Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Американските синџири киносали „Регал“ и „Синемарк“ нема да го прикажуваат филмот „Понатамошните незгодни авантури на Клиф Бут“ (The Further Mis-Adventures of Cliff Booth) на „Нетфликс“ во своите „ајмакс“-сали. Во филмот, Бред Пит повторно го толкува ликот од остварувањето „Си било еднаш во Холивуд“ (Once Upon a Time in Hollywood), пренесуваат американските медиуми. Филмот е во режија на Дејвид Финчер, според сценариото на Квентин Тарантино. ...
Новиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“, го оствари најголемиот успех за домашната кинематографија во последните три децении, освојувајќи ја главната награда „Tokyo Grand Prix“, наградата на гувернерот на Токио, на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио. Ова е прв пат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија по триумфот на „Пред дождот“ во Венеција во 1994 година. Главната награда носи и паричен износ од 3 ...
Лео Енсинас Круз (15), постариот син на шпанските актери Пенелопе Круз и Хавиер Бардем, се појави во филмот „Црна топка (La bola negra), во кој глуми и неговата мајка. Филмот беше избран од Шпанија за свој кандидат за Оскар. Гледачите на оваа драма, која сега е достапна за гледање на „Нетлфликс“ го забележаа Лео во кратка групна сцена на самиот крај од филмот. Според „Хелоу“, неговата улога е симболична и без ниту една реплика, но за ...
Додека некои сè уште чекаат на вистинската можност, за Рибите, ноември носи период во кој би можеле да видат како нивната напорна работа конечно се исплати. Според астролошките толкувања, припадниците на овој знак имаат месец полн со неочекувани можности, добри вести, промени и финансиски приливи што би можеле да им го разубават секојдневието. Рибите кои трпеливо работеле на своите планови можеби ќе почнат да ги гледаат првите резултати. ...
Трпе отишол на стоматолог па прашал: – Докторе, колку чини вадење на заб? Стоматологот одоговорил: – 500 денари, плус 500 денари за анестезија, значи 1000 денари. Трпе прашал: – А можеш да го извадиш обично за 500? Стоматологот: Аууу, од кога не сум видел ваков храбар пациент. Може, ајде браво… влези! Трпе договорил: – Само малку докторе. Ја отворил врата од чекалната и извикал, Трпанооо, ела да ти го извадат болниот заб! Трпе отишол на ...
Ако некогаш сте се запрашале како звучи еден млад, талентиран рокер од Кавардаци кој ја вжешти сцената на „Ѕвездите на Гранд“, во оваа епизода на „Слободно со Агнеса“ ве запознаваме со Миодраг Маринковиќ – Макс. Пред да дознаеме повеќе за него, тој ни ја раскажа приказната за адреналинот и среќата кога ја добил првата електрична гитара. Што значи, тој е музичар! „До нас имавме едни комшии што чуваа овци, а моите ми купија електрична гитара. ...
Постојат предмети во кои се кријат тајни, а токму таквите најмногу нè привлекуваат. Стара кутија со скриен механизам може да биде интересно огледало на нашата личност и на начинот на кој им дозволуваме на другите да ни се приближат. Некои луѓе се отворени и спонтани, како книга што секој може да ја прочита. Други се откриваат полека, само пред оние на кои им веруваат, додека има и такви кои понекогаш ни самите не успеваат да го пронајдат ...
Десетте најубави години од животот започнуваат за три хороскопски знаци, па прочитајте на кој му претстојат помирни денови, повеќе љубов и сигурност во парите. Понекогаш животот се менува токму кога ќе престанеме да очекуваме чудо. За три хороскопски знаци започнува поглавје кое би можело да ги означи десетте најубави години од животот. По сè низ што поминале, пред нив се можности за голема љубов, финансиска сигурност и среќа што нема да ...
Карлос Алкараз обезбеди пласман во финалето на мастерсот во Париз, откако во полуфиналната пресметка го совлада Каспер Руд со максимални 2-0 во сетови (6-4, 6-4). Шпанскиот тенисер во двата сета успеа да направи по еден брејк во клучните моменти, што беше доволно за да стигне до сигурен триумф. Во првиот сет Алкараз го одзеде сервисот на противникот во седмиот гем за предност од 4-3, по што рутински ја задржа предноста и поведе со 1-0. ...
Значајно археолошко откритие е направено на локалитетот Пеленица кај Драчево, каде што истражувачите откриле доцноантички мозаик, потврдувајќи ги сознанијата за неговото постоење по речиси 90 години. „Археолошките истражувања што Националниот археолошки музеј ги започна на 28 октомври резултираа со откривање доцноантички полихромен мозаик, изработен во техниката opus tessellatum, како и керамички материјал и монета од истиот период“, соопшти ...
Македонската ракометна репрезентација до 16 години ја забележа првата победа на Челинџ купот во Подгорица, откако во вториот натпревар на турнирот го совлада Косово со 35-33. По вчерашниот пораз од Црна Гора, младите македонски ракометари успеаја да се издигнат и да стигнат до триумф во неизвесен дуел, во кој победникот беше решен во завршницата. Следната средба на овие селекции ќе биде на турнирот во Македонија, кој е предвидено да се одржи ...
Министерството за здравство почна да ги усогласува законите за дроги со европските прописи и работи на подготовка на нова Национална стратегија за дроги, како дел од Реформската агенда за периодот 2024–2027 година, информира министерот за здравство Сашо Клековски. „Формирана е работна група за усогласување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции со законодавството на ЕУ, а во тек е и склучување работен аранжман со ...
Додека едни сметаат дека бакнувањето на јавни места е сосема нормален израз на љубов, други веруваат дека постои време и место за размена на нежности. Токму ова прашање предизвика интересна дебата во Лондон, каде што сè погласни се реакциите против паровите кои се страсно бакнуваат во метрото за време на утринскиот метеж, пишува „Метро“. Идејата за непишана забрана за бакнување во лондонското метро пред 10 часот наутро можеби звучи необично, ...
Бројот на загинати во вооружениот напад што се случи попладнево на главниот плоштад во полскиот град Краков се искачи на шест. Меѓу загинатите има четири жени и двајца мажи, а уште 15 луѓе се повредени, објави „Ројтерс“. Полицијата го застрелала и го уапсила 24-годишниот осомничен. Според полицијата, напаѓачот отворил оган врз случајни минувачи од автомобил, а во престрелката што следела биле повредени и двајца полицајци. Едниот од нив е во ...
Марко Бецеки од Априлија ќе ја има пол-позицијата на трката за Големата награда на Катар во Мото ГП шампионатот, откако беше најбрз во квалификациите на патеката „Лусаил“. Италијанецот имаше одлично возење и со време од 1:50.028 минути постави нов рекорд на патеката, оставајќи го зад себе лидерот во генералниот пласман, Марк Маркез. Шпанецот заостана 0,266 секунди и ќе стартува од втората позиција. За Бецеки ова е петта пол-позиција во ...
Руските сили во текот на ноќта извршиле три последователни напади врз нафтено-гасен објект на украинската државна компанија „Нафтогас“, во централниот дел на земјата, објави „Киев пост“. Вршителот на должноста претседател на Управниот одбор на „Нафтогас“, Сергеј Федоренко, го потврди нападот и соопшти дека брзата евакуација спречила жртви меѓу вработените. „Во текот на ноќта, непријателот трипати нападна нафтен и гасен објект на групацијата ...
Марк Маркез триумфираше на спринт-трката за Големата награда на Катар, но трката на патеката „Лусаил“ ја одбележа и сериозниот пад на Франческо Бањаја. Италијанскиот возач по инцидентот остана свесен, но поради силниот удар мораше да биде изнесен од патеката на носилки и пренесен во медицинскиот центар за дополнителни прегледи. Во меѓувреме, Алдегер заработи казна од две долги круга. По прекинот, спринт-трката продолжи, а Маркез успеа да ја ...
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска излегоа на масовен протест во Тирана, барајќи оставка од премиерот Еди Рама, а демонстрациите прераснаа во судири со полицијата, која употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата. Протестот започна во 14 часот пред Министерството за образование, каде што студентите, организирани во групата „Студенти на протест“, извикуваа пароли против владата, меѓу кои и „Албанија им ...
Потрагата по актерот кој ќе го наследи Даниел Крег во улогата на Џејмс Бонд добива нов развој. Меѓу имињата кои се разгледуваат за улогата на најпознатиот филмски таен агент се најде и Роберт Патинсон, кој, според информациите објавени од „Холивуд рипортер“, веќе поминал низ пробно снимање. Актерот, кој публиката го познава и како Бетмен од филмската франшиза на студиото „Ди-Си“, се приклучил на групата кандидати што ја сочинуваат Калум ...
Иран гради подземни воени комплекси во кои ќе може да произведува и да складира оружје дури и во услови на силни воздушни напади, соопшти денес Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ). Портпаролот на гардата, Хосеин Мохеби, на прес-конференција во Техеран ги претстави воените капацитети на земјата, меѓу кои и подземен „ракетен град“ кој наскоро треба да биде отворен за јавноста. Мохеби рече дека Иран веќе ги преместил производствените линии за ...
Арсенал стигна до минимална победа од 1-0 против Хал, додека Фулам и Њукасл одиграа нерешено (1-1) во натпреварите од 10. коло во Премиер лигата. „Топчиите“ ја оправдаа фаворитската улога и имаа целосна иницијатива на теренот, но долго се мачеа да најдат решение за цврстата одбрана на домаќините. Отпорот на Хал конечно беше скршен во 72. минута, кога Мартин Одегард ја искористи шансата и го постигна погодокот вреден три бода. Интересен ...
На двата денешни натпревари од 13. коло во Прва МФЛ, Струга ТЛ – Шкендија Тетово и Силекс – Вардар, беа забележани вкупно пет значајни ВАР ситуации. Во сите случаи, видео-технологијата придонесе за донесување правилни и оправдани судиски одлуки. ФК СТРУГА Трим Лум– ФК ШКЕНДИЈА 2.минута – Главниот судија досуди пенал за екипата на Шкендија поради наводен контакт меѓу напаѓачот и противничкиот одбранбен играч. По ВАР-интервенцијата, судијата ...
Џони Деп не ја исклучува можноста повторно да го облече пиратскиот костим и да се врати во улогата на легендарниот капетан Џек Спероу во шестото продолжение на филмската франшиза „Пиратите од Карибите“. Актерот откри дека има една важна причина поради која би се согласил повторно да биде дел од приказната, а неговата одлука во голема мера е поврзана со желбата серијалот да добие достојно продолжение, но и со довербата што ја има во ...
Вишокот килограми не влијае само врз физичкото здравје, туку може да го забрза и стареењето на мозокот, како и опаѓањето на когнитивните способности. До овој заклучок дошле научници од Универзитетот во Џорџија, чие истражување покажало дека зголемувањето на индексот на телесна маса со текот на годините е поврзано со побрзо влошување на меморијата, способноста за размислување и другите ментални функции. Когнитивното опаѓање е природен дел од ...
Најмалку петмина попладнево загинаа, а десетина други се повредени, меѓу кои и полицајци, откако напаѓач пукаше на главниот плоштад во полскиот град Краков, јавуваат локалните медиуми. Според полицијата, маж со автомобил пристигнал на плоштадот околу 15 часот по локално време, излегол од возилото и почнал да пука кон случајни минувачи. #krakow krakow shooting just happened wtf https://t.co/0aZq4PlKVi — george (@0xgeorgeeth) November 7, 2026 ...
Крадци со автомобил синоќа влетале во трговскиот центар „Меркур“ во словенечкиот град Крањ и се упатиле кон златарницата во објектот, од каде што украле поголемо количество накит. Кражбата се случила околу 3:20 часот по полноќ во трговскиот центар во населбата Примсково, каде што се наоѓа златарницата „Бригита Рангус“. Според информациите на словенечките медиуми, крадците со автомобил ги пробиле големите влезни врати и влегле во трговскиот ...
Во Општина Ѓорче Петров конституиран е Општинскиот совет за превенција од детско престапништво, со учество на претставници од сите релевантни институции. Со неговото формирање се зајакнува институционалната соработка за навремено препознавање на ризиците, превентивно дејствување и обезбедување поддршка за децата и нивните семејства. За претседател на Советот е избран д-р Игор Јуруков, а за негов заменик д-р Ламбе Крстевски, а како што ...
Кристијано Роналдо ја заврши својата репрезентативна кариера по повеќе од 20 години во дресот на Португалија, а неговото збогување предизвика голем број реакции од фудбалскиот свет. Поранешните клубови му испратија пораки со благодарност и почит, но еден од најважните во неговата кариера, Реал Мадрид целосно го игнорираше. Манчестер јунајтед, Јувентус, Спортинг Лисабон и актуелниот клуб Ал Наср веднаш се огласија и му оддадоа признание на ...
Играта бинго, популарните мечиња „Кер берс“ (Care Bears), колекционерските картички со Покемон (Pokémon Trading Card Game) и лизгалката од детските игралишта се најдоа меѓу четирите нови членови на Националната куќа на славните играчки во САД. Тие им се придружија на добро познатите играчки и игри како господинот Компирко (Mr. Potato Head) и Џи-Ај Џо (G.I. Joe), објави „Асошиејтед прес“. Четирите победници беа избрани во четвртокот, односно ...
Менопаузата е дел од животот на секоја жена, но промените што ги носи овој период често отвораат многу прашања и дилеми. Нередовниот менструален циклус и топлите бранови, промените во расположението и интимното здравје, се симптоми кои се различни кај секоја жена, затоа е важно оние кои се наоѓаат во овој период да се информираат за тоа што ги очекува и како полесно да се справат со истите. По повод 18 октомври, Светскиот ден на менопаузата, ...