Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за интензивно лекување и ...

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас претстојната сезона ќе настапува за Аталанта. Во моментов најдобриот македонски фудбалер во калчолигашот од Бергамо ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг. Германскиот клуб и Аталанта може да се договорат за целосен трансфер по крајот на 2026/27 доколку Елмас ги исполни очекувањата. За Елмас, Аталанта е трет тим од Италија. Тој претходно во Серија А играше за Наполи и Торино. Македонскиот ...

Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената 301.835 прекршоци. Во однос ...

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да им се извинат на семејствата на загинатите зашто пет години си играа со нивните чувства и емоции, да им се извинат и на граѓаните зашто пет години ширеа лажни вести и го загадуваа јавниот простор со невистини – рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во врска со вчерашната одлука на Обвинителството да го затвори предметот за модуларните болници. Филипче на прес-конференција истакна и дека СДСМ е ...

Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира зошто покрај македонската не е изведена и албанската химна на вчерашниот фолклорен настан во Пустец – „Преспа 2026“, на кој присуствуваше и премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски. Во соопштението за медиумите, Министерството вели дека иако настанот бил организиран од локално здружение, присуството на високи институционални претставници и локални избрани функционери му ...

Венко Филипче најави дека СДСМ во септември ќе презентира мастер-план за развивање на државата. – Секогаш сме подготвени за предвремени парламентарни избори, и со тим, и со добра програма, и со план, но алиби на Христијан Мицкоски за изборите нема да му дадеме. Тој вели: „Доколку опозицијата бара избори, ние сме подготвени веднаш да одиме на избори“. Се поставува прашањето – зошто не ја слушал опозицијата во други случаи? Зошто, на пример, на ...

Полицијата на границата и денеска на граничниот премин „Табановце“ ги проверува регистарските таблички и, доколку има прекршок, го запленува возилото и издава налог за плаќање на казната преку интернет или преку мобилна апликација. При читање на регистарските таблички на самата граница, системот „Безбеден град“ ја проверува базата на податоци за милисекунда и сигнализира до полицијата дали возачот сторил некој од прекршоците во текот на ...

Предвремените парламентарни избори повторно се вратија во центарот на политичката дебата, откако премиерот Христијан Мицкоски порача дека власта е подготвена за изборно соочување доколку опозицијата официјално побара избори. Мицкоски рече дека Владата има мандат до 2028 година и дека нејзината опција остануваат редовни избори, но доколку опозицијата смета дека треба да има предвремени, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори. „Ако ...

Неверојатни сцени во Картахена.Брод со 62 мигранти пристигна во Кала дел Барко среде ден, додека плажата беше преполна со капачи и туристи. Луѓето го снимаа пристигнувањето на бродот, а некои се криеја од плажата од страв. Според податоците на Владината делегација во Мурсија, меѓу лицата што пристигнаа имаше 45 возрасни мажи, две возрасни жени и 15 малолетници, сите малолетници беа момчиња. По нивното пристигнување, Црвениот крст се погрижи ...

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во ...

Фудбалерите на Црвена Звезда ја победија Викторија Плзен со резултат од 3:0 во првиот натпревар од плејофот за Лигата на Европа. Двоен стрелец за Звезда беше Мирко Иваниќ во 36-тата и 52-тата минута. Конечниот резултат го постигна Катаи во 88-мата минута од пенал. Шпанскиот стручњак Алберт Ријера дебитираше со убедлива победа на клупата на црвено-белите. Реванш натпреварот ќе се игра следниот четврток во Чешка. Победникот ќе се пласира во ...

СДСМ нема да биде алиби на власта за предвремени парламентарни избори – изјави денеска лидерот на партијата Венко Филипче на прес-конференција. – Ние нема да бидеме алиби. Избори нека закаже премиерот кој има двотретинско мнозинство. Апсолутна власт на секое ниво претседателката, извршната власт, Собранието, мнозинството во општините, централна и локална власт… Може да направи избори кога сака. Избори ќе има кога ќе снема пари за коруптивните ...

Политиката се темели на разговори. Јас сум од оние политичари кои сакаат да разговараат додека не се постигне решение. И во првиот и во вториот случај ние ќе продолжиме да разговараме. Знаеме кои се нашите црвени линии и во рамките на тие црвени линии ќе се обидеме да го најдеме решението, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Амбасадорскиот совет. Истакна дека нашиот Устав нуди апсолутно ...

Јелена Карлеуша одржа спектакуларен настап во еден познат белградски бар, кој беше преполн. Ова беше и прво појавување на пејачката во јавноста, откако нејзините фотографии од нејзиниот роденден, каде што беше во друштво на нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, се појавија во јавноста. Душко се појави и на настапот на Јелена во друштво на нивните ќерки Атина и Ника. Со овој потег, уште еднаш беше потврдено дека нивните односи никогаш не се ...

Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе заработија стотици милиони преку фудбалот. Фаик Болкија, сепак, е во сосема поинаква приказна – тој е роден во кралско семејство од Брунеј. Фаик Џефри Болкија е роден на 9 мај 1998 година во Лос Анџелес, Соединетите Американски Држави. Иако е роден во Америка и има американско државјанство, тој одлучи да игра за Брунеј во националниот фудбал. Тој игра како крилен играч. Неговиот татко е принцот ...

Во рамките на проектот „Белград на вода“, на јавен увид беа нови измени на Просторниот план за подрачја со посебна намена (ПППН), кои вклучуваа изработка на нови единици од оваа станбена зона. Koмпексот ќе го носи името „Белград на вода 2“ Иако планот веќе е формално презентиран, продолжи развојот на проектот за урбанизација на дел од брегот на Сава во Нов Белград, поточно на делот помеѓу мостот Газела и мостот над Ада. Заедно со земјиштето ...

На Косово постои петиција за промена на името во Дарданија. Покрената е петиција за преименување на Косово во „Дарданија“. Организаторите наведуваат дека Дарданија е античкото име на регионот и сметаат дека треба да се врати како официјално име на Косово – пишува во објавата. Целта на организаторите е да соберат 10.000 потписи, кои потоа ќе ги достават до „Собранието на Република Косово“, со барање Косово повеќе да не се нарекува така. . ...

Oткако српските туристи се заканија дека ќе следната година ќе одат за Грција преку Бугарија, на групите за патување се појавија казните во источниот сосед за пречекорување на брзината. И таму на главните патишта постојат камери. • 25 евра за повеќе од 20 км/ч • 300 евра за повеќе од 50 км/ч. Најважниот совет за возачите е едноставен: почитувајте ги ограничувањата на брзината каде и да сте. Oткако српските туристи се заканија дека ќе ...

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада. Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за предвремени избори, Мицкоски посочи дека коалицијата што ја предводи има четиригодишен мандат добиен од граѓаните. „Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи ...

– Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...

Воведувањето на системот „Сејф Сити“ ги разгневи српските туристи што транзитираат низ Македонија. Од вчера сите автомобили со странски таблички на граничниот премин „Табановце“ ги чека непријатно изненадување-записник за сторен прекршок кој мора да го платат или пак да го подигнат но со нагласок дека следниот пат нема да бидат пуштени да влезат во Македонија. Тоа предизвика револт на социјалните мрежи кои коментираат дека следната година во ...

На самиот „Етихад“, како дел од новата северна трибина, отворен е хотел каде што луксузните апартмани гледаат директно кон теренот на Сити! View this post on Instagram A post shared by King.rs (@kingsrbijabet) Ноќевањето во стандардни соби се движи од околу 130 до 200 евра, додека на денот на натпреварот цените на ВИП апартманите „до теренот“ со ваков поглед достигнуваат и до неколку илјади евра! Замислете да се разбудите, да ги кренете ...

Јелена Карлеуша го прослави 48-миот роденден.На свечената вечера, поп-ѕвездата ги собра најблиските луѓе, вклучувајќи го и нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, што никој не го очекуваше бидејќи двајцата беа во лоши односи до неодамна. Според приказната што се прошири низ ходниците со брзина на светлината, девојката на Душко Нора воопшто не била среќна што Тошиќ присуствувал на прославата на роденденот во куќата на неговата поранешна ...

Голема прослава владееше во соблекувалната на Динамо од Тирана, откако албанскиот тим ја елиминираше Ауда во квалификациите за Конференциската лига.Во реваншот од третото квалификациско коло, Динамо победи со 4:0 на домашен терен, надоместувајќи ја негативата од 1:0 од првиот натпревар. Видео од сопственикот на клубот, Ардијан Барди, како влегува во соблекувалната со торба полна со пари стана вирално на социјалните мрежи. Тој скандира заедно ...

Марко Милошевиќ, внук на Слободан Милошевиќ вели дека додека растел многу му пречело што во учебниците за неговиот дедо пишувало дека е воен злосторник. Како се справивте кога дознавте за вашиот дедо од учебниците и што ве научи вашата мајка? – Наидов на учебници во кои пишуваше дека Слободан Милошевиќ бил диктатор и воен злосторник.Мајка ми успеа целосно да ме поштеди во годините што беа најлоши за нашето семејство, па тие години за мене ...

По повод неговата венчавка со Џорџина Родригез, одржана на 11 август 2026 година, на приватна церемонија во Каскаис, Кристијано Роналдо доби спектакуларен подарок, луксузен часовник Jacob & Co Twin Turbo Furious Baguette, чија вредност надминува еден милион евра. Часовникот е направен од 18-каратно бело злато и украсен со дури 362 бели дијаманти исечени во багет. На куќиштето има 344 дијаманти, додека уште 18 се вградени во копчата. ...

Пред вас има пет затворени врати. Зад секоја од нив се крие нешто што можеби не сакате да си го признаете. Врата бр. 1: „Не ми е гајле“ Честопати се обидувате да изгледате многу порамнодушно отколку што навистина се чувствувате. Кога некој ќе ве разочара или повреди, полесно е да се убедите дека таа личност или ситуација повеќе не ви значи ништо. Но, емоциите не исчезнуваат само затоа што избираме да не ги покажуваме. Вашата најчеста мала ...

Тамара Звицер, сопругата на водачот на Kaвачкиот клан, додека нејзиниот сопруг е во бегство, ужива на позната црногорска плажа., Тамара е насмеана и во друштво на своите пријатели.Тамара ужива во животот и не ја загрижува тоа што нејзиниот сопруг е еден од најбараните европски бегалци. Тамара објавува фотографии на својот Инстаграм профил кои го привлекуваат вниманието на јавноста пред сè поради нејзините модни избори и луксузниот начин на ...

– Напаѓачот на Фенербахче, Ромелу Лукаку, е разочаран по ремито 1:1 со Лион синоќа првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите. -Големо разочарување е. Нашиот тим играше подобро. Во првото полувреме примивме гол по првата шанса на противникот. Во второто полувреме реагиравме и постигнавме гол. Сега треба добро да се подготвиме и правилно да се подготвиме за реваншот, изјави Лукаку на официјалната веб-страница на УЕФА. Реваншот ќе се ...

Се ближи 24 август, или денот попознат како Св. Артан Чаирски. Почнува судењето на најпознатиот жител на Чаир и околината. Артан Груби конечно ќе влезе во Кривичниот суд и тоа како обвинет. Можеше ли некој да поверува дека по сите кур…ња, мавање со камења на Кале, играње фудбалче во кабинет дека ќе дојде тој ден. Само верува ли некој дека Груби барем една ноќ ќе преспие во Шутка или во Идризово? Тешко. Гледајте уште една летна „5 минути со ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.0
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
80%
1028
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
2.5
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
90%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.68
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
81%
1025
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
78%
1032
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 0ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Бакар

12.58