Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Ретка и емотивна приказна за тешкиот живот на Есма Реџепова-Теодосиевска е објавена во пресрет на 8 август, денот кога кралицата на ромската и македонската песна ќе наполнеше 83 години. Порталот Вики.мк потсети на животниот пат на легендарната пејачка, која од сиромашно девојче од Скопје стана една од најпознатите музички ѕвезди и хуманистки во светот. Како дете, Есма живеела во скромни услови. На само девет години чистела скали, бришела ...
Крвавите водопади на Антарктикот се едно од најнеобичните места на Земјата. Од блескаво белиот глечер Тејлор во езерото Бони се слева водопад со интензивна црвена боја, создавајќи драматична глетка среде ледениот пејзаж. Бојата не потекнува од алги, како што првично се мислеше, туку од железото што се наоѓа во древната солена вода заробена под глечерот, кое при контакт со воздухот брзо ‘рѓосува. Ново истражување сега открива дека во овој ...
Голем пожар избувна во јужна Албанија, а околу 15 семејства беа евакуирани заедно со добитокот и со домашните миленици поради опасноста од ширење на пламените јазици, објави „Топ чанел Албанија“. Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил и се приближил до куќите во селото Рибан, во регионот Малакстер. Во гаснењето се вклучени повеќе служби, меѓу кои пожарникари, припадници на Силите за брза интервенција (ФНСХ), полицијата и службите за ...
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас денеска го игра дербито од второто коло на мастерсот во Монтреал против Жоао Фонсека. Во пресрет на мечот Гркот на Икс се пошегува на сметка на новиот филмски хит „Спајдермен“ и на флексибилноста на Новак Ѓоковиќ. – Конечно го изгледав „Спајдермен“ – откри Циципас – Се сетив дека една сцена ја снимаа за време на мојот меч против Новак во Дубаи пред неколку години. Секако, стануваше збор за шега, но и за ...
Иако разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли официјално бил завршен во 2024 година, по осум години правни спорови, конфликтите меѓу поранешниот холивудски пар очигледно сѐ уште не се завршени, пишува „Ју-ес викли“. Во најновиот развој на случајот, правниот тим на Пит побарал од Џоли да достави докази за своите приходи, што таа делумно го одбива. Барањето е дел од долготрајниот спор кој двајцата го водат и по официјалното завршување на бракот. ...
Во Амфитеатарот во Струмица на 4 август, во присуство на голем број филмски љубители, Градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков го отвори 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, а основачот и директор на „Астерфест“ Горан Тренчовски ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Во прекрасен амбиент, на првата фестивалска вечер беа прикажани кратки филмови од маратонската ...
Товарен брод што пловел под индиско знаме вчера потона во Црвеното Море, откако беше погоден со проектил во близина на западниот брег на Јемен, објави „НДТВ“. Сите 14 членови на екипажот, меѓу кои 13 индиски морнари и еден Јеменец, се спасени. Бродот „МСВ Фаиз Нуре Олија“ бил нападнат на околу 13 наутички милји јужно од јеменскиот пристанишен град Ходеида, кој е под контрола на Хутите. По нападот, бродот се превртел и потонал. Јеменските ...
Македонското општество со години се опишува како длабоко политизирано и поделено. Но, според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, денес веќе не станува збор само за силна политичка ангажираност, туку за појава што во политичката наука одамна е препознаена, а кај нас сè почесто се нарекува „хиперполитика“. Во интервју за „Слободен печат“, Арсовски објаснува дека станува збор за состојба во која јавноста, медиумите, политичките партии, па ...
Според астролошките прогнози, овој август носи исклучително поволен период за подобрување на финансиите. Венера, Меркур и Јупитер создаваат одлични услови за нови деловни можности, успешни преговори и дополнителна заработка. Астролозите советуваат сите важни договори да се завршат пред крајот на месецот, кога Венера влегува во нејзината претретроградна фаза и ги забавува процесите поврзани со парите. Зошто овој месец носи позитивни промени? ...
Од денес на Македонската берза котираат три државни обврзници во вкупна вредност од 41 милион евра. Со тоа, државата за тие пари ќе се задолжи на внатрешниот пазар. Најголемата емисија од околу две милијарди денари (32,9 милиони евра) ја сочинуваат 202.370 долгорочни државни обврзници без девизна клаузула. Рокот на достасување е 30 јули 2041 година, а стапката е фиксни 5,2 проценти. На Берзата се тргува и со 37.676 државни обврзници со ...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денес предупреди дека вооружувањето на Србија претставува регионален безбедносен предизвик, додавајќи дека Хрватска не треба да реагира на секоја вербална провокација, но мора внимателно да ги следи воените случувања што можат да влијаат врз нејзината безбедност, јавува агенцијата Анадолу. Говорејќи на одбележувањето на 31-годишнината од воено-полициската операција „Бура“ во Книн, Милановиќ изјави дека ...
Дали неуспешниот потфат на Инфантино ќе влијае врз натпреварувањата? Откако Џани Инфантино ги повлече своите планови за создавање комерцијална подружница за Светското првенство и другите настани на ФИФА, бојкотот на натпреварувањата на ФИФА од страна на УЕФА е завршен, па тие сега изгледаат помалку загрозени. Сепак, европската фудбалска организација соопшти дека во моментов „ја обновува довербата“ со ФИФА, а приказната продолжува брзо да се ...
Познатиот холивудски актер Алек Болдвин (68) одново ја изненади јавноста со својот препознатлив хумор. Во видеото кое го сподели на Инстаграм, таткото на осум деца на шега ѝ предложи на сопругата Хиларија (42) повторно да го прошират семејството, пишува „Пипл“. Во видеото, на кое се гледа како уживаат покрај базен, Хиларија се слуша на почетокот на видеото како вели: „Би направила сè за тебе“, на што актерот веднаш одговара: „Роди ми уште ...
Полицијата соопшти дека го уапсила возачот кој пред три дена возеше во спротивна насока на автопатот Скопје-Велес, како и дека за него ќе следува кривична пријава за „безобѕирно управување возило“. „Денеска полициски службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи на МВР го лишија од слобода М.Ш.(39) од с.Челопек-Тетово, кој на 2 август околу 19:20 часот на автопат Скопје-Велес, со патничко возило „голф“ со тетовски ...
Со промоција на монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ од авторите Снежана Анастасова Чадиковска и Александар Трајковски и концерт на израелскиот машки сопран/контратенор Мајан Лихт и полскиот пијанист Пшемен Виницки, на 4 август ќе биде одбележан 66-иот роденден на фестивалот „Охридско лето“. Монографијата ќе биде промовирана во 19 часот во црквата „Света Софија“, каде што токму на овој ден, 4 август, оперската примадона Ана Липша-Тофовиќ со ...
Северна Кореја распоредува балистичка ракетна единица во руската Воронешка Област, во близина на границата со Украина, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на портпаролот на украинската воена разузнавачка служба, Андриј Черњак. Според украинските разузнавачки информации, единицата ќе располага со шест лансери и 120 балистички ракети, а Русија веќе добила прва пратка од 40 ракети. Воената соработка меѓу Москва и Пјонгјанг значително се засилува ...
Ќерката на славниот холивудски пар Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас, Керис Зета Даглас (23) присуствуваше на првото издание на доделувањето на наградите „Мајорка – остров на честа“, што се одржа на 3 август 2026 година во Палма де Мајорка, Шпанија. Манифестацијата им оддава признание на истакнати личности за нивните достигнувања и поврзаноста со островот. Актерот Мајкл Даглас е именуван за почесен амбасадор на Мајорка, а му беше врачено и ...
Непознати крадци за време на продолжениот викенд влегле во канцеларијата на директорот на јавното комунално претпријатие „Сарај“, каде од фиока украле пари од прометот на претпријатието, соопшти полицијата, која не ја открива точната сума која е украдена. „На 04.08.2028 во Полициското одделение Сарај, И.Х.(41) – директор на ЈКП Сарај, пријави дека во периодот од 16:30 часот на 31.07.2026 до 06:40 часот на 04.08.2026, во неговата канцеларија ...
Наездата измами со лажни сообраќајни незгоди во Тетово, со цел да се изнудат пари од осигурителните компании не стивнуваат и две години откако „Слободен печат“ за првпат пишуваше за оваа чудна практика во градот. Тоа го открива најновата судска пресуда со признание на вина, во која имаше увид нашата редакција. „Слободен печат“ открива: Клиничка болница Тетово – фабрика за лажни медицински извештаи за цедење на осигурителни компании преку ...
Кога ќе прашате кој е германскиот национален пијалок, одговорот на многумина е пиво. Сепак, потрошувачката и продажбата на пиво се во рецесија со години, а се пробива уште еден пијалок – Аперол шприц, објави „ДПА“. Аперолот почна да добива значителна популарност пред околу дваесет години, кога Германците почнаа да се враќаат од одмори во Италија со алкохолниот пијалок. Само четири години подоцна, Минхен го доби потсмевливиот назив ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Ана Јанева. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите ...
Американскиот музички могул Шон „Диди“ Комбс повторно доби нов датум за ослободување од затвор, покажуваат најновите податоци на Федералното биро за затвори на САД, пишува „Пипл“. Според ажурираните информации објавени на 4 август, 56-годишниот Комбс треба да биде ослободен на 20 февруари 2028 година од Федералниот поправен дом „Форт Дикс“ во Њу Џерси, затвор со понизок степен на обезбедување. Ова не е прва промена на неговиот датум за ...
Во полицијата во Сарај вчера стигнала пријава дека е обиена канцеларијата на директорот на Јавното комунално претпријатие „Сарај“, Идриз Хоџа, од каде се украдени пари од прометот на претпријатието. „На 04.08.2028 во Полициското одделение Сарај, И.Х. (41) – директор на ЈКП Сарај, пријави дека во периодот од 16:30 часот на 31.07.2026 до 06:40 часот на 04.08.2026, во неговата канцеларија која е сместена во објектот на општината, со употреба на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека Израел не се согласил со планот на Одборот за мир за разоружување на Хамас, кој групата го прифати минатата недела, објави „Тајмс оф Израел“. Повторувајќи ги изјавите што во изминатите денови им беа припишувани на „високи израелски претставници“, Нетанјаху во видеоснимка објавена на „Фејсбук“ порача дека Израел нема да се повлече „од сегашните позиции“ во Газа „сè додека Хамас целосно ...
Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија денеска се собра во хотел „Монтана“ во Крушево на стартот на подготовките за ЕвроВолеј 2026. Со исклучок на средниот блокер Филип Савовски, кој ќе пристигне на вечерниот тренинг, сите останати репрезентативци се појавија на првата прозивка на селекторот Јошко Миленкоски. Селекторот подготовките ги отвори со статистика и податоци за подготовките кои репрезентацијата ги имаше за ...
Повеќе од 20 дена гостиварци немаат вода за пиење, чистењето на водоводната мрежа е во тек, а иако се најавуваше дека за една недела, односно за две веќе ќе има техничка вода, а потоа и вода за пиење, водоводот уште се чисти. Додека експертите од скопски водовод ја хиперхлорираат и испираат водоводната мрежа, дел од гостиварци немаат ниту вода со бактерии. Во редакцијата на „Слободен печат“ се јавија жители од гостиварската населба Циглана ...
Пеглањето е една од домашните обврски што многумина ја одложуваат до последен момент. Но, кога непосредно пред излегување или важен состанок ќе сфатите дека омилената кошула или фустан е изгужван, ретко кој има време да ја поставува даската за пеглање и да чека пеглата да се загрее, пишува „Вечерњи лист“. Токму затоа, на социјалните мрежи стана популарен едноставен трик за кој ви се потребни само машина за сушење алишта и неколку коцки мраз. ...
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против С.М.(53) од струшкото село Мислодежда поради сомнение за „пустошење шуми“ и „непреземање мерки за заштита при работа“, откако во април организирал нелегална сеча во месноста Лениште, при која починал ангажиран работник од Скопје. „На 20.04.2026, без претходно добиено одобрение за сеча и спротивно на прописите од Законот за шуми, на туѓ недвижен имот во месноста Лениште во атар на селото ...
Одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање, но и новиот министер за правда Јетон Шасивари можат да го вратат Изборниот законик високо на политичката агенда по летните одмори, откако законското решение заглави во Собранието, проценуваат партиите. Законското решение остана во собраниските лавиринти откако СДСМ го затрупа со 10.000 амандмани, а ВМРО-ДПМНЕ гласањето на дијаспората го исцрта како црвена линија од која нема да ...
Речиси три децении по едно од најпознатите нерасветлени убиства во историјата на музиката, во Лас Вегас почнува судењето на Двејн „Кифи Ди“ Дејвис, човекот обвинет дека стои зад организацијата на убиството на легендарниот рапер Тупак Шакур. Дејвис (63) е обвинет за убиство со употреба на смртоносно оружје и за дејствување во корист на криминална група, пишува „Ен-би-си“. Тој се наоѓа во притвор од крајот на 2023 година, а за време на целата ...