германците сега можат да се регистрираат во воената здравствена служба на Бундесверот со скенирање QR-кодови што ги има на обвивките за ќебапи низ целата земја. Гласноговорникот на германското Министерство за одбрана изјави за германскиот весник „Берлинер Куриер“ дека новата кампања за регрутирање има за цел да привлече „не само млади луѓе“ кои се пред кариерни одлуки, туку и „оние меѓу две работи и квалификуваните работници“, т.е. лица кои ...

Физичката активност е еден од клучните фактори на кои можеме да влијаеме за да го намалиме ризикот од хипертензија, што значи дека редовното вежбање може да ни помогне подобро да го контролираме притисокот. Одењето и трчањето се меѓу наједноставните начини за зголемување на нивото на активност бидејќи не бараат многу опрема и можат да се практикуваат речиси насекаде. Но, кој од двата е подобар за регулирање на високиот крвен притисок, пишува ...

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека украинските власти си поставиле за цел да нанесат штета на руската економија со што како што рече, „самите го ослободиле духот од ламбата“ и добиле одговор. „Киевскиот режим самиот ја отвори Пандорината кутија. Добро, ќе добие одговор по најчувствителните сектори на економијата кои, искрено кажано, и онака веќе се на издишување“, изјави Путин за телевизијата „Вести“. Путин ги оцени ...

Неограничениот животен век е научно возможна перспектива, но најголемиот предизвик е да се искористат механизмите што го овозможуваат продолжувањето на животот без истовремено да се активираат механизмите што им овозможуваат на клетките на ракот неконтролирано да се размножуваат, вели теоретскиот физичар Мичио Каку во интервјуто со водителот Стивен Бартлет во „The Diary Of A CEO“ . Каку објаснува дека клучот за разбирање на процесот се ...

Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. – Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање ...

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска најави дека Париз ќе ја зголеми поддршката за Украина, по последниот смртоносен руски напад врз трговски центар во Кривиј Рог. Макрон на платформата „Икс“ објави дека телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот во кој загинаа 16, а беа повредени 130 лица. „Го известив претседателот Зеленски дека ја зголемуваме нашата поддршка со испорака на пресретнувачки ...

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) денеска во Битола одбележа 25 години од своето формирање, јубилеј посветен на четврт век служба во функција на безбедноста на граѓаните и државата. На свеченоста пред Офицерскиот дом беа истакнати улогата на единицата во безбедносниот систем, нејзиниот развој од формирањето во 2001 година до денес, како и заложбите за натамошна модернизација, опремување и професионално усовршување на припадниците. ...

Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Како еден од најсериозните пожари го посочи огнот што избувна во близина на селата Баница и Водоча, во непосредна близина на Струмица. Пожарот се приближил на само неколку метри од првите куќи, но брзата интервенција на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на ...

Емоционалната манипулација често е тешко да се препознае бидејќи ретко изгледа како манипулација. Обично се чини дека лицето само има лош ден, дека е ладно, дека му треба простор или дека е само брутално искрено. Додека таквото однесување не се препознае како шема, жртвата веројатно поминува месеци измислувајќи изговори за манипулаторот. Според студија на Американската психолошка асоцијација (APA), повеќе од една третина од возрасните ...

Денеска полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, на подрачје на Полициското одделение Мирковци – општина Чучер Сандево реализираа превентивна активност за заштита од пожари. Притоа, во разговор со жителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што се ...

Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе станаа симбол на енергетската преобразба, роботите сега се впуштаат во нова мисија – да го претворат песокот во шума. Кина има нова, „футуристичка“ битка против пустините на северот од земјата, помошната од флота самоуправувачки роботи со погон на сончева енергија. Ширењето на песокливите површини сè повеќе им се закануваат на обработливото земјиште и на околните заедници, па се бараат решенија ...

Запуштената површина на плоштадот „Македонија“, која граѓаните со години ја нарекуваа „ливада“, конечно добива нов и достоинствен изглед, напиша во објава на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Во тек е хортикултурно уредување на просторот и поставување ново зеленило, со цел површината да стане мала зелена оаза во центарот на Скопје. Паралелно се заменуваат оштетените подни плочки кај Порта „Македонија“, а обновувањето на ...

Две лица загинаа во денешните руски ракетни напади во близина на Киев, за време додека германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул е во посета на главниот град на Украина, јави ДПА. Во Киев се огласија сирените за воздушен напад за време на настан со ветерани на кој присуствуваа Вадефул и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додека Русија започна напад со балистички ракети врз блискиот град Бориспиљ, каде што се наоѓа ...

Во гаснењето на големиот пожар што попладнево избувна во близина на Струмица се вклучи еден ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, и градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, засега огнот не успева да ги зафати куќите и викендичките во месноста Софилар и нема непосредна опасност за нив. Градоначалникот на Струмица, Јанков изјави дека засега нема поголеми материјални штети. -По ...

Иран одобрил премин низ Ормускиот Теснец за повеќе танкери со нафта од соседен Ирак, објави државната новинска агенција ИРНА. Посебната дозвола била едно од важните барања на ирачкото раководство за време на посетата на претседателот на ирачкиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, во Багдад неделава. ИРНА не прецизира колку ирачки танкери досега поминале низ стратешки важниот теснец, ниту дали дозволата ќе има траен карактер за бродовите од ...

Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување на недостигот во рафинерискиот сектор се многу поограничени. Цената на референтната ...

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес. Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба ...

Планираната „економска војна“ на Соединетите Американски Држави против Техеран би претсавувала прекршување на меѓународното право. Ниту една држава не може законски да ги принуди банките, претпријатијата или аеродромите на некоја суверена земја, да се откажат од легална трговија со трета држава, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи на Иран, Есмаил Багаеи. Реакцијата доаѓа откако претседателот на САД, Трамп, се ...

Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- Давкова која е главен покровител на маратонот. Наградниот ...

Соопштение на ВЛЕН: На ДУИ ѝ поминаа две децении на власт, во тендери и апашлак, па очигледно не ѝ останало време да ги научи законите. Откако не им помина приказната за Беса, сега се фатија за Алтернатива, а никако да откријат дали ДУИ навистина ја води Али Ахмети, Бујар Османи или Артан Груби од куќен притвор. Наместо да тропаат глупости за некаква измама, треба да знаат дека ВЛЕН на локалните избори не настапи како регистрирана политичка ...

пштина Карпош ја следи состојбата со вирусот на Западнонилската треска со особено внимание и во континуитет презема превентивни и заштитни мерки за намалување на ризиците и заштита на здравјето на граѓаните. Во услови на зголемена внимателност поради присуството на вирусот и регистрирани случаи, Општина Карпош активно учествува во координацијата со надлежните институции и ги следи препораките за постапување. На 19 август, во Град Скопје се ...

Претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече Ормуската Теснина „американска територија“, додека Вашингтон продолжува со воената блокада на иранскиот поморски сообраќај и пристаништа, обидувајќи се да стави крај на војната со Иран, пишува „Гардијан“. – Дури и не знаеме дали победивме, бидејќи во моментов ја гледам Ормуската Теснина како американска територија, рече Трамп, обраќајќи се на митинг во Јужна Каролина на сенаторката Дарлин Греам, ...

Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча и месноста Софилар, во непосредна близина на Струмица, делумно е ставен под контрола и со механизација се прават пресеци за да се спречи ширењето, но според последните информации од ТППЕ Струмица пожарот стигнал до населбата Софилар во Струмица, а командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев наредил евакуација на граѓаните. Според директорот на ...

На територијата на државата во моментов има најмалку 20 пожари на отворен простор, од кои најмалку 11 се активни, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој посочи дека во текот на денот избувнале повеќе тешки пожари, а најалармантна е состојбата во струмичкиот регион. – Најалармантен е пожарот во близина на Струмица, во атарот на селата Баница и Водоча, кој се заканува на куќите од ...

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионален центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против С.Р. (59) од Латвија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Како што соопшти МВР, на 17 август годинава во село Богородица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фиат типо“ кое го управувал С.Р., при што биле пронајдени 10 мигранти ...

Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...

Три недели по масовното пристигнување од Мароко, 18 мигранти се погребани во нумерирани гробови во Сеута, додека мароканска невладина организација повикува на запирање на погребите за да се идентификуваат и репатрираат телата. Вкупно 18 мигранти беа погребани во петокот на муслиманските гробишта во Сеута , три недели по граничната криза во која загинаа повеќе од 90 лица , а повеќе од 72.000 луѓе влегоа во автономниот град од Мароко. Телата, ...

На 21.08.2026 во 20:00 часот на крстосница од бул.„Киро Глигоров” со бул.„15 Корпус” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(41) од Скопје. Претходно, управувајќи патничко возило „фиат” со скопски регистарски ознаки, тој учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот. Исто така, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека поминал на црвено светло, бил под дејство на ...

Соопштение за јавност на Алијанса за Албанците: Додека Албанија ги исполни утврдените цели и го отвори патот за 61 милион евра од Европската Унија, Владата на ВМРО-ВЛЕН ја пропушти можноста да ја повлече траншата од 50 милиони евра од макрофинансиската помош на ЕУ. Рокот за овие средства истече на 2 август 2026 година. Властите ниту поднесоа барање, ниту ги исполнија потребните услови. Албанија спроведува реформи и обезбедува милиони. ...

weather icon

Скопје

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
2.92
88%
1028
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
1.54
94%
1029
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.92
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
0.51
92%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
68%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 10ᴼ
1.54
68%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
87%
1026
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -3ᴼ
2.06
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25