Макс Ферстапен реагираше како голем шампион и џентлменски му ја честиташе освоената титула на Кими Антонели веднаш по крајот на трката, па дури и го дигна на раменици младиот возач од Италија во друштво на Луис Хамилтон во заедничката прослава која ја имаа на пиедесталот. Четирикратниот светски првак покажа доблест да му честита на младиот ривал од Мерцедес, но потоа за време на интервјуата кои ги даваше, Холанѓанецот не пропушти шанса и да ...
Италијанскиот возач на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, стана најмладиот светски шампион во историјата на Формула 1, откако на свои 20 години и 68 дена го собори досегашниот рекорд кој беше во сопственост на Себастијан Фетел. Антонели ја обезбеди својата прва шампионска титула во кариерата со освоеното трето место на трката за Големата награда на Мексико, учинок кој беше доволен математички да го осигура приматот на нов светски првак. ...
Кими Антонели го освои третото место на Формула 1 трката за ГН на Мексико, со што и теоретски ја потврди својата прва титула светски шампион на четири трки до крајот и постави неколку рекорди во првенството. Антонели стана најмлад шампион во историјата со само 20 години, а членот на Мерцедес е и прв италијански возач кој стигнал до титула по цели 73 години. Победник на трката во Мексико Сити е Макс Ферстапен, поранешниот светски шампион кој ...

