Противпожарен камион од Струга денеска бил зафатен од оган додека гаснел пожар во селото Долна Белица и притоа се повредени двајца пожарникари. Избегнат е поголем инцидент и можна трагедија, велат од ТППЕ Струга. Повредените пожарникари биле пренесени во болница, каде им била укажана помош. Нив денеска ги посети градоначалникот на Струга, Менди Ќира, кој им посака брзо закрепнување. Иако материјалната штета е значителна, најважно е тоа што ...

Федерален апелациски суд во САД донесе одлука привремено да ја запре изградбата на новата свечена сала вредна 400 милиони долари на местото на урнатото Источно крило на Белата куќа, нанесувајќи сериозен правен удар на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, пренесува Ен-би-си. Во одлуката, донесена со мнозинство од двајца судии наспроти еден, судот оцени дека американскиот претседател не може суштински да го менува изгледот на Белата ...

На оддалечена ливада во Алгој, во јужна Германија стои дрво, четинар од видот европска тиса (Taxus baccata), кое можеби е таму повеќе од 1.100 години и веројатно е најстарото дрво во Германија, објави „Еуроњуз“. Дрвјата стареат многу бавно, а причината за ова е тоа што тие постојано ги обновуваат своите ткива: иглички или лисја, кората, гранките, стеблото и кореновиот систем постојано се обновуваат, додека постарите делови постепено ...

Стотици илјади луѓе во југозападна Јапонија денеска добија наредба за евакуација, а повеќе од 500 летови се откажани, додека тајфунот Делфин бавно се приближува кон регионот со силни ветрови, обилни врнежи и високи бранови, пренесува Ројтерс. Тајфунот од прва категорија има максимални постојани ветрови од 144 километри на час, со налети до 198 километри на час, и се приближува кон островскиот синџир меѓу регионот Кјушу и префектурата ...

Во второто коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Шкендија Арачиново и Силекс одиграа драматичен натпревар на стадионот во Чаир, кој заврши без победник 1:1 (1:0). Во дуел со два досудени пенали, неколку прекрасни одбрани и ВАР-интервенција, двете екипи мораа да се задоволат со по еден бод. Првото полувреме донесе претпазлива игра на двете страни и малку изгледни шанси, но домашните први го скршија мразот. Во 32 минута, по ...

Ова лето беше обележано со атрактивни изданија на Хали Бери. Од почетокот на сезоната на бикини, актерката не пропушти можност да изненади, и воодушеви со својот правилен избор на костими за капење. Сега таа ги почести своите следбеници со малку поинаква објава на Инстаграм, односно се збогуваше со летниот одмор на Фиџи со емотивни зборови. На фотогафиите таа покажа низа приватни моменти од летниот одмор. Но, најмногу внимание привлекоа оние ...

Европската комисија сè уште не понудила решение за укинување на ограничувањето на престојот на професионалните возачи на камиони од Западен Балкан во земјите од шенген-зоната, реагираше денес претседателот на Здружението за меѓународен транспорт на Србија, Неѓо Мандиќ, пренесува агенцијата Бета. Тој изјави дека состанокот со надлежниот директорат на Европската Унија, на кој треба да се разговара за изземање на возачите во меѓународниот ...

Возач на автобус го забележал, го удрил и го соборил дронот опремен со експлозиви, со што можеби спречил напад на германски аеродром кој е важен центар за НАТО и карго-логистика, изјави денеска германски пратеник, пренесува Ројтерс. Мажот го забележал дронот како лета ниско додека работел на аеродромот Лајпциг/Хале во вторникот доцна навечер, а потоа го удрил во, како што го опиша пратеникот Детлеф Зајф, храбар, но опасен чин. „Дронот, за ...

Гастрономскиот туризам последниве години бележи силен подем, а сè повеќе патници ги избираат своите дестинации токму поради храната. Наместо да посетуваат само знаменитости, туристите сакаат да ги запознаат локалната кујна, традиционалните рецепти и автентичните вкусови на местото што го посетуваат. Најновата листа на „Тејст Атлас“ („Taste Atlas“) ги откри градовите со најдобра гастрономска понуда во светот. Рангирањето е изработено врз ...

Уставниот суд утврди дека Основниот граѓански суд Скопје не ја извршил одлуката со која на новинарката Наташа Стојановска и беше утврдена повреда на слободата на јавно изразување во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Стојановска претходно, преку правниот застапник на ЗНМ, побара судска заштита поради тоа што државата не обезбедила соодветна заштита додека известувала од Собранието, но Основниот граѓански суд и ...

Заменик-генералната секретарка на Обединетите нации, Амина Џ. Мохамед, денеска повика на итен прекин на разорната војна во Судан, предупредувајќи дека конфликтот им го одзема образованието на милиони деца, додека истовремено ја поттикнува „најголемата криза со раселување во светот“, пренесува Анадолу. Говорејќи на состанок на Советот за безбедност на ОН во формат „Арија“, посветен на заштитата на образованието во Судан, Мохамед изјави дека ...

Сопругата на српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, Исидора Мијановиќ, била приведена во полициска станица по пријава за кражба во еден трговски центар во Белград. Како што пишуваат српските медиуми, полицајците ја привеле Исидора, државјанка на Хрватска, откако обезбедувачот пријавил дека украла палто вредно 8.990 динари од продавницата „Зара“. Нејзиниот сопруг Сергеј Трифуновиќ бил со неа во времето на инцидентот. Кога полицијата пристигнала на ...

Кошаркарската федерација на Македонија ја информира јавноста дека Комисијата за лиценцирање, по спроведената постапка и разгледувањето на целокупната доставена документација, утврди дека во Првата лига – жени, условите за добивање лиценца за настап во натпреварувачката сезона 2026/27 не ги исполнија ЖКК Кам Баскет и Про Баскет Кавадарци. Во текот на постапката, двата клуба беа навремено известени за констатираните недостатоци во доставената ...

Сообраќајна несреќа во која се судриле „теренец“ и камион-шлепер се случи попладнево на патот од планинскиот превој Стража кон Гостивар, а сообраќајот се одвиваше отежнато, објави „4њуз.мк“. Засега нема информации за повредени луѓе. Полицијата изврши увид на местото на несреќата. Затвореник од Скопје на отсуство од „Идризово“ отишол во Охрид и ја истепал поранешната девојка Сообраќајна несреќа во која се судриле „теренец“ и ...

Англискиот репрезентативец Иван Тони е обвинет за физички напад откако наводно со глава удрил навивач кој се обидел да направи селфи со него во еден ноќен клуб во лондонскиот кварт Сохо. Обвинението се однесува на напад кој наводно се случил на 6 декември минатата година во ноќен клуб на улицата Вордор. Во конфликтот, според тврдењата на очевидци, друг маж се здобил со повреди на лицето. „Иван Тони (30) од Нортхемптон во четвртокот, 31 јули, ...

Девојче од Кочани му се пожалило на својот дедо дека таткото долго време психички и физички го малтретирал, а дедото ова го пријавил во полиција, информира МВР. „Вчера во 18:00 часот во ОВР Кочани, С.А. од Кочани пријави дека неговата 10-годишна внука му се пожалила дека подолг период била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко и поради тоа не сакала да се врати да живее со нејзината мајка и нејзиниот татко. Се преземаат мерки за ...

Папата Лав ќе се сретне со жртви на злоупотреба од свештени луѓе за време на четиридневната посета на Франција следниот месец, која ќе вклучува посета на седиштето на УНЕСКО, средба со француските бискупи во Лурд и меѓурелигиска средба во пограничниот град Мец, соопшти Ватикан, пренесува Еј-би-си њуз. Ватикан објави посебно кратко соопштение во кое ја нагласи средбата со неколку жртви на злоупотреба, додавајќи дека самите жртви ќе бидат ...

Одржувањето на нормален крвен притисок, непушењето и спречувањето на дијабетес тип 2 во периодот меѓу 45. и 65. година од животот може да го одложат развојот на деменција за речиси 13 години, покажува ново истражување објавено во медицинското списание „Неуролоџи“. Студијата ја спровеле научници од Универзитетскиот медицински центар „Њујоршки универзитет Лангон Хелт“, кои анализирале податоци од долгогодишното истражување „Атеросклероза и ...

Територијалната противпожарна единица од Радовиш, во екот на сезоната на шумски пожари, преку социјалните мрежи извести дека почнува кампања за собирање донации за нов противпожарен камион, која е веќе достапна онлајн на страницата „GoFundMe“ „Почитувани Радовишани и Македонци ширум светот, Денес официјално ја започнуваме GoFundMe кампањата за обезбедување на противпожарно возило за ТППЕ Радовиш. Ве повикуваме да ја поддржите оваа хумана ...

Златко Далиќ по заминувањето од селекторската функција на Хрватска, кариерата ќе ја продолжи во Обединетите Арапски Емирати, а новата работа ќе му донесе најголема плата во досегашната кариера. Според неофицијални информации, годишно ќе заработува пет милиони евра без бонуси, со што би станал најплатениот хрватски тренер во историјата. Особено импресивен ќе биде финансискиот дел од новиот ангажман. Според неофицијалните информации, основната ...

Министерството за војна на САД ја објави петтата серија декласифицирани документи и снимки за неидентификувани аномални феномени. Како дел од програмата „Потрага“, беа објавени 130 MB нови документи и 513 MB видео што содржат податоци за видувања на НЛО и истрагите што следеа. Министерството за војна особено ги истакна дигиталните реконструкции на ФБИ на големи триаголни објекти од различни перспективи. Интересен настан од 2002 година ...

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати. Според еврокомесарката за проширување Марта Кос, Исланд претставува „посебен случај“ бидејќи веќе е дел од Европскиот економски простор и Шенген зоната, што би можело значително да го ...

Плакатите за новиот филм „The Mummy“ (Мумија) на Ли Кронин официјално се забранети за јавно прикажување во Велика Британија, откако Одборот за стандарди во огласувањето (АСА) изрази голема загриженост поради нивното истакнување на места каде што би можеле да ги видат деца, пишува „Гардијан“. Оваа одлука доаѓа само четири месеци откако морничавиот хорор пристигна во кината на 17 април, предизвикувајќи поделени реакции кај критичарите и ...

Шпанскиот репрезентативец Родри, кој моментно се опоравува од повреда, речиси сигурно ќе го напушти Манчестер сити ова лето и ќе се врати во татковината. Иако најдобриот играч на Светското првенство и освојувач на „Златната топка“ за 2024 година се поврзуваше со Реал Мадрид, на крајот ѝ кажа „да“ на Барселона. Според шпанската радиостаница Cadena SER, која разговарала со агентот на Родри, Пабло Баркера, Реал Мадрид ги започнал преговорите со ...

Познатата британска манекенка и радио водителка Кели Брук повторно го привлече вниманието на јавноста покажувајќи ја својата беспрекорна фигура за време на одморот во Италија. Во бикини со леопардски принт, 46-годишната уживаше во едрење на луксузна јахта во друштво на својот сопруг Џереми Париси и неговата братучетка Стела. Фотографиите од крстарењето ги сподели самиот Џереми на профилот на неговиот бренд, објавувајќи видео од Кели како ...

Шпанија денеска ја предупреди Италија дека ќе преземе реципрочни мерки доколку Рим до 9 август не ги укине граничните контроли за шпанските патници. Ваквите контроли Мадрид ги смета за неправедни, дискриминаторски и спротивно на интересите на Европската Унија, пренесува Политико. Италија повторно воведе гранични контроли со Шпанија на 1 август, привремено суспендирајќи ја примената на Шенгенскиот договор, кој овозможува патување без пасош ...

Конечно е појасно кој стои зад претседателот на Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА, Џани Инфантино, а кој му го врти грбот. Објавена е листа на земји кои досега јавно застанаа на едната или другата страна. Инфантино е под зголемен притисок по пропаѓањето на контроверзниот проект „ФИФА Форвард Ентерпрајз“, но претседателот на ФИФА добива и силна поддршка од делови од светскиот фудбал. Еден од неговите најважни сојузници е Африка. ...

Рускиот напад врз Одеса на 7 август го оштети стадионот „Чорноморец“, еден од најголемите во Украина и дом на истоимениот фудбалски клуб. Гувернерот Олех Кипер потврди дека едно лице е повредено во нападот. Нападот се случил околу 15.30 часот, кратко откако воздухопловните сили предупредиле за приближување на млазни беспилотни летала, објави „Киев Индепендент“. Последици за стадионот и клубот 29-годишна жена која била во стадионот е ...

Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова сподели ретка семејна фотографија со својот син, направена по нејзиниот неодамнешен настап на фестивалот „Охридско лето“. На фотографијата, која ја објави на Фејсбук, таа едноставно напиша: „Син“. Ѓиновска-Илкова настапи во црквата „Света Софија“, а по концертот позираше со својот син, кој ѝ подари букет цвеќе, додека честитките од публиката продолжија и по завршувањето на концертот. Иако е една од ...

Во пожар кој избувнал во двор од куќа во штипското село Стар Караорман, изгореле два автомобила, соопшти полицијата. Нема повредени луѓе. „На 06.08.2026 во 14:41 часот во СВР Штип е пријавено дека во дворно место во с.Стар Караорман, штипско, сопственост на С.Н.(49) од Штип, настанал пожар во две негови патнички возила – „фолксваген венто“ и „фолксваген голф“, двете со штипски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.88
48%
1012
weather icon

Белград

25ᴼ / 25ᴼ
1.11
60%
1013
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.83
70%
1017
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.61
43%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.44
55%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 22ᴼ
0.4
84%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.45
51%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.7
44%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.69
46%
1012
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
5.36
61%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
1.79
71%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
2.95
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.27

Бакар

13.54

Калај

56.77

Паладиум

43435.66

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Злато

137126.15

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Платина

55652.94