Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Додека граѓаните на Гостивар со недели пиеја загадена вода и илјадници луѓе се соочуваа со здравствени последици, Владата на Мицкоски преку Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра, реагираат од СДСМ. Договорот, поради кризата, е склучен со директно договарање, без јавен оглас. Бизнис-зделка од 100.000 евра без тендер. Според достапните информации, договорот е склучен со ...
Додека Американците најчесто ја менуваат работата за повисока плата и подобри можности за напредување, Европејците многу почесто бараат нов работодавач поради желбата за поголема сигурност на работното место. Ова го покажува најновата анализа на Европската централна банка (ЕЦБ). Истражувањето покажува дека околу 13 проценти од вработените во еврозоната активно бараат нова работа, додека во САД тој удел достигнува околу 19 проценти. Според ...
Брајан Сатон, обвинет за организирање на една од најголемите измамнички шеми што некогаш се откриени во Соединетите Американски Држави, живее слободно во Русија. Меѓу неговите аквизиции има возен парк луксузни автомобили, елитна вила во близина на Москва и удел во ММА клуб поврзан со член на рускиот парламент, објави OCCRP. Помеѓу 2015 и 2022 година, криминална група користела десетици аптеки низ САД за да им наплати на компаниите за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за повторно отворање на Ормускиот Теснец би можел да биде постигнат уште денеска, но го предупреди Иран дека ќе биде „жестоко нападнат“ доколку преговорите пропаднат, објави „Јуроњуз“. Иран ја зајакна контролата врз Ормускиот Теснец и сака да управува со пловниот пат и да наплаќа транзитни такси – овластувања што не ги применуваше пред почетокот на војната на 28 февруари. ...
Постојат едноставни трикови што можат да ви помогнат да се чувствувате попријатно и полесно да ги пребродите деновите на предменструален синдром (ПМС) дури и кога термометарот надвор покажува 35 или повеќе степени. Летните топлотни бранови можат да бидат исцрпувачки сами по себе, а кога ќе се совпаднат со деновите пред менструацијата, многу жени чувствуваат дека им е уште потешко. Надуеноста, заморот, раздразливоста, главоболките и ...
Мазијар Махан, осуден во отсуство во Иран во врска со пирамидална шема вредна 25 милиони долари со која биле измамени стотици луѓе, добил американско државјанство и продолжил да предава филм на универзитет во Тексас, објави OCCRP. Според медиумот, тој го напуштил Иран откако ја воспоставил пирамидалната шема Палинур. Во 2015 година, иранскиот суд утврдил дека неговото местоположба е непозната и го осудил во отсуство на три години затвор ...
Еболата усмрти повеќе од 1.700 луѓе во источниот дел на Конго, во епидемијата која стана најбрзо растечка досега, покажуваат податоците. Болеста се шири побргу одошто здравствените власти можат да ги следат контактите, а нултиот пациент сè уште не е идентификуван, објави „Асошиејтед прес“. До вторникот биле регистрирани 3.802 случаи и 1.707 смртни случаи, покажуваат најновите владини податоци. Сè уште не е јасно кога епидемијата ќе го ...
Поранешната свршеница на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ, Анамарија Голтес, поднесе барање за повлекување на тужбата за алиментација за нивните две ќерки. Според судските документи до кои дошол магазинот „Пипл“, 28-годишната манекенка на 3 август побарала постапката да биде прекината, наведувајќи дека сака спорот да го реши по мирен пат. „Ја повлекувам тужбата за алиментација со јасна намера ова прашање да го решиме спогодбено и со заемен ...
Русија ја нападна Украина со балистички ракети и со беспилотни летала, при што загинаа најмалку 14 луѓе, а најмалку 22 беа повредени во еден од најсмртоносните напади врз Киев годинава, објави „Би-би-си“. За време на нападот, кој почна по полноќ во средата, началникот на Киевската градска воена управа, Тимур Ткаченко, изјави дека „непријателот повторно масовно го напаѓа Киевскиот Регион“. Тревогата за воздушен напад траеше повеќе од еден ...
Метју Каруана Галиција бил дома на Малта и работел на својот лаптоп утрото на 16 октомври 2017 година, кога ја слушнал експлозијата во која загина неговата мајка, истражувачката новинарка Дафне Каруана Галиција, објави OCCRP. Сведочејќи пред поротата на судењето каде што за нарачување на убиството е обвинет бизнисменот Јорген Фенех, синот на Дафне ги опиша последните часови што ги поминал со неа – и истрагите што таа ги водела кога починала. ...
Маж со пиштол е уапсен откако за време на викендот бил забележан како фотографира и снима видео од просторот на голф-клубот „Трамп Нешнeл“ во округот Лос Анџелес, кој е во сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Еј-би-си. По неговото апсење, детективите во неговиот дом пронашле дополнително огнено оружје, како и „повеќе тетратки со загрижувачки содржини“, соопшти Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес. ...
Македонија влегува во најкритичниот период од летото. Времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, но и со слаб до умерен ветер од променлив правец, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до ...
Сојузот на синдикатите на Македонија ги повикува сите работодавачи, во услови кога се најавува дека денес и во наредните денови ќе има високи температури, да ги почитуваат мерките предвидени со Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. „Во насока на справување со најавените високи температури, Сојузот на синдикатите на Македонија бара од работодавачите да ги почитуваат марките за ...
Денеска се одиграа првите 90 минути на осум натпревари од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, а најубедливи беа фудбалерите на Динамо Загреб. Хрватскиот првак на домашен терен со 5:0 го совлада Кауно Жалгирис од Литванија и со една нога е во плејофот што е последна пречка на патот кон лигашката фаза за сезоната 2026/27. Головите за „модрите“ ги постигнаа Зајц во 31, МекКена во 33, Лисица во 51, Стојковиќ во 76 и Качавенда ...
Американскиот претседател Доналд Трамп упати остри критики кон најголемите нафтени компании во САД, повикувајќи ги да ги намалат цените на горивата и да им помогнат на граѓаните, откако, според него, оствариле огромни профити за време на конфликтот со Иран- пишува Гардијан. Неговите изјави доаѓаат во период кога цената на суровата нафта Брент падна за повеќе од четири проценти, на околу 84 долари за барел, поради надежите за дипломатско ...
Сериозен пропуст во областа на безбедноста на канадската компанија „Коинкајт“ доведе до кражба на огромно количество биткоини, досега вреден околу 114 милиони евра, пишува „Криптополитен“. Според порталот, истражувачи го откриле проблемот и го обвинуваат ко-основачот на компанијата, Питер Греј, кој лани наводно бил известен за слабоста, но не ја сфатил сериозно. Нападот предизвика голема тревога во светот на криптовалутите, а корисниците на ...
Потпирањето на НАТО на доктрините од Втората светска војна и неговото бавно прилагодување кон новите форми на војување ја прават мала веројатна можноста Украина некогаш да стане членка на Алијансата, изјави амбасадорот на Украина во Обединетото Кралство и поранешен врховен командант на украинската армија, Валериј Залужни, објави „Киев индепендент“. „12 години, ми се чини, лично работев на совладување на стандардите на НАТО и секоја година ...
По три дена, пожарот во кавадаречкото село Раец е целосно изгаснат, соопшти градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, објавувајќи фотографии од тимот на пожарникари и доброволци што изминатите денови учествуваа во неговото гаснење. „Во овие исклучително тешки моменти уште еднаш се потврди силата на солидарноста и несебичната посветеност на сите служби и поединци што деноноќно беа на терен во борбата со огнената стихија“, напиша тој на ...
Од првиот настап како независна држава до денес, македонските спортисти освоија 14 медали на Медитеранските игри – три златни, две сребрени и девет бронзени. Сите медали се освоени во индивидуални спортови, а најголем број резултати доаѓаат од борење, карате, теквондо и бокс. Со претстојното учество на XX Медитерански игри во Таранто, Македонија по четврти пат ќе биде дел од едно од најзначајните мултиспортски натпреварувања во ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 5 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Работниот ден носи можност да се истакнете со брза реакција и добра организација. Не двоумете се да ја преземете иницијативата ако сметате дека сте во право. Во љубовта ве очекува искрен разговор што ќе ги расчисти старите недоразбирања, а слободните Овни би можеле да запознаат интересна личност. Внимавајте да не се истрошите со премногу ...
Опстипација, односно, народски кажано – запек, е чест дигестивен проблем што подразбира дека цревата се празнат ретко, т.е. помалку од трипати неделно, а тоа обично е проследено со тврда, сува столица и напрегање. Повремениот запек е проблем со кој многумина се соочуваат, дури и луѓето што се хранат претежно здраво. На тоа колку брзо ќе работат цревата може да влијаат голем број фактори покрај исхраната, вклучувајќи и колку се движиме, ...
Пиперката е една од омилените зеленчуци која редовно завршува на трпезата во текот на летото. Пржена, полнета, печена или додадена во други јадења, таа дава посебен мирис и вкус на секој ручек. Сепак, искусните домаќинки знаат дека подготовката на пиперки може да биде уште подобра со еден едноставен чекор што многумина го прескокнуваат. Пред готвење или печење, пиперките кратко се потопуваат во врела вода, а резултатот е помек, посочен и ...
Постои една стара кинеска приказна за човек кој постојано се чувствувал уморен, иако не работел ништо физички тешко. Еден ден тој му се пожалил на еден мудрец дека чувствува како неговата животна сила секојдневно исчезнува. Мудрецот му рекол: „Замисли дека носиш кофа со вода, но таа има мала пукнатина. Не го забележуваш веднаш проблемот, но додека стигнеш до целта, сфаќаш дека водата ја нема. Така е и со човечката енергија, не ја губиме ...
Аријана Гранде емотивно им се обрати на своите обожаватели за време на концертот во Чикаго, само еден ден откако беше објавено дека по завршувањето на турнејата „Етернал саншајн“ ќе се повлече од јавниот живот на неодредено време. Поп-ѕвездата на концертот во арената „Јунајтед центар“ одржа четириминутен говор, кој го прочита од подготвен текст, нагласувајќи дека одлуката не е донесена во афект. „Одлуката што беше објавена вчера не беше ...
Цените на маслиновото масло би можеле повторно да пораснат на есен откако екстремната топлина, сушата и пожарите ги погодија маслиновите насади и другите земјоделски култури низ Европа, пишува „Гардијан“. Производителите предупредуваат дека маслиновите насади изгореле во Грција, Италија и Португалија, додека плантажите што не се директно погодени од пожарите се изложени на пепел, лош квалитет на воздухот, штетници, болести и силни бури. ...
Љубовните односи во 2026 година влегуваат во нова фаза. Наместо бесконечно прелистување профили, површни разговори и нејасни односи, сè повеќе луѓе се насочуваат кон поискрено запознавање и создавање поквалитетни врски. Според трендовите меѓу луѓето кои бараат партнер, како и годишниот извештај „Година во прелистување“ (Year in Swipe) на апликацијата за запознавање „Тиндер“ (Tinder), новите генерации повеќе внимание посветуваат на отворена ...
Истекување на нафта од закотвен танкер кој со недели е заглавен покрај брегот на Оман, се прошири брзо и сега покрива околу 150 квадратни километри море и крајбрежје, според сателитските снимки анализирани од Гринпис и „Асошиејтед прес“. Пред само една недела се проценуваше дека дамката покривала околу 20 квадратни километри, па не е познато што предизвикало толку големо зголемување на истекувањето. Нафта протекува од танкерот „Керолин ...
Во светот на спортот сѐ повеќе доминираат младите ѕвезди. Во тенисот тоа е 24-годишниот Јаник Синер, кој годинава го освои Вимблдон и пет мастерс-турнири. Во Формула 1 тоа е 19-годишниот Кими Антонели, кој е лидер во шампионатот на половина од сезоната, а во фудбалот тоа е Ламин Јамал, кој годинава со Барселона ја освои титулата во Шпанија, а со Шпанија стана светски првак. Сепак, во оваа приказна не смее да се заборави ниту новата голема ...
Американскиот рапер Канје Вест, кој денес го користи името Је, повторно се соочува со правни проблеми. Против него е поднесена нова тужба во која хонорарен музички продуцент тврди дека не добил надомест за работата на албумите „Vultures“ и „Bully“, пишува „Ролинг стоун“. Продуцентот, кој во судските документи е наведен како Џон До, тврди дека бил ангажиран по итна постапка на 1 август 2024 година, само два дена пред објавувањето на албумот ...
Градските власти во главниот град на Словенија, Љубљана, дозволија бесплатен влез во сите јавни базени за време на топлотниот бран, објавија денеска словенечките медиуми. Овој привремен режим им овозможува на корисниците на јавните базени да влегуваат додека не се пополни максималниот капацитет на објектот, објавува СТА. Во известувањето објавено на својата веб-страница, „Спорт Љубљана“ ги советува граѓаните да уживаат во базените во ...