Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Во Владата денеска беа потпишани договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, со што започнува третата фаза од финансирањето на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир на Коридорот 8. За проектот преку Инвестициската рамка за Западен Балкан се обезбедени 149 милиони евра грант од Европската Унија. Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека Коридорот 8 е еден од ...
Денеска се навршуваат десет години од катастрофалното невреме што го погоди Скопје и околината, при кое животот го загубија 22 лица. На 6 август 2016 година обилните врнежи и силниот ветер предизвикаа разорни поплави во Сингелиќ, Стајковци, Смилковци и Арачиново. За само 24 часа во Скопје наврнаа речиси 93 литри дожд на метар квадратен, а околу илјада граѓани беа евакуирани од своите домови. По трагедијата, 8 август беше прогласен за Ден на ...
Жителите на станбениот комплекс на улицата „Антон Попов 1“ во Скопје изразија загриженост поради најавената изградба на влезот во подземната сообраќајница кај комплексот „Лимак“. Тие стравуваат дека планираните градежни работи би можеле да влијаат врз безбедноста и статиката на зградата и бараат повеќе информации од Град Скопје. Велат дека доколку не добијат официјален одговор и јавна презентација на проектот, ќе организираат протести. Од ...
Просечната оценка од годинашното полагање на матурата изнесува 3,66, соопштија министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска. Оваа година за првпат се полагаа три типа матурски испит – државна, државна стручна и државна уметничка матура. Просечната оценка на државната матура е 3,62, на државната стручна матура 3,91, а на државната уметничка матура 3,59. Јаневска ...
Украина изврши напад со дронови врз две големи руски нафтени рафинерии, оддалечени стотици километри од границата, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој изјави дека цел биле рафинериите во Јарослав и во Башкортостан. Руските власти соопштија дека регионот Јарослав бил цел на најголемиот напад досега, при што противвоздушната одбрана соборила 92 дрона. Зеленски оцени дека нападите ќе ги намалат приходите на Русија од нафта и ...
Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, информираат од локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски.посочи дека во текот на денешниот и утрешниот ден, инфо-штандови ќе бидат поставени кај Зелен пазар и на пазарот „Буњаковец“. Во соработка со ХЕРА, денеска од 8:30 до 11:00 часот кај Зелен пазар ...
Речиси сите регистрирани случаи на западнонилска треска во Македонија се од Скопскиот регион и Велес, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека здравствените власти презеле соодветни епидемиолошки мерки, а околу домовите на лицата кај кои е потврдена болеста била извршена вонредна дезинсекција во радиус од 200 метри. Во скопската населба Драчево, каде што се регистрирани пет случаи, било извршено прскање од земја. ...
Дел од корисниците во општина Бутел денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции во дистрибутивната мрежа, информираат од ЕВН Македонија. Прекин на снабдувањето со електрична енергија ќе има во периодот од 09:00 до 12:15 часот за корисниците од село Радишани 7, улица 56 во Радишани, како и дел од корисниците во општина Бутел. Од ЕВН Македонија појаснуваат дека прекинот е неопходен поради изведување технички ...
Односите меѓу Соединетите Американски Држави и Бразил дополнително се заоструваат, откако Вашингтон ѝ ја поништи визата на бразилската амбасадорка во САД, Марија Луиза Рибеиро Виоти. Потегот доаѓа само неколку дена по одлуката на Бразил да не издаде визи за американски функционери. Од американскиот Стејт департмент соопштија дека не станува збор за протерување на амбасадорката, туку за дипломатска мерка која може веднаш да биде повлечена ...
Македонија и денеска ќе биде под влијание на топол бран, со сончево и многу топло време и мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 11 до 22 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 39 степени. Во ...
Вицепремиерот Александар Николоски вечерва присуствуваше на партиски настан во Ново Село, организиран од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се сретна со претставници на македонската дијаспора, членови и симпатизери на партијата. Во објава на социјалните мрежи, Николоски истакна дека настанот поминал во позитивна атмосфера и патриотски дух, посочувајќи дека со присутните разговарале за проектите што, според него, ќе придонесат за ...
Премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ќе присуствуваат на свеченото потпишување на договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – граничен премин Деве Баир, која е дел од источниот крак на Коридорот 8. Свеченоста ќе се одржи во Владата, каде ќе бидат потпишани Договорот за инвестициски грант обезбеден преку Инвестициската рамка за Западен Балкан ...
Најмалку девет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа во која утрово учествувале четири возила на магистралниот пат Прилеп–Битола, во близина на мостот кај Шемница. На сите повредени им била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Битола. Од болницата информираат дека едно лице е во потешка здравствена состојба и веднаш било пренесено во операциона сала. Шестмина повредени се задржани на лекување на Одделението за хирургија, ...
Во текот на месецот јули, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје подигнале и транспортирале 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. -Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од ...
Во паркот покрај булеварот. “Февруарски поход” во Ново Лисиче, започна изградбата на ново современо детско игралиште, кое ќе биде едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени низ општината, соопшти градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески. Проектот е дел од нашата заложба секое маало да добие безбеден и квалитетно уреден п ростор каде што децата ќе растат, ќе се дружат и ќе играат. Новото игралиште ќе биде ...
Платформата за родова еднаквост соопшти дека со внимание го следи случајот со 19-годишната Станка Михајлова, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка и бара надлежните институции да обезбедат целосно независна, транспарентна и темелна стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Тие апелираат до сите вклучени институции и здравствени работници ...
Владата на премиерот Христијан Мицкоски подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог, тврди Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ и додаде дека нивните информации од Брисел зборуваат дека Владата веќе го договорила тоа. -Се обидуваат да направат стратегија како да го прикажат како победа она што до вчера за нив беше лага и велепредавство. И целата таа стратегија за тоа што денеска се случува во овие простории, затоа што како поинаку ќе ...
Македонија се соочува со еден од најсилните топлотни бранови ова лето, а на сила е 30-дневна кризна состојба поради високата опасност од пожари. Според УХМР, температурите во наредните денови ќе достигнуваат и до 42 степени, а ќе продолжат и тропските ноќи со високи температури. Лекарите предупредуваат дека најзагрозени се повозрасните, хронично болните, децата и бремените жени и апелираат да се избегнува престој на сонце од 11 до 17 часот. ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, но сите се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи. Според податоците на ЦУК, заклучно со 07:30 часот, нема активни пожари, ниту пожари под контрола, а сите 22 регистрирани случаи се целосно изгаснати. Пожари биле регистрирани на повеќе локации низ државата, при што најчесто гореле ниска вегетација, грмушки, сува ...
Опозициската СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски, во периодот на кризата со водата во Гостивар, склучила договор за набавка на вода за пиење во вредност од 100.000 евра. Од партијата тврдат дека договорот бил склучен преку Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), со директно договарање без јавен оглас, поради прогласената кризна состојба. „Додека граѓаните на Гостивар со недели користеа загадена вода и се соочуваа ...
На денешен ден во 1583 година – Англискиот морепловец Хамфри Гилберт ја основал првата англиска колонија во Северна Америка, во Сент Џонс, на островот Њуфаундленд. Овој настан се смета за почеток на англиската колонијална експанзија на северноамериканскиот континент. На овој датум во 1716 година – Австрискиот војсководец принц Еуген Савојски ѝ нанел тежок пораз на Османлиската Империја во битката кај Петроварадин. Победата претставувала една ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира Автомото сојузот на Македонија. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поголема фреквенција на возила се забележува и на граничните премини. На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути, додека за влез времето на задржување е околу 15 минути. На останатите гранични премини од ...
Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 30-годишен жител на Куманово поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори. Според Министерството за внатрешни работи, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени речиси 400 таблети со наркотична супстанца, како и други предмети поврзани со кривичното дело. ...
Европската Унија официјално почна со примена на новите правила за транспарентност на содржините создадени со вештачка интелигенција. Од 2 август 2026 година, компаниите, институциите и јавните тела ќе имаат обврска јасно да означуваат кога текст, фотографија, аудио или видео е создадено или изменето со помош на AI. Обврските произлегуваат од европскиот Закон за вештачка интелигенција (AI Act), чија цел е граѓаните секогаш да знаат дали ...
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Ормуската Теснина, која е блокирана од иранските сили, ќе биде повторно отворена „многу брзо“, предупредувајќи дека во спротивно Иран ќе се соочи со силен американски напад. „Протокот ќе биде отворен многу брзо, или тие ќе бидат многу силно погодени, а потоа протокот ќе биде отворен“, изјави Трамп во интервју за „Фокс њуз“. Изјавата ја даде за време на престојот во јужна Калифорнија, каде ...
Најмалку 15 лица загинаа, а 51 се повредени во руски напад со балистички проектили и дронови врз Киев и околината, соопштија украинските власти. Според Државната служба за вонредни состојби, 14 лица загинале во Киевската област, додека во самиот главен град животот го загубило едно лице. Нападите предизвикале пожари и голема материјална штета во неколку градски општини и околните населени места. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека дел ...
Македонија влегува во најжешкиот период од летото, а според прогнозите, во наредните денови температурите ќе достигнуваат и до 42 Целзиусови степени. Поради екстремната опасност од пожари, Владата прогласи 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата, додека здравствените власти апелираат граѓаните максимално да се заштитат од високите температури. Според Управата за хидрометеоролошки работи, покрај дневните горештини, следуваат ...
Многумина се будат со чувство на притисок во главата, сува уста и замор, како да не спиеле доволно. Утринската главоболка често се поврзува со дехидрација, но малкумина размислуваат дека телото губи течности и додека спиеме. Во текот на ноќта организмот природно губи вода преку дишењето и испарувањето преку кожата. Во зависност од условите во кои спиеме, температурата во просторијата и навиките, загубата може да биде значајна. Во летните ...
Дваесет и едногодишна девојка од Скопје е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во скопската населба Кисела Вода. Според информациите од МВР, несреќата се случила кога 22-годишен возач на мопед изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата тешки телесни повреди добила сопатничката, додека возачот се здобил со полесни повреди. Повредите кај двајцата биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Поврзани вести: ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 55-годишен жител на струшко поради постоење сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 јули 2026 година во семејниот дом, пријавениот упатувал закани кон неговата сестра. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицето е поднесена ...