Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Искуството на доктор кој живеел 105 години носи совети за здравјето и среќата на жените Шигеаки Хинохара, истакнат лекар од Јапонија, живеел 105 години. Тој ги инспирирал жените од целиот свет со својот начин на живот и седум правила за долг живот. Овие правила за долг живот нудат практични совети за жените кои сакаат да ја зачуваат енергијата, виталноста и емоционалната рамнотежа за време на секојдневните предизвици. Зошто правилата за долг ...
Во судницата во „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на докази од одбраната. На минатото рочиште заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Изведени беа 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица. ...
Со вкрстено испитување на сведокот Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во АД „Државна лотарија“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, откако претходно тој беше директно испитан од обвинителството. Во текот на вкрстеното испитување од обвинителтвото, сведокот негираше дека има сознанија за причините поради кои била разрешена поранешната директорка на Државна лотарија и ...
Родителите на обвинетиот апелациски судија Ѓоко Ристов денеска пред судот тврдеа дека 350.000 евра, пронајдени зад плочки во ѕидот на нивната семејна куќа во Неготино, се нивна повеќедецениска заштеда. Обвинителството, пак, оцени дека нивните искази не се поткрепени со останатите докази изведени во постапката. На денешното рочиште во Основниот кривичен суд Скопје најпрво сведочеше мајката на обвинетиот, Донка Ристова. Таа тврдеше дека парите ...
Апелацискиот суд во Скопје ги потврди доживотните затворски казни за Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Судиите од Апелацискиот суд оцениле дека Основниот кривичен суд Скопје не ги разгледал во доволна мера доказите што Јавното обвинителство ги изнело против Ѓорчевски. Поради тоа, предметот во делот што се ...
ЈОРМ извести дека на обвинетата, Ива Михајлова, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување државна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните ...
Чаирчани го пречекаа Артан Груби како крал .Со извици „о шефе о кинг“ Груби се врати меѓу своите откако му беше укинат куќниот притвор и сега тој е слободен граѓанин. Се слушаа петарди, факели, огномети ечеше „Груби“, „Груби a тој се поздравуваше со сите како филмска ѕвезда.. Погледнете ја атмосферата во срцето на Чаир. View this post on Instagram A post shared by 24 часа 🇲🇰 (@24chasa.mk) Чаирчани го пречекаа Артан Груби како крал .Со ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во спроведената засилена полициска акција на територијата на целата држава, во текот на 16 и 17 октомври, биле извршени 47 претреси, а 16 лица биле лишени од слобода. Акцијата ја спровел Одделот за криминалистичка полиција, во координација со секторите за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, со фокус на откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и ...
На дешното рочиште за судијата Ѓоко Ристов сведочеше и Емилио Фришчиќ, вешто лице од областа на испитување спорни документи, вештачење на ракописи и потписи. Останувам севкупно на напишаната содржина во записниците – рече вештакот за неговиот извештај. Тој рече дека одредено лице кое пишува нешто на хартија, со површината од кожата допира на хартијата, голема е веројатноста со сигурност, дека од тој контакт ќе останат епителни клетки што ...
На денешното рошиште во Кривичниот суд во Скопје, против апелацискиот судија Ѓоко Ристов прв сведочеше таткото на сопругата на Ристов, кој одговараше на прашања на одбраната во врска со купопродажба на стан во Скопје. Тој рече дека станот е околу 150 квадрати, во вредност од околу 140 илјади евра. На семејна средба се договоривме заеднички да учествуваме во финансирањето на станот, пола – пола да учествуваат двете страни – одговори тој на ...
Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во ФЗОМ. Според неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово. Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено ...
Припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност изутринава спроведуваат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Куманово, а под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластувањето, несовесно работење во службата, измама и перење ...
Адвокатот Сашо Дуковски кој во случајот „Меѓународен сојуз“ го застапуваше Бојан Јовановски (Боки 13), на социјалните мрежи соопшти дека Апелациониот суд донел ослободителна пресуда за Јовановски. „Ете, правдата е спора но достижна! Апелациониот Суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот “Меѓународен сојуз”. Со тоа ја ПРЕИНАЧИ првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од 5 години!! Тоа е. По лошо ...
– Очекуваме годината да ја завршиме со раст на бруто-домашниот производ (БДП) меѓу 3,5 и 4 проценти во услови кога ја имаме во светот најголемата енергетска криза којашто ја памети човештвото, изјави премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Гевгелија. Одговарајќи на новинарски прашања, по пуштањето во употреба на реконструираната Стара чаршија во Општина Гевгелија, Мицкоски истакна дека економската активност покажува еден тренд на ...
Во јуни 2024 година, економијата растеше со скромни 1,6 проценти во првиот квартал. Тоа беше јасен показател дека по години на владеење на СДС и ДУИ, македонската економија предолго се движеше бавно и без доволно силен развоен импулс, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата наведуваат дека најновите податоци за вториот квартал од 2026 година покажуваат реален економски раст од 4,3 проценти. -И не станува збор за раст поттикнат од само еден сектор. ...
Двата главни референтни вида нафта за светските пазари денеска значително поскапеа, надминувајќи сто долари за барел на почетокот на тргувањето во Азија, на првиот ден од работната недела. Растот на цените доаѓа во услови на воени дејствија на Блискиот Исток, каде што е затворен клучен нафтовод во Саудиска Арабија, додека Ормуската Теснина повторно стана место на нови напади. Цената на реферетната за Европа, северноморската нафта „брент“, за ...
Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти.Оваа Влада води политика за иднината.Во изминатата седмица, бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти, напиша на Фејсбук вицепремиерот Александар Николоски. – нова когенеративна централа – изградба на најголемиот ветерен парк – реконструиран аеродром Св. Апостол Павле И тоа не се само градби, тоа се инвестиции во иднината, во нови ...
Монетарната поставеност останува соодветна, а основната каматна стапка е задржана на нивото од 4,25%, при што Народната банка располага со сите потребни инструменти за да реагира доколку условите го наложат тоа. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостувањето во централниот дневник на „Македонската телевизија“, говорејќи за последната одлука на Извршниот одбор, девизните резерви, инфлацијата и економскиот раст. ...
Економските показатели покажуваат дека Македонија постепено излегува од кризата и создава основа за забрзан развој, оцени премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА од Вашингтон. Како позитивни резултати, Мицкоски ги издвои растот на бруто-домашниот производ од 4,3 проценти во вториот квартал, растот на индустриското производство и туризмот, како и стабилизирањето на инфлацијата. – Сите резултати што пристигнуваат – растот на БДП од 4,3 ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,06% во однос на одлуката од 21.9.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,049%, кај дизелот има ...
– Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска соопшти дека реформите поврзани со европската агенда остануваат во фокусот на Владата, при што се работи на унапредување на транспортот, комуникациите и реализација на инфраструктурни проекти. -Работна сабота – Реформите за ЕУ во фокус. Реализираме реформи за подобрување на транспортот, комуникациите, изградба на автопати, железница, реформи и инвестиции – напиша Николоски ...
Една од основните работи кои треба да ги знаеш за да преживееш на Балканот е да се чуваш од Грците, дури и дарови кога ти носат. Изреката Timeo Danaos е една од најстарите предупредувања во регионот, пренесувани од татко на син низ илјадници години. Неверојатно е дека тоа треба да му се каже на Балканец, особено во годината кога излезе нова филмска верзија Одисејата, која е прв запишан пример за оваа опомена. Но, нашите источни соседи, што би ...
Тендерот за изградба на третата фаза за пругата кон Бугарија е веќе објавен на страната за јавни набавки на ЕУ. За тунелот, работните групи на Македонија и Бугарија веќе технички работат, додека проектот за брза пруга на Kоридор 10 се реализира согласно договорената динамика и рокови, објасни, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интеврјуто за “Радио Лидер”. “ За третата секција, најкомплицираната ...
Би дал сè за да го решам секое прашање и мака на народот. И сигурен сум дека може повеќе, но исто така сигурен сум дека успеваме и го даваме последниот атом од силата да направиме многу повеќе, да донесеме ред во безредието, да донесеме реформи во хаосот кој го затекнавме, да подигнеме цврст дом, на темелите кои одново ги ѕидавме. И во таа наша борба резултатите се видливи – истакна премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод 11 ...
Во услови на економска неизвесност, инфлациски притисоци и брз технолошки развој, инвеститорите сè почесто бараат начини да ја зачуваат вредноста на своите пари и да остварат долгорочен принос. Експертите советуваат внимателен пристап, диверзификација и инвестирање според личните финансиски можности. Каде е најпаметно да се вложат парите во денешно време е прашање што ги засега и малите штедачи и големите инвеститори. Додека дел од граѓаните ...
Денес испраќаме силна порака за иднината на македонската економија! Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов голем инвестициски проект во Битола, со производство на автомобилски компоненти за германскиот гигант „Ауди“. Ова е уште една потврда за довербата на странските инвеститори во Македонија, во нашата квалификувана работна сила и во потенцијалот на домашната индустрија. Нашата цел е јасна повеќе инвестиции, повеќе работни места, ...
Имаме стабилна состојба во државата од аспект на инфлацијата, нешто што со месеци, со години претставуваше предизвик, нешто што претходната влада не убедуваше дека е увезено од ЕУ, рече премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Ако ги гледате параметрите денеска, третиот квартал од 2026 година, посочи премиерот, ќе дојдете до заклучок дека во Македонија просекот на инфлација е понизок од тој на ЕУ. ...
Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 и државата да ја зацврсти и политички и економски својата позиција, истакна вчера заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени”. Не случајно, посочува Николоски, се градат шест автопати и две пруги на европските коридори кои минуваат низ Македонија. – Прво е политички. Ние кога целосно ќе ги завршиме двата ...
Македонија инвестира меѓу 5 и 6 милијарди евра во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Како што истакнува во интервју за регионалната мрежа ЕРНО, земјава ја има уникатната позиција овие коридири да се сечат токму тука и мора да ја искористи за да остане конкурентна транзитна рута. Низ Македонија поминуваат два паневрoпски коридори, Коридорот 8 исток-запад ...
Инвестициите во патната и железничката мрежа на коридорите 8 и 10 се реализираат забрзано, Македонија бележи раст на економијата, цената на горивото е убедливо најниска не само во целиот регион туку во цела Европа. Владата продолжува да го стимулира извозот зашто тоа е прв приоритет за домашната економија – рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на форумот за глобална трговија и раст 2026, што го организира ...